преболите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Feb 2022 13:26:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преболите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да го преболите раскинувањето на најдобар можен начин? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-na-najdobar-mozen-nachin/ Wed, 02 Feb 2022 14:15:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237376

Раскинувањето во повеќето случаи е исклучително тешко, но добрата работа е што постојат методи кои можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Психологот Гај Винч во својата книга „How to Fix a Broken Heart“ (Како да се поправи скршеното срце) откри дека раскинувањето многу влијае на нашата психа. „Магнетната резонанца покажа дека раскинувањето може да се поистоветува со тешкотиите низ кои поминуваат зависниците кога се обидуваат да се ослободат од порокот. Имено, двете ситуации во човечкиот мозок ги активираат истите молекуларни 'механизми'“, вели тој за Independent. Поради ова, стануваме зависни од нашиот поранешен партнер и почнуваме да копнееме по него исто како што зависниците копнеат за дрога. Го идеализираме до тој степен што мислиме дека никој нема да може да го замени. Винч наведе шест совети кои конечно ќе ви помогнат на здрав начин да ја преболите личноста што некогаш сте ја сакале: Не проверувајте што прави на социјалните мрежи. Ова може само дополнително да ве вознемири. Обидете се да размислите логично за причините за раскинувањето. Не правете заговори и не обидувајте се да го/ја повредите. Помирете се со фактот дека ова едноставно не била личноста за вас. Направете листа на ситуации во кои сте морале да направите компромис за да знаете што дефинитивно не сакате го повторите во следната врска. „Натерајте се“ да се вратите на активностите кои порано ве правеле среќни. Важно е да воспоставите нова рутина за да продолжите со животот. Отстранете сѐ што ве потсетува на болната врска. Тоа може да бидат писма, фотографии и слично. Контактирајте со вашите пријатели и дозволете им да ви помогнат. Секој од нас се сретнал со овој проблем и можеме да понудиме совети кои сигурно ќе бидат корисни. Извор: Кајгана]]>

Неколку совети како побрзо да го преболите раскинувањето https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-soveti-kako-pobrzo-da-go-prebolite-raskinuvanjeto/ Tue, 07 Dec 2021 13:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230356

Романсата заврши, а тоа дури и не е најтешкиот дел. Што со пост-депресивните ноќи, со навиките, со спомените? Постојат ли начини за побрзо преболување?
  • Тргнете ги заедничките слики откако сте раскинале.

Еден убав ден, кога нели ќе го преболите вашиот бивши/а, слободно можете да си ги погледнете сликите за да се потсетите на прекрасни моменти. Но за сега, тие ќе ве потсетуваат само на вашето минато кое вие се обидувате да го заборавите. После тешкото раскинување соберете ги сликите, тргнете ги на сигурно, далеку од вашите видици додека не ви помине тагата. Ако сте премногу гневни и имате неодолива желба да ги запалите или испоисечете, размислете два пати – тоа нема да ги смени работите; тие се сепак спомени кои вредат почит.
  •  Најдете занимација која што ќе ви ги отргне мислите од раскинувањето.
По раскинувањето, се чувствувате дека ама баш ништо не ви се прави. Можеби единствено одење до некој бар сам или со пријателите и да испиете премногу. Искрено требаат неколку денови за да навикнеме на некое друго секојдневие, или недели ако станува збор за раскинување на подолга врска, но понекогаш е најдобро да се исфилтрираме, и да најдеме нешто што ќе ни го исполнува денот. Излезете во некој нов клуб со пријателите, најдете ново хоби…Колку повеќе сте зафатени со разни работи, толку полесно ќе ви биде раскинувањето, а и заспивањето навечер.
  • Задржете си ја перспективата.
Можеби чувството е навистина како некој да починал, ама верувајте не е исто воопшто. Ако е во прашање развод или раскинување на некоја доооолга врска, тогаш раскинувањето сигурно ќе биде многу емоционално и чувствително, можеби и навистина од помош би ви било некое стручно лице. Но, ако станува збор за врска која траела кратко, тогаш соберете се и задржете си ја амбицијата, плановите, перспективата за иднината. Останете реални – ова е животот, велат што не ве убило, само ќе не направи посилни и поимуни. Погледете околу себе…на колку луѓе околу вас им е полошо?
  • Запознајте нови луѓе.
Откако ќе раскинеме со некоја драга особа, најголем е стравот дека сме ја изгубиле сигурноста за имање на посебна и интимно-емотивна врска со некој во нашиот живот. Не постои начин да се заобиколи ова чувство. Затоа запознавањето на нови луѓе во вашиот живот може да помогне да се намали таа болка и страв. Створете нови пријателства, спремете се и на влегување на нова врска па макар и краткотрајна. После раскинување ние треба да му се отвориме на светот, не да се затвориме пред него. Не се чувствувајте лошо поради тоа, на крајот на краиштата тоа е најголемата предност кога не сте во врска – бидете сам свој шеф!
  • Подобрете го вашиот начин на живот.
Кога веќе не се концентрирате на некоја врска, тогаш останува една работа на која би требало да посветите внимание – да посветите време на себе. За некои од нас тоа би значело волонтирање. За некои тоа значи подобро да се организираме. По раскинувањето кога имате чувство дека никој друг не ве сака, сакајте се вие самите. Бањајте се долго и опуштете се или појдете на масажа и спа третмани, купете си нешто, наспивајте се, јадете, џогирајте…За што и да се одлучите, секако пренасочите ја целата енергија наместо на само-сожалување и на вашиот бивши/а, на подобрување на самите себе. Така ќе бидете спремни за наредната романса. извор: попара.мк]]>

15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатаму https://arhiva.vistina.com.mk/15-citati-za-da-go-prebolite-ljubovnoto-razocharuvanje-i-da-prodolzite-ponatamu/ Wed, 01 Dec 2021 14:30:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229627

Иако после секое разочарување и лошо искуство стануваме посилни, сепак, потребно ни е време да продолжиме понатаму. Тоа е и еден од најтешките моменти во животот на секој од нас. Овие мудри зборови ќе ви помогнат да се ослободите од минатото и да гледате со надеж кон својата иднина.
  • „Вистината е дека доколку не се помирите со тоа, доколку не си простите себеси, доколку не сфатите дека е завршено, не можете да продолжите напред.“ – Стив Мараболи
  • „Ако оставите некого не значи дека не се грижите веќе за него. Тоа е начин да покажете дека единствената личност над која имате контрола сте вие самите.“ – Дебора Ребер
  • „Понекогаш е потребно скршено срце да нè освести за да сфатиме дека вредиме многу повеќе отколку што сме мислеле.“ – Менди Хејл
  • „Вчера е минато. Ништо не можете да направите за да го вратите. Престанете да мислите дека „требаше“ да направите нешто. Фокусирајте се на тоа што треба и можете да направите во моментот. Денес е нов ден!“ – Стив Мараболи
  • „Можете да потрошите минути, часови, денови, недели, па дури и месеци одново и одново анализирајќи ја ситуацијата, обидувајќи се да ги споите сите парчиња, замислувајќи што би можело да се случи… или можете едноставно да ги оставите парчињата на подот и да продолжите понатаму.“ – Тупак Шакур
  • „Не плачете затоа што е готово, насмевнете се затоа што се случило.“ – Доктор Сус
  • „Првиот чекор за да стигнете некаде е да одлучите дека нема да останете онаму каде што сте сега.“ – Џ. П. Морган
  • „Заборавете на она што ве повредило, но никогаш не заборавајте на што ве научило.“ – Шенон Л. Алдер
  • „Работата не е да се помирите со тоа – би го направиле ако би можеле. Наместо да се помирите, охрабрете се себеси со ‘нека биде’.“ – Џон Кабат-Зин
  • „Една од најхрабрите одлуки што некогаш ќе ги направите е да се ослободите од она што ви го повредува срцето и душата.“ – Б. Никол
  • „Најдобрата вештина за играње карти е да знаете кога да ја фрлите картата.“ – Балтасар Грацијан
  • „Личноста која не ве цени ве спречува да ја сретнете онаа личност која ќе ве почитува. Ослободете се од првата личност.“ – Роберт Ту
  • „Посветете си онолку време колку што ви е потребно за емоционално заздравување. За да продолжите понатаму не е доволен еден ден, потребни се многу мали чекори за да се ослободите од вашето скршено јас.“ – Тере Ариго
  • „Пуштете ги да си одат, во спротивно ќе ве влечат.“ – Непознат автор
  • „Ако минете низ пекол, продолжете да чекорите.“ – Винстон Черчил
извор: Кафепауза.мк]]>

Колку време е потребно за да се преболи бившиот партнер? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-vreme-e-potrebno-za-da-se-preboli-bivshiot-partner/ Wed, 02 Jun 2021 12:30:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205287

Да преболите некого не е лесно – без оглед дали сте биле со него со месеци или години… Затоа, кога ќе ја поминеме оваа фаза, сакаме барем утешен одговор на прашањето колку долго ќе трае таквата состојба. Постојат различни теории на оваа тема, така што треба да се земе двојно повеќе време отколку што е поминато во врска, а има и такви кои сметаат дека следната можност носи утеха и побрзо отколку што очекуваме. Ако сте ја гледале серијата „Сексот и градот“, се сеќавате на Шарлот која успеа да го надмине раскинувањето по половина од времето поминато со своето поранешно момче. Познато е дека сите ние сме различни, што е сосема во ред, но науката успеа да навлезе во суштината на проблемот и има објаснување. Иако нема дефинитивен одговор на оваа дилема, неодамнешното истражување покажа дека повеќето од нас поминуваат во просек 18 месеци од животот помирувајќи се со раскинувањата. Ова дополнително значи следново, три значајни паузи носат по шест месеци жалост. Зад оваа студија стои „OnePoll“, кој исто така нуди објаснување за ова сценарио. Имено, раскинувањето повлекува промена во рутината и навиките што ги стекнавме за време на врската или заедничкиот живот. Постои период на прилагодување на независното функционирање, понекогаш промена на адреса или круг на пријатели. Врската е нешто со што се идентификуваме, па затоа често можеме да слушнеме коментар за тоа како некој преболил некоја личност, но не и тоа чувство да се биде во врска. Ако во моментот поминувате низ раскинување, знајте дека е важно да си дадете простор, време и разбирање и да бидете подготвени за подеми и падови. Половина година се чини дека е вистинската мерка за отцепување од тоа искуство и личност, но секој ја препознава пресвртната точка. Конечно, еве една реченица што може да ве утеши: „Подобро е што сте сакале и страдале, отколку што никогаш не сте се предале искрено на љубовта“. извор: убавина и здравје]]>

Емотивен багаж: Како да го преболите раскинувањето? https://arhiva.vistina.com.mk/emotiven-bagaz-kako-da-go-prebolite-raskinuvanjeto/ Thu, 11 Apr 2019 11:15:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82458

Сигурно сте имале барем една голема врска што завршила и сте се чувствувале заглавени и не сте знаеле како да продолжите понатаму. Клиничкиот психолог Антонио Паскал-Леоне ова го нарекува „емотивен багаж“ или „незавршена работа“ и зборува за трите чекори од процесот на преболување на раскинувањето и расчистување со врската. Тој е професор на Универзитетот на Виндзор каде обучува психотерапевти и е директор на Emotion Change Lab и има добиено неколку награди од меѓународни здруженија на психолози, а има објавено и бројни стручни текстови. Покрај 14-годишното искуство како професор, има одржано над 35 клинички работилници ширум светот, а овој негов говор на TED конференцијата нуди увид во тоа како се однесуваме кога завршува врската, како го насобираме емотивниот багаж и како сознанието дека врската не успеала се одразува на нас како личности. извор: кајгана.мк    ]]>