прауд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Jun 2019 08:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прауд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Proud“ заврши на филмскиот моден оскар: Модниот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски номиниран во 4 категории на „IFFAS“ – меѓународните модни филмски награди (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/proud-zavrshi-na-filmskiot-moden-oskar-modniot-fotograf-i-reziser-zoran-zonde-stojanovski-nominiran-vo-4-kategorii-na-iffas-megjunarodnite-modni-filmski-nagradi-video/ Thu, 06 Jun 2019 08:21:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91557

Македонскиот моден фотографи режисер Зоран Зонде Стојановски, познат по своите модни филмски мини едиторијали со познати македонки, кои содржат еротки компоненти годинава е номиниран за еден виид „моден филмски оскар“.
Имено, тој со неговиот мини моден филм „Out of Sync“ во кој  провејува уметничката нота проткаена со блага доза на еротија, а како музичка тема е искористена нашата евровизиска тема „Proud“ на Тамара, е номиниран во 4 категории на годинешниве меѓународните модни филмски награди „IFFAS“: Најдобра камера, најдобра музичка тема, најдобра мода и најдобра музичка продукција. Во кусото модно видео  двата лика ги толкуваат Сара Лазареска и Дора Китановиќ.
„Out of Sync“ е краток моден филм во кој е претставено како повеќето од нас не секогаш дејствуваат според нашите свесни мисли и како нашите несвесни сили го потикнуваат нашето однесување. Вклучувајќи ги нашите навики кои доаѓаат од животот вклучен на автопилот, кој ги исклучува нашите (ре)акции од она што навистина го сакаме. Ако не можете да го видите во вашата реалност, никој не може да ве спречи да го гледате во вашиот ум. И ако може да го видите вашиот ум, најверојатно, ќе го видите во реалноста. Преку уметнички и модерен начин, попрскан со љубов и убавина, би сакал да ја испратам оваа порака и да ги инспирирам другите“ - вели авторот.
 
View this post on Instagram
 
Nomination for best music... #proud

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction) on

]]>

Кога Хана ја пее „Proud“, а мама Тамара гордо ја слуша (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-hana-ja-pee-proud-a-mama-tamara-gordo-ja-slusha-video/ Sat, 01 Jun 2019 11:13:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90872

„Proud“ одекна на многу светски јазици, но само еден успеа да го победи оригиналот отпеан на англиски од силниот вокал на Тамара Тодевска. „Кога ќерка ти ќе ја отпее песната што си ја создала за неа“, напиша пејачката која сподели видеоснимка на која 2-годишната Хана ја пее песната што мајка ѝ ѝ ја посвети токму нејзе.
Нашата претставничка на 64 Евровизија Тамара Тодевска со песната „Proud“ ни ја донесе историската победа според гласовите на жирито и седмото место во конечниот редослед, што е најдобар пласман на Македонија досега. А, ова е најдобро испеаната „кавер“ верзија на песната... Вака звучи и изгледа кога Хана ја пее „Proud“, а мама Тамара гордо ја слуша.
 
View this post on Instagram
 
When your daughter sings the song you created for her. ❤

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Моќно и гордо: Вака звучи и изгледа евровизиската песна на Тамара – „Proud“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mokjno-i-gordo-vaka-zvuchi-i-izgleda-evroviziskata-pesna-na-tamara-proud-video/ Sat, 09 Mar 2019 08:33:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76710

Тамара и МРТ, вчеравечер, 8 март, ја пратставија Евровизиската песна „Proud“ со која пејачката ќе не претставува во Израел. Едноставна, но исклучително моќна балада, фасцинантно отпеана со сугестивниот, впечатлив и разурнувачки вокал на Тамара и стихови кои во себе носат силна порака од која морници ти поминуваат по телото. Така отприлика може да се опише чувството кога за прв пат ја слушате нашата евровизиска песна и исполнението на на Тамара. Со еден збор кажано: Моќно… Како никогаш досега! Зашто покрај песната се чини дека овој пат имаме и комплетен пакет, комплетен мозаик кој ги склопува коцкичките на мозаикот за евровизиски успех… И песна, и пејачка и изглед и што е најважно силна порака… И тоа општо прифатена, општоцивилизациска, универзална! Затоа и во старт можеме да бидеме „горди“! Резултатот на крајот конечно и не е важен. З а него одлучуваат и многу други, немузички фактори! Важен е само впечатокот кој ќе го оставиш! Слушајќи ја премиерно „Proud“ веднаш е јасно дека нема втора шанса за прв впечаток… Зашто од неа нема ни потреба! Тамара и нејзиниот, нашиот евровизиски тим не направија горди уште на прво слушање! Се надеваме и радосни на претстојниот Евросонг во Телавив. Зашто ваква песна, навистина и е потребна на Европа…И не само нејзе, му е потребна на светот! А ние ја имаме! За мозаикот да биде комплетен, а впечатокот уште посилен се погрижиле авторите и на видеото кое ја заокружува приказната. Едноставно, а исто толку моќно колку и песната. Видео во кое се испреплетуваат дузина помалку или повеќе познати, до сосема анонимни македонски женски ликови од естрадниот, културниот, општествениот и јавниот живот. Познати манекенки и модели, пејачки и водителки, актерки, писателки, лекарки… до мали дечиња, меѓу кои и ќерката на Тамара, Хана. Од Тијана, Катерина Ивановска, Ана Исаиева, преку Ана Стојановска и Винка Саздова, до Јагода Михајловска – Георгиева и др. Софија Пејкова… како симбол на силни, успешни, горди жени… Тие на себе, а нивните семејства и општеството на нив! Жени, чиј еден поглед, една гестикулација, едно движење во спотот кажува повеќе од илјада зборови, потенцирајќи ја основната порака на песната… „Proud“! https://www.youtube.com/watch?time_continue=169&v=Sw-NQ1a1zZ0]]>

Кои се причините што премиерата на нашата евровизиска песна е одложена за 8 март? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-prichinite-shto-premierata-na-nashata-evroviziska-pesna-odlozena-za-8-mart/ Tue, 05 Mar 2019 12:26:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75993

Наместо вчеравечер, понеделник 4-ти март како што беше најавено, премиерата на евровизиската песна „Proud“, со којаТамара Тодевска ќе нè претставува на „Евровизија 2019“, е одложена и презакажана за во петок, на 8 март, во централниот дневник на МРТ1 во 19.30 часот. Веста ја сподели и пејачката со кусо видео на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
08.03. #proud #teamtamara #eurovision2019 ❣️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Имајќи ја предвид самата тема на песната, уште посоодветно е истата да биде претставена токму на Меѓународниот ден на жената?! Како што најави Тамара, во Телавив ќе пее за својата  ќерка Хана, а на сите жени ќе им порача да бидат горди на себе! Дали се работи за некакво доцнење во финализацијата на песната, во прашање се некакви нејзини аранжмански или постпродукциски преправки или продукциска доработка или едноставно во МРТ се премислија и го поврзаа денот на жената со насловот на песната и содржината на стиховите, па го одбраа 8-ми Март за новиот датум на промоцијата на „Proud“, остануваат од јавниот сервис должни за одговор!?  ]]>

Премиера на евровизиската песна на Тамара во понеделник на 4 март https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-evroviziskata-pesna-na-tamara-vo-ponedelnik-na-4-mart/ Sat, 02 Mar 2019 13:07:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75578

Закажана е премиерата на евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе нè претставува во Тел Авив, а како звучи темата насловена „Proud“ ќе дознаеме в понеделник, на 4 март. Како што пренесува „Нова Македонија“, евровизискиот тим работи на целосно осмислен концепт, како цел пакет што ќе ѝ биде понуден на евровизиската публика. Пејачката неодамна објави долго писмо на социјалните мрежи, објаснувајќи ја приказната што ќе ја раскаже со „Proud“.
„За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси…  Затоа, на 16 мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А! СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри! Се гледаме во Тел Авив!“, напиша Тамара.
Како што е познато, автори на песната се едни од најдобрите композитори во Македонија и регионот – Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, најпознат по книгата „Се гледаме на врвот“.  ]]>