премолчите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Sep 2022 12:21:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png премолчите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Без потреба ќе создадете огромен проблем: Пет работи што мора да ги премолчите и во најсреќната врска! https://arhiva.vistina.com.mk/bez-potreba-kje-sozdadete-ogromen-problem-pet-raboti-shto-mora-da-gi-premolchite-i-vo-najsrekjnata-vrska/ Tue, 13 Sep 2022 14:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266709

За да го задржите мирот во домот, подобро е некои работи воопшто да не ги спомнувате. Иако меѓусебната доверба и искрената комуникација се клучни за успехот на врската, постојат работи за кои едноставно не се зборува. Звучи како клише, но во некои случаи тишината е навистина златна. Дури и ако се чувствувате виновно што нешто премолчувате од партнерот, имајте ги на ум последиците што би ги предизвикале доколку кажете сè што ви паѓа на памет. Пет работи кои е подобро да ги премолчите заради мирот во домот: Мислењето за неговите или нејзините родители Прашањето за родителите на партнерот е особено чувствително и тука треба да се биде внимателен. Ако му кажете дека не ви се допаѓа неговата мајка или татко, само ќе создаде непотребна тензија меѓу вас. Ваквите зборови од партнерот само ќе болат, па замислете како би било кога ситуацијата би била обратна, советуваат брачните терапевти. Работи од минатото Сосема е добро да споделите некои работи од минатото, но треба да знаете каде е линијата. Партнерот не треба да знае што сте правеле со бившиот и не се препорачува да ги споредувате. Со тоа само ја омаловажувате вашата врска и давате до знаење на вашата поубава половина дека не е доволно добра. Коментари за домашните работи Нема потреба да ги миеш садовите или да ги собереш алиштата, тоа ќе го направам сам/а – овие зборови, иако навидум бенигни, всушност го ставаат партнерот во неповолна положба. Го третирате како дете и му давате до знаење дека ништо не може да направи како што треба. Број на сексуални партнери Брачните терапевти предупредуваат дека е најдобро да не се споменува бројот на сексуални партнери со кои сте спиеле пред да стапите во врска. Зборувањето за тоа може да предизвика немир во врската, па дури и да го натера партнерот да се премисли. Сето ова најчесто е последица на стравот дека партнерот ќе испадне или премногу или премалку неискусен на тоа поле. Коментари за изгледот Ќелавост, висина или влакнетост – тоа се работи на кои не може да се влијае и подобро е да се премолчи за нив. Партнерот може да помисли дека сакате да го промените, дека не ве привлекува или дека не е доволно добар за вас. Тие зборови можеби ќе звучат како критика, па затоа е подобро да ги избегнувате. Извор:Курир.мк]]>

Во љубовен однос овие работи никако не смеете да ги премолчувате! https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ljuboven-odnos-ovie-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-premolchuvate/ Fri, 17 Dec 2021 13:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231661

Секоја врска мора да се темели на искреност, па макар и на моменти таа да е непријатна. Мажите сакаат кога жените со нив ги споделуваат нивните таинствени мисли, а особено сакаат кога можат и да ви помогнат. Затоа не воздржувајте се, бидејќи молчењето нема да ви оди во прилог.

Кажете му што чувствувате

Промените во расположението се сосема нормална работа, без разлика дали ги предизвикала нервоза, проблеми или лошото време. Она што никако не смеете да дозволите да ви се случи е да се однесувате чудно пред партнерот, без притоа да му објасните за што станува збор. Доколку му објасните, не само што ќе ви биде полесно, туку и поубаво, бидејќи тој ќе ве разбере и ќе се обиде да ви помогне.

Побарајте помош кога ви е потребна

Во ред е да мислите дека можете се сами, ама не е во ред да го изоставувате вашиот партнер од сè. Вашата врска ќе добие на цврстина кога ќе сфатите дека некои проблеми можете да ги решите заедно. Тоа што барате помош од вашето момче или маж, не значи дека во неговите очи ќе изгледате како слабак, туку баш спротивно. Извор: убавина и здравје фото: гети имагес]]>

Овие тајни не се слатки, но би било добро да ги премолчите пред вашиот партнер https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-tajni-ne-se-slatki-no-bi-bilo-dobro-da-gi-premolchite-pred-vashiot-partner/ Mon, 04 May 2020 13:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147873

Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот. Што мислите за мајка му Ова е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.

Тајните на вашите другарки

Ако некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.

Безопасен флерт

Во долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема во ред да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.

Скап шопинг

Ги здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот “грев“.

Комуницирање со бивши

Ако размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му пречи. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.

Душкање во неговата приватност

Ако веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот. извор: Курир.мк  ]]>