преатор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Jan 2021 07:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преатор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби Петрушевска со емотивна реакција за хоророт на Милена Радуловиќ: „Нема компромис за предатори, педофилот нема професија!“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-petrushevska-so-emotivna-reakcija-za-hororot-na-milena-radulovikj-nema-kompromis-za-predatori-pedofilot-nema-profesija/ Wed, 20 Jan 2021 07:19:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185784

Деновиве регионот го потресе скандалот кој изби во Србија, откако неколку девојки, меѓу кои и малолетнички, пријавиле дека биле силувани или сексуално малтретирани од Мирослав Мика Алексиќ – режисер и сопственик на угледно училиште за глума во Белград. Една од нив е и младата актерка Милена Радуловиќ (26). По многуте реакции на социјалните мрежи, се огласи и нашата позната актерка Весна  „Бејби“ Петрушевска која и самата има училиште за глума и работи со деца, а пред неколку години се соочи со слична животна драма, откако во јавноста го сподели  хоророт низ кој минала нејзината ќерка Мина.
Весна со објавата на својот Фејсбук и Инстаграм-профил застана во заштита на младата српска актерка, жестоко го обвини предаторот и повика за овие работи дека треба гласно да се зборува и кај нас, наместо да им се дава простор и посветува медиумско внимание на тривијални настани и личности. „Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Педофилот нема професија“, напиша Петрушевска. „Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се)… ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност. Браво за @mileena_radulovic и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Не пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови! #stoppedofilia“ - напиша Петрушевска.]]>