пренос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Sep 2022 13:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пренос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фудбал: Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со пренос на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/fudbal-natprevarite-na-makedonija-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/ Thu, 22 Sep 2022 13:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268299

Настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации на УЕФА во оваа и следната година ќе ги гледаме на МРТ. Потврда за ова стигна и од уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски кој на социјалните мрежи објави кога ќе започнат преносите. Во завршните две кола од Групата 4 во лигата Ц, Македонија гостува кај Грузија, а потоа ја дочекува Бугарија. Гостувањето на Македонија кај Грузија е закажано за утре од 18 часот, а Бугарите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонските рисови ќе ги пречекаат во понеделник. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот. Билетите за натпреварот Македонија-Бугарија се пуштени во продажба од понеделникот која се одвиваисклучиво преку продажната мрежа на MKTickets. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има. МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември) Цени на билети: Северна Трибина Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари Блок 21 и 23 250 денари Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари Блок 3 и 4 350 денари Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.]]>

29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>