правда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 13:48:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png правда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска сподели суров одговор на прашањето: „Зошто да се селиш од Македонија, кога се’ си имаш тука“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-spodeli-surov-odgovor-na-prashaneto-zoshto-da-se-selish-od-makedonija-koga-se-si-imash-tuka-foto/ Wed, 06 Dec 2023 12:20:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330153

Осомничениот за организацијата и егзекуцијата на двојното убиство која ја шокираше, разжалости и крена на ноезе како никогаш до сега цела Македонија, Љупчо Палевски - Палчо е уапсен при бекство во Турција и се чека налог за негова екстрадиција во земјава. Клопчето на вистината почна да се одмотува и со неговото екстрадирање во Македонија ќе се одмота до крај или допрва ќе почне да се замотува и до крај замрси како во многу случаи досега, е прашање за милион? Во меѓувреме кога целата македонска јавност е згрозена од грозоморниот чин на двојно убиство и бара најстроги санкции за сторителот и неговите соработници, на социјалните мрежи осамна шокантна објава. Поточно на Фејсбук се појави новоотворен профил кој бара ни помалку ни повеќе „правда за Палчо“!? Правда секако мора да има, ама после се', тешко дека истата ќе биде токму на страната на првоосомничениот осмислувач, организатор и егзекутор на двете невини жртви! На споменатиот Фејсбук профил во описот стои: „Љупчо Палевски Палчо е вистински македонски патриот и како таков долго време им пречи на сите антимакедонски политички субјекти, особено на Курто и Мурто. Системот му спакува афера и лажно го обвини“. Објава која дополнително ја згрози и изритира јавноста. Објава во која ниту тој самиот што ја споделил не верува или барем се сомнева! И додека се чека реакцијата на МВР многумина веќе реагира на ваквото дополнително „дразнење на јавноста“ со „дотурање сол на ептен свежата жива рана“, правејќи од „потенцијален суров убиец народен херој“. Меѓу  останатите, јавноста ги регистрираше и реакциите на некои од познатите личности, меѓу кои и на Тамара Тодевска. Пејачката на своите Инстаграм приказни пред малку објави статус, кој до душа не е лично нејзин, ама е споделен од неа, преку кој Тамара сподели суров одговор на прашањето, зошто децата, поточно младите ни се иселуваат од Македонија!? „Од Десна направиле група 'Правда за Палчо'. Тое се што треба да знаете за нашиот менталитет и сите родители што си ги прашувате децата: „Ама зошто ќе  одиш  сега во Америка? Се' си имаш тука!“ Ова ви е одговорот! Не дека Америка е рајот на земјата и вакви нешта не се случуваат, напротив... Се случуваат многу почесто! Ама не дека и авторот на напишаниот статус не е проклето во право во каква држава, меѓу какви луѓе ние живееме!  А, Тамара како јавна личност, само ја потсетила јавноста на реалноста... Оваа нашава, жална, мачна, тажна и сурова! Фото: Инстаграм/tamaratodevska              ]]>

Злосторство и казна: Народот ја бара правдата во свои раце, социјалните мрежи експлодираа, македонските јавни личности сочувствуват со болката и се простуваат од малата Вања https://arhiva.vistina.com.mk/zlostorstvo-i-kazna-narodot-ja-bara-pravdata-vo-svoi-ratse-sotsijalnite-mrezhi-eksplodiraa-makedonskite-javni-lichnosti-sochuvstvuvat-so-bolkata-i-se-prostuvaat-od-malata-vana/ Mon, 04 Dec 2023 09:04:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329654

Монструми, убијци, крвници, психопати... Има ли зборови што не беа кажани и напишани на социјалните мрежи по страшната и тажна вест која пристигна дека малата Вања е убиена. Јавноста  згрозена и шокирана од монструозниот чин  на свирепо убиство на невино дете заради некакво си користољубие?! Зарем има такви пари, заради кои може да се одземе нечиј живот, особено на младо дете кое никому ништо ниту згрешило ниту има било каква вина или поврзаност со нечии гнасни и монструозни планови и умисли? Народот е на работ на трпението кое полека го губи, зашто кога неправдата станува закон, правдата станува обврска која народот ја презема во свои раце... Токму затоа и илјадниците повици и барања за враќање на смртната казна, па дури и за јавна егзекуција на крвниците кои по вакво злосторство заслужуваат и многу повеќе од тоа, заслужуваат - линч! А оние кои сознанието за злосторот го криеле цела седмица заради сопстевните интереси ако е тоа навистина така, заради своите фотелји и кариери, не заслужуваат повеќе ниту една минута да владеат! Заслужуваат и морална и политичка одговорност огледана во нивна моментална оставка! Психопатите со окрвавени раце секако ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, само прашање е дали овој пат соодветна правда ќе има? И која е таа казна која може да замени еден вака насилно одземен невин детски живот? „Заб за заб, око за око“ - вели старата поговорка која не случајно е измислена и кажана. Ако треба да посегнеш по нечиј  детски живот заради користољубие, сигурно не заслужуваш да живееш, зашто љубов во таквите никогаш и немало, а корист од нив повеќе нема ниту ни да има. Најпеколна сепак ќе им биде казната од Бога, со која до крајот на животот треба да живеат носејќи ја малата Вања на душа... Ако воопшто душа имаат ваквите безбожни ѕверови? Зашто да имаа и трошка од истата таа душа не би ни помислиле, а камоли осмислиле и реализирале ваква свирепа егзекуција , вакво крваво ѕверство на малолетно дете без никаков повод и причина! Затоа ако веќе злосторот е монстриуозен и казната треба да биде еквивалентна... А постапката, брза и безмилосна! Онаа судската, секако, кога веќе законот не дозволува поинаку! И додека јавноста се уште не може да се соземе од гнасното злосторство, македонските јавни личности, естрадни уметници, ТВ водители, модели, спортисти, актери... сочувствуват со болката на мајката и блиското семејство и се простуваат од малата Вања преку своите профили на социјалните мрежи. И кај нив, како и кај сите нас, емоциите се измешани. Тага, болка, жал, неверување, гнев, бес, желба за правда, за одмазда кон бездушните крвници... Емоции кои се огледаат во споделените постови на нивните Фејсбук и Инстаграм профили... Ова е само едно мало парче од нивниот „ѕид на плачот“, но и од нашиот „ѕид на срамот“... На сите нас како народ што дозволивме да завршиме како „забегано општество“ во кое психопати и убијци, монструми и крвници слободно се шетаат со окрвавени раце, а некои од нив да бидат во одреден период и инволвирани длабоко во власта. Почивај во мир Вања, нека ти е светол патот мал ангелу и прости ни, ако можеш... Ако прошка воопшто и заслуживме!   Фото: Социјални мрежи/Facebook/ Instagram/]]>

„Правдата е бавна, но достижна!“: Тијана Ајфон дознала кој и го запалил автомобилот и се огласи на социјалните мрежи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pravdata-e-bavna-no-dostizhna-tijana-ajfon-doznala-koj-i-go-zapalil-avtomobilot-i-se-oglasi-na-sotsijalnite-mrezhi-foto/ Fri, 03 Nov 2023 08:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325219

На поранешната учесничка во реалното шоу Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, во јули годинава и го запалија автомобилот пред станбената зграда во која живее, а сега го дознала името и презимето на лицето што го направило тоа. Имено, Тијана се огласи на Инстаграм и со своите следбеници сподели нова информација за случајот. - А овде го пишува името на херојот што ми ја запали колата, тешко, тешко - напишала Тијана, па додала: - Правдата е бавна, но достижна! – додаде таа на социјалната мрежа Инстаграм. Да потсетиме, утрото кога автомобилот бил запален, соседите ги разбудиле врисоците на Тијана Ајфон, која панично повикувала на помош. Фото: Принтскрин/Кобра]]>

Лазаров му порача на Марјан – Доказ дека правдата на крајот секогаш доаѓа: “Гледај да не спиеш сега ти со мажи во затвор за спас, славен веќе си“ https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-mu-poracha-na-marjan-dokaz-deka-pravdata-na-krajot-sekogash-doaga-gledaj-da-ne-spiesh-sega-ti-so-mazhi-vo-zatvor-za-spas-slaven-veke-si/ Wed, 05 Apr 2023 10:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296660

На таканаречениот новинар на самопрогласениот медиум „ДоказМ“,  Марјан Стаменковски,  првостепениот суд експресно му пресуди за сите „гнасотии“ што јавно ги објавуваше, меѓудругото и за познатите личности, крадејќи цели авторски текстови од останатите релевантни портали меѓу кои и Вистина.ком.мк, на кои им лепеше вулгарни „порно“ наслови и додаваше измислени компромитирачки содржини... Колку за пример: Ова е оригиналниот текст и наслов на еден од нашите написи... Додека ова се пиратираните копии на „Доказ М“, украдени истиот ден, со сопствено додадени гнасотии, најчесто само во насловот, но понекогаш и во содржината. Изрекувајќи му казна од три години и еден месец затвор на Стаменковски, тој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци. За злоупотребата на личните податоци доби казна и од 5 илјади евра. Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот Доказ ќе престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик. По казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина „им олесни на душата“ зашто познати естрадни личности, пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица... „немаа дерман“ од измислиците на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи... Еден од многумината кој  „изгорел“ од насловите и написите  на споменатиот „креативец“, е и јутјуберот Стефан Лазаров, кој по објавувањето на пресудата, како едвај да дочека да му испорача пост на своите Инстаграм приказни со содржина која допрва осудениот ќе има време да ја анализира. Дали тоа кармата е кучка, па правдата можеби е спора, ама на крајот секогаш доаѓа, ДОКАЗ е епилогот на целата приказна во која кармата „докажаниот“ го стигна. Стефан Лазаров само го начекал моментот  да го потсети на старата поговорка: „Кој за меч се фатил, од мечот и завршил“, па на свој начин на „пријателот“ со судска пресуда  му порачал: „Еден од насловите за мене. А буквално за секој од јавните личности имаше напишано страшни гадости и лаги. Искрено, сметам дека 3 години се малку. А јас сум се смеел на вакви работи, ама знам дека има уништено фамилии со лажни информации. На крајот правдата секогаш доаѓа, дали на ваков или онаков начин. Поздрав пријателу, гледај да не спиеш у затвор ти со мажи сега за спас, славен веќе си“ - му порача во постот Лазаров на Марјан - Доказ. Фото: Принтскрин ДоказМ/ Вистина.ком.,мк/ _lazarovv  ]]>

Тања Савиќ не може повеќе да издржи без децата: По девет месеци донесе одлука која ќе смени сè https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-savikj-ne-moze-povekje-da-izdrzi-bez-decata-po-devet-meseci-donese-odluka-koja-kje-smeni-se/ Tue, 29 Dec 2020 08:53:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183050

Сопругот на пејачката Тања Савиќ ќе биде многу изненаден кога ќе ја слушне најновата одлука донесена од неговата сопруга. Имено, Тања со месеци се бори за своите синови кои се во Австралија со нивниот татко Душан Јованчевиќ. Пејачката веќе девет месеци минува низ вистински пекол, со оглед на тоа што од март не ги видела своите синови, па реши да го тужи сопругот. - Конечно добивме суден ден. 19 февруари е, и ако чекав толку долго, ќе чекам уште малку. Сето ова ми дава уште една надеж и нова димензија на среќа дека моите соништа ќе се остварат и дека правдата ќе победи. Затоа што живеам за правда. Јас сум праведен човек и не сакам никој, ниту јас, да страдам. Овие работи што ми беа направени, не би ги правела на никого. Верувам дека секоја мајка треба да биде покрај нејзините деца. Не можам да кажам дека нема место покрај таткото, секако дека има, но никој нема право да ги одделува децата од мајката - беше искрен Савиќ за „ИДЈ“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Тања верува дека ситуацијата ќе излезе во нејзина корист во најкус можен рок. - Сигурно дека тој ќе го има тоа чувство. Австралиските власти ми ја пренесоа таа добра вест за датумот, па затоа сум неизмерно среќна и едвај чекам. Сè друго зависи од мене - рече таа оптимистички и искрено призна каква врска има со Душан. - Не слушам од Душан. Тој изрази желба повеќе да не се јавувам на неговиот телефон, што јас апсолутно го почитувам. Сега се јавувам само на телефон на баба им, но сум во непријатна ситуација. Ако бабата не може да одговори, ќе ми биде одбиен разговор со моите деца. Ова се разговори од по пет до десет минути. Морам да бидам трпелива, кога ги имав овие нерви, морам да издржам, вели пејачката и додава: -Бог ми дава најголема сила и нему сум му благодарнa за тоа. Го чувствувам присуството на Господ каде и да сум и знам дека Тој ме чува, како и моите деца. Тоа е мојот најголем спас во сето ова. Често се молам на Бога и одам во црква, пред спиење секогаш се молам: „Боже, само врати ми ги синовите“ и кога ќе се разбудам само ќе кажам: „Боже, кога ќе се раздени денот кога ќе заспијат и ќе се разбудат покрај мене?“ ” се изповедаше очајната пејачка.]]>

„Правда за вистина“: Додека неговиот брак со Северина е топ тема, Игор Којиќ се огласи со брутална порака (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pravda-za-vistina-dodeka-negoviot-brak-so-severina-e-top-tema-igor-kojikj-se-oglasi-so-brutalna-poraka-foto/ Sun, 29 Nov 2020 09:14:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178528

Бракот на Северина и Игор Којиќ е тема за која деновиве доста се шпекулира во јавноста. Со месеци, овој пар не се огласува кога станува збор за статусот на нивниот брак и тие живеат одвоено, Северина во Хрватска и Игор во Србија. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/svekorot-prv-doznal-deka-snashkata-ima-ljubovnik-keba-go-otkril-neverstvoto-na-severina-foto/ Деновиве се шпекулираше за наводната нова врска помеѓу Северина Којиќ и сопственик на винарија. Игор сега објави порака на Инстаграм која ги заинтригира неговите следбеници.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)

"Дискутирање на полувистини е како убивање комарци на образ. Може и може да не ги убиете, на крајот е сигурно дека ќе се ошамарите. Правда за вистината", напиша тој.]]>

Се огласи осудениот Џими Мицевски – фронтменот на групата „Молика“: Ме осудивте за најчесно и најдомаќинско работење, но немојте да мислите дека ќе ме скршите!“ https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-osudeniot-dzimi-micevski-frontmenot-na-grupata-molika-me-osudivte-za-najchesno-i-najdomakjinsko-rabotenje-no-nemojte-da-mislite-deka-kje-me-skrshite/ Fri, 03 Apr 2020 07:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143000

Во последниот ден на месец март годинава, во судската завршница во Основниот суд – Скопје 1 беше донесена првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години. Меѓу осудените се најде и битолскиот музичар и лидер на мегапопуларната и реномирана група „Молика“, Џими Мицевски, воедно и сопруг на пејачката на групата, Анета Мицевска, кој доби затворска казна од 2 години и 6 месеци. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzimi-miceski-liderot-na-grupata-molika-i-soprug-na-pejachkata-aneta-miceska-osuden-na-2-godini-i-6-meseci-zatvor-foto/ Македонското таканаречено „Луј Витон“ судство уште еднаш покажа „одмазничка правда“ со драконски казни кон функционерите на бившата власт - денес опозиција. Покрај сувото, гори и суровото - вели народот, па така меѓу сите осудени се најде и лидерот на фолк групата „Молика“, Џими Мицевски, чија фирма „Џими Турс“ вршела транспорт на ученици во времето на градоначалникувањето на Владимир Талески, а наводно наплаќала повеќе пари од општинската каса од што услугата реално чинела. Музичарот и лидер на „Молика“ не можејќи да ја издржи направдата, писмено и се обрати на јавноста преку својот Фејсбук профил, тврдејќи дека е апсолутно невин, жртва на политиките, дека нема наплатено ниту денар повеќе од договореното и дека правдата ќе ја тера до крај, ако треба и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. При тоа Џими ги повика порталите да ја пишуваат вистината, а написите да ги темелат на факти, а не на „од ракав истресени“ информации. Неговото јавно Фејсбук обраќање го пренесоа и некои домашни, локални битолски портали, како и еден портал кој е наменет за информирање на нашата дијаспора во Австралија, каде Џими, Анета и нивната група „Молика“ се чести гости со своите настапи и турнеи. Но, само ден по јавната објава, истата исчезна, односно ја снема од фејсбук профилите на Џими. Ниту на едниот, ниту на вториот негов Фејсбук профил таа повеќе не се наоѓа.   А, со тоа исчезна и од споменатите портали, односно од оние, кои со линк целосно ја пренесоа неговата изјава!!? Дали музичарот се исплаши од уште поостри консеквенци, поголема одмазда, дали некој го уцени или му се закани или едноставно  пријателски го посоветува дека е подобро да молчи и да ја турка работата или пак самиот процени дека е најдобро така, останува отворена поканата од Вистина.ком.мк, самиот Мицевски одговорот да го сподели со нас и јавноста. Во меѓувреме ние успеавме да дојдеме до неговата интегрална изјава која остана зачувана кај некои од неговите Фејсбук пријатели, па ви ја пренесуваме во целост: „Јас, Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот, прво на моите деца, а потоа на мојата фамилија, на мојот славеј, Анета Мицевска и групата Молика.. Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола, поточно во мегапознатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети, а сите угледни и чесни граѓани на Битола, кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење. Јас, Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма 'Џими Турс' немам наплатено ниту (1) еден скршен денар повеќе од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ). Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност, а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две спротиставени страни, правдата ќе ја барам и во Стразбур во Франција, во меѓународниот суд за човекови права…“ „Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга, јас сум спремен да одговарам во секое време… Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго. Меѓутоа, немојте да мислите дека ќе ме скршите. Битката продолжува. Немојте да се чудите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите...  Не дај Бог да ви стане јасно, како на мене сега што ми станува јасно. Немам намера на никого да му се правдам и ќе ве замолам вие од порталите, ако имате барем малку човечко достоинство, да пишувате според факти, а не од ракав истресени информации“ - напиша Џими во своето фејсбук обраќање до јавноста.  ]]>

Македонскиот народ го возврати предизвикот: Карлеуша ги поддржуваше „шарените“ протести, а народот сега вака побара „правда“ за неа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-narod-go-vozvrati-predizvikot-karleusha-gi-poddrzuvashe-sharenite-protesti-a-narodot-sega-vaka-pobara-pravda-za-nea-foto/ Thu, 24 Jan 2019 10:52:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69038

Секс скандалот со прељубата и порно фотографиите на Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш не стивнува. Секој нов ден излегува по некоја нова пикентарија од прељубничката афера на српската „скандал дама“, од која и медиумите, и народот помалку се презаситија, па наместо сериозно да ги сфаќаат новите детали, почнаа да прават шеги на сметка на „порно дивата“ на социјалните мрежи. Но, ако малку го вратиме времето наназад, само за некоја година, во 2015-тата за време на таканаречената „шарена револуција“ и борба на поддржувачите на сегашната власт за пад на таканаречениот некогашен „режим“ на Груевски, можете да најдете дека српската „мала од скандала“ тогаш јавно, преку свои пораки на Фејсбук и Твитер ги поддржа бунтот и „шарените“ во име на целиот Македонски народ со зборовите:
„Поддршка на Македонскиот народ! Ви посакувам мирно и достоинствено да се изборите за подобро утре, браќа!“ - напиша Карлеуша, при тоа заборавајќи дека Македонскиот народ не се само „шарените“, невладините и сега владините... А, Македонскиот народ  подобро утре доби „мало сутра“ со катадневна „Камасутра“ - политичка секако, а оние што божем го уриваа „режимот“, станаа „режим наместо режимот“... или како што денес ги нарекуваат „хунта“!
Арно ама, Македонсакиот народ не е со кратко паметење, па дојде време да го „прифати предизвикот“ на фолк пејачката од пред некоја година и да и возврати со фотографија за „поддршка“... Па истата и ја испрати, преку социјалните мрежи, нудејќи доказ за „правда“ за Карлеуша!
   ]]>