пред куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Feb 2021 10:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пред куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/profesor-politichar-lidea-am-i-gragjanin-za-primer-dodeka-drugi-politichari-ne-go-pravat-ni-ona-na-shto-gi-obvrzuva-platata-na-mickoski-ne-mu-e-sram-da-se-fati-i-za-lopatata-foto/ Sun, 14 Feb 2021 17:21:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189515

Снегот не „изненади„ среде февруари... Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се отепа фалејќи се како го исчистил градот кога снег не паѓаше, а сега кога падна, како по обичај падна и тој на испитот. И тој и неговите пајташи градоначалници од скопските општини, кои  додека да се сетат да ги исчистат главните сообраќајници и споредните улици, попрво ќе дочекаме снегот сам да се стопи. Но, дека не чекаат баш сите сонце да огрее среде февруари за да ги расчистат затрупаните улици и тротоари и не работат само кога се работи за дебели пари,  со свој личен пример покажа лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, по дома... Како што е редот, онака како што тоа го прави секој вистински домаќин, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќи. Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па политичарот ги засука ракавите и за разлика од некои други политичари кои не го прават она на што ги обврзува и платата, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа. Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример!    ]]>