празен календар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Nov 2019 12:12:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png празен календар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолк-звук кој недостигаше: “Празен календар” – Менде Куновски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/folk-zvuk-koj-nedostigashe-prazen-kalendar-mende-kunovski-video/ Fri, 01 Nov 2019 12:09:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115992

Македонската фолк сцена добива уште еден квалитетен уметник кој со својот вокал и тоа како ќе го задржи вашето внимание. Станува збор за битолчанецот Менде Куновски, кој вчеравечер, 31 октомври, (четврток) пред своите најблиски пријатели, колеги, роднини, но и вљубеници во убавата песна, го промовираше своето првенче во еден познат битолски ресторан. „Празен календар“ е насловот на оаа деби-песна на Куновски, а на кој како автор се потпишува едно од најдокажаните музички имиња, Николче Мицевски (музика и аранжман), додека текстот е на Борче Нечовски. Песната е снимена во студио "XL Момировски". Ова не е фолк-песна во која преовладуваат гајди, зурли и тапани. Овој проект докажува дека и на овие наши простори има капацитет да се создаде модерна, а сепак квалитетна фолк-песна. „Долги години бев член на битолската група 'Алтернатор', но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката“ - вели Куновски, кој не крие дека му е драго што за првенчето соработувал со најдобрите. „Да се работи со Николче и Борче е чест и привилегија. Вистински мајстори во својот занает, впрочем и нивните дела кои ги имаат создадено сведочат за тоа што јас го зборувам“ - завршува Куновски. Се разбира, новата песна беше и екранизирана од рацете на вредната екипа од "Веста Продукција". Ова е само почеток, бидејќи во блиска иднина повторно ќе го видиме и слушнеме Менде со нова песна. https://www.youtube.com/watch?v=pKRg-ogAhBI]]>