предупредувачки знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jul 2023 11:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png предупредувачки знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На бракот му се ближи крајот ако ги забележите овие предупредувачки знаци https://arhiva.vistina.com.mk/na-brakot-mu-se-blizhi-krajot-ako-gi-zabelezhite-ovie-predupreduvachki-znatsi/ Wed, 05 Jul 2023 13:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309098

Проблемите во врската можат да бидат и знаци за пропаѓање. Ако и двајцата ги забележите на време и сакате да поработите на нивно отстранување, тогаш можете да ја спасите врската или бракот. Ако идентификувате барем 3 знаци од овие 7 и не почнете одма да ги решавате, тогаш вашата врска може брзо да дојде до крај. Според експертите и статистиките имате најмногу 2 години пред вас. Токму затоа бидете искрени кон себе додека ги читате следниве тврдења и откријте дали вашиот брак има потреба од спасување. - Веќе 1 година не сте добиле никаков поклон од вашиот партнер, ниту каков било мал знак на внимание, како омиленото цвеќе или чоколадо. - Од времето кое го поминувате заедно, 90% сте на интернет или се дружите и разговарате со вашите пријатели, како да се избегнувате еден со друг. - Не постои барем еден заеднички оброк во текот на неделата каде што слободно разговарате за сè. - Сè поретко сте заедно, не се додворувате, ниту допирате поради недостаток на слободно време. - Кога разговарате, се чувствувате како да зборувате со ѕид. Тој/таа слуша што говорите, но не реагира. - Во последниве месец дена не сте легнале да спиете заедно или во исто време. - Можат да поминат денови (ако сте подолго разделени) и никој од вас да не испрати СМС порака, ниту да се јави за да разговарате. Ако само 1 или 2 изјави се однесуваат на вашиот однос, тогаш би требало да обрнете внимание на тоа однесување со цел да ги избегнете проблемите во иднина. Но, ако сте нашле 3 или повеќе изјави кои се вистинити за вас, тогаш треба да побарате помош што побрзо со цел да го спасите вашиот брак. Доколку сметате дека тоа е невозможно, излезете од оваа врска бидејќи го губите своето време. Секој однос треба да се гради и негува, но прашање на време е до која мера и колку треба да одложувате, особено кога вложениот труд не дава резултати. Погледнете ги и следниве 6 прашања за кои треба дополнително да размислите…
  • Дали слободното време го поминувате заедно?
  • Постои ли сè уште нешто што кај вашиот партнер или партнерка ви се допаѓа физички, како на пример, насмевката, телото, очите…?
  • Дали и двајцата се согласувате дека вашата врска треба да се подобри, продлабочи, изгради… Или сте искрено задоволни со тоа што го имате денес?
  • Дали во текот на расправиите и повремените караници (кои се нормални за секоја врска) користите „ниски удари“, односно ги спомнувате неговите или нејзините слабости и го критикувате нивниот карактер, дури и кога тоа нема никаква врска со караницата?
  • Дали по смирувањето вие навистина ја заборавате причината за караницата или тоа само го кажувате, а во себе помните сè?
  • Постојат ли нешта кои и двајцата ги сакате со ист интерес и жар?
За секоја врска е важно да ја научите вештината за смирување. Караниците понекогаш не можат да се избегнат, па токму затоа и двајцата треба да знаете како да го искажете тоа што го чувствувате и потоа да се прегрнете, бакнете и да си кажете „Те сакам“. Ако сакате да ја зацврстите вашата врска, потрудете се искрено да поработите на неа и да ја заборавите својата огорченост. Ниту еден брак не е совршен, но треба да бидете свесни дека поголемиот дел од наведените знаци укажуваат дека треба нешто да смените. Размислете, разговарајте, консултирајте се со експерти, пријатели на кои им верувате или со семејството со цел тие да ви помогнат полесно да дојдете до заклучок. Во овој процес многу подобро ќе се запознаете себеси, а со тоа и ќе го подобрите бракот. Извор: Попара.мк]]>

Дланките ви даваат предупредувачки знаци: Што значи ако ви се тресат рацете, ви се кршат ноктите или менуваат боја? https://arhiva.vistina.com.mk/dlankite-vi-davaat-predupreduvachki-znaci-shto-znachi-ako-vi-se-tresat-racete-vi-se-krshat-noktite-ili-menuvaat-boja/ Sat, 12 Nov 2022 10:16:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275582

Некои знаци, телото сака да ни ги испрати кога со него има некаков проблем. Некои промени на самото тело не треба да се занeмaруваат, додека пак некои од нив не укажуваат на ништо сериозно. На што укажуваат тресењето на рацете, белите дамки или пак слабите нокти? Тресење на рацете Доколку рацете неконтролирао ви се тресат, за почеток не треба да паничите затоа што може да станува збор за премногу кофеин или пак премалку сон. Некои лекови, како оние за астма и против депресија можат да ја предизвикаат оваа појава. Меѓутоа, доколку рацете пречесто ви се тресат време е да го посетите докторот затоа што може да станува збор дури и за Паркинсонова болест. Нокти кои се лесно кршливи Доколку ви изгледа дека ноктите ви се слаби и кршливи тогаш можеби ви недостасува цинк. Тој помага во обновување и растење на ноктите. Доколку тоа е причината тогаш треба да го додадете во прехраната.   Бели дамки на ноктите Оваа појава главно се поврзува со лоши навики во исхраната, поточно со недостаток на цинк, калциум, железо во организмот. Проблемот може да се реши со суплементи и консумирање намирници кои ги содржат потребните витамини и минерали. Сина боја на ноктите Доколку ноктите ви преминуваат во сина боја тоа значи дека не добиваат доволно кислород. Причината може да биде болест со дишните патишта или Рајнаудов синдром, периферна артериска болест. До оваа појава може да доведе и слабата циркулација, а особено кога температурите се ниски. Сепак доколку вашите нокти постојано се сини тогаш треба да побарате помош од доктор. Тенки, меки нокти кои лесно се превиткуваат Ваков изглед на ноктите може да биде предизвикан од недостаток на калциум или пак протеини. Трудете се во исхраната да внесувате доволно млечни производи како и сардина и спанаќ. Доколку и тоа не ви помогне тогаш е време да посетите доктор.]]>