празен желудник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Aug 2021 08:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png празен желудник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак: Можат да го нарушат дигестивниот тракт https://arhiva.vistina.com.mk/namirnici-koi-ne-treba-da-gi-jadete-na-prazen-stomak-mozat-da-go-narushat-digestivniot-trakt/ Mon, 30 Aug 2021 12:45:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212161

Доколку понекогаш или честопати имате проблеми со желудникот и дигестијата, обидете се да одбегнувате консумирање на овие 4 намирници на празен стомак.

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамин и минерали. Сепак, тој не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за вашата дигестија, особено кога го консумирате на гладно.

Јогурт

Ако имате чувствителен желудник, појадокот кој вклучува јогурт би можел да биде тежок за вас. Имено, јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празниот желудник ги уништува со својата киселина. Што помага? Доволно е да изедете малку јаткасти плодови, парче авокадо или неколку лажички овесни снегулки за вашиот желудник да не биде празен.

Банана

Бананата на празен желудник го подигнува нивото на шеќер во крвта, но исто така тоа ниво многу брзо опаѓа. Како резултат на тоа може да дојде до нагол напад на глад во текот на денот.

Цитруси

Чаша свежо цеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика желудочен рефлукс. Единствен исклучок е вода помешана со лимон бидејќи лимоновиот сок на тој начин е доволно разреден. извор: точка.мк ]]>

Ова се трите важни причини поради кои не смеете да пиете кафе на празен желудник https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-trite-vazni-prichini-poradi-koi-ne-smeete-da-piete-kafe-na-prazen-zeludnik/ Wed, 24 Jul 2019 11:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99048

Дали ви е тешко да го замислите почетокот на денот без шолја топло кафе? Без грижа, не сте единствени! Постои цела армија на луѓе кои наутро, веднаш штом ќе се разбудат, прво земаат шолја кафе во рака. Иако кафето има и бројни здравствени придобивки, нутриционистите откриваат зошто овој омилен напиток на многумина во никој случај не смеете да го пиете на празен желудник. Утринското кафе има лоши нуспојави Супстанците кои ги содржи кафето поттикнуваат производство на желудочна киселина, слично како кај никотинот и алкохолот.
“Кафето ја “напаѓа” слузницата на желудникот, а како последица на тоа може да се јави жиговина и проблеми со дигестијата. Освен тоа, кафето најпрвин го подигнува притисокот, а потоа го “соборува” бидејќи предизвикува дехидратација. Затоа е многу важно пред кафето да испиете една чаша вода, особено наутро кога организмот е и онака дехидриран. Затоа, кога ќе станете, прво испијте три децилитри вода, а потоа испијте го и кафето”, советува нутриционистката Бранка Митровиќ.
Исто така, иако постои верување дека утринското кафе го буди организот, американските научници откриле дека кафето воопшто не делува на тој начин бидејќи нивото на кортизол во човечкото тело наутро и онака е доволно високо. Имено, откако ќе се разбудиме, организмот почнува да лачи кортизол (хормон на стрес) кој поттикнува размена на материи и со тоа природно нè расонува. Дополнителниот кофеин во кафето всушност ќе го намали делувањето, односно ќе се погрижи за тоа на кортизолот да му биде потребно повеќе време за да се врати во нормала. Доколку сепак не сакате да се откажете од утринското кафе, консумирајте го со малку млеко, а пред тоа изедете мал оброк (или барем парче леб или мусли). Со тоа ќе можете безгрижно да уживате во кафето без страв од несакани нуспојави. извор: точка.мк]]>

Пиете кафе на празен желудник- еве што мoже да ви се случи https://arhiva.vistina.com.mk/piete-kafe-na-prazen-zeludnik-eve-shto-moze-da-vi-se-sluchi/ Wed, 21 Mar 2018 09:42:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16838

Иако знаеме дека пиењето на црно кафе има одредени бенефиции, постојат и негативни ефекти за нашето здравје. Американски експерти неодамна дознале дека пиењето кафе во големи количини може да го намали ризикот од рак, но утврдиле дека не е сеедно кога и како го пиете кафето. Повеќето луѓе го започнуваат денот со шолја топло, црно кафе и тоа на празен желудник, со прескокнат појадок. Не нè чуди ни тоа што после кафето повеќето луѓе избегнуваат храна, затоа што овој пијалок сосема доволно ги заситува. Но, оваа навика има последици по здравјето.
 Имено, шолја чисто црно кафе испиено на гладен желудник поттикнува лачење на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт, а таа непријатна појава брзо ќе ја почувствуваат личностите кои склони кон гастритис, пренесува Healthy Food Team. Но, не се поштедени ниту личностите кои не патат од гастритис, затоа што таа киселина ја разградува храната која сме ја конзумирале, а ако ја снема во текот на денот, ќе дојде до лошо варење и отежнато разградување на протеини.
Од друга страна, протеините кои остануваат неразградени во телото можат да предизвикаат многу здравствени проблеми, како подуеност, иритација или запаление на цревата, па дури и рак. Многу истражувања покажале дека кафето треба да се пие дури еден час после будење и тоа никако на празен желудник. Исто така, кафето треба да се избегнува веднаш после будењето затоа што тогаш нивото на кортизол во телото е многу високо, а е одговорно за контрола на биолошкиот часовник. Шолја кафе на празен желудник може да предизвика подуеност, а некогаш дури и повраќање.   Исто така кофеинот го попречува производството на серотонин – невротрансмитерот одговорен за чувството на задоволство и среќа. Недостатокот од серотонин е главна причина за депресија и ментални болести. Иако по испивањето на кафето на празен желудник првично ќе почувствувате нагло подобрување на расположението, за час-два тоа повторно опаѓа. Ако кафе пиете по неколку пати дневно, лачењето на серотонинот почнува да зависи од надворешни фактори, а не од самата работа на организмот, како што би требало.   Обидете се да се навикнете наутро да изедете барем едно парче леб пред да испиете кафе, а ако не можете ниту тоа, барем разредете го кафето со млеко и немојте да го правите многу силно. извор:скопје24.мк]]>