преглед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 11:38:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преглед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оваа болест на вагината мора да се лекува, инаку остава огромни последици https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-bolest-na-vaginata-mora-da-se-lekuva-inaku-ostava-ogromni-posleditsi/ Thu, 21 Sep 2023 12:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319113

Се проценува дека најмалку 10% од жените добиваат барем една епизода на вагинално воспаление секоја година, додека само половина се јавуваат кај својот гинеколог, што остава сериозни долгорочни последици. Колпит (вагинитис) е воспаление на вагината предизвикано од различни причини и е најчеста причина поради која жените одат на гинеколог. Најчести причини за воспаление на вагиналната слузница се разни инфекции како што се кандидијаза, трихомонијаза и бактериска вагиноза. Во периодот на менопаузата, кога е намалена количината на естроген, може да се развие вагинитис, кој е проследен со иритација на печење и сувост на вагината, што не е поврзано со развој на бактериска или габична инфекција. „Болеста се развива поради пенетрација на различни патогени микроорганизми во вагината со неизмиени раце, недоволна хигиена на гениталиите или валкана долна облека. Оваа болест е исто така многу честа во менопаузата, кога често се нарекува атрофичен или старечки колпит. Со почетокот на менопаузата се намалува нивото на половите хормони во организмот, односно се намалува активноста на јајниците, се суши мукозната мембрана на вагината и се појавуваат атрофични промени т.е. атрофичен вагинитис“, објаснила д-р Александра Костиќ, гинеколог-ендокринолог. Првиот знак е секрет со непријатен мирис Според неа, најчест симптом на вагинитис, на кој се жалат пациентите кога ќе дојдат во нејзината ординација е – секретот. Покрај тоа, се јавува црвенило, оток, болка при допирање или секс, чешање и чувство на пецкање. Сепак, секрецијата е во извесна мера секогаш присутна, но количината, изгледот и својствата зависат од влијанието на физиолошките и патолошките фактори. Физиолошки зголемената секреција се јавува во моментот на овулацијата, кога е проѕирна, еластична и пообилна од вообичаеното. Во периодот пред менструацијата е погуста и белузлава. Но, кога секретот ќе стане изобилен, кога има непријатен мирис и кога жената чувствува печење или чешање, тогаш се работи за колпит. Предизвикувачките агенси на колпитот можат да навлезат во вагината на различни начини, главно преку надворешните делови на гениталиите, уретрата, мочниот меур или скротумот. „Притоа, кај жените кои имале вагинално породување, важна улога игра ниската лузна на перинеумот, бидејќи претставува нецелосна бариера“, објаснила д-р Костиќ. „Во околу 90% од случаите, зголемената вагинална секреција е поврзана со микробиолошки агенс. Во најголем процент на вагинален секрет се јавуваат бактерии, габи (Candida albicans) и протозои (Trichomonas vaginalis). Заедно со терапијата, задолжителна е и промена на животниот стил. Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата дадена од страна на пациентките, клиничките наоди, како и со земање вагинален и цервикален тест.“ „Тогаш терапијата се заснова на резултатите од анализата на вагиналниот секрет, но се советуваат и промени во животниот стил, како што се носење памучна долна облека, поредовна хигиена, исхрана со повеќе зеленчук и физичка активност. Многу важен елемент за заштита од вагинални инфекции е безбедниот сексуален однос, кој вклучува употреба на презервативи. Притоа, важно е истовремено и партнерот да се лекува, како и партнерите да се воздржат од сексуални активности за време на терапијата“, порачала докторката Костиќ. фото:Profimedia извор:точка.ком.мк]]>

Анастасија Богдановска тргна да коментира за одењето во салони за убавина, но крајниот заклучок е вистинскиот совет за сите жени (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-bogdanovska-trgna-da-komentira-za-odenjeto-vo-saloni-za-ubavina-no-krajniot-zakluchok-e-vistinskiot-sovet-za-site-zeni-foto/ Thu, 06 Oct 2022 08:29:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270263

Поголем дел од припадничките на понежниот пол не минуваат недела, месец или дури ни ден, без да посетат салон за убавина и да направат разно разни третмани, почнувајќи од кожата, па се до ноктите. ТВ водителката и новинарка Анастасија Богдатовска е на породилно отсуство откако стана мајка по вторпат со синчето Раде, но покрај сите мајчински и семејни обврски наоѓа време да го посети салонот за убавина каде што е доследна како што вели со години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Покрај тоа дека во мобилниот има потсетник за средување на она што е потребнио кога е негата и убавината во прашање, Деа, како што многумина ја нарекуваат, имаше многу важен заклучот, односно сугестија до своите следбенички на Инстаграм. -Имате потсетник да се јавите во салон за убавина и да закажете. И ако одењето во салонот за убавина не ви е празник, тогаш сте оделе на погрешно место. @tesabeautystudio не знам колку години по ред и одбројуваме... А кога сме веќе кај закажување. Закажете го и тој преглед на доктор кој толку време во одлагате. Грижете се за важето здравје. Здравјето е богатство, пишува Деа. Имено, таа сакаше да посочи дека превентивните и редовни прегледи на лекар се многу важни за секого, па во потсетник на телефон да го ставите или да ја закажете посетата кај важиот матичен лекар, гинеколот, стоматолог итн...
 
Бидејќи нели здравјето е богатство, а за таквото богатство дадено од Бога треба да се грижиме и да го негуваме многу повеќе отколку што приоритет би им се дал на лакираните нокти.]]>

Луна и Гаги Ѓогани во исто време завршија во болница: Таткото и ќерката се заразени со иста бактерија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/luna-i-gagi-gjogani-vo-isto-vreme-zavrshija-vo-bolnica-tatkoto-i-kjerkata-se-zarazeni-so-ista-bakterija-foto/ Mon, 27 Jul 2020 11:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160715

Луна Ѓогани вчеравечер се вклучи во лајв видеото на татко и Гаги на Инстаграм, велејќи дека има проблеми со стомакот и дека ќе мора итно да посети лекар. „Утре имам закажано кај докторот, зашто имам проблеми со стомакот“ - рече Луна, но таа не навлезе во деталите по тоа прашање. Татко и Гаги Џогани денес исто така речиси истовремено заврши во болница. Тој за српските медиуми откри дека треба да направи анализи најверојатно поради бактерија во желудникот. „Да, точно е. Во моментов се наоѓам во една приватна болница. Дојдов да направам анализа на крвта поради бактерија во организмот, резултатите ќе ги имам денес. Најверојатно се работи за хеликобактер, но, се надевам не е ништо посериозно“ - вели денсерот кој својата популарност јауживаше во ’90-ите заедно со Анабале во нивното по-денс дуо „Фанки Џи“.
]]>

Вил Смит опериран: На колоноскопија му било откриено малигно ткиво (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vil-smit-operiran-na-kolonskopija-mu-bilo-otkrieno-maligno-tkivo-video/ Fri, 08 Nov 2019 11:28:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117433

Докторката на Вил Смит го натерала актерот да направи колоноскопија, а тој одлучил да ја послуша доктората, но како што вели прегледот го направил  на шега. Дека актерот се шегува докажува и тоа што одлучил да го сними прегледот, па порача дека со својот задник ќе достигне 50 милиони следбеници на „Инстаграм“. Меѓутоа, ништо не се завршило како што мислел актерот дека ќе заврши. Му бил дијагностициран полип, кој се покажал како малигно ткиво, и имало опасност да се развие во тумор. Полипот веднаш бил отстранет и Вил потврди дека сè е завршено. „Докторот најде полип, го отсрани и го прати на анализа. Испадна дека станува збор за полип од кој може да се добие рак“ соопшти докторката на Вил. Што значи тоа кога е во прашање мојот живот? „Тоа значи- ти благодарам што си свесен пациент и што ме послуша кога ти кажав: Вили, мораш да направиш колоноскопија“. Знаеме дека вакви прегледи го спасуваат животот, а раното откривање на канцерот може да ти го спаси животот“  вели докторката. „Ти благодарам што ме натера да го направам ова. Мислев дека ќе биде заабавно кога ќе снимам се, но не можев да замислам дека ќе биде откриено полип. Ти благодарам што прифати да зборуваш со мене пред целиот свет. Луѓето треба да се грижат за здравјето и да поживеат повеќе години“ порача Смит. https://youtu.be/eWwKQjUyoUc]]>

Кои прегледи ни следуваат бесплатно кај матичните лекари? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-pregledi-ni-sleduvaat-besplatno-kaj-matichnite-lekari/ Thu, 01 Mar 2018 08:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14398

Прегледите кај матичните лекари се бесплатни. Меѓутоа, не сите избрани доктори го почитуваат ова законско правило. Додека најголем дел од општите лекари и педијатри не им наплатуваат на пациентите, кај поголемиот дел од гинеколозите се плаќа, а кај различни стоматолози има различни интерни правила. Факултети.мк провери што сè им следува бесплатно на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување, на колку време и колку може да се наплати за она за што избраните лекари имаат право да земат пари. Правилата велат дека во ординациите на видно место треба да биде истакнато што е бесплатно за осигурените пациенти. Не се плаќа за ЕКГ кај општите Во ординациите на матичните општи лекари, велат од Фондот за здравство, бесплатен е прегледот, како и помошните дијагностички прегледи, како оној со ЕКГ-апарат (електрокардиографија - ЕКГ е стандардна метода на снимање на импулсите на електричната активност на срцевиот мускул). Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, објаснува дека со превентивните цели, кои им се задача на матичните, прегледот со ЕКГ е бесплатен на две години. - Меѓутоа, тој може да се прави и по потреба по процена на лекарот. Бесплатни се и инхалациите ако лекарот има инхалатор, а има колеги што прават и ЕХО и имаат апаратчиња за мерење шеќер. Сето тоа го набавуваа за да се зголеми конкурентноста, но матичниот не мора да ги има. Проблемот е во тоа што кај нас има многу прегледи, а од нив добар дел се непотребни зашто пациенти доаѓаат за сè и сешто. Некои и по неколку пати дневно за мерење притисок. Истовремено имаме многу административни задачи што мора да ги завршиме и во тие метежи нема доволно време за да можеме да им излеземе во пресрет со плус услуги на осигурениците. Токму поради тоа и побаравме да се наплаќа мала сума за влез за една дијагноза. Така би се намалиле непотребните прегледи, а ќе се намали и можноста за грешки – вели д-р Чолакова-Дервишова. Услугите кај матичните педијатри исто така не се наплатуваат. Колку чини пломбирање и вадење заб?  Кај матичните стоматолози бесплатен е само прегледот. Д-р Маријан Денковски, претседател на Друштвото на доктори на дентална медицина, вели дека цените за другите услуги се објавени во „Службен весник“ во јули 2011 година. Така, вадење млечен заб чини 100 денари, вадење траен заб – 200 денари, додека тешко вадење заб треба да се наплати 300 денари. Цената за пломбирање заб со амалгамска пломба е 200 денари, со композитна пломба е 450 денари, а со двокомпонентна обична бела пломба е 260 денари. Пломбирање заб со нанокомпозит е 600 денари. За ендодонска терапија определената цена е 400 денари, за прва помош (апликација на лек) е 150 денари, а за други услуги (освен превентивните) е 200 денари. Кога следува бесплатен ПАП-тест?  Кај избраните гинеколози, според Фондот, треба да се бесплатни дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија, земање брис. Д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози, објаснува дека ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. - За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Прифатените светски правила велат дека ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години – вели д-р Филиповски. Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките. Кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, советуваат од Фондот, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа. - Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка) – велат оттаму. извор:факултети.мк]]>

Гинеколозите откриваат: Најлошите работи што жените ги прават за време на преглед https://arhiva.vistina.com.mk/ginekolozite-otkrivaat-najloshite-raboti-shto-zenite-gi-pravat-za-vreme-na-pregled/ Fri, 16 Feb 2018 11:03:59 +0000 http://vistina.mk/?p=13052

Женските репродуктивни органи се навистина неверојатни, а жените треба подобро да се грижат за нивното здравје. Токму поради ова е важно да посетувате гинеколог барем еднаш годишно. Дури и ако ви е срам да ги покажете приватните делови на професионалец, имајте на ум дека не постои нешто што гинеколозите го немаат видено. Сепак, нивната работа не е лесна, па погледнете ги 11-те работи кои гинеколозите навистина ги мразат. Гинеколозите споделуваат: Најлошите работи што можете да ги направите за време на преглед

1. Откажување на прегледот поради менструација

Гинеколозите се зафатени луѓе и тие се навикнати да гледаат менструална крв. Повеќе им одговара да дојдете со менструација отколку да ги оставите со празен термин во последен момент.

2. Постојано молење од негова/нејзина страна да се спуштите подолу

Гинеколозите не можат да ве прегледаат оддалеку. Колку и да не сакате, тие мора да ви се доближат за да проверат дали сè е во ред.

3. Доаѓање на преглед со партнерот

Нема ништо сексуално во прегледот од гинеколог. Па, зошто би го носеле и вашиот партнер? Гинекологот може да се чувствува навистина непријатно.

4. Користење Гугл за дијагноза

Без разлика кои се вашите симптоми, ако сте се консултирале со Гугл голема е веројатноста дека станува збор за смртоносна болест. Па, немојте да му кажувате на гинекологот што сте прочитале на Интернет.

5. Криење на проблеми со менструацијата

Додека ПМС-от е честа појава кај многу жени, ако вашите симптоми ви го отежнуваат денот, кажете му на гинекологот. Тој ќе ви помогне полесно да се справите со овие денови од месецот.

6. Криење на желбата за женски доктор

Гинеколозите разбираат дека некои жени сакаат да бидат прегледани од женски доктор. Сè што треба да направите е да кажете.

7. Недоволна лична хигиена

Вагината можеби е орган кој самиот се чисти, но тоа не значи дека треба да ја оставите така. Ако имате влакненца, секогаш нека бидат чисти. И уште поважно, носете чиста долна облека.

8. Прескокнување на проверките за рак на матка

Не е тајна дека ракот на матката се развива бавно, па регуларните тестови можат да спасат живот. Кога жените почнуваат да покажуваат физички симптоми, тогаш е предоцна за лекување.

9. Криење на симптомите од гинекологот

Дури и ако мислите дека необичниот исцедок не е причина за паника, најдобро е да му кажете на гинекологот. Сепак, станува збор за вашето здравје.

10. Ненадејно прекинување на пилулите за контрацепција

Ако методот на контрацепција не ви одговара, важно е да му кажете на гинекологот за да можете да разговарате за вашите опции. Прекинувањето на контрацепцијата без да користите друг метод за заштита води до несакана бременост.

11. Сомневање во довербата

Дури и ако новиот гинеколог е пријател на вашиот пријател, никогаш немојте да се сомневате во неговата доверба. Медицинските лица се обврзани со закон да ги чуваат вашите информации во тајност. извор:кафепауза.мк]]>