предизвикувачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Dec 2018 12:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png предизвикувачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 8 најчести предизвикувачи на алергија https://arhiva.vistina.com.mk/8-najchesti-predizvikuvachi-na-alergija/ Tue, 25 Dec 2018 13:45:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64754

Имуниот систем е составен од разни типови на специјализирани клетки, протеини, ткива и органи. Неговата главна функција е детекција на штетните микроорганизми и нивно уништување. Кога имуниот систем погрешно ќе детектира одреден алерген како штетен, тогаш и покрај тоа што алергенот не е опасен за организмот, се активираат имунолошки реакции со цел уништување на „штетниот патоген“. Во тој случај станува збор за хиперсензитивна реакција тип 1, односно алергиска реакција – алергија. Алергија Најчестите предизвикувачи на алергиска реакција се:

УБОД ОД ИНСЕКТИ

Одредена група на луѓе развиваат алергиска реакција при убод од одредени инсекти (пчели, оси, стршлени итн.) како одговор на нивниот отров. Симптомите на алергиската реакција може да бидат различни – од благо црвенило и мал оток на местото на убодот, до гадење, замор и лесна треска, а во одредени случаи и анафилакса. Анафилаксата претставува акутна алергиска реакција предизвикана од антигенот (во овој случај отровот од инсектот) на кој телото е хиперсензитивно. Симптомите вклучуваат оток на лицето, јазикот, устата и грлото, отежнато дишење, низок крвен притисок, чешање и промена на бојата на кожата, гадење, повраќање, дијареја вртоглавица и губење на свест. Доколку не се лекува, анафилаксата може да резултира со смрт.

ХРАНА

Алергија Кај голем дел од луѓето се јавува реакција на организмот на одредени прехранбени продукти, па често причина за таа реакција се смета алергијата на храна, што во повеќето случаи не е точно. Затоа, треба да се направи разлика меѓу алергија на храна и интолеранција на храна. Алергија на храна е хиперсензитивна реакција посредувана од имуниот систем, која е одговор на одредениот вид храна. Симптомите се поизразени, а во одредени случаи и опасни по живот. Може да се јави оток на устата, јазикот и грлото, трнење на јазикот, кожни промени, па и развој на анафилактичка реакција. Интолеранцијата на храна е неалергиска хиперсензитивна реакција за која генерално не е одговорен имуниот систем. Се карактеризира со симптоми кои се помалку сериозни и најчесто се поврзани со дигестивниот систем. Најчестите нутритивни алергени за нашето поднебје се: јајце, млеко, кикиритки, пченично брашно, зрна од соја, морков, јагоди, риба и др.

ЛАТЕКС

Кондомите, балоните, медицинските ракавици и други медицински материјали се направени од латекс, гумен материјал кој содржи протеини на кои одредени луѓе се алергични. Алергиската реакција може да се развие од едноставен контакт и допир со материјалот. Клиничката слика вклучува од лесни симптоми како чешање и црвенило на кожата, до можност за развој на анафилакса.

ДОМАШНА ПРАШИНА

Домашната прашина (поточно Dermatophagoides pteronyssinus) е чест предизвикувач на алергиски реакции. Симптомите се кивање, течење на носот, затнат нос, солзење и чешање на очите и др. Превенцијата вклучува одржување на чист дом, избегнување на предмети на кои се насобира прашина, како плишани играчки или предмети од кои тешко се отстранува прашината, редовна промена на постелнината итн.

ПОЛЕН

  Симптомите за алергиска реакција на полен најчесто не се животозагрозувачки, но ни најмалку не се пријатни. Кивање, течење на носот (ринореа), затнат нос (назална конгестија), чешање и солзење на очите се само дел од симптомите со кои се справуваат луѓето кои страдаат од овој тип на алергија.

ЛЕКОВИ

Алергијата на лекови е позастапена отколку што се претпоставува. Најчесто, ако се појави алергиска реакција на одреден лек, се советува прекин на негова употреба. Доколку е неопходно да се прими лекот, докторот бара соодветна замена. Во случај да не постои замена за лекот, алергиската реакција може да се контролира со антихистамини и кортикостероиди, но само ако претходела лесна клиничка слика. Најчести симптоми се кожни промени, оток на лицето, отежнато дишење и анафилакса.

ЖИВОТНИ

Алергија Луѓето кои развиваат алергиски реакции на животни всушност се алергични на протеините пронајдени во клетките од кожата (најчесто мртвите клетки од кожата – првут), плунката и урината на животното. Во одредени случаи, за да се развие овој тип на алергија е потребно подолго време (дури и до 2 години), а симптомите може да се провлекуваат со месеци. Најчесто симптомите на алергија на животни се слични со симптомите предизвикани од полен, но постои можност да се јави симптоматологија со појак интензитет како отежнато дишење, стегање во градите, недостиг на воздух при спиење итн.

МУВЛА

Постојат повеќе типови на мувли, а на голем дел од нив луѓето развиваат алергиски реакции. Мувлите имаат потреба од влажност, па затоа се јавуваат на места каде што има влага, како што се бањата, подрумот, кујната, поткровјето, места каде што има пукната цевка за вода, места каде има трева или купчиња од исушени влажни лисја и сл. Симптоматологијата е слична како алергијата на полен и домашна прашина.]]>

Кои се најчестите предизвикувачи на главоболка? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-najchestite-predizvikuvachi-na-glavobolka/ Wed, 23 May 2018 12:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28521

Ако главоболката е дел од вашето секојдневие, сигурно се обидувате да дознаете што ја предизвикува. За да ви помогнеме, ќе ве насочиме кон некои предизвикувачи на главоболка, за кои сигурно нема да се сетите.
  1. Црвено вино - Црвеното вино, како и многу видови сирења и алкохолни ликери, содржи тирамин, кој е предизвикувач на главоболка. За да откриете која храна или алкохолен пијалок е предизвикувач на главоболката кај вас, потребно е да си водите дневник со тоа што сте консумирале оној ден, кога сте имале главоболка.
  2. Силна миризба - Силната миризба може да предизвика мигрена кај многу луѓе, без разлика дали е пријатна или не. Тоа најверојатно се случува, поради тоа што миризбата го стимулира нервниот систем. Најчесто извор на силна миризба е бојата, лакот, одредени цвеќиња или парфемите.
  3. Топло време - Кога се покачуваат температурите, се зголемува и ризикот од развивање на мигрена и други силни главоболки. Истражувањата покажуваат дека за секое покачување на температурата со 12.7°C, ризикот за појава на главоболка се зголемува со 7.5%.
  4. Аксесоари за коса - Начинот на кој што ја носите косата, може да биде причина за појавата на главоболка. Ако косата ви е фатена стегната во реп, скалпот се затегнува и тоа може да доведе до главоболка. Понекогаш и шарпите или венчињата за коса може премногу да притискаат врз скалпот и тоа да предизвикува непријатна болка. Ако тоа е причината за вашата главоболка, слободно пуштената коса веднаш ќе ви донесе чувство на олеснување и ќе ја сопре главоболката.
  5. Пушењето - Сите знаеме дека пушењето е добро познат предизвикувач на главоболка. Тоа важи не само за лицето кое ја држи цигарата, но и за сите околу него. Дури и да не сте пушач, треба да внимавате да сте заштитени и од пасивно пушење. Така ќе ја намалите веројатноста за појава на непријатна главоболка, која најчесто е на едната страна на главата.
  6. Лоша положба на телото - Кривите рамена, користењето на стол без потпора, работата на монитор кој е поставен премногу ниско или премногу високо, држењето на слушалката од телефонот помеѓу раменото и увото, се само дел од положбите кои многу често се користат од луѓето, а предизвикуваат главоболка. Ако често имате проблем со главоболката, обрнете внимание на положбата на вашето тело.
  7. Нередовна исхрана - Главоболките предизвикани од глад, не се секогаш очигледни. Ако прескокнете некој оброк, може да почувствувате главоболка, уште пред да сфатите дека сте гладни. Причината за тоа е ниското ниво на шеќерот во крвта. Не се обидувајте да го задоволите гладот со чоколадо. Слаткото може краткотрајно да предизвика покачување на шеќерот во крвта и после уште поголем пад.
]]>