прејадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Apr 2023 11:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прејадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вкусен напиток кој ја олеснува надуеноста, посебно после прејадување https://arhiva.vistina.com.mk/vkusen-napitok-koj-ja-olesnuva-naduenosta-posebno-posle-prejaduvane/ Tue, 11 Apr 2023 12:05:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297766

Велигденската трпеза нуди толку многу вкусни деликатеси што е тешко да се одолее и да не се прејадеме. А со јадењето премногу храна доаѓа до непријатна надуеност. Но, не мора да се „штедите“ кога уживате во велигденската храна, бидејќи најдовме рецепт за пијалок со кој подуеноста ќе исчезне додека да кажете ќе кажете – Велигден. Велигденски јајца, шунка, кромид, а потоа и француска салата – кој би можел да одолее на сите тие велигденски „искушенија“ за непцето! Но, после обилниот велигденски оброк има последици како надуеност и гасови. Велигденското смути ќе се погрижи да не се чувствувате подуени после велигденскиот оброк, а воедно ќе ве снабди со витамини. За да избегнете лошо варење, ви носиме рецепт за зелено смути кое ќе го избрка непријатното чувство на надуеност за час! Следниве пет моќни состојки го прават овој пијалок толку посебен: 1. Ананасот го олеснува разградувањето на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарение на високата содржина на влакна го забрзува метаболизмот во дебелото црево (што значи порамен стомак) и е одличен извор на витамин Ц и манган. 2. Нането е познато и по своите својства против надуеност и варење. Тоа е одличен помошник во ослободувањето од чувството на тежина во стомакот, го смирува желудникот и спречува грчеви во стомакот и гасови. 3. Ѓумбирот е одличен помошник и за гастроинтестинални проблеми. Спречува акумулација на гасови и грчеви во цревата. Исто така, може да ја ублажи мачнината при движење, гадење и да спречи повраќање. По консумирањето, ѓумбирот допира до гастроинтестиналниот систем и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините. 4. Куркумата е одличен антиоксиданс и помага при дигестивни нарушувања како надуеност и гасови. 5. Спанаќот е богат извор на железо, калциум, витамини А, Ц и други витамини. Витамините А и Ц се одговорни за повеќето „лековити“ својства на спанаќот, а прв во низата е здравјето на циркулаторниот систем. По избор: Алое Вера го смирува и прочистува дигестивниот систем и помага при запек. Ова зелено растение се препорачува и за третман на чир на желудникот, синдром на нервозно дебело црево, целијачна болест и Кронова болест. Состојки: 100 грама спанаќ 30 грама свежо нане 100 грама ананас половина јаболко 2 лажички мед парче свеж ѓумбир, излупен и мелен 1/4 лажичка куркума во прав 1/4 лимета 2 децилитри вода Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте и – добро е. извор:попара.мк]]>

12 трикови за да го спречите прејадувањето https://arhiva.vistina.com.mk/12-trikovi-za-da-go-sprechite-prejaduvanjeto/ Mon, 14 Jan 2019 12:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67316

  Кога има вкусна храна пред нас што нè измамува со својот изглед и мирис многу е тешко да се запре со јадење и да не си викаме: "само уште еден залак". Резултатот е прејадување за кое жалиме подоцна. Неконтролираното јадење има лоши ефекти не само за нашата линија, но и за нашата енергија како и за расположението. Иако никој не сака да има прекумерна тежина, многу од нас не можат да кажат "не" на вкусна храна. Прејадувањето може да се спречи со следниве едноставни трикови: 1 Користете ги вашите дланки како водич. Количината на храната што сакате да ја изедете треба да се вклопи во вашите дланки (условно кажано). Ставете ги вашите дланки заедно како би сте направиле сад. Количеството на храна што се вклопува во вашите дланки е веројатно доволно за вашиот стомак. 2. Направете ги рачките на приборот за јадење валкани. Многу луѓе сакаат да јадат сè што се сервира, што доведува до прејадување. Со правење нечист прибор за јадење нема да бидете во можност да имате “уште само еден залак”. 3. Остатокот од јадењето покријте го со салфета. Кога ќе се почувствувате заситено, покријте го осттокот со салфета со што ќе ја намалите вашата желба за јадење затоа што нема да ја гледате храната. Подалеку од очите, подалеку и од устата. 4. Не јадете за да ги задоволите другите. Без разлика колку е вкусна тортата на вашата мајка, не јадете уште едно парче затоа што таа ве замолила. Кажете “можеби подоцна” но не дозволувајте нејзиното љубезно или тажно лице да ве убеди да јадете повеќе. 5. Фокусирајте се на вкусот од првите неколку залчиња од вашата омилена храна. Сакате чоколадо? Истражувачите докажаа дека две коцки чоколадо ви даваат исто задоволство како да изедете цел ред од него. Во вториот случај, се осеќате само прејадено и имате чувство на вина поради тоа. Запомнете, првите неколку залчиња се највкусни. На секој следен залак, рецепторите од јазикот стануваат се помалку сензитивни на хемиските супстанции од храната. Заклучок? Можете да ја задоволите желбата за јадење на калорична храна со само 2-3 залчиња. На овој начин ќе спречите прејадување. 6. Јадете додека не сте 80% полни. Луѓето од островот Окинава ја практикуваат оваа техника, а 29% од нив живеат 100 години и повеќе. 7. Кога ќе завршите со јадењето, не ја оставајте чинијата пред вас. Тргнете ја настрана чинијата од која сте јаделе кога ќе завршите со оброкот, за да не продолжете со јадење. Доколку чинијата е пред вас, шансите да ставите уште храна во неа се многу поголеми. 8. Пратете му на вашето тело сигнал со кој ќе му кажете: “завршив со јадење”. Тоа можете да го направите на неколку начини: - гума за џвакање или тврда бонбона со вкус на ментол. Ментолот го намалува апетитот а гумата за џвакање ќе ја држи вашата уста зафатена. - неколку парчиња овошје или 2 коцки чоколадо. Благата храна мозокот ја детектира како десерт, па нема да се вратите на претходната храна. 9. Вашата чинија нека биде различна боја од храната која ќе ја јадете. Наместо да ставите паста во бела чинија, нека биде во црвена, црна или плава. Колку се поспротивни боите, толку храната која што ја сервираме ќе изгледа поголема во чинијата. 10. Потрудете се да не правите ништо друго додека јадете. Прејадувањето најчесто се случува додека јадете пред компјутер или телевизор. Јадете во кујната на маса која што е наменета само за јадење. На овој начин нема да имате никакви други активности. 11. Не јадете директно од пакувањето. Ако сте си купиле големо пакување чипс, не јадете од него. Послужете го во чинија во нормална количина. 12. Оставете ја вилушката во вашата чинија помеѓу секој залак. Земете залак и оставете ја вилушката. Правењето пауза помеѓу залаците ќе му даде доволно време на вашето тело да му испрати сигнал на мозокот дека е полно. Не заборавајте дека на вашиот мозок му требаат 15-20 минути за да прими сигнал  ]]>

Како да си помогнете после прејадување за полесен стомак https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-si-pomognete-posle-prejaduvanje-za-polesen-stomak/ Thu, 06 Sep 2018 13:32:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46457

На сите ни се има случено да ја изгубиме самоконтролата пред трпеза полна со вкусни деликатеси и потоа да се соочиме со физичките последици од прејадувањето. За време на празниците, кога масите се преполни со јадења во текот на целиот ден, многу лесно може да се случи да претерате со храната. Жена Во таков случај, следните совети и вежби ќе ви помогнат да се чувствувате подобро: Што може да направите веднаш? Чај Џвакајте ѓумбир или напијте се чај од ѓумбир. Докажано е дека ѓумбирот е ефективен природен лек при нагони за повраќање, гасови, подуеност и стандардна болка во стомакот. За најбрзи резултати, едноставно земете парче ѓумбир и џвакајте го. Доколку не можете да го поднесете силниот вкус на ѓумбирот, не мора да го консумирате сиров, туку направете си чај од ѓумбир. Почестете се со чај од нане. Нашите баби и мајки имаа право, чајот од нане е спасител при болки во стомакот, подуеност и грчеви. Или пак со чај од камилица. Ако не ви се допаѓа чајот од нане, можете да го замените со чај од камилица. Смирувачкото дејство на камилицата ќе ве релаксира и вас и вашиот стомак. Одете на прошетка. Не легнувајте веднаш по обилен оброк. Победете ја потребата за мрзеливо излежување и одете на лежерна прошетка. Движењето ќе му помогне на телото полесно и побрзо да се справи со консумираната храна. 6 јога пози за подобра дигестија Многу е важно по обилен оброк да му одолеете на искушението да легнете. Наместо да се мачите неподвижно во хоризонтална положба, направете ги следните јога пози кои ќе ви помогнат да се почувствувате подобро и да го забрзате варењето на храната. Јога Јога Јога Јога Јога Јога Денот потоа Вода со лимон Започнете го денот со вода со лимон. Во една чаша со млака вода исцедете еден лимони испијте ја течноста. Оваа мешавина го подобрува варењето на храната и може да ви помогне доколку сте подуени. Не го прескокнувајте појадокот. Утрото по прејадување веројатно ќе си помислите дека е подобро да го прескокнете појадокот. Но, се препорачува задолжително да јадете нешто лесно, како банана, јогурт, печено лепче со тенок слој путер од кикирики или мед, јаболко и сл. Не се казнувајте себеси со гладување, бидејќи ако го прескокнете појадокот, голема е веројатноста повторно да претерате со храната подоцна во денот. Пијте вода. Испијте најмалку 8-10 чаши вода за да му помогнете на телото да се справи со вишокот внесена храна. Бегајте подалеку од солта. Солта го поттикнува телото да задржува повеќе вода, па уште повеќе ќе се чувствувате подуено. Ако ви се грицка, посегнете по несолени ореви, бадеми или пуканки. Јадете бел ориз за ручек. Белиот ориз лесно се вари од организмот, го смирува стомакот и е особено полезен доколку имате дијареја, што често се случува по прејадување.]]>