прав пат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Feb 2020 08:59:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прав пат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајна акција во центарот на Скопје: За време на протестот против неправдите, непознати лица во црно БМВ го однесоа Зајко на „прав пат“!? https://arhiva.vistina.com.mk/tajna-akcija-vo-centarot-na-skopje-za-vreme-na-protestot-protiv-nepravdite-nepoznati-lica-vo-crno-bmv-go-odnesoa-zajko-na-prav-pat/ Wed, 26 Feb 2020 08:50:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136138

25-ти февруари 2020 година... Во македонската престолнина врие како во кошница. Илјадници на улиците на метрополата во протест против неправдите. Оние истите што тие неправди ги донесоа, никаде ги нема. Скриени како зајци, ѕиркаат зад завесите на околните витрини, со широко ококорени очи и начулени уши! И додека надвор атмосверата доживува кулминација од незадоволство против неправдите, во строгиот во центар на градот  се одвива тајна операција. Скришна акција во која цела ноќ на ул. Македонија се води тешка битка за извлекување на Зајко. Мистериозни луѓе во црно наоколу... Се паркира црно БМВ со бугарски ознаки, поточно софиски регистарски таблички, а непознатите влегуваат во кафезот и го „крадат“ зајакот. Уплашен и блед од големите протести, со подвиткана опашка и клапнати уши, од скривалиштето Зајко одново се упатува  на „прав пат“... Овој пат за Софија! Зајко го зедоа, ама „шарените пилци“ ги оставија  во кафезот... со нив и понекоја кокошка! Македонија нема време за чекање, веднаш е распишана Потерница: „Исчезнат е Зајко. Последен пат е виден вчеравечер, на 25.02.2020 година во својот привремен дом, „кафезот“ на улица Македонија околу 22 часот и 45 минути. Оттаму насилно е извлечен и ставен во патничко возило марка БМВ со бугарски ознаки, односно софиски регистерски таблички. Потоа „ослободителите“ заедно со него по „прав пат“ се оддалечиле, а во кафезот останала да тагува само една осамена шарена кокошка...! Фото извор: Фејсбук    ]]>

Бајрам на умот: На „прав пат“, во крив правец https://arhiva.vistina.com.mk/bajram-na-umot-na-prav-pat-vo-kriv-pravec/ Sun, 06 Oct 2019 09:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111056

Старите рекле: „Криво седи – право збори“. Кај Заев токму обратното. Речиси цел еден мандат во премиерското столче право седи, ама криво збори! Зашто се' што ќе вети и каже – ќе излаже! Така беше и вчера, кога лидерот на СДС Зоран Заев имаше граѓанска трибина во Штип во рамките на кампањата „На прав пат“. Бидејќи се’ што досега рекол –порекол, и овој пат, откако го кажа своето,  доби серија на критики од присутните, како на пример од пензионерите, кои го потсетија што им ветил, а не исполнил во предизберието. Пред да тргне по „патот“, по кој не знае кај тера. Или знае, ама така му чини, па ги убедува другите дека можат мирно да спијат, додека тој си ја вози својата зацртана рута. Во Штип со него беа и некои од коалиционите партнери. Како Амди Бајрам на пример. И додека премиерот почна да се поти  на жешкото столче по незгодните прашања од присутните граѓани во салата за неисполнетите предизборни ветувања, Амди качен во коалициониот автобус на Заев, го фати дремка. Амди Бајрам мирно спие, убеден дека Заев го вози на прав пат! И навистина, вака кога ќе го видиш патот е прав... само што автобусот на Заев вози во погрешна насока! А многу бргу, веќе на на следните парламентарни избори ќе се покаже дека дури и кога тврди дека е „на прав пат“, Заев тера во „крив правец“!  Затоа и оние кои слатко спијат на неговите приказни додека „мајсторот ги вози“,  сосе него заедно, бргу ќе се најдат во политички ендек! Амди дури тогаш можеби „ќе се разбуди од сонот“ и ќе сфати дека последните 4 години, само си правел „Бајрам на умот“!  ]]>