пратеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2023 09:55:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пратеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 АСОМ со писмо до пратениците: Заштитете го сопствениот народ, не работете во корист на скриени владини интереси https://arhiva.vistina.com.mk/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/ Tue, 31 Oct 2023 09:55:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324644

Кажете СТОП на неевропскиот и неуставен предлог Закон за игри на среќа и заштитете го сопствениот народ, порача Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во писмото кое го упати до пратениците од Комисијата за европски прашања.
„Предупредуваме дека овој закон ќе донесе катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Станува збор за ваши сограѓани чија поддршка во изборниот процес сите ја баравте ветувајќи подобри услови за живот во нашата земја. Сега овие луѓе кои плаќаат кредити, ја планираат својата иднина и иднината на своите деца, ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.“- истакнува АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата посочува дека новите предлог- измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една важна индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од над 280 милиони евра. Се истакнува дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.
„Веруваме дека и самите вие сте свесни дека местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и дека се прави сѐ овој неевропски закон насила да се избутка. Дека нашиот став е издржан и правилен укажува и фактот што вие како Комисија за европски прашања при Собранието на РСМ во заклучокот од одржаната седница по предлог текстот на законот му укажувате на Собранието посебно да го оцени аспектот за усогласеноста со ЕУ легислативата.“- потенцираат од АСОМ.
Од АСОМ посочуваат дека Собранието на РСМ нема преземено обврска за усогласување со препораките на ЕУ, па од таа причина означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце е со целосна спротивност и со усвоените акти на Собранието за преземената обврската за усогласување со ЕУ легислативата.
„Ве повикуваме вас како Комисија за европски прашања да ги заштитите граѓаните на оваа земја и да го отфрлите овој закон кој е фатален, ја стимулира сивата економија и поттикнува криминални активности, што се покажа како пример во нашето соседство. Живееме во демократска земја во која на недемократски начин насилно се турка предлог законот кој е создаден без дебата и без консултација со претставниците на игри на среќа, далеку од очите на јавноста без да се земе во предвид мислењето на експертите и познавачите на индустријата. Немојте да бидете дел од овој заговор и немојте да поднесете одговорност за донесувањето на закон кој не е во корист на нашата земја.“- велат од АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата предупредува дека овој закон веднаш штом ќе стапи на сила ќе донесе катастрофални последици за вработените во индустријата на игри на среќа, и ги повикува пратениците да не бидат заложници на нечии интереси, да реагираат на време и да ги заштитат граѓаните кои им ја доделиле сопствената доверба.
„Во повеќе наврати повторивме дека бараме итно повлекување на законот, формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски и функционален закон, но наидовме на молк.“- истакнуваат од АСОМ.
АСОМ во писмото јасно посочува дека нивен интерес е самата индустрија да напредува, играчите и малолетниците да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.
„Апелираме до вас да имате слух за нашите барања и вашата одлука во врска со овој закон да ја донесете врз база на факти, раководејќи се од поривот да направите добро за граѓаните кои ги претставувате, а не да работите во корист на скриени владини интереси.“
Асоцијацијата во писмото потсети на нивниот предупредувачки собир пред Собранието преку кој покажува колку се сериозни во своите намери да се спречи носењето на штетниот предлог закон.]]>

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците: Измените на Законот за игри на среќа значат егзодус на 35 илјади луѓе од Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/ Mon, 16 Oct 2023 13:11:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322540

Не постои ниту едно логично објаснување зошто по секоја цена се туркаат скандалозни и противуставни измени на Законот за игрите на среќа и забавни игри, пишува во отвореното писмо на здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците од Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред денеска се измените на Законот за игри на среќа. Од здружението велат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија, ценовни шокови, непрекинато иселување на работно способно население, да се усвојуваат решенија кои ќе остават на улица 10 илјади вработени, е надвор од секаква здраворазумска логика, посочувајќи дека сето ова се прави со злоупотреба на ЕУ знаме. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ во своето писмо до пратениците сликовито, преку лични сведоштва објаснува зошто тие не треба да донесат погрешна и крајно штетна одлука. „Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, светски корпорации во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, Владата која издала лиценца за работа, му предлага на Собранието да усвои законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“ – се вели во отвореното писмо на „САКАМ ДА РАБОТАМ“. Од здружението посочуваат дека се разочарани и гневни што надлежните државни институции никогаш не застанале во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. „Гласањето на овие законски измени е глас ЗА егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Не сакаме да веруваме дека било кој од Вас може мирно да спие откако кренал рака за да нанесе ваква неправда. Никој од Вас не е избран на избори за да отпушта вработени туку да решава проблеми.“- велат од здружението на вработени во сектор игри на среќа. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ испрати сериозен апел до пратениците и Владата предупредувајќи да ги повлечат скандалозните и противуставни измени пред да стане предоцна. Здружението испрати порака дека до последно, со сите демократски средства ќе се борат против неправдата која овој предлог Закон може да им ја нанесе.]]>