празници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png празници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Празнична магија како од бајките: Александар Јосифовски го има највпечатливо украсениот дом во Охрид (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/praznichna-magija-kako-od-bajkite-aleksandar-josifovski-go-ima-najvpechatlivo-ukraseniot-dom-vo-ohrid-foto/ Thu, 11 Jan 2024 09:55:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334494

Иако поминаа Нова година и Божиќ, празничниот дух се уште е тука... Празничните декорации ќе стојат се до стара Нова година и Василица, ако не и повеќе. Познатите Македонци годинава како и секоја претходна го покажаа својот празничен амбиент во домот, но рокерот Александар Јосифовски ги помина сите. Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ годинава се потрудил да создаде вистинска магија од декорацијата со која му е украсена целата куќа и дворот. Од приложеното се гледа дека е посветено доста внимание и е вложен многу труд, а фантазијата била пуштена на најјако. Налик на некој боќично – новогодишен филм, Јосифовски го има еден од највпечатливите имоти во Охрид. Пејачот иако периодов има доста настапи, кога ќе си дојде дома сака уште на влезот и првиот поглед да ја почувствува домашната магија создадена од сопствени раце, па и она дека никаде не е како дома. Инаку, Александар на крајот од декември го најави својот нов сингл „Још дан за нас“ кој наскоро ќе прозвучи на Јутјуб. фото: Instagram printscreen/ alexandarjosifovski/ Privatna arhiva]]>

Земји каде што Нова година и Божиќ се забранети и условно ограничени https://arhiva.vistina.com.mk/zemji-kade-shto-nova-godina-i-bozhik-se-zabraneti-i-uslovno-ogranicheni/ Thu, 04 Jan 2024 13:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333802

Овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божиќ се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена. Саудиска Арабија Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила… Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета. Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли – новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот. Таџикистан Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци… Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка – „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование. И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи. Кина И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа – да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура – и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ. – Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс. Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности. Брунеј Во 2014 година, Хасанал Болкијах – султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта. Луѓето – жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете. Северна Кореја Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни. Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден. Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв. извор:курир.мк фото:Feepik]]>

Греено бело вино: Симфонија на вкусови за празничните денови, рецепт кој пристигнува од Шпанија https://arhiva.vistina.com.mk/greeno-belo-vino-simfonija-na-vkusovi-za-praznichnite-denovi-retsept-koj-pristignuva-od-shpanija/ Wed, 03 Jan 2024 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333910

Еден од омилените зимски напитоци со којшто можеме најдобро да се згрееме секако е грееното вино.
Вообичаено луѓето го греат црвеното вино, но еве како да го направите истото и со белото вино.

Состојки:

- 1 литар бело вино; - 2 портокали; - 8 лажици шеќер; - лажичка мед; - 4-5 парчиња анасон; - 4-5 каранфилчиња; - 3-4 стапчиња цимет (цимет во прав доколку немате стапчиња).

Подготовка:

Портокалот употребете го за грееното вино на следниот начин: од еден исцедете сок којшто ќе го ставите во виното. Другиот добро измијте го и исечете го на кругови заедно со кората. Ви преостанува во едно тенџере да ги измешате сите останати состојки и да оставите да зовријат, на пониска температура околу 15-20 минути. На здравје! Извор: Точка
]]>

Ивана Кнол празнично опива како жесток алкохол: Малку секси бабамразица, малку разголена задница! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivana-knol-opiva-kako-zhestok-alkohol-malku-seksi-babamrazitsa-malku-razgolena-zadnitsa-foto/ Wed, 03 Jan 2024 13:13:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333585

Откако се прослави на Светското првенство во Катар пред една година, популарната хрватска навивачка Ивана Кнол се пресели во Мајами, каде го живее животот од соништата. Таа е мошне активна на социјалните мрежи, па така за празниците  своите обожаватели ги почести со  божиќно - новогодишни секси отографии.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Сепак за најлудата ноќ Кнол реши да избере интересна локација за дочекот на 2024 година, а тоа е мал остров во близина на Порторико наречен Св. Бартелеми. На почетокот на новата година таа реши веднаш и оттаму да ги почести своите фанови на Инстаграм, бидејќи објави две фотографии од плажа во никогаш попровокативно издание.
 
Популарната хрватска навивачка овој пата наместо како секси бабамразица, во преден план ја соодели својата разголена задница, па машкиот дел од нејзините следбеници го остави без зборови, зашто со подзината уста и падната вилица... тешко може да се говори! Фото: Инстаграм/knolldoll]]>

Барбара откри што за неа значат празниците и како ги слави семејството Бобак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-otkri-shto-za-nea-znachat-praznitsite-i-kako-gi-slavi-semejstvoto-bobak-foto/ Wed, 03 Jan 2024 07:56:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333388

Фолк ѕвездата Барбара Бобак, во пресрет на празниците, си ја отвори душата и призна што значат празниците за неа, нејзиното семејство и дали се промениле откако станала популарна. - Тие не се различни. Секој ден ми е празник кога сум опкружена со луѓето што ги сакам и кога го работам тоа што го сакам. И како некој кој секогаш знае, не само да сака, туку и што сака, уште пред мојата популарност ги исполнував деновите со она што го сакав. Значи во суштина ништо не е сменето, само формата е малку поинаква, што е крајно нормално и пожелно со годините. За тоа како ја прославувале  Нова Година и Божиќ кога таа била дете пејачката рекла: - Секогаш беше целото семејство заедно, како што е денес. И сите најдобри спомени што ги имам од детството во мојата куќа стануваат се посилни и подобри од година во година. Затоа што јадеме повеќе, се сакаме посилно и се смееме погласно. Кога работи за дочекот таа секогаш го менеува репертоарот и подготвува некое изненадување: - Па, како некој што нон-стоп го менува репертоарот, ретко се случува да поминат четири свирки, а репертоарот да остане ист. Секако, секогаш подготвувам уште некое изненадување на репертоарот за дочекот, бидејќи многу сум навикнатa на вакво нешто и никогаш не го откривам однапред, дури и мојот бенд дознава во последен момент. Фото: Printskrin/Instgram/barbara.bobak

Елки низ целата куќа, блескав двор и многу подароци: Ким Кардашијан покажа како го украсила својот луксузен дом за празниците (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elki-niz-tselata-kuka-bleskav-dvor-i-mnogu-podarotsi-kim-kardashijan-pokazha-kako-go-ukrasila-svojot-luksuzen-dom-za-praznitsite-foto/ Thu, 28 Dec 2023 08:45:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332756

Старлетата Ким Кардашијан редовно се труди да се почувствува празничниот дух во нејзиниот дом. Така беше и сега, а таа на Инстаграм објави видео од својата вила, богато уредена. Целиот двор е украсен со дрвја, ходниците се полни со бели новогодишни елки, а во дневната соба има голема елка под која семејството Кардашијан остава подароци.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ким откри и кој  избрал во кои хартии да ги завитка подароците, а луѓето во коментарите пишувале чии дизајни најмногу им се допаднало.
 
Старлетата позираше и со своите наследници, а за таа прилика избра необичен бел фустан во кој личеше на Снежната кралица.
 
Фото: Printskrin/Instagram/kimkardashian]]>

Новогодишната елка во домот на Јелена и Новак Ѓоковиќ годинава е посебна (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishnata-elka-vo-domot-na-jelena-i-novak-gokovik-godinava-e-posebna-video/ Wed, 27 Dec 2023 11:26:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332663

Јелена и Новак се многу зафатени, што со синот Стефан и ќерката Тара, што со кариерата на тениски ас. Сепак, бројните обврски не се пречка за уредување на домот, а празниците во домот на Ѓоковиќ никогаш не биле поубави. Како ја накитиле елката годинава покажа тенискиот ас кој од својот топол дом на сите им посака среќни празници. Многумина забележаа дека Ѓоковиќ посебно се потрудил со новогодишното украсување. Новогодишната елка е одлично украсена во златни и крем тонови, а сосема е сигурно дека наследниците на Новак биле неизмерно задоволни од неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Новак и Јелена се грижат сите празници да ги поминат заедно, особено Божиќ. Да потсетиме, Новак беше одликуван со Орден Свети Сава од прв степен, што е највисокото признание кое го доделува СПЦ за добротворни цели и посветеност на религијата. Оваа награда му беше доделена „за љубовта кон црквата и помагањето на српскиот народ и светите места на Светата црква, особено на Косово и Метохија“, рече тогаш патријархот Иринеј. фото:Instagram printscreen/ djokernole]]>

Божиќен пунч кој е синоним за добро расположение и клучен за празничните прослави https://arhiva.vistina.com.mk/bozhiken-punch-koj-e-sinonim-za-dobro-raspolozhenie-i-kluchen-za-praznichnite-proslavi/ Mon, 25 Dec 2023 13:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332336

Во 17 век беше измислен пунчот, прекрасна комбинација на жестоки пијалоци, вода, лимон, шеќер и зачини кои станаа синоним за добро расположение и празнични прослави низ Европа. Оваа празнична сезона подгответе ароматичен пунч по рецептот на познатата американска готвачка и домаќинка Марта Стјуарт. Состојки: 2 чаши разладен незасладен сок од калинка 1 чаша изладен сок од брусница 1 чаша вотка 1 чаша ликер со вкус на портокал 1 чаша разладена лимонска сода 1/2 чаша свеж сок од лимон (од 2 до 3 лимони) 1/2 шеќерен сируп брусница замрзната во коцки мраз Подготовка: Во сад измешајте сок од калинка и брусница, вотка, ликер од портокал, сода од лимон, сок од лимон и сируп. Наполнете чаши со брусница замрзната во коцки мраз и послужете! Секако, пунчот може да го послужите и во специјализиран стаклен сад и да оставите уште подобар впечаток. ]]>

Одите кај родителите на партнерот за празниците? Еве што треба да имате на ум! https://arhiva.vistina.com.mk/odite-kaj-roditelite-na-partnerot-za-praznitsite-eve-shto-treba-da-imate-na-um/ Thu, 14 Dec 2023 13:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331129

Сè уште сме во празнична сезона, а ни претстојат Нова Година и Божиќ. Ако штотуку сте влегле во врска, сигурно се прашувате како ќе ги прославите сите тие празници – како пар, со пријателите, со родителите на партнерот или со вашите. Ова повлекува ретроспектива на вашата досегашна врска – дали е време да го направите тој чекор за запознавање со семејството, дали сте некој кој веќе договорил се со вашите пријатели, дали е во ред да одите со нив без партнер или сакате да ги искористиш сите слободни денови само за себе и за партнерот и за својата интимност? Меѓутоа, ако и двајцата сте свесни за насоката во која се движи вашата врска и нејзината сериозност – можеби празниците се всушност најидеалната можност да ги запознаете родителите на партнерот, а тој вашите. Ова природно носи со себе одредена доза на нервоза и грижа. Ако одите кај родителите на партнерот за празниците, имајте ги на ум овие работи. Почитувајте ги туѓите обичаи Во различни делови на земјата, дури и во различни градови, и конечно од куќа до куќа, традицијата се разликува. Она што е важно овде е да научите да се прилагодувате и да не наметнувате своја волја и мислење доколку одите кај родителите на партнерот во семејниот дом. Покажете одреден степен на почит и кога разумно проценувате дека има можност да предложите нешто, го правите тоа, но на таков начин што изгледа како сосема нормална размена на искуства. Овде е особено важно да ја имате поддршката од партнерот и ако нешто не ви се допаѓа или нешто ви прави непријатно, партнерот да го има вашиот грб. Донесете подарок Првпат доаѓате во нечиј дом, па водете се од тоа да не одите на гости „со празни раце“. Ако се мачите што да им подарите на таткото, мајката на партнерот и другите членови на семејството, најдобро би било да изберете сè заедно и да го направите подарок од двајцата. Партнерот најдобро ги познава и ќе знае што ќе им се допадне. Нека биде нешто симболично – барем во овој период од годината не недостигаат понуди за новогодишните и божиќните празници во продавниците. Бидете искрени Две или три „бели лаги“ се во ред, но не ги лажете родителите на партнерот за поголеми работи. Не ја ни „зачинувајте“ вашата приказна. Не треба да ви пружаат безусловна љубов, туку пред се почит, а таа не е изградена на неискрена врска. Ако кажавте дека ќе помогнете во подготовката на храната, а не знаете да готвите или да цепите огревно дрво, не се ни пријавувајте да правите такви работи, туку искрено кажете дека сакате да го научите тоа од родителите на партнерот. Тоа е одлична можност да поминете повеќе време заедно и подобро да се запознаете и зближите. Немојте да бидете премногу избрзани со изнесувањето информации Тоа што сте ги запознале родителите на партнерот апсолутно не значи дека веднаш ќе се венчате. Не ги доведувајте во заблуда родителите на партнерот на кој било начин сугерирајќи дека вашата врска е доста сериозна. Исто така, немојте да ги користите за да манипулирате со партнерот. Тоа што им се допаднавте на родителите не значи дека веднаш ќе го принудат своето дете да влезе во заеднички живот со вас што е можно поскоро. Извор: Попара]]>