Преподобен Максим Исповедник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Feb 2023 11:05:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Преподобен Максим Исповедник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денеска е Преподобен Максим Исповедник https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-prepodoben-maksim-ispovednik-2/ Fri, 03 Feb 2023 11:05:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287277

Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година. Тропар Од младоста своја Вистината возљубувајќи ја, Патот во животот те хранеше со слободата, о Максиме, свет подвижниче, војнику свет на Богомајката, столбу непоколеблив пред Пресвета Троица, исповедниче на животот во вечноста, моли се, преподобен учителу на Љубовта, срцата да ги исполниме со светлината Христова, душата по твоите свети молитви да биде помилувана од Пресвета Троица. Извор: Курир.мк]]>

Денеска е Преподобен Максим Исповедник https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-prepodoben-maksim-ispovednik/ Wed, 26 Aug 2020 11:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164873

Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите. Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Схимарис, каде што се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Скитија во Цариград. Не се сочувале сведоштва за времето кога се пренесени неговите мошти. извор: Курир.мк]]>