прасе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 03 May 2020 08:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прасе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кај беа и што „кркаа“ познатите македонски фаци за 1-ви Мај: Од скара на балкон и прасе на ражен во двор, до јагоди, пршута и печеница на викендица… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-bea-i-shto-krkaa-poznatite-makedonski-faci-za-1-vi-maj-od-skara-na-balkon-i-prase-na-razen-vo-dvor-do-jagodi-prshuta-i-pechenica-na-vikendica-foto/ Sat, 02 May 2020 08:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147536

Први Мај... Ден на трудот, ден на работникот, симбол на борбата за неговите права за подобри работни услови, помала експлоатација, помало работни време, поголема плата... И секако, наследената оставштина од социјализмот, 1-ви Мај да биде ден за пикник, за излез во природа, скара, пијалок, дружба, песна, па и по малку рекреација и спортување... Зависно од тоа, „кој(а) по што спорт е?“ Познатите македонски личности или барем голем дел од нив, не останаа имуни на овие што наследени, што новостекнати навики. Скара, печење, мезе, салати, пијачки... „се вртеа“, мезеа, јадеа и пијеа на различни локации. Од балкони и тераси, преку постaвeни маси во домашниот двор или на викендичка, до некоја анонимна пољана или пак ним добро позната ледина. Ниту короната, карантинот и полицискиот час не ги спречи познатите фаци да покажат какви се' првомајски „јунаци“ има меѓу нив, кога се скарата и пикникот во прашање. Познатата македонска ТВ водителка и пејачка Бојана Скендеровски е тазе мајка по втор пат, па очигледно таа и нејзиниот сопруг Васко, не сакаа да ризикуваат и решија празникот на трудот заедно со дечињата да го минат дома. „Кој рече дека оваа година нема да имаме скара?“ - праша сопственикот на "Скендеровски продукција", па ја монтираше електричната скара на терасата од својот стан во подножјето на Водно. На планина речиси и да се лоцирани, погледот кон падините на Водно и крстот е тој, а и месото ставено „натенане“ да се пече. Во меѓувреме за амбиентот да биде баш празничен, се потруди домаќинката со песна, додека домаќинот ја вртеше скарата... „Блазе тебе ѕвездо моја, си го имаш него...“ или така некако веќе одеа стиховите на песната од Наум Петрески, која ечеше на распеаниот и разигран првомајски балкон под Водно, на семејството Скендеровски. Скара се вртеше и кај Жарко Димитриовски, ама во дворот. Водителот на ток шоуто „1 на 1“ првомајски реши да спои две во едно: убавото и корисното, „кркањето“ и снимањето, пикник и емисија, која истата ја снимаше додека ги вртеше плескавиците на електричната скара, во очекување на двајца познати гости... Кои - ќе видите во „1 на 1“! На домашната скара и тоа првомајска, карантинска, не можеа да и одолеат ниту мисиците и манекенките... Плус со кромитче, па и салатичка...  за мерак!  Убавата штипјанка Ивана Ина Димитрова, модната писта и подиумот ги замени со празничен ручек во дворот. Калориите не се проблем, брзо се топат, ако имаш соодветен начин за нивна елиминација, а Ивана оддамна покажа дека знае како тоа се прави. „Честит 1 Мај пролетери“ - напишал на својот Фејсбук профил пејачот Филип Јордановски, иако е далеку од пролетер, зашто покрај пеењето, главна професија му е банкарството, а тој е еден од директорите на скопската централа на бугарската „Капитал банка“. Арно ама, „пролетерската традиција“ од социјализмот, очигледно  и понатаму достојно си ја почитува, па Филип заедно со семејството и другарите за 1. Мај реши да излезе на ледина... Пикник и скара во природа, за оваа традиционална празнична пригода. Чашката ракиичка и насмевките се задолжителни... како и скарата со плескавици, наместо заштитни маски и ракавици. Тие никако не одат во пакет со првомајското хедонистичко задоволство. Имуна на првомајска скара на отворено не остана ниту Миа Костова. Нејзината локација, една куќа/викендичка со преубав двор во околината на Скопје и се разбира весело друштво и полна трпеза. До душа, повеќе вегетаријански или само така ни се чини... Очигледно, скарата допрва се подготвувала да се распали... Впрочем, денот е долг, а тек ноќта... Најдалеку од „месната естрадна елита“ се чини отиде водителката и позната ДЈ-ка, Вера „Генерал“ Јанковиќ. Кај Вера нема далавера, има да се јаде додека се може, па и згора на тоа... ДЈ Јанковиќ има српско презиме, а каква тоа српска крв тече во тебе, ако не си спремил прасе? И тоа не во фурна, туку на ражен, во двор! Да се врти како плоча, првите комшии да видат, а цело маало да го почувствува мирисот на крцкавата кожичка на тазе печеното прасенце! А, ДЈ Вера дотерана и спремна по сите прописи... Со заштитна маска на лице и електричен ражен, со првомајска парола: „Двор ни е, прасе ни е...!“  Алал да ви е! Е сега, не се сите по скарата и печењето... Има некои што за празникот на трудот му ја збришаа надвор од дома, на својата или на викендичка кај пријател(к)ите, а наместо скара или прасе, своите хедонистички апетити ги задоволија со многу поегзотично мени. Писателката и стенд ап комичарка Ивана Наскова, 1.Мај го дочека карантински дислоцирана. Во викендичка во Маврово, во женско друштво и малку подиетална празнична трпеза. Дека не им фали даска, покажа масата на која даската со сувомесно мезе, кашкавал, сирење и други месно-млечни производи беше сервирана заедно со по некоја чаша бело винце. А овошјето со ваквото мени оди под задолжително. Впрочем, линијата треба да се задржи и додека целата нација е во изолација, зарем не? Слично на неа, на иста локација - Маврово, само во различна викендичка , но со речиси иста гастрономска поставка, 1.Мај го помина и водителката на „Живот со стил“. И Елена Стефановска се почести со даска, бело вино и јагоди, сервирани надвор на масата во дворот со поглед на езеро, а внатре... Внатре, десерт - шумско овошје со јаткасти плодови или така наречена витаминска „секси - салата“. Здрава за телото, уште поздрава за либидото...   Впрочем, фотопозата сама зборува, за тоа како се согорува акумулираниот вишок калории, дома или на „туѓи“ територии! И за крај на оваа наша мини првомајска прошетка, една вистинска работничка закуска. Популарниот охридски радио и ТВ водител Жанко „Зш“ Голабоски, е познат љубител на природата, планината и планинарските авантури, па затоа и овој Први Мај не пропушти да се здаде во потрага по нова возбуда. Доследен на работничката идеја, со срп и чекан и развиорено црвено пролетерско знаме, Жанко денот на трудот како и лани, кога на Магаро го прослави со бурек, годинава на Требенишко езеро го одбележа со закуска од житарки! Да живее празникот на трудот!        ]]>

Станија и Сораја со години не зборуваат, се тужеа, а едната купи мало прасе и го крсти по името на другата!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-i-soraja-so-godini-ne-zboruvaat-se-tuzea-a-ednata-kupi-malo-prase-i-go-krsti-po-imeto-na-drugata-foto/ Mon, 23 Dec 2019 10:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125320

Станија Добројевиќ и Сораја Вучелиќ со години не се во добри односи. Едно време, двете најпознати српски старлети јавно се скараа преку медиумите, а конфликтот заврши со судската постапка. Се започна во 2014 година, кога Сораја рече дека Станија, наводно, орално го задоволувала нејзиниот пријател Матија Јелиновиќ во тоалетот на еден клуб. Згрозена од оваа приказна, Добројевиќ одговорил со тужба, а пред судењето, Сораја ги уверуваше медиумите дека има докази против Станија. Меѓутоа, овој судски случај беше завршен во корист на Станија. Според пресудата, Сораја била обврзана да и плати на колешката 150.000 денарии за повреда на честа и угледот, како и сумата за  судските трошоци. Оваа приказна, сепак, повторно „беше актуелна“ додека Добројевиќ беше во „Задругаа 2“. Учесниците во шоуто ја набедија за истата работа, па таа побара од нејзиниот тим јавно да ја објави пресудата од парницата со Сораја. На таквото „чепкање по старите рани“, Сораја потоа одговори со зборовите:   „Купив ново милениче, мини-прасе. До неодамна не знаев како да го наречам, па сега добив идеја. Новинарите се јавија да ме прашаат нешто за мојот спор и судењето со Станија Добројевиќ, па дојдов до една можна идеја за тоа како да го крстам моето ново милениче“ -  ќе изјави Сораја за српски Телеграф, фотографирајќи се како го храни со шишенце млеко своето ново домашно милениче. ]]>

(Видео) Му донесоа базен, па сега нема крај за неговата среќа https://arhiva.vistina.com.mk/video-mu-donesoa-bazen-pa-sega-nema-kraj-za-negovata-srekja/ Mon, 13 Aug 2018 17:01:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42430

Сите ние знаеме дека свињите се среќни да се тркалаат на кал, но кој вели дека тие не би биле посреќни во базен со вода? Како и на многу други животни и на ова прасе, летните температури тешко му паѓаат. За среќа, детскиот базен беше полн со вода, и тоа почна да се радува. Погледнете го видеото во продолжение:
   ]]>