препорака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Dec 2023 23:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png препорака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена „Живот со стил“ го има совршениот избор на стајлинзи за сезонава, а во нив ќе се пронајде и ќе ги посака секоја дама (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-zhivot-so-stil-go-ima-sovrsheniot-izbor-na-stajlinzi-za-sezonava-a-vo-niv-ke-se-pronajde-i-ke-gi-posaka-sekoja-dama-foto/ Sat, 09 Dec 2023 08:20:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329874

Есенската сезона и е омилена на ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски. Емисијата „Живот со стил“ се уште и е на пауза, но затоа на Инстаграм Елена на големо го покажува својот стилски начин на живот кон кој секогаш се стремела. Откако се омажи, Елена често патува, куферите редовно ги пакува за некоја дестинација со сопругот, со сигурно се враќа и со по некој куфер плус од шопингот на кој не може да одолее.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Elena Najdoski (@elena_zivotsostil)

Модата е неизбежен сегмент од нејзиното секојдневие, а изборот на стајлинзи никогаш случаен, туку наменски и вешто избран и комплетиран. Дека ги следи тенденциите, одраз се нејзините чести објави каде на следбеничките им сугерира што е „ин“. Во време кога празници се ближат, секоја припадничка на понежниот пол посакува шопинг, и ако не полни кеси, барем некое омилено парче. Елена овој пат облече осум различни комбинации, од секојдневни и лежерни, па се до елегантни, свечени и такви со умерена доза на провокација. Парчиња за сечиј вкус, доминантни есенски бои и црна како одлика на елеганцијата и незаобиколниот џинс и безвременскиот принт со риги. Откако таа го направи својот избор, побара и мислење кој е најдобриот. Одговорот се наоѓаше кај секој различно, сите допадливи и привлечни да се имаат во плакар. Прашањарта беа каде да се најдат, барем оние што ги има кај нас, а стилската водителка без резерва не се штедеше да помогне за пристап до истите. Сигурно е дека им беше од помош на дамите, кои освен благодарност за препораките неизбежно дадоа и комплименти. фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil]]>

Предлог со упат до Фондот за иновации: Идеи за следната тура! https://arhiva.vistina.com.mk/predlog-so-upat-do-fondot-za-inovacii-ideji-za-slednata-tura/ Sat, 04 Aug 2018 11:29:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41535

Фондот за иновации си ја заврши работата... за своите, секако. Кој добил пари - добил, кој не-негов проблем! Повеќе среќа следниот пат! Ако воопшто можеш да дојдеш на ред на бесконечно долгиот список на оние што измислиле „топла вода во бојлер“! А фондот Бога ми добро ги плаќа. Мрсни пари за нов вкус на водата, како без алоје вера до сега да не ја пиевме, за нова амбалажа, као до сега да ја пиевме од фишек од хартија, или нова етикета... Светлечка ли ќе биде оваа, кој знае?  И да... Кој нема своја фирма, нека побрза да отвори дур е време. Ако не знаете како тоа се прави во „5 до 12“ пред да истече рокот за аплицирање, обратете се кај снајката на Цветанка. Таа ја има „оваа иновација“. Претходно, побарајте ја свекрвата... за совет! Културен! Како до членска СДС книшка во „6 до 12“! Минута пред во „5 до 12“ да помислите да аплицирате на конкурсот на Фондот!
Кај Кочо немојте да одите... И кај Хари - исто така! Никако. Тие се на два ума! Може да ви се случи и да добиете, а после тоа да се попишманат! Или да ве попишманат, па да морате да враќате пари! И уште зијан да бидете, оти претходно веќе сте честеле половина фамилија, роднини, другари, пријатели, комшии...!
Затоа најдобро е да дојдете некако директно до директорот на Фондот... и најсигурно! Кај него добиваш од прва рака! И информација и грант! А што ако немаш вистинска идеја? Нема проблем! Па кај нив тоа оди најлесно! И најмалку е важно! Најважно е да имаш добра препорака... Многу поважно! А идеи, такви и подобри од оние на кои со наши пари на нивни луѓе им даваат грантови, колку сакаш. Еве, колку за пример, ќе ви предложиме неколку такви низ фотографии и појаснување: 1. Леб за сите: Ем сите најадени, ем ништо не се фрла! И папагалот сит и домаќинот среќен!
2. Апарат за во собраниско бифе: Кога еднаш ќе се попариш на млекото, за да не дуваш и на супата... пред да излезеш на говорница!
3. За поздрав и побогат живот: Она ти пуши, ти и пушиш... а двајцата штедите!
4.  Владина поддршка на „заедниците“: ЛГБТ подарок за љубопитни „виножитни“: Ем да му биде топло, ем да видиш како на партнерот би му стоела брада... горе!
5. Три у едно: Работа, забава, превоз... Македонски владин концепт за развој на текстилната индустрија! Особено погоден за во првата тура „обесправени партнери“ на човекот  задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.
6.  Колан за пратеници. Кило горе - сантим доле, 10% минус... Како покажува сантиметарот, така им кинеш од дневници и патни трошоци. Ефекасност 100%. Талат гарант би ги набавил... да нема „конфликт на интереси“ со аплицирањето во Фондот!
7. Не само за трето дете... како овие од претходната влада! За секое ново, непроодено дете... што лази! Ем, облеката помалку се лиже па подолго трае, ем подот секогаш изгланцан и чист, ем вредната домаќинка и посветена мајка - одморна! Социјална правда за целото семејство! Царовска? Пардон, царски, нели?
8. И нашата препорака на денот, за новата, следна тура грантови од  државни пари: Ем овчарот безбеден, ем овците на број!  За сигурно музење... на долги стази!
П.С. Со мала напомена: Овој иновативен изум комисијата пред да го одобри грантот, ќе мора и лично да го тестира.. во кафезот! По можност на новиот автопат Демир Капија - Смоквица, вклучувајќи го и „Чочек тунелот“.      ]]>