пред притвор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Jun 2022 09:11:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пред притвор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нема збогум“ – ова е последната песна што Ламбе Алабакоски ја испеа непосредно пред да биде притворен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-zbogum-ova-e-poslednata-pesna-shto-lambe-alabakoski-ja-ispea-neposredno-pred-da-bide-pritvoren-video/ Wed, 08 Jun 2022 13:04:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253550

Македонскиот пејач ламбе Алабакоски кој ја шокираше јавноста откако како осомничен за опожарување на влезната врата на културниот центар на Бугарите во Битола, „Иван Михајлов“ беше приведен, а потоа доби и  седумдневен притвор. Јавноста е поделена околу чинот и неговото приведување, повеќето сметајќи го за херој, патриот, гемиџија кој единствен имал храброст да го направи она што сите го помислувале,  додека оние другите кои се бројно значително помалку, го нарекуваат хулиган, вараварин, пироман... кој е само обичен починител на кривично дело. Додека се чека разврската на случајот и неговата судска завршница, Ламбе останува во седумдневен притвор. Нешто пред да биде приведен, на општо изненадување Ламбе Алабакоски кој цел живот кариерата ја градеше како поп пејач, реши да запее фолк песна на реномираниот фестивал на новосоздадени фолк песни, „Фолк фест Валандово 2022“! Песната со која тој настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер во Валандово, на 5-ти јуни (недела) е насловена ,,Нема збогум”. Автор на истата е познатиот композитор Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски. Во своето последно интервју дадено за време на фестивалот за „Свет-Австралија“, Ламбе меѓудругото ќе изјави: „Повеќето од она што го слушав за време на живеењето во САД беше македонска музика. Човек кога е далеку од својата земја сфака и разбира и се раѓаат едни нови чувства на носталгичност, на емотивност, на љубов кон татковината, на некои вистински вредности и корен на целиот живот и суштината и животот на секој човек. Ние со семејството сме веќе година и половина преселени тука, во Македонија. Планираме тука и да останеме. Мојот дом е тука, во Македонија“. Проследете како звучеше и изгледаше последниот настап на Ламбе Алабакоски пред да биде приведен и притворен, на годинешниов Фолк фест Валандово 2022: ]]>