права – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Mar 2023 12:01:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png права – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Милан Калиниќ во негов стил откри кои „воспитни мерки“ ги презема, кога се во прашање неговите деца (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/milan-kalinik-vo-negov-stil-otkri-koi-vospitni-merki-gi-prezema-koga-se-vo-prashane-negovite-detsa-foto/ Fri, 10 Mar 2023 11:53:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292808

Актерот Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра имаат две деца - ќерката Теа (15) и синот Вук (12). Познато е дека актерот често се шегува, па сега во негов манир откри какви „воспитни мерки“ презема кога се нивните деца во прашање. - Земам летва и ја удирам со летвата по глава, а потоа ја распнувам на крстот. Се разбира, се шегувам. Еднаш ја удрив на љубезен начин, по нејзиниот грб - се пошегува Милан, и истакна дека не поддржува насилство: -Јас не сум насилник, еднаш  го удрив своето дете, а го сакам најмногу на светот и тоа ме сака мене, бидејќи најмногу љубов добива од мене и го има најсреќното и најубавото детство. Во очите на законот, јас сум одговорен исто како и тој што се вратил дома мртов пијан и го малтретира семејството - вели Милан и напоменува дека денес жали за наставниците во училиштето, кои најмногу изгубиле со новите слободи и права. -Професорите денес се партал, најмногу ги жалам. Јас сум од оние родители кои му кажуваат на своето дете, справи се со тоа, и да е најлош на светот, тој  е твојот учител, не ме интересира. Кога имаше молба за починатиот професор од Шестата белградска гимназија, Теа и Вук дојдоа кај мене и ме прашаа: „Тато, ако дојдеме кај тебе и речеме дека ни треба петиција, што ќе направиш?“. Што би направил, би те скршил од ѕид, мислам фигуративно. Треба да се справиш со тоа, тоа е твојот живот, треба да се бориш против неправдите. Понекогаш некој професор ќе ве сака повеќе или помалку, но на вас е да се справите со тоа. Сега веднаш се пишуваат петиции. Не знаеме како да се бориме со тие слободи и права, се отиде од една во друга крајност – вели Милан. Фото: Принтскрин/З.Илик/Г.Срданов]]>

Еве како да ја одржите права косата кога сте изложени на дожд https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-da-ja-odrzite-prava-kosata-koga-ste-izlozeni-na-dozd/ Wed, 30 Dec 2020 13:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183397

За да ја одржат косата исправена, многумина користат спреј против пукање пред да ја чешлаат косата. Доколку сакате да и дадете волумен на косата што претходно сте ја чешлале или сте ја исправиле со исправувач за коса, можете да користите спреј откако ќе заврши процесот на зацрвстувањето на косата. Покрај тоа, можете да користите шампони кои ја исправаат косата пред да се исушат. Што се однесува до витканата коса, решението е исто така едноставно: регенератор за коса. Нанесете го средството на влажна коса и обликувајте ја, така што вашата фризура ќе трае дури и при влажно време. извор:попара.мк]]>

Парада за правата на животните: „Шепологија“ на 13 октомври во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/parada-za-pravata-na-zivotnite-shepologija-na-13-oktomvri-vo-skopje/ Sat, 12 Oct 2019 10:12:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112212

Првата парада за права на животните ќе се одржи на 13-ти октомври: „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори“ Првата парада и фестивал за подигнување на свеста за хумано однесување кон животните, ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, кој организаторите го нарекоа „Шепологија“. „Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори. „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РСМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк со група учесници. Имено, Ноќните Волци и останати членови на мото клубови, возилото со музика со химната на парадата, танчерската група Беатрикс, тапанарите Skopje Drumline и поворката од граѓани и активисти ќе извршат едно позитивно двочасовно парадирање низ улиците сè до 15 часот кога се очекува пристигнување во Градскиот парк. Овде започнува и вториот дел од настанот, пред Школка, каде ќе се случува музички хепенинг и ќе вклучува и многу други учесници. За музичката програма ќе се погрижат: DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers. Модератор на настанот ќе биде добро познатиот залагач за животните и природата и секако за луѓето - Ване Маркоски, кратко дефиле ќе изведат дечињата од Агенцијата Моделс ИН, а гостите ќе можат да пробаат од вкусната храна на Ресторан Маркт и Ресторан Фрешис, како и да се освежат со убавите пива на Пивара Темов и уникатните кафиња на Крем Кафе. Фестивалот е предвиден да трае до 22:30 часот. Од организацијата „Шепасти ентузијасти“ повикуваат да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблестен и хуман.]]>

Лила со мачор на лустер, Зоки – Фаци со магарешки бакнеж ве канат на парада – не на геј, туку на парада за права на животните! https://arhiva.vistina.com.mk/lila-so-machor-na-luster-zoki-faci-so-magareshki-baknez-ve-kanat-na-parada-ne-na-gej-tuku-na-parada-za-prava-na-zivotnite/ Mon, 07 Oct 2019 07:52:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111127

Македонија уште не го ни „помирисала“ влезот во Европа и тешко дека наскоро и ќе припириса до датум за почеток на преговори клечејќи во европската чекална, ама затоа европските вредности со раширени раце, а Бога ми и нозе ги пречекуваме. Парадата на гордоста на „гордите“ беше и помина, сега на ред е парадата на домашните и не само домашните миленичиња, иако нивните сопственици се исто толку, па и повеќе горди на своите галеничиња, колку и „гордите“ на својата сексуална определба! Да не се разбереме погрешно дека некој има нешто против, таман работа. Убаво да се сака, да се шири позитивна енергија, љубов, да се има емпатија како кон луѓето, така и кон животните. Зашто и тие се души, па затоа и треба да имаат свои права! Како оние што ги чуваат, што треба да имаат свои обврски. И кон нив, и кон околината! Само што кај нас во се' живо, па и во овој сегмент  работите се малку исчашени. Што повеќе се апелира, прокламира, развива свеста преку јавното мислење за домашните животни и миленичиња, толку повеќе мачки и пци - скитници има по улиците!? Нејсе, ама тоа е друга тема на муабет, а муабетот нам ни беше дека кај нас манифестацијата која за прв пат ќе се одржи, а се однесува на правата на домашните миленици и белким животните воопшто, ја поддржаа многу познати и јавни личности. Многумина од нив и самите чуваат домашни миленичиња, па некои дури и ја на своите профили на социјалните мрежи ја најавија првата „шепарада“, насловена „Шепалогија“! Меѓу првите таа, најдобрата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска, која манифестацијата ја најави со кусо видео на Инстаграм... Со својот мачор Рагнар в раце. Или закачен на кристалниот лустер, сеедно. Зависи кому што му е поважно...мачорот или лустерот! На Лила  - обете!
Ако Рагнар го откачи и скрши - тука се спонзорите! Или пак водителката ќе си купи нов! Проблемот е само ако лустерот му падне на глава на мачорот! Потоа заедно со газдарицата правата ќе мораат да ги бараат или кај оние што го местеле лустерот или кај оние што го местеле гипс-картонот на плафонот?! А може и осигурувањето ќе плати, ако е станот, односно мачорот осигуран? Единствено, пу, пу... с краја да е, само да не биде, жал ми е, дај друга мачка!?
Доскорешниот водител на 1ТВ и новинар на порталот „Либертас“, Зоран Василевски, познат како Зоки - Фаци, има поинаква љубов кон животните. Овој пат - магарешка! Затоа и со магарешки бакнеж изрази емпатија кон нив, со што случајно или намерно во вистински момент се вклопи во најавата на претстојната „шепарада“... Или не? Зошто неговиот љубимец со кого Фаци разменува бакнежи на своите усни румени, нема шепи. Копитар е! И сега што правиме со името на животинската парада „Шепалогија“?  Кај се оние како Фаци што се љубители на магарешка љубов? Безусловно! Или оние што имаат цела ергела коњи, па оние што по дома како миленичиња чуваат риби, птици, желки, гуштери, питони, пајаци...? Нивните домашни миленичиња не се животни, не се домашни миленичиња и немаат права?  Или се обесправени, зашто немаат шепи? И како што е кај нас се' поделено и поларизирано, како на секој протест што има и контрапротест, на секоја парада и контрапарада, можете ли да замислите на „Шепалогија“ да се појави група или маса на сопственици на домашни миленици што немаат шепи, која протестира зашто нивните галеничиња не се вклучени во „шепарадата“ и се игнорирани, а со тоа обесправени? Па како што е редот, да почнат да прават секој своја парада: „Копитологија“, „Клунологија“, „Рибологија“, „Влекачологија“, „Членконогологија“...!? Шегата на страна, Вистина.ком.мк сесрдно ја поддржува првата „ШеPAWлогија“ што ќе се одржи на 13 октомври во Скопје!    ]]>

Сите овие работи мора да ги знаете ако летате со авион, имате права кои досега никој не ви ги кажал https://arhiva.vistina.com.mk/site-ovie-raboti-mora-da-gi-znaete-ako-letate-so-avion-imate-prava-koi-dosega-nikoj-ne-vi-gi-kazal/ Thu, 30 May 2019 11:15:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90505

Голем број на луѓе не ги знаат своите потрошувачки права во случај ако летот им доцни или е откажан. Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам? Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е: – 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри; – 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри; – 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ. Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето. Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности. Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас. Бидете активни! Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест. Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени. Кои се моите права во случај ако не ми се дозволи да летам? Авиокомпанијата е должна прво да побара доброволци кои би се откажале од резервациите во замена за одредена поволност. Дополнително, компанијата мора да им понуди на доброволците избор меѓу целосно враќање на парите и промена на рутата. Ако се најде доволен број на доброволци, тогаш компанијата може да ви го откаже летот против ваша волја. Во тој случај, имате право на надомест од 250 до 600 евра, додека ако превозникот ви понуди заменски лет имате право на надомест од 125 до 300 евра. Исто така можете да се одлучите за враќање на парите за картата и летот во местото од кое сте пошле да патување или заменска рута до крајната дестинација. Имате право и на заштита од страна на авионската компанија. Кои се моите права во случај на откажување на лет? Имате право на ист надомест како и во случај ако не ви се дозволи да се качите во авион. Тоа право го немате ако сте известени за откажувањето најмалку 14 дена пред летот, ако ви е понудена променета рута со сличен ред на летање или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето на летот е предизвикано од вонредни околности, како што се лоши временски услови. Предупредување! Ги имате тие права ако полетувате од кој било аеродром во ЕУ, или доаѓате во ЕУ со превозник од ЕУ или од Исланд, Норвешка или Швајцарија. Морате однапред да бидете информирани за тоа која авио компанија управува со вашиот лет. Кои се моите права во случај на проблем со багажот? Ако вашиот багаж е изгубен, оштетен или ви доцни, имате право на надомест до околу 1.220 евра. Меѓутоа, авиокомпанијата нема да биде одговорна ако ги презела сите разумни мерки да ја избегне штетата или ако не било можно да спроведе такви мерки. Бидете активни! Веднаш на аеродромот пријавете изгубен или оштетен багаж. Поднесете пишан приговор до авиокомпанијата во рок од седум дена од добивање на багажот. За багаж доставен со задоцнување тој рок изнесува најдолго 21 ден. Дали сум исто така заштитен кога патувам со друг вид на превоз, не само со авион? Да, заштитени сте со закон на ЕУ и кога патувате со воз, автобус или брод. Имате право на информации и помош пред и за време на патувањето. Во случај на откажување или доцнење имате право на замена на рутата или враќање на парите и надомест. Правата на патниците во железничкиот сообраќај се применуваат на сите услуги на меѓународниот железнички превоз во ЕУ; правата на патниците во автобускиот превоз се применуваат на поголеми далечини на пример подолги од 250 километри; правата на патниците во бродскиот сообраќај се применуваат кога се патува по морски и копнени пловни рути. Совети за паметно патување: 1. Барајте информации за своите права Авиопревозникот мора да ве информира за вашите права ако нештата тргнат на лошо во аеродромот. 2. Поднесете приговор ако вашите права се нарушени. Прво треба да ја контактирате авиокомпанијата. Употребете образец од ЕУ за приговор за надомест или враќање на пари. Достапен е на сите европски јазици. 3. Чувајте ги сметките Ако имате какви било трошоци поради доцнење или откажување на летот, чувајте ги сметките и испратете нивни копии до авиокомпанијата, заедно со приговорот. извор: сител]]>

Црвените чадори маршираа низ Скопје: Сексуалните работнички ги бараат своите права https://arhiva.vistina.com.mk/crvenite-chadori-marshiraa-niz-skopje-seksualnite-rabotnichki-gi-baraat-svoite-prava/ Sun, 17 Dec 2017 19:45:36 +0000 http://vistina.mk/?p=6888

На улицата „Македонија“ во центарот на Скопје почна традиционалната парада Марш на црвените чадори, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“, а во соработка со коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
И годинава по десетти пат, сексуалните работнички за своите права ќе се борат под мотото „Стоп на насилството врз сексуалните работници!“. „Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. По десет години има силна заедница и поддржувачи, и горди сме за тоа. Но нема слух од институциите, од професионалните социјални служби и полицијата. Ве молиме да ги тргнете настрана предрасудите и осудите“, порачаа сексуалните работнички од маршот кој се одржува по десетти пат во Скопје. Вчера попладне сексуалните работнички преку перформанс на излози на скопскиот булевар „Св. Климент Охридски“ нудеа услуги за да го свртат вниманието кон проблемите за кои се залагаат. Организаторите на настанот посочија дека бројката од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија што кружи во медиумите не е точна и тврдат дека е многу поголема.
]]>