празик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 10:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png празик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите Македонски добија осмомартовски честитки кои се чуваат, траат и вредат за цел живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonski-dobija-osmomartovski-chestitki-koi-se-chuvaat-traat-i-vredat-za-tsel-zhivot-foto/ Fri, 08 Mar 2024 08:28:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341634

Денес, 8-ми Март, Меѓународен ден на жената се слави насекаде низ светот! Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, ден кога жените добиваат безброј честитки, цвеќе, разни подароци... Секоја година главниот симбол на месец Март е жената и се’ околу неа. Во време на супериорна технологија и социјални мрежи, голем број жени, мајки, сопруги, сакаат да се пофалат и покажат како се уважени за нивниот ден, но најголем број од ваквите пофалби со подароци се сведуваат на честитките од најдрагите, најмалите. Особено драги се честитките, односно ракотворбите изработени од малите вредни рачиња на дечињата кои штотуку почнале да пишуваат или ги направиле осмомартовските честитки со помош на учителките. Со очи полни љубов и солзи, трепет на срце, вакви честитки добија познатите Македонки кои на својот Инстаграм ги објавија јавно. Меѓу нив беше Сара Мејс која се израдува на честитката од Илина која за мама ги направи најубавите цветчиња и ги избра најубавите зборови. Утрото со иста радост го почна и Тамара Тодевска стопена од букетот цвеќе и честитката на својата Хана. Истото од ќерка си ја дочека и ТВ презентерката Бубе Илиевска која од Нела на подарок доби љубов искажана на хартија и благодарност што е центар на нејзиниот свет. Овие честитки немаат цена, тие траат засекогаш, а сигурно многу од мајките ги чуваат за цел живот како потсетник дека жената има моќ да биде центарот на светот! фото:Instagram printscreen]]>

Денеска е Собор на свети Јован Предвесник и Крстител https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-sobor-na-sveti-jovan-predvesnik-i-krstitel/ Fri, 20 Jan 2023 07:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285092

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. Тропар Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се помажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема. Кондак Од Твоето доаѓање во тело, Јордан се исплаши и со страв се враќаше. Исполнувајќи ја, пак, својата пророчка служба, Јован со треперење се смалуваше; ангелските сили се чудеа, гледајќи Те во водите крштеван во тело; и сите кои беа во мрак се озаруваа, воспевајќи Те Тебе, Кој се јави и ја просветли вселената. извор:курир.мк]]>

Егзотика: Брена и Боба го прославија Божиќ на далечна дестинација каде секој би посакал да биде (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/egzotika-brena-i-boba-go-proslavija-bozikj-na-dalechna-destinacija-kade-sekoj-bi-posakal-da-bide-foto/ Fri, 08 Jan 2021 09:28:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184273

Пејачката sвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, не го прославија Божиќ во нивната вила во Белград, туку на егзотична дестинација. Додека помладиот дел од семејството Живојиновиќ ужива во Србија, Брена и Боба уживаат на Малдивите, од каде пејачката објави прекрасна фотографија и со тоа откри и каде се наоѓа. Брена позираше со свртен грб, во бел фустан и со капа, а пред неа се протегаше бесконечно сино. Пејачката и нејзиниот сопруг патувале низ светот во 2020 година, а 2021 година нема да биде ништо поразлична, па отпатувале на споменатата дестинација на почетокот на годината за празниците. Да потсетиме, Александра и Филип Живојиновиќ за празниците престојуваат во Златибор, а се чини дека Брена и Боба преферираат потоплите дестинации на кои традиционално одат за празници.]]>

Лила и зимата знае да си ја претвори во лето: Празникот го помина уживајќи разголена со задоволства за сите сетила и тоа во друштво (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-i-zimata-znae-da-si-ja-pretvori-vo-leto-praznikot-go-pomina-uzivajkji-razgolena-so-zadovolstva-za-site-setila-i-toa-vo-drushtvo-foto/ Fri, 08 Jan 2021 08:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184218

Покрај сите непријатности, стрес и постојана неизвесност што ни ги донесе минатата 2020 година, а богами продолжува и во Новата, нема на кој не му треба разгалување на душата за сите сетила. Ограничени од многу убави нешта во животот, почнавме да учиме да создаваме моменти кои барем малку или за момент ќе направат да се почувствуваме поубаво. Познатата ТВ водителка Лила Филиповска пазнично се одлучи за едно такво ужување во Охрид заедно со пријателка. Резервираа во хотел покрај езеро, го спакуваа куферот за краток престој и правец кон македонскиот бисер во зима. Разгалувањето беше за сите сетила, од базен и уживањето во убавиот хотел, па се до прошетка низ градот во време кога не врие од тристи, насладување со охридско макало и сл. За Лила ова беше кратко, но слатко уживање, бидејќи нели убавите нешта кратко траат. -Пред Божиќ, зад Божиќ кај и да си, дома да си. Заедно со семејството да ја дочекаме најрадосната вест за раѓањето на Спасителот и да признаеме дека во овој студен период сепак најпријатно и најбезбедно е во топлината на нашиот дом ! Среќен Бадник драги пријатели за многу години да ни е празникот, им честиташе Лила на следбениците на Инсатграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Зимата за момент си ја претвори со лето, а потоа правец кон Скопје пред Бдник, да ја подготви трпезата и дополнително да и си даде празнична магија.]]>