пребргу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Jan 2021 08:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пребргу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков потсети на суровата реалност на секојдневието: „Пребргу не снемува, пречесто се ретчиме…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-potseti-na-surovata-realnost-na-sekojdnevieto-prebrgu-ne-snemuva-prechesto-se-retchime-foto/ Fri, 29 Jan 2021 08:24:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187306

Никогаш повеќе како во текот на минатата и почетокот на оваа година, толку многу драги луѓе, големи во својата работа и дела, познати, великани, оние на кои не им се годините за заминување, заминаа, не напуштија ... Заминаа засекогаш, напуштајќи го овој свет полн со неизвесности, мачење и болка од една страна, радост, среќа, убавини, од друга страна... Дали заради корона пандемијата, веројатно проклетата чума на 21-от век (од)игра голема улога во тоа, дали заради околностите и судбината која запишала дека едноставно до тука им било пишано, одговорот веројатно никој не го знае освен Севишниот... Како и да е, факт е дека многумина кои можеа и требаше да бидат се' уште меѓу нас, прерано ги прибра во своите прегратки, во своето царство небесно, меѓу ангелите... Повеќе од евидентно е дека пребргу не снемува, пречесто се ретчиме...! Токму со овие зборови, со оваа поента македонската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка Снеже Велков се огласи на  социјалните мрежи, потенцирајќи го она што го обележува секојдневието, што е печат на денешницата... Се помалку љубов, сочувство, емпатија... помеѓу луѓето, се' помалку разбирање, сослушување, молби, прошка... Се' помалку време едни за други додека сме се' уште овде, на овој свет, на ова парче земја едни покрај други. За жал, сето тоа се' помалку го има, а се' почесто, помалку не има и нас. А, по заминувањето, зборовите се одвишок... Само задоцнета утеха за некого за тагата и болката на оние што останале по оној што заминал, само болно сеќавање и спомен на убавите мигови минати заедно, само евоцирање спомени по оној што веќе го нема и неговите дела... И толку! Сето останато е само една голема празнина. За семејството и најблиските во душата, црна дупка во градите и срцето и спомен во мислите. За јавноста, само она последното. Но, не извлековме ли поука дека дојде време кога треба многу повеќе да се сакаме, цениме почитуваме, гушкаме, помагаме, фалиме, штитиме, подучуваме, извиниме, простуваме... додека сме едни покарај други, едни со други, додека сме живи. Токму затоа Снеже Велков потсети на темелните човечки и животни вредности, на она што човекот го прави човек, личност за почит, вистински, другар, пријател, колега, љубовник, партнер, животен сопатник... засекогаш!
„Пребрзо не снемува, се ретчиме пречесто...
Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата, а преболни желбите: “Барем само уште еднаш!...
Затоа:
Не попосле!
не покасно!
Не утре,
Не за кратко,
Не по еден час
СЕГА ВЕДНАШ!
Покажи, јави се, докажи, проголтај прозбори,ислушај, помоли, прости...
Гушни,кажи пофали, напиши,спомни, речи!
И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е познаник!
Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или 'Ај не заебавај!'
ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!
Оти сите нешта после речени, сите пофалби за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени - немаат ни приближно иста вредност.
Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани, сите стихови ќе расплачат срце секоја реченица ќе пара душа... Но ништо од ова нема да има смисла
Затоа што ТОЈ што треба да ги слушне, не е тука.
Пребрзо не снемува, се ретчиме пречесто!“ - напиша Снеже соочувајќи не со суровата вистина на нашето секојдневие.
 ]]>