православни христијани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 07 Jan 2024 08:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png православни христијани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-vo-makedonija-go-slavat-rozhdestvoto-hristovo-bozhik/ Sun, 07 Jan 2024 08:42:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334030

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божиќ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!  ]]>

Православните христијани денес го чествуваат Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-denes-go-chestvuvaat-bogojavlenie-vodici/ Fri, 19 Jan 2018 07:26:47 +0000 http://vistina.mk/?p=10233

Богојавление или Водици е христијански празник кој се слави на денот на кој, според преданието од христијанската религија, Св. Јован Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и МПЦ, а на 7-ми јануари кај црквите што го користат Грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) Богојавление бил празник на многубожниот бог давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите. Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава“. И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”. Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести. Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се напрви откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот. Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици. Вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Како што забележал Кузман Шапкарев, во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци. Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените. Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Овој ритуал го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан.
]]>

Православните христијани го слават Бадник https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik/ Sat, 06 Jan 2018 08:39:20 +0000 http://vistina.mk/?p=8979

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.  Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна што ќе ја исполни Силви бенд и со кревање на бадниковото знаме. Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните. Присутните граѓани ќе имаат можност да ги пречекаат стариот кум Радко Манов со преодниот пехар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, новиот кум Влатко Огненовски-Шеф со погачата со златна паричка и здравичарот Стефан Хаџи Николов-Штеф. Потоа тие ќе се упатат во Соборниот храм каде ќе се одржи свечен чин на осветување и кршење на погачата од страна на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе одржи традиционална беседа, по што сите заедно ќе дојдат на бината каде ќе продолжи свеченоста. Здравичарот ќе ја каже здравицата во име на Одборот за прослава, на присутните ќе им се обратат кумот, како и скопскиот градоначалник, кој потоа ќе му го врачи ќупот на новиот кум. Кумот и здравичарот ќе си заминат со пајтон. Делегација на Одборот за прослава заедно со кумот за Бадник 2018 по манифестацијата ќе замине за Злокуќани во Домот за стари лица за да им ја пренесе атмосферата на сограѓаните со осветеното Бадниково гранче  и да им однесе пригодни подароци за Бадник. Рано изутрината Рождеството Христово го најавија децата коледарчиња. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник.