правило – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png правило – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Правилото на „шест минути“ кое ќе ви го промени сексуалниот живот https://arhiva.vistina.com.mk/praviloto-na-shest-minuti-koe-ke-vi-go-promeni-seksualniot-zhivot/ Mon, 19 Feb 2024 13:50:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320873

Се вели дека секој почеток е тежок. Иако повеќето ќе се согласат дека оваа изјава е вистинита, таа не важи за почеток на романтична врска. Нововенчаните парови не можат да го тргнат погледот еден од друг и постојано се трудат да го усреќат другиот. Тие секојдневно ги негуваат пеперутките кои ги чувствуваат во стомакот, а времето поминато заедно го сметаат за бесценето. Некои се заљубуваат толку многу што во партнерот го гледаат само најдоброто, а некои преку партнерството растат како луѓе. Една од најважните работи на почетокот на врската е секако добриот секс. Страсните активности под чаршафите се толку добри, секој допир е возбудлив, а нововенчаните парови секогаш наоѓаат време за интимно уживање. После напорниот ден сексот е одмор, а не дополнителна обврска, а „главата ме боли“ е реченица која нема да им текне на новите љубовници. Што ако сексот падне на листата на приоритети? Сепак, сè убаво е краткотрајно, барем кога е сексот во прашање. Кога занесот ќе премине во љубов и кога ќе се создадат подлабоки чувства, сексот паѓа на листата на приоритети, а љубовта почнуваме да ја консумираме преку разговори, поддршка и доверба. Ова може да биде проблем за долгогодишните партнери, а недостатокот на секс може да резултира дури и со непоправливи проблеми, понекогаш дури и со раскинување. Доколку ви снема страст и инспирација после години врска, а свесни сте дека сексот е фундаментален дел од љубовната врска, имаме решение кое не чини ништо, е многу едноставно за имплементација, научно потврдено и функционира во сервис на взаемно задоволство. Сексот овозможува физичка и психолошка поврзаност на партнерите, па затоа треба да интервенирате доколку забележите дека сте го запоставиле. Експертите велат дека можете да го направите ова користејќи го правилото од шест минути, кое може да ви го спаси сексуалниот живот. Не само да го спасите, забележуваат, туку да го подигнете за неколку нивоа и да ја зајакнете вашата врска. Советот за сексуални информации и едукација на Канада објави студија во која се наведува правилото од шест минути како најдобар и во исто време наједноставен начин за подобрување на вашиот сексуален живот. Вклучува предигра која трае шест минути. Без разлика дали му угодувате на вашиот партнер или тој вас, шест минути предигра е клучот за добар секс, вели истражувањето. Без разлика дали се работи за орален секс, страсни допири или бакнување и без разлика дали тие шест минути ќе ги поделите меѓу двајцата партнери, сексот после тој временски интервал ќе биде многу подобар и попријатен. Истражувањето било спроведено на 1.500 Канаѓани кои рекле дека им се потребни точно шест минути за да се опуштат и да уживаат во сексот. Дури 61 отсто од жените потврдиле дека им требаат најмалку шест минути предигра за да можат воопшто да доживеат оргазам, а 55 отсто од мажите потврдиле дека сексот им бил многу подобар доколку партнерите пред тоа им понудат шест минути дополнително внимание. Истото важи и за активностите после секс. Жените кои мажите ги милувале најмалку шест минути после секс се чувствувале задоволно. Ако сте западнале во рутина, сега знаете едноставно и бесплатно решение кое би можело да го подобри вашиот сексуален живот, а можеби дури и да го врати во златното доба на почетоците на вашата врска. извор:попара.мк]]>

Строгото правило на семејството Гудељ, Анастасија редовно го крши и никако не може да го испочитува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/strogoto-pravilo-na-semejstvoto-gudel-anastasija-redovno-go-krshi-i-nikako-ne-mozhe-da-go-ispochituva-foto/ Thu, 21 Dec 2023 12:33:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331999

Семејството Гудељ има само едно правило. За наводните искри меѓу семејствата Гудељ и Ражнатовиќ на големо се пишуваше последните месеци, а откако Анастасија Ражнатовиќ и официјално стана госпоѓа Гудељ, се чини дека страстите меѓу двете куќи се смирија. Многу се шпекулира за односот на двете семејства, од тоа што мајката на Немања Гудељ, Оливера од самиот почеток не ја поддржувала врската со ќерката на Цеца, дека не се појавила на свадбата на нејзиниот син во Србија или дека таа на својот Инстаграм профил остава интригантни пораки кои се директно упатени до Ражнатовиќ. Дали ги надминале сите наводни проблеми се уште не се знае, исто како што никогаш не е потврдено дека двете семејства се скарани. Но, семејството Гудељ сигурно има една лутина кон Таса.
Семејството Гудељ е крајно дисциплинирано, бидејќи сите се спортисти. Здравиот начин на живот се зема здраво за готово и тие избраа да се хранат вегански. Самиот Немања е на оваа диета веќе една деценија и верува дека храната без животни му помага да има повеќе енергија за време на игрите и тренинзите. Сепак, Анастасија сè уште не може да се откаже од месото, јајцата и млекото. Таа дури се пофали и со сармата што ја изеде при пристигнувањето во Белград, што само значи дека не е подготвена да се откаже од разните пмесни јадења кои се апсолутно забранети во семејството Гудељ. фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija]]>

Снеже Велков на бензинска го загуби трпението, без да го знае правилото: „Не мрдај дур не платиш!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-go-gubi-trpenieto-koga-e-vo-prashanje-chekanjeto-no-iako-sekoj-ima-svoe-mislenje-najdobro-e-samo-da-gi-pochituvame-pravilata-foto/ Sat, 09 Dec 2023 08:28:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280302

Македонската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка Снеже Велков која многу често знае на социјалните мрежи да сподели некоја мудра мисла, совет, рецепт  или искувство, овој пат имаше прашање со свое мислење, упатено до нејзините следбеници. Таа како учесник во сообраќајот, чекајќи на бензинска пумпа размислуваше што прави таа, а што другите возачи не прават додека точат гориво, и зошто е тоа така. „Ве вадат од такт вака коа ќе ги остават колите пред пумпата и ќе си влезат внатре и да си завршат работа? Јас точам бензин, препаркирам, па влегувам внатре. Мене ми е логично, вас ?“ - праша во писмена форма водителката. Но, она што на Снеже велков очигледно НЕ и е јасно е како ден, дека во ваков случај има само едно важно правило. Сите се согласуваат дека навистина нервира да чекаш додека некој оди на каса да плати. Арно ама,  сите луѓе не се чесни и не размислуваат како Снеже,  да препаркираат, па да се вратат. Некои и кога се таму пробуваат да ги снема. Затоа, стриктно правило на бензинските пумпи е возилото да не се поместува од место додека наточеното гориво не се наплати. Затоа што во спротивно, постои опасност муштеријата да се претвори во арамија, па може да си замине без да го плати горивото. Се чини дека ова правило го знаат повеќето бидејќи, речиси сите влегуваат внатре да платат, оставајќи го возилото на местото каде што точеле гориво. Како што рекле старите: „ Трпение - спасение“ - поука која  важи и во ова брзо темпо на живеење. Можеби некогаш сме без трпение кога тоа најмногу ни треба, па затоа лесно можеме да донесеме несоодветни и неправилни заклучоци. Што значи Снежо... Глеј да нема никој пред тебе, да бидеш прва на пумпата... Или трпението, пушти го на најсилно! Трето - нема! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Правилото 5:1 ќе го спаси вашиот однос https://arhiva.vistina.com.mk/praviloto-5-1-ke-go-spasi-vashiot-odnos/ Tue, 28 Feb 2023 13:14:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291033

Како се справувате со конфликтот во врската или бракот има големо влијание врз тоа дали ќе останете заедно. Ако дозволите да преовладуваат негативните чувства и секогаш го наоѓате лошото во вашата врска, тоа се сигнали дека вашата врска нема да трае. Тоа го покажува и експериментот спроведен во 70-тите од д-р Џон Готман заедно со неговите колеги. Имено, тој ги замолил паровите во текот на 15 минути детално да го објаснат својот конфликт. Потоа ги анализирале снимките и девет години подоцна повторно ги повикале истите парови на разговор. Интересниот дел е што тие можеле да предвидат кои парови останале заедно, а кои се развеле со 90 отсто успешност. Според нивното истражување, разликата меѓу среќните и несреќните врски е во односот помеѓу позитивните и негативните интеракции за време на конфликтот, а во успешните бракови е 5:1 во корист на позитивните интеракции. Негативните интеракции се сметаат за превртување со очи, критикување на партнерот или заземање експлицитно одбранбен став, односно отсуство на напор дури и да слушнеме и разбереме што има да ни каже. Иако гневот никогаш не е пожелен, тој не мора да се смета за негативна интеракција, тоа е само ако е придружено со презир, директна критика или исмевање. Исто така, негативните интеракции се случуваат во среќните бракови, но она што е важно е како паровите постапуваат по нив. Позитивните интеракции може да се случат за време на расправија, на пример, да сакате да покажете наклонетост со тоа што ќе ја земете раката на партнерот во вашата, да му ставите јасно до знаење дека ги разбирате и да се согласите со некои негови предлози за подобрување на ситуацијата. Исто така, позитивните интеракции се кога навистина го слушате партнерот, покажувате дека се грижите за она што го зборува и можете да се ставите себеси во негова перспектива. Практично, тоа значи дека паровите во среќен брак, дури и кога се расправаат или имаат недоразбирање, имаат тенденција да ја ублажуваат ситуацијата со хумор, не го креваат гласот и се фокусираат на изнаоѓање решение наместо на неконструктивна критика и барање слаби точки кај партнерот. извор:попара.мк]]>

Дара Бубамара ја доведе линијата до совршенство: Секогаш кога ќе посака да ослабее, пејачката следи едноставно правило кое прави чудо (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-ja-dovede-linijata-do-sovrshenstvo-sekogash-koga-ke-posaka-da-oslabee-pejachkata-sledi-ednostavno-pravilo-koe-pravi-chudo-foto/ Thu, 12 Jan 2023 12:12:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283944

Познатата пејачка Дара Бубамара отсекогаш имала вишок килограми, а познато е дека на почетокот на кариерата била многу слаба. Сепак, пејачката веќе ништо не препушта на случајноста, па се труди да се грижи за исхраната.Taa неодамна во емисијата „Ексклузив“ изјави дека има јасна цел и дека сака повеќе да ослабне. - Сега сум на диета, планирам да имам 55 килограми, изјави Дара. Во изгледот на Дара често можеме да забележиме осцилации, но кога сака да ги намали вишокот килограми се држи до едно правило, кое не е премногу напорно, а кое секогаш и носи резултати. "Пијам шејк, јадам овошје,  од сѐ по  малку. И кога ќе нарачам оброк или кога ќе јадам нешто слатко, сето тоа е два или три залаци. И тоа е одлично. Верувајте ми. Затоа ослабев “, рече пред извесно време пејачката со насмевка. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дара Бубамара]]>

Правилото “2-2-2“ може да ви помогне да го зачувате бракот: Едноставен метод што ќе ја зајакне вашата врска https://arhiva.vistina.com.mk/praviloto-2-2-2-moze-da-vi-pomogne-da-go-zachuvate-brakot-ednostaven-metod-shto-kje-ja-zajakne-vashata-vrska/ Mon, 12 Dec 2022 12:44:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279623

Долгите врски и бракот често доведуваат до презаситеност, па партнерите стануваат помалку толерантни и наклонети еден кон друг. Затоа, од време на време, треба да излезете од вашата комфорна зона и рутина. Љубовта мора да се одржува за да трае. Понекогаш се случува партнерите брзо да се откажат од врската и бракот. Затоа, доколку сте западнале во монотонија, можете да го испробате правилото „2-2-2“. Тоа вклучува правење нешто само за вас двајца две недели. Ова е особено важно ако сте во брак и зафатени со обврски. Одложете ги сите обврски за кратко и посветете време на саканата личност. Исто така, ова правило подразбира дека одите на одмор две години без деца, домашни миленици или пријатели. Изберете дестинација на која не сте биле и посетете го тоа место сами со вашата сакана. Обидете се да го поминувате времето заедно, не зборувајќи за проблемите и правејќи го она што ве радува и ве прави среќни. Извор: Курир.мк]]>

Научете што е правилото 80-20 кое ќе ја подобри вашата врска https://arhiva.vistina.com.mk/nauchete-shto-e-praviloto-80-20-koe-kje-ja-podobri-vashata-vrska/ Wed, 05 Oct 2022 11:52:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270218

Можеби сте чуле за правилото 80/20, кое многумина го применуваат… Повремената трка со килограмите е неизбежна одвреме-навреме, дури и кога целта не е да се направи „тело за на плажа“ (не заборавајте дека всушност не постои тело што не е за на плажа!). Па, така, и јас паднав во таа замка на броење калории, секојдневно вежбање и информирање за тоа кој е најдобриот режим, најздравиот појадок и најбезгрешниот десерт. Сето тоа само затоа што си ставив во глава дека мојата идеална тежина е пет килограми полесна од моменталната. Сè уште не сум ја достигнала таа замисла, можеби и никогаш нема, но тоа е сосема во ред. Поважно ми е што дознав многу корисни работи, научив што е најдобро за моето тело и која храна му годи. Исполнив 80 отсто од целта, преостанатите 20 ќе ги компензирам со стекнатото знаење. Можеби сте чуле за правилото 80/20, кое го применуваат многу познати личности за да ја одржуваат својата линија, меѓу кои и манекенката Миранда Кер. Тоа подразбира дека 80 отсто од храната што ја консумирате треба да биде здрава, додека преостанатите 20 отсто од храната може да бидат нешто покалорично или нездраво. Главната идеја е да не се претерува, но и да не се откажувате целосно од омилената храна. Звучи изводливо и прифатливо, нели? (Добро, освен за екстремистите што функционираат по принципот „сè или ништо“.) Како функционира правилото 80/20 во љубовните врски? Интересно е тоа што ова правило може да се примени и во партнерските односи. Притоа, не мислам на принципот 80/20 на Парето, според кој 80 отсто од резултатите произлегуваат од само 20 отсто од сите наши активности (побарајте го на Гугл за повеќе информации – и ова правило може многу да ви се најде). Овој пат мислам на тоа дека не можеме да добиеме 100 отсто од една здрава љубовна врска, туку максимум 80 отсто. Преостанатите 20 отсто мора да ги обезбедиме самите. Тоа би значело дека не можеме да очекуваме од еден човек сè што бараме. извор:popara.mk]]>

Повеќето македонски познати фаци не знаат да го објаснат фудбалското правило: Естрадата во „офсајд“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/povekjeto-makedonski-poznati-faci-ne-znaat-da-go-objasnat-fudbalskoto-pravilo-estradata-vo-ofsajd-video/ Tue, 03 May 2022 06:19:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248415

Едно од клучните правила на модерниот фудбал кое сè уште е тешко да го разбере едноставниот гледач. „Што е офсајд? - Навидум невино прашање од вашата девојка или дете. Изгледа едноставно, но не е така. Откако ќе проучите еден тон литература, ќе најдете прецизна дефиниција за тоа што значи офсајд.  Тоа е недозволена позиција - правило во фудбалот кое одредува дека играчот на екипата во напад, во моментот кога му се упатува топката од негов соиграч, мора да биде во линија или зад најмалку двајца противнички играчи. Отприлика тоа би звучело вака. А дали нашите јавни личности знаат што е офсајд и како го објаснуваат погледнете во ВИДЕОТО во продолжение... ]]>

Сања – Барбика знае како со иста тактика да заработи повеќекратно, а тоа сепак да биде „уникатно“: „Покажи доволно од најдоброто на себе што го имаш, за потоа да можеш доволно да земаш“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-znae-kako-so-ista-taktika-da-zaraboti-povekjekratno-a-toa-sepak-da-bide-unikatno-pokazi-dovolno-od-najdobroto-na-sebe-shto-go-imash-za-potoa-da-mozesh-dovolno-da-zemash-foto/ Thu, 20 Jan 2022 09:48:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235490

Атрактивната струмичанка, фолк пејачката Сања Цинцева попозната како Сања - „Барбика“  покажа дека и таа е фабврика за бакшиш, која додека трепне да им го ќари на веселите гастрбајтери впри нејзиното гостување во Швајцарија, од каде  се  врати со илјадници франци, „нафатирана“ како „жена од султана“. Згодна, атрактивна, провокативна, сексапилна… Сања - Барбика и со песна и со изглед брзо сфатила дека со истата тактика може да заработи повеќекратно, а тоа сепак да биде уникатно. Затоа расната струмичка фолкерка реши дел од двоите пари да ги инвестира во себе, односно во нова песна и видеоспот. И тоа онаков каков што може да и ја качи популарноста, а со тоа секако и зголеми заработката. А како поинаку, ако не со раскошната  става и бујните телесни атрибути во прв план, или она што ти е најголем адут покрај испената песна, за што и самата пејачка била свесна, па најдобар можен начин го применила проверениот рецеп и во новиот видеоконцепт кој најверојатно носи наслов - „Уникатно“! А во него, барем според првите кадри и најавата, расната струмичанка  разорна како бура, впуштена во нова видеоавантура во која она што мајката природа и Бог и го дал - сиот телесен потенцијал го ставила во гро план. Атрактивна, сексапилна, доволно разголена да ги обори на колена или барем остави со падната вилица, сексапилната струмичка убавица засега само во неколку пози, срамежливо го нуди она што кај многумина ќе побуди „уникатно возбудата да ги обземе“... повеќекратно. Се разбира, откако ќе гледаат новото видео во кое како по навика длабоко врежана во нивните „машки мисли“ ќе им остане Сања - Барбика. Ако тоа и помине, тогаш пејачката ја оставрила целта, зашто истите тие ќе дојдат кај неа на жетва... Со денари, долари, евра, франци... бакшиш за пејачката која знае како и во колкава мера да инвестира во својата кариера. Естрадното правилото можеби и не е толку „уникатно“, ама затоа Барби отсекогаш знаела дека е „златно“: „Покажи доволно од најдоброто на себе што го имаш, за потоа да можеш доволно да зимаш“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

]]>

Ова правило го смени мојот брак: Јас и мојот сопруг сме посреќни од кога и да е! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-pravilo-go-smeni-mojot-brak-jas-i-mojot-soprug-sme-posrekjni-od-koga-i-da-e/ Fri, 05 Mar 2021 13:14:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192807

Родителството наводно ја менува секоја врска, а времето што нормално го поминувате заедно се претвора во континуирана низа одговорности. Ова е причината зошто има чести кавги меѓу партнерите. Една мајка се најде во таков маѓепсан круг и анонимно го сподели своето решение за тој проблем. Мајката рече дека еден ден нејзиниот сопруг легнал малку непланирано среде ден додека децата биле будни. Следела расправија, а неколку часа подоцна, кога децата веќе спиеле, нејзиниот сопруг предложил правило, што му го кажал пријател, кој бил на совет за брак. Тоа правило вели дека секој родител добива три часа во текот на неделата што се само за нив. Тие три часа можат да се искористат одеднаш, но може и да се споделат, единствено важно е секој родител да го помине тоа време сам, правејќи што сака. Покрај тоа, парот треба да одвои дополнителни три часа што би биле само за нив како двојка. Може да биде состанок во градот или може да биде околу половина час секоја вечер кога децата ќе спијат. “Го користевме правилото веќе еден месец и бевме шокирани од тоа колку работите се променија. Нешто многу подлабоко се случи, целото незадоволство, тој тивок карцином што го уништи нашиот брак, едноставно исчезна”, рече таа. извор: Попара.мк ]]>