предновогодишен концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 13:04:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png предновогодишен концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/prednovogodishen-koncert-na-gradski-duvachki-orkestar-vo-mkc/ Thu, 15 Dec 2022 13:04:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280284

Денеска, 15 декември во 19:30 часот во салата 25 Мај во Младински клутирен центар (МКЦ), ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на ансамблот на Градскиот дувачки оркестар. На овогодинешниот празничен концерт ќе бидат изведени дела на Л. Андерсон,, Х. Еминовиќ, Џ. Темпест, Р. Стицл, М.П. Мосман, Џ. Кандер и други. Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата. Влезот на концертот е бесплатен.]]>

Ацо Пејовиќ на 24-и декември со предновогодишен концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/aco-pejovikj-na-24-i-dekemvri-so-prednovogodishen-koncert-vo-skopje/ Wed, 14 Dec 2022 10:01:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279963

Само уште неколку дена не делат од долгонајавуваниот и долгоочекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје. На само неколку дена пред дочекот на новата година, „Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. Се е подготвено за овој голем спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември. Публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Да си ту“, „Све ти дугујем“ и „Поноќ“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност. Организаторите истакнуваат дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на билети, а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2. Ивона Јо ќе биде гостин на концертот и ќе застане на големата бина заедно со главната ѕвезда. Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат.]]>

Предновогодишниот концерт „Come fly with me“ на Павле Камилоски ја крена публиката на нозе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prednovogodishniot-koncert-come-fly-with-me-na-pavle-kamiloski-ja-krena-publikata-na-noze-foto/ Mon, 30 Dec 2019 08:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126393

Извонредниот и наградуван баритон, Павле Камилоски ја заврши својата веќе успешна година со уште еден спектакуларен концерт. На својот предновогодишен концерт во МНТ, Павле ги пееше безвременските песни на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле и останати, како и Божиќни песни кои ја пренесоа празничната еуфорија на присутната публика и не ја оставија рамнодушна. Полната сала на МНТ беше на нозе и со овации го испратија овој спектакл кој за прв пат се случуваше во Скопје. Камилоски изведе и прекрасен дует со Александар Тарабунов, а на сцената му се придружија еминентни и искусни музички имиња од Македонија, заедно со балетски уметници. „Come fly with me“ оддаде почит кон едни од најслушаните артисти преку лична, оригинална изведба на евергрините, како и со самата режија, сценографија и кореографија што покажа дека продуцентите нудат новитети со секој следен проект. По успехот кој го постигна со своето ремек дело „Мала Италија патува“, Павле Камилоски, неодамна беше награден со меѓународно признание во Неапол, Италија – „Амбасадор на Италијанската музика за 2019 година“ во Источна Европа. ]]>

По Стинг и „Џипси Кингс“ во Скопје на предновогодишен концерт! https://arhiva.vistina.com.mk/po-sting-i-dzipsi-kings-vo-skopje-na-prednovogodishen-koncert/ Thu, 26 Oct 2017 08:14:28 +0000 http://vistina.mk/?p=1479

„Драги пријатели, Со задоволство ве информираме дека на 22 декември како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.
Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.
Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. После шест номинации за Греми наградите, GIPSY KINGS во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“. Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат објавени велерва“ - стои во соопштението на Авалон продукција на Фејсбук, кои по Стинг во Македонија ќе го оргамнизираат гостувањето на уште едни светски музички легенди. ]]>