прашања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 11:09:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прашања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 10 прашања кои треба да си ги поставиме пред да се вратиме со бившиот https://arhiva.vistina.com.mk/10-prashana-koi-treba-da-si-gi-postavime-pred-da-se-vratime-so-bivshiot/ Fri, 23 Feb 2024 13:50:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319594

Да беа добри, немаше да бидат бивши, е позната поговорка со која многумина од нас ќе се согласат. Меѓутоа, понекогаш се провлекуваме во примамливиот свет на познатото, ја вадиме бравата од срцето и се впуштаме во авантура со бившиот… Можеби таа личност била вашата прва љубов, можеби сте згрешиле и сте ја изгубиле и сега ве мачи каење или можеби чувствата биле толку силни што се уште не можете да престанете да размислувате за таа личност. Понекогаш љубовта е посилна од непишаните општествени правила, а ако сте собрале сила да му простите на партнерот (или самите себе) и сакате да ја надградите врската – никој не треба да ве спречи во тоа. Освен, се разбира, фактот дека причините поради кои раскинавте се толку сериозни што може повторно да бидете повредени. Понекогаш љубовта е посилна од непишаните општествени правила. Реалноста е дека чувствата обично не исчезнуваат веднаш по завршувањето на врската, а токму овие силни емоции се главната причина поради која луѓето не можат да продолжат понатаму. Ако сè уште чувствувате взаемна хемија, тоа значи дека вашата приказна не е завршена. Може ли врската да биде подобра по втор пат? Многу е важно, забележуваат психолозите, уште на почетокот на вториот обид да утврдите дали работите што ве натераа да ја прекинете врската сега се решени. Во никој случај не треба да ги бришеме проблемите од минатото и да се преправаме дека никогаш не се случиле. Отвореноста, искреноста и способноста да се биде искрен со себе се главните вредности кои се потребни за реприза која, под овие услови, навистина може да има среќен крај. За да бидете сигурни дека сте донеле одлука која е добра за двајцата, прво треба да одговорите на 10 прашања кои психолозите ги смислиле за да им помогнат на луѓето во оваа ситуација. Кои се причините поради кои раскинавме? -Што се промени кај мене од тогаш, а што кај мојот партнер? -Како се чувствувам во мојот живот во моментов – дали желбата за реконструкција на врската произлегува од моето лично незадоволство или осаменост? -Дали неговата иницијатива за обновување на врската е поврзана со неговата моментална животна ситуација? На пример, -дали само што раскина со бившиот? -Може ли да ги толерирам неговите особини што ми пречеа порано? -Може ли повторно да го доживеам раскинувањето со таа личност? -Дали и двајцата сме подготвени да разговараме за причините за минатите раскинувања? -Дали си простивме? -Гледајќи пет години напред – дали ќе бидам посреќен со таа личност отколку што сум сега? -Дали споделуваме слични вредности и ставови, односно дали ќе можеме да ги толерираме меѓусебните разлики? извор:поапра.мк]]>

Сања ги реши дилемите на гледачите за тоа што се случува зад камерите на „Брза кујна“: Еве кој го јаде зготвеното на крај, а нејзе не секогаш и е до смеење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-gi-reshi-dilemite-na-gledachite-za-toa-shto-se-sluchuva-zad-kamerite-na-brza-kujna-eve-koj-go-jade-zgotvenoto-na-kraj-a-nejze-ne-sekogash-i-e-do-smeene-foto/ Tue, 06 Feb 2024 09:10:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337557

ТВ водителката на „Брза кујна“ Сања Савеска се почесто почна да биде расположена и отворена за комуникација со фановите и следбениците на социјалната мрежа Инстаграм. Меѓу големиот број обожаватели се оние од кулинарското шоу кои пак секогаш имаат прашање повеќе за Сања, такви поврзани со емисијата, но и оние за нејзината приватност. Овој пат од повеќето се издвоија оние за „Брза кујна“, па меѓудругото Сања им ја реши дилемата за тоа кој ги јаде специјалитетите на шеф Никола и Бобан кога камерите ќе се исклучат. Одговорот беше дека таа привилегија ја имаат учесниците, екипата на снимањето, па и секој ќе се најде таму,а е гладен или сака да проба. Следеше прашање и за тоа дали секој ден се прават снимањата, на што Сања појасни дека тоа не е нивниот ритам, туку понекогаш практикуваат да снимаат и по три емисии наеднаш. Во „Брза кујна“ секогаш зрачи позитивната енергија која разбирливо мора да ја има. Сепак, како живи луѓе на сите не секогаш ни е денот, па така и на Сања која вели дека енергија мора да најде за да се смее и кога не и е до смеење. Откри и детали од приватноста меѓу кои беше и тоа дека сака да се вози на мотрор, а најдиолгата дестинација на која била на две тркала е илјада километри. За крај следеа и пофалбите и пораките да продолжи да блеска, а таа во прилог им прати токму една таква блескава фотографија. Комплетно светкава, но со најубавиот аксесоар на себе - насмевката! фото:Instagram printscreen/ sanja_saveska]]>

Милица Павловиќ  „удри“ по колегите: „Аца Лукас најмногу ме разочара“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-pavlovik-udri-po-kolegite-atsa-lukas-najmnogu-me-razochara-foto/ Wed, 01 Nov 2023 08:11:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324809

Водителот Огњен Амиџиќ во студио ја угости пејачката Милица Павловиќ, која прво шокираше со својот нов изглед, а потоа одговараше на жешки прашања во рубриката „Петарда“. Наведете три колешки за кои сте сигурни дека не ви мислат добро – го прочитала прашањето Тијана. - Многу грд концепт е некој да ми посака зло, сакам да верувам дека нема таков. Се надевам дека сите мислат добро за мене - изјави Милица. Подреди  ги следните колешки од најмалку убави до оние кои најмногу ви се допаѓаат: Снежана Ѓуришиќ, Весна Ѓогани, Катарина Грујиќ и Ана Николиќ - читаше Тијана. - Снежана Ѓуришиќ, Ана Николиќ, Весна, па Каќа - изјави Павловиќ. Наведете ги најодвратните трачеви што сте ги слушнале за себе сиве овие години – го прочитала прашањето Тијана. - Секое озборување ме погодува, секое озборување ме боли затоа што не е вистина. Неколку пати тужев некои медиуми затоа што преминаа граница, имаше текст дека сум во врска со оженет маж кој има три деца - изјави Милица. Дали некогаш сте биле со личност од ист пол – го прочитала прашањето Тијана. Во емотивна не. Можеби еднаш имало блиц бакнеж – изјавила пејачката. Кој од вашите машки колеги најмногу ве разочарал? - Некој кого го сметав за мој колега и пријател, а тоа е Аца Лукас - изјави Милица. Фото: Принтскрин/TV pink  ]]>

Џамбазов во поткастот кај Лазаров откри детали за „Преспав“ и даде одговор на многуте прашалници од верните гледачи (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dhambazov-vo-potkastot-kaj-lazarov-otkri-detali-za-prespav-i-dade-odgovor-na-mnogute-prashalnitsi-od-vernite-gledachi-video/ Sat, 21 Oct 2023 08:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322550

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, а во повеќе од два часа опуштен муабет, Игор очекувано остана недокажан. Теми за разговот имаше за уште од неговото рано детство, па се до денес, а меѓу долгите разговори не беше заобиколен ниту неговиот последен и актуелен телевизиски прект „Преспав“. Прашања од гледачите за оваа тема имаше доста, а Џамбазов со дадените одговори ги задоволи сите. За почеток веднаш кажа дека седма сезона на популарниот македонски ситком ќе има многу набрзо. -Преспав почнува со снимање на новата сезона и се планира да се заврши на почетокот на ноември и веќе во декември да почне со емитување. Ќе има и новогодишна која секогаш била атрактивна, истата екипа, многу добри сценарија, штом ние се смееме... Одеднаш губиш критериум кога си со истата екипа, значи треба да е ептен нешто добро за да се насмееме, вели тој и се надоврза дека „Преспав“ на некој начин направи револуција за рушење табуа и бариери. -Знаеш... Преспав е серија која победи неколку за*бани предрасуди. Па еве, тоа за ЛГБТ тоа го дипломиравме, кој албански актер пред Дритон Вејсели или Талат го знаеш? Нема... Па зарем тоа не е рушење на бариери? Дури и него не му се верува. Предрасудите се и кај нас уметниците кои немаме никаква врска со политика, додава тој и се надобрза во врска со сценариото од ноевите емизоди кое ќе биде доста возбудливо. -Преспав ќе биде хаос. Не знаат што да му прават, а оваа сезона ќе биде ексклузивен ресорт. Ула ќе биде главна, Марио и Тони се во кавга, Исаура е трудна од Талат. Преспав повторно се обидува да стане светски хотел, а не може да се помири со судбината дека е еден обичен пансион, завршува Игор. За бате Миле не спомена ништо, но покрај толку детели кои звучат доста возбудливо, со нетрпение ги очекуваме и јасно е дека секој еден сегмент ќе биде причина плус за позитивна атмосфера во домот и се разбира многу смеа. Разговорот за „Преспав“ можете да го слушнете од видеото на 2:40:45 фото: Instagram printskrin pansion prespav/ You tube Lazarov]]>

Тамара Тодевска за претрпениот страв и последиците од несреќата што се уште траат: „Имав 20 конци на главата“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-za-pretrpeniot-strav-i-posleditsite-od-nesrekata-shto-se-ushte-traat-imav-20-kontsi-na-glavata-foto/ Tue, 29 Aug 2023 07:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315581

Тамара Тодевска периодов е како нејзиното музичко тотнадо. Летово помалку одмораше, а повеќе работеше, така што публиката се почесто има можност да ја слуша и гледа и на отворена сцена. Пред неколку дека пееше пред кумановската публика која ја пофали како најдобра, а потоа следеше и настапот пред беровчани.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Набиена агенда со обврски, професионални и приватни, но Тамара успева да најде време за се’ па дури и за одговарање прашања за следбениците на Инстаграм. Прашалници за разни нешта поврзани со нејзината краиера и приватност имаше доста, а таа ги селектираше оние за кои сметаше дека може да излезат јавно. Муабети секогаш кружат разно- разни, па овие Инстаграм интервјуа на некој начин и беа како добредојдени да се решат дилемите и за тоа дали некој и останал должен за настап. Кратко и јасно, за Тамара некој таков се уште не се родил. Оние пак што ја доживуваат како борбена личност со топло срце, прашаа од каде е изворот за таквите одлики? -Животот, искуството,грешките, успесите... Се’ е комбинација од тоа што поминало и тоа што доаѓа. Но и ген, а и карактер секако – гласеше нејзиното резиме за тоа како таа се доживува. Меѓудругото, меѓу прашањата намерно или случајно стоеше и она дали знае да води мотор и која марка и е омилена? Не е првпат Тамара да каже дека пред многу години доживела несреќа од која тогаш завршила со 20 конци на главата, но последиците траат и денес. -Имав немила случка на мотор далечната 97- ма со последици 20 конци на главата. Од тогаш немам седнато ни друг да ме вози. Но, ако треба да одберам тоа би бил „Triumph Bonneville bober“. Редоследот прашање одговор траеше долго на „стори“, а Тамара ги испочитува сите оние кои сакаа да знаат нешто повеќе за тоа што било или допрва треба да биде. фото:Instagram printskrin/Tamara Todevska]]>

Хелена Роза им даде одговори на љубопитните, па дури и на незгодни прашања: „Сакам се*с, но…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/helena-roza-im-dade-odgovori-na-lubopitnite-pa-duri-i-na-nezgodni-prashana-sakam-se-s-no-foto/ Sat, 05 Aug 2023 08:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294007

Некогашниот македонски модел и ТВ водителка Хелена Роза, која последниве неколку години живее на Нов Зеланд, никогаш не престанала да биде актуелна за Македонците, иако веќе одамна не ја гледаат на телевизија. Хелена иако живее далеку од својата родна земја, таа е во постојан контакт со своите верни обожаватели преку социјалните мрежи.
Хелена овој пат дел од слободно време го искористи да одговaра на прашања од слебениците на Инстаграм, а тие пак познавајќи ја како либерална личност по тема секс, не пропуштија да и постават незгодни прашања, да и поласкаат со комплименти, а преку истите и да дознаат нешто повеќе од дилемите кои ги имаат околу нејзнината приватност. Па така, уште на старт ја „нападнаа“ оние кои ја гледаат со страст. -Имам мерак на тебе од мали нозе,кога може да се видиме ја и ти?, напиша еден од подиректните, но тука Роза едноставно немаше одговор, па му врати со емотикон во чудење. Друг се надоврза на темата секс, па праша: -Дали си зависник од секс? Но, овој пат одговорот беше концизен и без заобиколување: -Сакам секс, но никогаш не сум била зависник од ништо, му појасни Хелена. Конкретна беше и во одговорот за разлика во годините меѓу партнерите, па како пример се посочи таа самата во одност на бракот со сопругот Игор. -Во брак сум 14 години со помлад 11 години од мене, Годините се само бројка, никогаш не сум имала приоритети за години. Тотално небитно, одговори таа, за на крај да се заблагодари на забавната ноќ која ја помина преку ваквото виртуелно дружење на база прашање-одговор. Меѓу одговорите, Хелена кажа и дека летово, односно во месец јули доаѓа во Македонија да се види и да помине време со своите најблиски и пријателите. фото:Инстаграм принтскрин/Хелена Роза]]>

Лила ја разреши дилемата за која на многумина им стоеја прашалници: „Како успеваше да биде пред камери кога животот и го задаваше најсилниот удар?“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-ja-razreshi-dilemata-za-koja-na-mnogumina-im-stoeja-prashalnitsi-kako-uspevashe-da-bide-pred-kameri-koga-zhivotot-i-go-zadavashe-najsilniot-udar-foto/ Sat, 29 Jul 2023 07:45:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298040

За нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска периодов се пишува наголемо, иако и претходно никогаш не била надвор од рамкте на медиумската актуелност. Таа неодамна „ја отвори душата“ и за првпат отворено и непосредно проговори за нејзината најголема животна битка со опаката болест– канцерот на дојка. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, исчекување, стравови и терапии, омилената ТВ водителка победнички може да каже дека сега е здрава. Во битката со канцерот, победи таа – Лила. Откако почувствува дека е подготвена и посака со сите јавно да ја сподели својата најголема животна битка, Лила буквално не се штедеше да одговара на прашања од следбениците, особено за оние кои се нашле во истата ситуација и тековно се борат со истото. Меѓу многуте одговорени прашања на таа тема, беше поставено и прашањето како всушност успеваше да го снима квизот „Се или нешто“ како ништо да не се случува со неа? Одговорот беше едноставен и јасен: „Во мојата глава ко да не било!!! И тогаш и сега!“- концизна беше Лила која во секоја една емисија таа е на висина на задачата, вистински професионалец на кого ретко кој може да му парира. Таа своите тешки денови пред камерите ги живееше како ТВ лик од највисок ранг, па и на најлошото му се смееше со широка насмека. Квизот „Се или нешто“ е нејзината главна арена од каде на сите им се покажа дека дури и кога е најлошо, главните во целата игра сме ние. Сега како херој со крената глава уште погласно им се смее на новите предизвици со животот. Позитивна како и секогаш, стокмена од глава до петици. Многу од натпреварувачите кажале дека во квизот покрај за пари, доаѓаат да ја видат непосредно Лила, која сега вака подновена со новиот имиџ им даде причина плус за тоа. Лила излезе како победник и покажа дека духот и вербата се посилни од се’. Сега тоа останува зад неа, а пред себе има некои поубави времиња.]]>

Пет работи кои не треба да ги кажувате на вториот стостанок https://arhiva.vistina.com.mk/pet-raboti-koi-ne-treba-da-gi-kazhuvate-na-vtoriot-stostanok/ Fri, 28 Jul 2023 12:52:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311976

Го преживеавте првиот состанок, а сега вториот ви се ближи. Иако ова е добар сигнал за вашата потенцијална врска, не треба целосно да се опуштите. Иако тие први состаноци можат да предизвикаат анксиозност, тие исто така можат да бидат навистина возбудливи. Некои се уште поисплашени поради вториот состанок отколку првиот. Обично вториот состанок открива дали хемијата што ја почувствувавте на првиот состанок е вистинска или дали виното го започнало сето тоа. Ако сакате вашиот втор состанок да помине добро, постојат две работи што апсолутно мора да ги направите. Дишете и опуштете се. Смирет се. Секако, вие сте нервозни и ги имате тие пеперутки, но ако одите на состанок со уживање како единственото очекување, ќе ви биде многу полесно отколку ако на ум тргнете во потрага по сопруг. Бидете свои и забавувајте се. Еве 5 работи што никогаш не треба да ги кажете на втор состанок: 1. „Какви се твоите родители? Мислиш дека зборуваш, тој слуша како си ја планираш венчавката. Некои луѓе се поблиски до своите семејства од другите. Не претпоставувајте дека само затоа што разговарате со мајка ви на телефон секој ден, тоа го прави и тој. 2. “Сакам бебиња!” Да. Кој не ги сака? Бебињата се сензационални. Но, вие мислите дека споделувате нешто што ви се допаѓа, тој мисли дека правите дупки во кондомите кога оди во тоалет. 3. “Со колку жени си спиел?” Да, важно е да ги знаете овие видови детали кога ќе почнете да спиете со некого. Меѓутоа, ако тоа што го барате е нешто долгорочно, а не само за забава, не му поставувајте прашања што ќе го натераат да мисли дека го проверувате. 4. „Каде се гледаш за десет години? Ова е состанок, а не интервју за работа. Секако, мислите дека штотуку се запознавате, но вистината е, таквите прашања – оние што се принудени – звучат како да се директно излезени од книга за човечки ресурси и само ќе направат да му е непријатно. 5. “Дали ти се допаѓам?” Се разбира, ова ви е на ум, особено ако мислите дека можеби ви се допаѓа вам! Тоа е сосема нормален и природен начин да се чувствувате на втор состанок. Но, тоа не е она што треба да го прашате. Мислите дека со тоа му покажувате колку сте отворени и искрени за вашите чувства кога станува збор за запознавање, онлајн или на друг начин. Тоа може да направи да му изгледате очајно. Секако дека само прашувате „Дали ти се допаѓам“, но она што тој го слуша е „Те сакам“. Ако му се допаѓате, ќе одите на трет состанок, пишува Your Tango. извор:попара.мк]]>

Александра Накова одговараше на Инстаграм прашања: Гевгелиската убавица разголена пред огледало, откри дека „уживањето во туѓи раце“ и е најомилена работа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-odgovarashe-na-instagram-prashana-gevgeliskata-ubavitsa-razgolena-pred-ogledalo-otkri-deka-uzhivaneto-vo-tugi-ratse-i-e-najomilena-rabota-foto/ Wed, 03 May 2023 08:56:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300299

Александра Накова по турбо активниот период во кој како модел имаше полни раце работа и тоа надвор од Македонија, па одредено време помина работно во Италија, каде снимаше нов едиторијал, се врати дома во родната Гевгелија. Убавицата не откри за што конкретно се работи кога е во прашање ангажманот во Италија, но затоа откри како ќе изгледа дел од нејзината нова летна колекција во „Куќата на модата“ - нејзиниот бутик за женска гардероба во родната Гевгелија. Кој друг ако не таа самата, зашто има ли подобар модел од Накова, кој би ги рекламирал модните парчиња што се продаваат во нејзината модна продавница? И додека гевгелиската убавица позира пред огледалото покажувајќи го најдоброто и осебе и од она што на себе го носи и рекламира, дали заради лична љубопитност или чисто за да разбие монотонија, Накова решила своите следбеници на социјалните мрежи да ги повика да и поставуваат прашања!? Некои од нив едвај чекале, па почнале вообичаено да ја прашуваат се' и сешто, а од сето тоа нешто Александра избрала, па го објавила на своите Инстаграм приказни. Дека е сама - не е, зашто ваква атрактивна, привлечна, пожена, секси дама, сигурно не останува сама... А дали е „сингл“- само таа знае. И да е... И синглот има бројка - 45... Не фраери, туку вртежи, ако не знаеле оние кои не виделе грамофон! Стереотипните прашања од типот: што гледаш, што слушаш, што читаш, што си во хороскоп... се вообичаени, па затоа Накова во еден здив им одговори на нејзините фанови. Како и на неизбежните прашања: што јадеш, што пиеш, колку спиеш,  дали вежбаш, држиш ли диета...? Кога се гостувањата во ТВ емисии и Интернет подкасти каде им поставуваат незгодни прашања на вака згодни дами, Александра Накова, некако како да се замисли „па се закова“ пред да одговори, а и одговорот за неа не е нималку лесен, па морал да биде компромисен: „Можеби“... А, можеби затоа што таму е и Зоки Фаци кој многупати тврдеше дека своевремено, некогашното момче на Накова „дебело му платило“ за тогаш анонимната гевгеличанка да ја направи позната? Она што како избор го извадивме е можеби и најскокотливиот одговор на сите прашања, иако навидум прашањето што Накова го добила е сосема обично: „Дали сакаш масажи“? Одоговорот исто така би бил вообичаен  да не се фотографиите кои истиот го потврдуваат... „Најмногу“! Така барем вели Накова покажувајќи ја неодамна својата телесна убавина пред огледалото... И тогаш гевгелиската убавица „пиштол гола“ само прекриена со бело пешкирче околу себе, уште еднаш потврдила дека уживањето во туѓи раце и е омилена работа... Мислејќи на масажата, секако! Впрочем, можеби клучнта „тајна“  на совршената градба и балансираната килажа лежи и во ваквото опуштање со релаксирачко - естетска масажа, по што многумина  воздивнуваат: „Ех, што би дале да се на нејзино место?“ При тоа, дамите би сакале да се на местото на Накова се рабира, а мажите на местото на... масерката! Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandraofficial]]>

Две прашања кои откриваат многу за вашиот брак https://arhiva.vistina.com.mk/dve-prashana-koi-otkrivaat-mnogu-za-vashiot-brak/ Tue, 02 May 2023 12:50:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300281

Леора Фридберг и Стивен Стерн, економисти од Универзитетот во Вирџинија во САД, како дел од Националното истражување на семејствата и домаќинствата, спровеле истражување на 4.242 брачни парови – тие им поставиле две прашања, а потоа ја провериле состојбата на нивната врска шест години. подоцна. 1. Колку сте среќни во бракот во споредба со тоа колку би биле среќни доколку не сте во брак? Понудените одговори беа – многу помалку, помалку, исто, повеќе, многу повеќе. 2. Што мислите, како одговорил вашиот сопружник на тоа прашање? – Идејата за љубовта е дека те прави среќен фактот што твојот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам дека повеќе работам во домаќинството, што донекаде ја намалува мојата лична среќа, но тоа се компензира со сознанието дека мојот партнер има корист од тоа, односно дека е посреќен – изјави Леора Фридберг и додаде дека изгледа дека многу паровите не му придаваат значење на тоа. – Само 40,9 отсто од паровите кои учествувале во истражувањето можеле да предвидат што ќе каже нивниот партнер. Дури четвртина од испитаниците покажале сериозни разлики во перцепцијата на нивната среќа како брачен пар – истакна таа. Поголема е веројатноста да се разведат паровите кои признале дека нема да бидат помалку среќни доколку не се во брак или оние кои погрешно претпоставувале како нивниот брачен другар одговорил на првото прашање, пренесува Your Tango. – Стапките на разводи беа повисоки кај оние кои велеа дека се понесреќни во бракот отколку што би биле доколку не биле во брак, како и кај оние парови кои ја прецениле среќата на своите партнери – објаснил Стивен Стерн. извор:попара.мк]]>