прељуба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Oct 2023 08:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прељуба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Женско лице се обиде да ја претепа Елена Ристеска: Пејачката физички нападната со тврд предмет во познат скопски ноќен клуб? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhensko-litse-se-obide-da-ja-pretepa-elena-risteska-pejachkata-fizichki-napadnata-so-tvrd-predmet-vo-poznat-skopski-noken-klub-foto/ Tue, 24 Oct 2023 07:54:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323474

Македонската поп пејачка Елена Ристеска завчеравечер во 2 часот и 30 минути по полноќ во СВР Скопје пријавила дека во угостителскиот објект „Интермецо“ во скопската општина Центар, со тврд предмет била физички нападната од женското лице, Е.Т. Настанот е забележан во билтенот на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Веста бргу се прошири на социјалните мрежи, па следуваа и неколку објави на македонските портали, по што и Вистина.ком.мк се обиде веднаш да стапи во контакт со пејачката. Но и по нашите обиди, како и на неколку колеги пред тоа, пејачката остана нема на телефонските повици. Ристеска за цело време беше активна и на социјалните мрежи, каде преку месинџер новинарите на нашиот портал одново се обидоа да ја исконтактираат, но, Елена не возврати на Фејсбук пораките. На оние упатени по пат на СМС на нејзиниот телефонски број, одговорот е следниот: „Не е овој број на Елена, на компанијата ЕРА козметика е“. Или што би рекле „наводно“ на „нејзината“ козметичка куќа иако досега на истиот сме можеле да ја добиеме?! Инаку чаршијата и естрадните кулоари веќе наголемо почнаа да шпекулираат, дека мотив за нападот била женска љубомора заради нерасчистени емотивни односи од претходната врска. Имено женското лице која ја нападнала Елена Ристеска со тврд предмет во клубот „Интермецо“ наводно била бивша девојка на сегашниот љубовник на пејачката, но тој и поранешната девојка се' уште ги немале до крај расчистено односите во нивната  претходна врска. Некои пак шпекулираат дека врската воопшто и не била раскината и дека се работи за прељуба на момчето кое ја изневерило девојката со пејачката, но сето тоа останува само во доменот на кулоарските муабети, на кои Елена Ристеска не собра храброст, не барем засега, да одговори и да ја каже вистината... Или барем нејзината страна на приказната, за што нашиот портал останува отворен за пејачката, како и за другата страна која се споменува со иницијали Е.Т. во билтенот на МВР! Фото: Принтскрин - МВР билтен/Инстаграм/elenaristeska_era    ]]>

Вака се однесува мажот пред прељубата! Обрнете внимание на овие седум знаци https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-se-odnesuva-mazhot-pred-prelubata-obrnete-vnimanie-na-ovie-sedum-znatsi/ Thu, 09 Mar 2023 13:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292659

Експертите велат дека пред мажот да ве изневери, од неговото однесување можете да „прочитате“ дека ќе го направи тоа. Еве на кои сигнали треба да обрнете внимание: Постојано започнува расправии Ако забележите дека вашиот партнер е наеднаш понервозен од вообичаено, постојано почнува да се кара за работи кои претходно не биле ни тема на разговор меѓу вас, отворете ги очите. Експертите велат дека мажите пред изневерувањето се однесуваат вака несвесно бидејќи се обидуваат да создадат непријатна и лоша атмосфера во врската, за полесно да си заминат. Секогаш го носи телефонот со себе Ако вашиот партнер секогаш го носи телефонот со себе насекаде, ја напушта просторијата за да се јави на телефон или на секој начин се труди да не ги гледате пораките што ги пишува, можно е за тоа да е виновна друга жена. Работата е логична – луѓе кои немаат што да сокријат, не се трудат нешто да сокријат! Веќе немате односи или тие се поретки од порано Сексот секако не е најважниот дел од врската, но го покажува нивото на поврзаност и интимност меѓу партнерите. Па, ако порано сте имале одличен и редовен секс, а сега едвај имате секс или ви е екстремно досадно во кревет, тоа е лош знак. Уште полош знак е ако не зборувате за тоа и не се обидете да го „поправите“ бидејќи тоа ги зголемува шансите да бара забава во кревет на друго место. Ве обвинува за се Партнерот со своето однесување се обидува да ве направи „луда“, параноична, тврди дека не му верувате доволно, а сето тоа всушност за да испадне дека го напаѓате и дека тој е жртвата во целата приказна. Ви признал дека изневерувал во претходните врски Една од работите која ја прават машите што изневеруваат е да зборуваат за тоа како ги изневерувале своите претходни партнерки. Немале храброст да ја прекинат врската, па ја изневерувале девојката за да им раскине, а тоа обично не се случувало само еднаш. Причината зошто мажите го прават ова е потсвесно да го подготват теренот бидејќи подоцна можат да кажат „па, знаеше каков сум уште од почетокот“. Вашата интуиција ви кажува дека нешто не е во ред Верувајте им на вашите чувства затоа што ако се чини дека нешто не е во ред меѓу вас, веројатно не е. Отворено разговарајте со партнерот за тоа и обидете се да го решите проблемот пред да се случи изневерувањето. Мистериозен е во врска со времето што не го поминувате заедно Кога мажот ве сака, тој сака да ви каже како го поминал времето кога сте биле физички разделени. Вие сте негов партнер и тој само сака да ве направи дел од неговиот живот на тој начин, но кога работите не се во ред меѓу вас, тој ќе биде таинствен за времето што не го поминувате заедно – нема да сака да ви даде какви било детали, за да не се заплетка во приказната и да се издаде, или уште полошо, ќе го нервира што воопшто го прашувате за тоа каде бил и што правел. Извор: Попара.мк]]>

Каде најчесто партнерите изневеруваат? https://arhiva.vistina.com.mk/kade-najchesto-partnerite-izneveruvaat/ Wed, 04 Jan 2023 12:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282767

Приватен детектив дојде до прилично интересни податоци, кога станува збор за неверството. Кога гледаме филмови и серии, забележуваме дека неверството се случува на неопасни места, односно локации во кои сцените секогаш се преполни со страст и адреналин. Поточно, неверството најчесто го гледаме во хотелски соби. Но, реалноста е поинаква. Верувале или не, местата во кои луѓето вршат прељуба воопшто не се романтични ниту секси. Лука Атенс води приватна детективска агенција специјализирана за следење прељубници. Вели дека во неговата 21-годишна кариера сè уште го фасцинираат местата кои прељубниците ги бираат за секс. Издвои кои се најчестите локации на кои луѓето изневеруваат, а кои ниту малку немаат секси атмосфера.
Грмушки
„Знам дека звучи како бизарно сценарио за порно филм, но тоа навистина се случува. Неодамна следевме еден господин кој секое утро трчаше и по неколку километри ќе се сретнеше со една жена, со која потоа заедно продолжуваше да трча. По кратко време, двајцата запираа на место со многу дрвја и грмушки, остануваа по 20 минути и потоа се враќаа назад со трчање. По поставување на неколку скриени камери во грмушките, имавме цврсти докази со кои ги потврдивме нашите сомнежи“, раскажува Лука.
Паркинг
Вели дека паркинзите се едно од омилените места за изневерување. Така, при еден случај фатиле прељубници на дело во текот на летото, кога температурите биле над 40 степени.
Јавни тоалети
Овие места даваат прилично високо ниво на приватност, но ваквите случаи се тешки за докажување, бидејќи никој не се сомнева кога некој подолго време ќе се задржи во тоалет.
Кино
Затемнетиот простор во кој сите присутни се фокусирани на тоа што се случува на платното им оди во корист на прељубниците. Филмовите се и одлично алиби, а седењето во затемнета просторија дава можности што и да правите да мине незабележано. Извор: Кајгана]]>

Приватен детектив открива: Ако вашиот партнер прави некоја од овие работи, веројатно ве изневерува! https://arhiva.vistina.com.mk/privaten-detektiv-otkriva-ako-vashiot-partner-pravi-nekoja-od-ovie-raboti-verojatno-ve-izneveruva/ Mon, 05 Dec 2022 14:45:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278728

На кои промени во однесувањето на партнерот треба да обрнете внимание? Прељубата е една од најболните работи во врската со која се соочуваат жените и мажите – ако не и најболната. Потребно е само мало чувство дека вашиот партнер премолчува или крие нешто и веќе сте во неволја… А последната мерка што некои ќе ја преземат е да ангажираат приватен детектив. Токму еден приватен детектив од Велика Британија, кој сакал да остане анонимен, открил како истражува измами, но и на кои начини партнерите ги кријат своите афери. – Понекогаш знам да седам во кола со часови. Исто така, многу време се троши за пребарување на Интернет и барање докази за клиентот. Но, тоа е исто така исполнувачко бидејќи секој ден е различен и секој исход варира, и мислам дека тоа е она што ме возбудува“, вели тој и продолжува: – Вообичаени случаи кои обично се појавуваат во мојата работа се неверство, исчезнати лица или барање за проверка на позадината. Главниот начин на кој обично би следел некого е со поставување на тракер на неговиот автомобил. Обично не го правам тоа сам затоа што ангажирав тим да ми помогне, но ги следам луѓето пеш кога не патуваат со автомобил. Според неговото искуство, се чини дека неверството е чест проблем што се појавува. Тој откри и кои знаци кај партнерот укажуваат дека ве изневерува: – одеднаш повеќе се грижи за својот изглед – менување на начинот на облекување – губење на тежина – го крие мобилниот телефон И уште еден вообичаен знак за предупредување што овој приватен детектив го открил преку своите клиенти е дека нивниот партнер ја „префрла“ вината поради нивните обвинувања за изневерување. – Во некои околности, личноста која изневерува може да се расправа со партнерот или да глуми жртва. Тоа би им помогнало да излезат од дома за да го видат својот љубовникот или љубовницата. Практично, додека истражувам, ако видам дека некој постојано ја бришел својата историја на пребарување, тоа е голем предупредувачки знак за неверство. Имав случај кога една жена се посомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува, а тој се издаде така што отиде на истото место во исто време со сопругата на неговиот сосед, што многу ми го олесни следењето – ​​открил детективот. – Три месеци откако ќе ги предадам доказите, обично контактирам со моите клиенти за да видам дали се добро. Не сакам да се чувствуваат како да сум им дал шокантни информации и сум ги оставил сами да сфатат. Тие секогаш можат да разговараат со мене и да разјаснат што мислат и исто така да видат што мислам јас. Ова е корисно и за моите машки и женски клиенти во сите ситуации. Една жена за која работев откри дека нејзиниот сопруг има работа за која таа не знае ништо, значи не се случува само неверство, заклучил детективот. Извор:Попара.мк]]>

Лила и Сани – две јавни личности со различни погледи на ист проблем: Водителката и пејачката вака би ја решиле прељубата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-i-sani-dve-javni-lichnosti-so-razlichni-pogledi-na-ist-problem-voditelkata-i-pejachkata-vaka-bi-ja-reshile-preljubata-foto/ Sat, 12 Nov 2022 08:35:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230235

Прељуба... Причина за несреќна љубов, која често скапо се плаќа. Со растурена врска, распаднат брак, живот... Најдени се илјадници начини и варијанти како истата да се изведе, арно ама многу малку начини, како истата ефикасно да се спречи. Не дека многумина не се обидувале, понекои дури и успеале,но затоа многумина се зафркнале, па „изгореле“... до крај! Меѓу нив, многу и од познатите светски, балкански и домашни јавни фаци, познати и популарни личностии. Сепак две од нив, по се изгледа имаат решение за проблемот низ кој веројатно некогаш и самите минале. Рецепт за прељуба... Превентива за среќна љубов односно „показна вежба“ зашто прељубата може да биде е штетна... дури и по „здравјето“! Најпознатата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска има своја теорија како да се спречи прељубата. Да се превенира... Или поточно, што мажот би можел или требал да направи, за жената да не му се „заглави“ со некој што „би му ја пишувал домашната работа“ наместо него или евентуално би и држел „дополнителна настава“ кај нив дома, на неговата сопруга. „Вистинскиот маж ќе и го наполни на жената плакарот со гардероба толку многу, што друг маж не би можел да се сокрие во него“ - сподели Лила, па покрај постот водителката додала:  „Еве и ова ВИ го решив“! Фолкерката Сања Сани Гроздановска пак има друга теорија за  справување со прељуба... Или поточно „казнено решение“  за оној што ја извршил, и да сака повеќе не ќе може  никогаш да ја повтори. Според приложениот метод, тоа со гаранција нема да му се случи ниту нему, ниту на прељубничката, а и е „пример“ за сите останати потенцијални прељубници, откако ќе видат што може да ги снајде... Методот има свое има и се вика: „Селфи за неповрат“! Но, за да не се разбереме погрешно, сето ова колку и да е конкретно и сликовито, е прикажано само како фигуративно и шеговито, а никако како вистинито! Впрочем, има многу други начини како прељубата се превенира или санкционира, а еден од најдобрите е веројатно споделувањето редовна доза на љубов...! Во доволни колични, само во различни пози, на  различни локации, во различни ситуации... Колку за монотонијата да не преовладеe над количината, па и покрај се' да  ја поттикне прељубата! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/sani.grozdanovskasanja]]>

Нејзините жешки акции во релното шоу ги гледаше целиот регион: Го изневери сопругот пред камери, па откако излезе од најгледаното ријалити, Сузана Перовиќ сосема се изгуби! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinite-zeshki-akcii-vo-relnoto-shou-gi-gledashe-celiot-region-go-izneveri-soprugot-pred-kameri-pa-otkako-izleze-od-najgledanoto-rijaliti-suzana-perovikj-sosema-se-izgubi-foto/ Fri, 17 Dec 2021 11:27:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231636

На Сузана Перовиќ многумина и предвидуваа блескава кариера , но по славата што ја постигна, полека почна да паѓа во заборав. Таа влезе во реалните о програми за да се врати на сцената, но и таму се' и тргна наопаку. Сузана постигна завиден успех претставувајќи ја Југославија на Евровизија во 1982 година. Сними четири самостојни албуми, а од сцената се повлече во 1994 година, за како што подоцна ќе изјави, да им се посвети на децата и семејството. Официјално е во брак со музичкиот менаџер Владо Перовиќ, кој пред Сузана беше во брак со Лепа Лукиќ. Влада и Сузана имаат две деца, синот Никола и ќерката Дијана. Од септември до декември 2013 година учествуваше во реалното шоу „Фарма“, а во септември 2018 година стана една од учесниците во втората сезона на реалното шоу „Задруга“. Токму во „Задруга“ Сузана пред камера имаше романса со Мики Ѓуричиќ и го изневеруваше сопругот, а пчеларот и удри шлаканица која Сузана едвај ја издржа. „Плачев затоа што бев повредена од тој чин. Никогаш во животот не ми се случило, немав поим дека вакво нешто може да ми се случи, особено не од човекот кој ме направи божица, од човекот кој ми ги симна ѕвездите од небото... На крајот , ми дозволи небото да ми падне на глава, целосно да ме потопи. Плачев затоа што ми ги урна сите заеднички соништа. Плачев затоа што сфатив дека тоа е крајот - ќе простам како личност, но никогаш не може да биде како што беше, ниту ќе биде. После толку години ми се случи нешто најубаво, тоа е љубовта, а после тоа ми се случува нешто најошо, тоа е хорор. Емоциите ми се измешаа, сга сум во некоја конфузија“ – изјави тогаш во една емисија  Сузана. Инаку, Сузана по учеството во реалното шоу тоатално се повлече од јавноста. Дали преовлада љубовта или хоророт, јавноста се' уште чека од неа  самата да го дознае одоговорот!?]]>

10 скриени знаци кои откриваат дека вашиот партнер се впушта во прељуба https://arhiva.vistina.com.mk/10-skrieni-znaci-koi-otkrivaat-deka-vashiot-partner-se-vpushta-vo-preljuba/ Thu, 07 Oct 2021 12:30:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222231

Кога ќе се спомне неверство, многумина прво помислуваат на некаква сексуална афера. Но, дури и доколку нема компоненти за тоа, можно е партнерот да изврши емоционално неверство кое што некогаш знае да биде и многу полошо. Едно е сигурно, емоционалното неверство ќе остави трага на вашата љубовна врска, а сигурно ќе почувствувате ладен однос од вашиот партнер. Ова се знаците:

1. Неговата посебна пријателка секогаш е поважна од вас

Доколку постои таа друга личност во животот на вашиот партнер околу која што секогаш се врти, ситуацијата веројатно никогаш нема да се поправи. Вашиот партнер посветува повеќе внимание и изгледа дека таа друга личност му е поважна од вас.

2. Не ги менува плановите поради вас

Доколку претходно вашиот партнер ја користел секоја можност да бидете заедно, а сега никако не сака да го откаже дружењето со пријателите за да ја помине вечерта со вас, тогаш имате сериозен проблем.

3. Одеднаш е опседнат со социјалните мрежи

Доколку досега социјалните мрежи и технологијата не го интересирале, а сега никако не сака да се откаже од нив, тогаш навистина имате проблем.

4. Нема шанси да ви го даде неговиот паметен телефон

Не само што сака да го поминува времето на неговиот паметен телефон, туку прави сè за да ви го отргне погледот од него. Доколку вашиот партнер реагира чудно кога ќе се приближите до неговиот телефон тогаш нешто крие од вас.

5. Одеднаш работи повеќе од вообичаеното

Доколку отсекогаш тврдел дека работата трае осум часа и ниту минута повеќе, а сега одеднаш на работното место останува подолго, тогаш треба да се сомневате во неговата верност.

6. Повеќе не ви зборува за неговите чувства

Тогаш можно е со некој друг да го споделува тоа. Можно е повеќе да не сака да ви искажува љубов...

7. Кога и да спомнете неверство, ве убедува дека сте луди

Кога и да спомнете одредена личност, вашиот партнер зазема напаѓачки став. Во некои случаи ве критикува и обвинува дека сте луди.

8. Поради партнерот се сомневате во себе

Критиките кои што ви ги упатува можат да резултираат со пад на вашата самодоверба.

9. Ги откажува плановите со вас за да биде со некој друг

Додека вие ја чекате таа вечера со него и тој тоа добро го знае, вашиот партнер одеднаш откажува сè затоа што има планови со некој друг.

10. Кога е со вас може да го вознемири и најмала ситница

Дури и некој безначаен разговор може да заврши со караница. извор: кармин.точка.мк]]>

Дана Кариќ и Даниел Ѓокиќ имаа брак како во естрадна „инцест“ сапуница: Пејачката, ќерка на големиот српски тајкун и некогаш познатиот пејач „уживаа во брачна среќа“ се’ додека таа не дозна дека ја изневерува со нејзината снаа?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dana-karikj-i-daniel-gjokikj-imaa-brak-kako-vo-estradna-incest-sapunica-pejachkata-kjerka-na-golemiot-srpski-tajkun-i-nekogash-poznatiot-pejach-uzivaa-vo-brachna-srekja-se-dodeka-taa-ne-dozna-deka-j/ Thu, 01 Jul 2021 09:59:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209203

Поранешниот сопруг на пејачката Дана Кариќ оддамна не е популарен како што беше пред 10 години, кога беше на врвот на својата слава. Сите ги пееја неговите хитови, а дуетот со  Драгана Мирковиќ го искачи на самиот врв на музиката. Тој беше главниот фраер на музичката сцена, бидејќи многу припаднички на понежниот пол воздивнуваа по него. Фановите со нетрпение го очекуваа неговиот следен потег, кој ќе ги „разнесе“, но напротив, тој се повлече од јавноста, мирно и без помпа. Имено, пејачот Даниел Ѓокиќ беше во брак пет години со Дана Кариќ, ќерката на големиот српски тајкун Богољуб Кариќ. Во жарот на искрена љубов, пејачката му посвети прекрасна балада  - „Ти си единствениот“, во чие видео се појавува згодниот сопруг. Сепак, во животот не одеше сè како во љубовната песна, а во 2012 година тие договорно се разведоа. Се шпекулираше дека причината за разводот е прељуба од негова страна и дека сите детали ги дознала и неговата Дана. Таа се шокирала кога сфатила што се случува пред нејзиниот нос и одлучила дека повеќе не сака ништо да има со него. Медиумите пишуваа дека фаталната жена која го заведувала наводно не била ниту една друга, туку неговата снаа Елена Караман, тогаш исто така Кариќ. Ниту Дана, ниту Даниел никогаш не проговорија јавно за нивниот брак, па причината за разводот и ден денес сè уште се шпекулира. Сега пејачот живее и работи во Германија, каде што е и роден. Тој обожава да патува и ја користи секоја можност да ги посети европските метрополи. Пред три години ја доби улогата на моделот Луис во популарната германска серија „Dahoam je Dahoam“. ]]>

Дали прељубата е „неизлечива болест“? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-preljubata-e-neizlechiva-bolest/ Fri, 16 Oct 2020 13:15:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171828

Истражувачите од Универзитетот во Денвер сакаа да откријат дали изневерувањето во претходна емотивна врска може да биде фактор на ризик и во идните партнерства. Во петгодишното истражување учествувале 484 испитаници, кои биле прашани дали го изневеруваат својот сегашен партнер, дали се сомневаат дека тој не им е неверен и дали прељубниците изневеруваат и во идните врски. Една студија наречена „Еднаш прељубник, засекогаш прељубник? Сериско неверство во последователните врски“, покажа дека емоционалното мамење во претходните врски е важен фактор на ризик за неверство во следните врски. Ако партнерите биле склони кон прељуба, постои голема шанса да ја повторат. Авторите на истражувањето рекоа дека примерокот на кој е направена студијата е мал и дека е потребно да се направат понатамошни истражувања, изразувајќи надеж дека студијата ќе помогне да се спречи сериско неверство во врските. извор: убавина и здравје]]>

Дали сте знаеле дека прељубата знае за години? Еве кога сме најневерни и зошто https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-znaele-deka-preljubata-znae-za-godini-eve-koga-sme-najneverni-i-zoshto/ Tue, 11 Aug 2020 13:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162813

Едно годишно време се смета како најризично за неверство, а можете ли да претпоставите за кое станува збор? Прељубата во врската или бракот е една од најчестите причини за раскинување, а сега се појавија и податоци кои покажуваат во кое животно доба и мажите и жените најмногу изневеруваат. Резултатите од едно британско истражување покажале дека луѓето извршуваат најголем број неверства на 39 години. Објаснето е и дека таа година за многумина претставува пресврт во животот бидејќи некои почнуваат да влегуваат во средовечна криза или бараат нови возбуди. Истражувањето покажало дека сме најподложни на неверства во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По добата од 39 години, најчеста година за неверство е кога имаме 49, а следната е кога имаме 29 години. Студијата покажала и дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот. Што се однесува до годишното време, особено се опасни летните месеци бидејќи тогаш се случуваат 25 отсто повеќе прељуби од вообичаено.

Петте најчести причини за неверства, според ова истражување, се: • Недостиг на возбуда во креветот (75%)

• Се укажала прилика за тоа (54%) • Здодевност во врската (46%) • Повторен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28%) • Желба за промена (22%) извор: точка.мк]]>