прекари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Jul 2023 23:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прекари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нив нема да ги најдете под вистинското име и презиме: Ова се псевдонимите и прекарите на познатите македонски ѕвезди на Инстаграм (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/niv-nema-da-gi-najdete-pod-vistinskoto-ime-i-prezime-ova-se-psevdonimite-i-prekarite-na-poznatite-makedonski-dzvezdi-na-instagram-foto/ Sat, 29 Jul 2023 07:50:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252449

Социјалните мрежи, нужното зло на денешницата или нашиот прозорец кон светот? Нашите асистенти за што полесна и побрза комуникација со пријателите и непријателите, познатите, непознатите, со сите... Сите оние кои сакаме да не дознаат или дознаеме каде се, како се, што прават, што работат, како живеат, што јадат и пијат, каде летуваат, како се забавуваат... Отворен екран 24/7  во сите 365 дена во годината. За да можеш сопствениот живот, да го ставиш, а туѓите да ги имаш на увид, логично е да имаш отворено свој профил на социјалните мрежи, без оглед дали е тоа Фејсбук, Твитер, ТикТок, Телеграм, Инстаграм... Што ли веќе? Инстаграм е секако една од најпопуларните социјални мрежи на која ги споделуваме своите фотографии и куси видеоклипови... Најчесто сите ние, па и познатите и јавни личности своите профили ги имаат отворено и регистрирано под вистинскито име и презиме. Така е барем кај повеќето, но постојат и оние, кои на Инстаграм нема да ги најдете под вистинското име и презиме. Нивните профили се насловени според некој нивни псевдоним или прекар, или пак кованица од неколку букви од името и презимето... Или нешто сосема петто! 1.Таа е романтична убавица, позната македонска манекенка, мисица, модел... Љубител на цвеќето и естетиката, па затоа и држи ланец на продавници за декорација, украсување, цвеќе и подароци... Патем македонски рекордер во брзина на склучување бракови и разводи... Можеби затоа и Емилија Розман на Инстаграм ќе ја најдете под прекарот: rozmanticna. 2. Откако се појави во јавноста, со години наназад постојано е во етерот. Позната ТВ и радио водителка, последниве две-три години и уредничка на утринската програма на ТВ Сител. Убава, згодна, бејбифејс, која со изгледот им пркоси на годините иако е веќе оддамна мажена жена и мајка. Нејзиниот псевдоним под кој ќе ја најдете на Инстаграм е веројатно кованица од буквите  на две имиња: Нејзиното - Елена и на нејзината ќеркичка - Илина... Или едноставно: enna_inna. А, во прашање е новинарката и водителка Елена Стојановска! 3.  Бојата на косата ја менува кога сака и како сака, но најчесто е русокоса. До скоро позната ТВ водителка, а последниве години и една од највлијателните инфлуенсерки кај нас токму на Инстаграм. Позната по своите тетоважи, но уште повеќе по тоа што (веројатно) освен по цело тело, најмалку има „влакна на јазикот“, па на неправдите и нивните чинители отворено им се спротиставува в лице, правејќи ги „пуздер“! Самохрана мајка на малолетно машко дете, чие име го доадала на своето во кованицата:  miandrija  по која Миа Костова можете да ја најдете на Инстаграм. 4. Тој е македонска кошаркарска легенда. Играл во најголемите кошаркарски клубови во Европа, а е единствениот од Македонија кој досега играл и во НБА. Претседател на КФМ, голем пријател и шегаџија кому манекенките му се слабост, кој  својот прекар за на Инстаграм си го дал по едно од култните скопски места за излегување во 80-ите и почетокот на 90-те... Култната скопска  сендвичарница cickostoilko која оддамна не постои, но затоа под тоа име на Инстаграм постои профилот на Перо Антиќ.  5. Таа една од нашите најпознати ТВ водителки и секско, најпознатата и се уште актуелна лото девојка. Некогашна танчарка, модел и последниве години позната инфлуенсерка токму на Инстаграм. Веројатно со Лила Филиповска најекспонирана кога се работи за ваков вид реклама. Од облека до козметика, од разни услуги до туристички патувања, нема што не рекламира  нашата Марјана Станојковска, која на Инстаграм ќе ја најдете како  marjanamay. 6. Тој е познат и се' попопуларен актер, ТВ водител и се почесто пејач. Иако припаѓа на помладата генерација на оние кои лебот го заработуваат на „штиците кои живот значат“, театарските претстави во кој тој игра забележителни улоги важат за најгледани. Џентлмен по нарав, романтик по душа, кој неодамна ја побара раката на својата сакана и сега тазе плови во брачните води. Жарко Димоски ако не по целосно име и презиме, тогаш сигурно на Инстаграм ќе го најдете како  zakdim. 7. Таа е позната ТВ водителка и со Александар Блажевски го сочнуваат водителскиот тандем на најгледаната утринска програма во Македонија, утринската на ТВ Сител - „Ја сакам Македонија“. Исто така е и главен уредник на најпродаваниот магазин „Убавина и здравје“ кој вкај нас ја прослави својата 14-та година постоење. Тивка, ненаметлива, културна, елоквентна, вистинска дама, за таква важи  jovana_na_na_na,  псевдоним под кој на Инстаграм можете да ја најдете Јована Стојменовиќ. 8. Тој е сигурно еден од најдобритe композитори и музички продуценти во Mакедонiја, автор на безброј хитови, кои самиот ги отпеал или некои други  со нив се прославиле. Син на познат музичар и композитор кој го напишал еден од најголемите македонски фолк евергрини - „Бисер балкански“. Можеби славното презиме не го користи за на Инстаграм, но затоа пак Роберт Билбилов името на својата продукција  justproduction го користи за кога е тоа потребно да сподели свои видеа и фотографии на оваа социјална мрежа. 9. И таа е позната естрадна новинарка, радио и ТВ водителка прва перјаница на националната МРТВ во оваа област. Со години пред радиомикрофонот и ТВ камерите, една од „последните Мохиканци“ кои ја „чешлаат“ домашната естрада, трдавајќи и онаков третман како што заслужува. Сгодини член  и еден од предводниците на македонската евровизиска делегација, која ги придружува нашите преставници секоја година. За да ја видиш Александра Јовановска на ТВ потребно да „Стиснеш плеј“, а за да ја видиш на Инстаграм потребно е да отчукаш  sandruvka. 10.  Таа е млада македонска поп пејачка и една од ретките, ако не и првата која завршила студии на најпрестижниот музички колеџ во светот, познатиот Беркли во Бостон, САД. Пее уште д девојченце, кога стана позната посвоите настапи на детските фестивали, за подоцна да пресрасне во вистинака млада музичка ѕвезда, која реши да се стекне со меѓународно призната музичка наобразба. Дали ќе остане во САД, ќе се врати дома да ја продочжи естрадната кариера или ќе се упати да си ја проба среќата на некоја друга дестинација, можеби во соседството, останува да видиме. А за да ја видите на Инстаграм Ања Ветерова ќе мора да ја побарате под псевдонимот  кој пејачката самата си го дала: anniamusicofficial Покрај овие има уште многу други, меѓу кои се и тие кои станаа многу попознати по своите прекари кои ги користат и на Инстаграм, отколку по вистинските имиња, кои речиси никој и не им ги памети... Или барем само најблиските. Така на пример, пејачката чија професија е  контролор на летање на скопскиот аеродром, Наташа Мијатовиќ е многу попозната по естрадното име  miyatta...  или за на Инстаграм како  miyatta_of_macedonia Македонската  ар ен би ѕвезда, или 1/2 од дуото „ДНК“  кого сите го знаат како Панчо, всушност се вика Владимир Блажев, кој е и ДЈ,  а уметничкиот ДЈ прекар  djshortypofficial го користи и за на Инстаграм... Најпознатиот македонски инфлуенсер кој всушност работи како камионџија во САД, стана познат по своите интерсени и занимливи видеа и фотографии на Инстаграм приказните, но и по тоа што „вербално демонтираше“ некои познати македонски јавни ликови како Зоки-Фаци, Боки 13-ка или Сергеј Варошлија, на пример и секако по својата хуманитарна активност. Вистинското име и презиме му  е Дарко Јефремов, ама сите го знаат  како darkovlogs, прекар кој го користи и на Инстаграм. Кончено, Џина Папас Џокси и неговата антологиска „На Велигден“ нема кој не ги знае. Ама затоа на прсти можат да се избројат оние кои го знаат неговото вистинско име и презиме - Ѓорѓе Васиќ, кој и за јавноста и за на Инстаграм е...   geena_pappas_joxy.    Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Македонски прекари: Најчудните, најнеобичните и најсмешните се во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-prekari-najchudnite-najneobichnite-i-najsmeshnite-se-vo-bitola/ Wed, 25 Aug 2021 12:41:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216736

Луѓето во целиот свет имаат име и презиме. Она официјалното, но во многу земји, многумина повеќе и подобро ги знаат по прекарот отколку по вистинското име. Од славни и познати фудбалери како  бразилските ѕвезди, преку познатите светски поп-рок музичари и пејачи, големите холивудски актери, па се' до домашните јавни личнисто или обичните луѓе... наши роднини, пријатели, другари, соседи... Од семејството, од училиште, факултет, од работа, од маало...! Од  Пеле, Иги Поп и Рамбо... по светот,  па се' до „Миле Паника“ и „Тошо Малерот“, кај нас на пример... Во Македонија во секој град луѓето си имаат свои специфични прекари, но сепак град во кој се смета дека луѓето имаат најмногу, најчудни, најсмешни и најнеобични прекари, велат дека е Битола. Најмногу и најкреативни... Од нив повеќето - логички изведени. Еве некои од најнеобичните: Го викале... Раде - „Фебруар“, затоа што едната рака му била покуса. Ѓоше - „Алфата“, затоа што често пати излегувало дека е расипан човек. Трајче - „Мутето“, затоа што потекнувал од глувонемо семејство. Саше - „Сантимо“ – оти бил висок 1,99 центиметри, односно еден „сантим“ му фалел до 2 метра. Бубе - „Буше“, оти ги чепкал бушоните и снемало струја во цело училиште. Филип - „Филџано“ – зашто немал едно уво и бил во главата ко филџан. Цане - „Цунибаба“ – бидејќи сакал да се забавува со постари дами. Петре  - „ПИ“ - затоа што го фатила полиција да вози со 3,14 промили алкохол во крвта. Раде - „Распусто“ - бидејќи бил роден на 10-ти јуни, кога училиштата се распуштаат. Лазо - Лагата – оти имал куси нозе. Ристе - Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи. Славе - Свиоко – живеел на некоја кривина! Никола - Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“. Ќошо – оти Ивица се вика. Кире - Купусо – оти љубел некоја дебела – ко каца. Иле - Индексо – единствен во друштвотo со факултет. Диме - Децималнио – зашто не бил баш „точен“ со умот. Коле - Казанова – оти како нов казан бил во главата. Џони Walker – Австралијанецот што го вртел „Широк Сокак“ по 20-30 пати во денот за да си најде жена. Пеце - Поштенио – оти живеел до поштата. Коце - Коцката – Оти многу бил по коцкањето. Списокот на битолски прекари е бесконечно долг, ова беше само мал дел од нив...!  ]]>

Поради ова сексот станува лош: Лекар предупредува – добро е, но само надвор од спалната соба https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-ova-seksot-stanuva-losh-lekar-predupreduva-dobro-e-no-samo-nadvor-od-spalnata-soba/ Thu, 27 May 2021 13:45:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204454

Д-р Кетрин Харлејн откри многу необичен знак дека вашиот сексуален живот е во неволја! Секс експертката д-р Кетрин Харлејн смета дека оние кои имаат прекари за половите органи не се многу задоволни од нивниот сексуален живот. Давањето прекари на половите органи, вели таа, има врска со детството. „Честопати доаѓа од чувството на срам на нашите родители. Исто така, има врска со социјалниот и религиозниот притисок што е вкоренет во многу генерации”, вели д-р Харлеин. „Дури и некои прекари што сме научиле да ги нарекуваме гениталии се дизајнирани да направат да се чувствуваме засрамени од нив. Ако вашите родители не разговарале со вас за секс на позитивен начин, тоа може да има долгорочно влијание врз вашиот став за сексуалноста и задоволството“, објасни таа. Таа додава дека комуникацијата е клучна за здрава врска, затоа „ако поцрвените при самото споменување на анатомски точните имиња на гениталиите, тогаш како разговарате за подлабоки сексуални теми?“. „Избегнувањето на овие разговори не е добра опција. За да имате здрава врска и да бидете задоволни со вашиот сексуален живот, мора да имате слобода да му кажете на вашиот партнер како сакате да ве допира, како најдобро да постигнете кулминација и да прашате што сака . На тој начин. Постои позитивен, безбеден дијалог за сексот помеѓу вас.” Сексуалниот лекар додава дека е многу важно за задоволство од сексуалниот живот да можете искрено и отворено да разговарате со вашиот партнер за сексот. На крај, тој додава дека е прифатливо само за време на сексуалниот однос да се нарекуваат гениталиите со прекар. „Во тие моменти, важно е да го правите она што најмногу ви се допаѓа и што ве возбудува, па ако е збор или фраза, тогаш тоа е во ред. Само оставете ги тие прекари да останат во спалната соба”. извор:попара.мк]]>