пред кмаери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Dec 2020 08:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пред кмаери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор и Илина првпат заедно пред камери зборуваа за нивната љубов: „Оваа година ми го донесе најубавото нешто што можеше да ми се случи“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-i-ilina-prvpat-zaedno-pred-kameri-zboruvaa-za-nivnata-ljubov-ovaa-godina-mi-go-donese-najubavoto-neshto-shto-mozeshe-da-mi-se-sluchi-video/ Tue, 29 Dec 2020 08:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182998

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов оваа 2020та година ќе ја памети по нешто убаво, посебно, или како што вели тој нешто најубаво што можело да му се случи – љубов. Игор ужива во емотивната врска со неговата партнерка Илина Арсова, а неодамна парот прослави шест месеци љубов. Од почетокот на нивната врска двојката е отворена, па често на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии, а меѓу нивните следбеници тие важат за еден од омилните парови. Овој пат, Игор и Илина во емисијата „Еден на еден“ првпат заедно се појавија пред камери и зборуваа за нивната љубов, за тоа како се запознале, Џамбазов исто така откри дека напишал нова љубовна песна, дека се чувствува заљубен како тинејџер. Тој откри дека со Илина првпат се запознале пред пет години кога тој бил кај едни пријатели во Охрид и како што раскажува актерот тој слушнал за неа, ја побарал и кажал дека сака да се запознае со неа. „Јас ја побарав и реков: Сите сакаат да се запознаат со мене, јас сакам да се запознам со тебе. Тогаш имаше пауза, па слушнав: „Може“. И се дружевме три дена“, вели Џамбазов. Партнерката на Игор вели дека не е многу љубоморна. „Јас не сум од тие најљубоморните жени во светот. И обично не се борам за позиција кога има некој таков, ако гледам дека не сум пожелна си се повлекувам“, вели Арсова. Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу. ]]>