познати македонци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 10:04:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png познати македонци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Први фотографии на познатите Македонци и Македонки ден потоа, во Новата 2024-та: „Цепај сине“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prvi-fotografii-na-poznatite-makedontsi-i-makedonki-den-potoa-vo-novata-2024-ta-tsepaj-sine-foto/ Tue, 02 Jan 2024 09:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333174

Старата 2023-та  ја испративме, Новата 2024-та ја дочекавме...  Кој како, каде, со кого и колку може, но сите  горе-долу достоинствено! Познатите лица од естрадата најчесто работно, на сцената на градските плоштади, по хотелите, кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките... Новогодишната тезга е „најслатка“, а Бога ми и онаа за „патерица“, па и останатите денови до Божиќ не се за фрлање. Но, занете ли што правеа познатите Македонци и Македонки ден потоа, по најлудата ноќ? Не сите - секако, но еве дел од нив и нивните први објавени фотографии во 2024-та. Најшетаната велешанка, екс-пејачката и морепловка Ноне Неделковска Новата 2024-та ја дочека далеку од дома, на својот крузер на кој работи, на едно сосема необично и егзотично место. Даре Салам, Танзанија. Од таму стигаат и првите нејзини фотографии во 2024-та, нејзината новогодишна порака , ама и нејзините желби. „Не мразете никого, без разлика колку ви згрешиле. Живејте понизно, без разлика колку ќе станете богат. Размислете позитивно, без разлика колку е тежок животот. Дајте многу, дури и ако ви е дадено малку. Простете на сите, особено на себе и никогаш не престанувајте да се молите за најдоброто за сите!“ - споделила „малечката сирена“, за ден потоа, во реприза на новогодишната бродска журка да ги сподели и своите новогодишни желби: „Да се вљуби, уште повеќе да патува, да ги прифати нештата од кои се плаши, да продолжи со потерата по своите соништа“. Тамара Тодевска откако ја испрати својата новогодишна порака и денот по Нова Година или поточно првата вечер и за „патерица“ и беше работна. Во еден мал елитен хотел во ски центарот Маврово, Тамара им приреди  забава за паметење и на присутните и  себе си. Оттаму дојдоа и првите фотографии во новата 2024-та од неа и од нејзините другарки, меѓу кои некои и исто така познати македонски лица како Катерина Ивановска, кои „до балчак“ се забавуваа на концерттната журка на нивната другарка. До душа првта фотка беше проследена со дремка во автомобилот по патот кон вечерната цел, на која  Тамара соништата ги претвори во незаборавна стварност. На 1-ви јануари на слична надморска височина работеа и некои други од естрадата, како ДНК на пример. Локацијата исто така снежна, ама различна - Попова Шапка. Само што за Андреј и особено за Панчо немаше простор за дремка. Дали за загревање, или од чисто суеверие за во 2024-тата „да му падне секирата во мед“, Панчо уште првиот ден во годината се фати токму за неа и тргна да цепи дрва. Можеби не баш највешто, ама сепак вредно и посветено по принципот: „Цепај сине“! И додека некои го прогласија „трупец за цепење“ сите кои беа подоцна на дневната журка на ДНК на Попова Шапка уште еднаш потврдија дека Панчо заедно со со Андреј и бендот се цареви за забава! Затоа  во 2024-та  Панчо нема потреба повеќе „да се секира“! Освен на естрадните ѕвезди, првите фотографии има се работни уште на некои од познатите лица, како ТВ водител(к)ите на пример, меѓу кои и Милена Антовска Станковска. Првиот работен ден за неа во новата 2024-та и први пози од студиото на Канал 5 од каде оди нивната утринска програма. А како што е познато ниту утрото, ниту програмата не почнуваат без првото утринско кафе, по што слободно може да се каже дека и денот и програмата не само по утрото, туку и по кафето се познава. Особено кога е во прашање Милена! Сите од познатите ниту за најлудата ноќ, ниту ден потоа не работеа... Некои едноставно одмораа и се излежуваа уживајќи во домашната атмосфера и опкружување, како најпознатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка, Мелита Ракичевиќ, на пример. Расната убавица првите фотографии во новата 2024-та ги сподели покрај елката, нудејќи го уште еднаш на дар сиот свој телесен раскош... Како „празник за очи“ за празниците, дар на кој најмногу ќе му се радуваат „влажните машки погледи“. Особено во позите во кои Мели лежи покрај елката или проверува дали истата е добро накитена. Зашто мора да признаете дека нејзината елка, кога таа е покрај неа,  ги има најубавите, најголемите, напривлечните и најпосакувани... „лампиони“!
@melita_mel7♬ Happy New Year - Starlite Ensemble
Ама сите познати лица од естрата и јавниот живот баш и не лежеа во првиот ден од годината, туку 1-ви јануари во 2024-та го искористија за прошетка во природа. Така на ТВ водителката Ирена Спировска, инаку позната како проверена планинарка, Водно и беше најблиску, а осовојувањето на врвот прв предизвик во првиот ден од новата година. А таму доволно народ кој сака живописна природа, поглед од височина на македонската престолннина, чист воздух, топол чај  и добра журка... ДЈ-от е тука да ја покрене атмосферата, а Ирена со својата пријателка присутна на првата постновогодишна дневна планинарска журка од каде направи сефте фотографии во првиот јануарски ден! На колегата водител Ване Марковски Водно му се виде далеку или едноставно го мрзеше да се качува, па реши  првото постновогодишно утро во природа да го помине во Градскиот парк. Клупата на еден мал летниковец згодно место за оддишка, ама и за прва јануарска фотографија во Новата година. Не е селфи со објективот на камерата в лице, ама  затоа е сефте селфи на нешто друго... На првото јануарско кафе, секако! И конечно на некои од познатите Македонци на први јануари не им беше ни до селфи, ни до социјални мрежи, како на Јутјуб подкастерот Стефан Лазаров, на пример. Последното селфи го сподели во последниот ден од старата 2023-та, заедно со неговата убава сопруга Марта, па во првиот ден од новата година решил да одмори од фото и видео објективи. Од видеа, фотографии и сликање изгледа му дошло преку глава, па затоа споделил само една куса порака... Колку за некој да не помисли дека Лазаров во 2024 дефинитивно се одјави... А всушност јутјуберот не сака да блефира, туку едноставно само на неколку дена решил да паузира! Фото: Инстаграм/Фејсбук/ТикТок]]>

Вака го проследија финалето на Србија на СП во кошарка познатите Македонци во Белград: Даниел и Елена со најмилите навиваа во домашна атмосфера (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-go-prosledija-finaleto-na-srbija-na-sp-vo-kosharka-poznatite-makedontsi-vo-belgrad-daniel-i-elena-so-najmilite-navivaa-vo-domashna-atmosfera-foto/ Mon, 11 Sep 2023 08:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317302

Кошаркарите на Србија вчера ( недела, 10 септември 2023) напладне го играа големото финале на СП на Филипините. Немаа среќа да го освојат златото, но и сребрениот медал и вицешампионското место меѓу најголемите кошаркарски сили на светот е огромен успех. Финалето се гледаше и кај нас, во Македонија... Најпасионираните љубители на кошарката и навивачи на нашиот северен сосед се собираа по кафулињата и локалите да го проследат завршниот меч, иако веројатно за Србија навиваше речиси целата македонска нација. Кога сме веќе кај Македонците и нивното навивање за северниот сосед кај нас и Македонците кои живеат во Србија, не пропуштија да го проследат  финалето. Меѓу нив секако и оние најпознатите, пејачите Даниел Кајмакоски и Елена Миленковска кои сега живеат и работат во Белград. Момчето со Х-фактор пред четири месеци стана татко по вторпат и со втората сопруга Марина се реализираа како родители на синчето Стефан. Даниел Кајмакоски сега живее нов живот полн со љубов, а тоа не ретко знае да го сподели со следбениците на Инстаграм, што и не беше негова пракса претходно. Така беше и овој пат кога пејачот во домашна атмосфера се „нацрта“ пред телевизорот и тоа не сам. Кошаркарското финале на Србија на СП го следеше заедно со своето сакано синче и нивниот куќен миленик, црниот пес о расата Кокер, по име Нера. „Одимеееееее“ -  извикал во еден миг Даниел, кревајќи го малиот Стефан високо на раце, на самиот почеток од мечот. Така Даниел, Стефан и Нера создадоа супер атмосфера сесрдно и гласно навивајќи за Србија, чии кошаркари за жал загубија иако оставија одличен впечатот. Ништо поразлично не беше и во домот кај нашата „натурализирана Србинка“, пејачката Елена Миленковска. Доскорешната македонска „Гранд ѕвезда“  како лојална граѓанка на државата во која создадае семејство и сега живее и работи, не пропушти да го проследи финалето заедно со својата мала ќеркичка Миона. Синчето Максим или спиел или бил некаде на прошетка со татко му Гуте, ама затоа Елена и Миона од пред ТВ екранот со полна душа ги бодреа српските кошаркари. Се разбира, сето тоа не помина без споделување на обострана љубов... Како што тоа кошаркарите го прават на теренот, така мама Елена и малечката Миона дома, пред телевизорот... Зашто поразите како и победите се составен дел од животот, ама љубовта е онаа која е најважна, најпотребна и вечна! И никогаш доста од неа!  Макар „пукнале“... од љубов! Фото: Фејсбук/spona /Инстаграм/elenamilenkovskaa/daniel_kajmakoski]]>

Познатите Македонци се простија од легендарниот композитор Корнелије Ковач: „Можеби сепак има нешто“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonci-se-prostija-od-legendarniot-kompozitor-kornelije-kovach-mozebi-sepak-ima-neshto-foto/ Wed, 14 Sep 2022 07:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266720

Замина уште една музичка легенда од регионов... Еден од најголемите музички уметници, Корнелије Бата Ковач. Академски музичар - клавијатурист, композитор, аранжер, продуцент... и пред се голем другар и пријател со сите, особено со оние музички ѕвезди со кои соработуваше. А работеше, твореше и соработуваше со многумина од најголемите: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, “Генерација 5“, Лепа Брена, Здравко Чолиќ… Беше основач и лидер на една од најголемите рок групи на сите времиња во некогашна Југославија, легендарната „Корни група“ низ која поминаа плејада врни музичари и пејачи... Од Златко Пејаковиќ до Здравко Чолиќ. Зад себе остави дузина големи хитови, познати песни кои се пејат и денес, останаа евергрени за сите времиња и генерации. Корнелије Ковач беше познат, признат и ценет насекае во регионот, иако само малкумина Македонци имаа среќна можност, чест и задоволство да работат и соработуваат со него. Едноставно не можеше да се дојде на ред, зашто Бата Ковач до последните денови на своите креативни можности, беше буквално презафатен. Но, тоа не значи дека некогашните и сегашни македонските музички ѕвезди и музички новинарски легенди не го познаваа, ценеа, почитуваа... Напротив, затоа и некои од најпознатите имиња, но и оние кои имаа ретка можност да бидат дел од неговото авторско јато денес, му одаваат последна почит и со последен поздрав се простуваат од големиот уметник и пред се' човек. Така, Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Коренелије Ковач со негова фотографија и зборовите: „Ми беше чест да Ве  познавам, да ја делам сцената со Вас и да растем со Вашата музика низ минатото и сегашноста... RIP ( Почивај во мир)“ - сподели македонската поп дива. Познатиот македонски музичар, клавијатурист и продуцент, Валентино Скендеровски, член на повеќе познати бендови меѓу кои и „Леб и Сол“ и „Меморија“ со Фејсбук статус се прости од својот познат колега: „Почина еден од најголемите композитори на овие простори. Вечна слава Бато, нека ти е светол патот кон вечноста“ - напиша Тино на својот ФБ профил. Легендата на македонското радиоводителство и естрадно-музичко новинарство, единствениот Драган Б. Костиќ споделувајќи заедничка црно-бела фотографија со Бата Ковач од далечната 1973 година сликана во нашата „Универзална сала“, се прости со човекот коој ги напиша некои од најголемите хитови на неговата младост:
„Почина Корнелије Ковач, еден од најзначајните двигатели на југословенската популарна музика во седумдесетите години на минатиот век. Композитор чиј белег како траен маркирен знак ќе го одбележува не само неговото време. Нека почива во мир.
П.С. Мојата маленкост на прва средба, во разговор со Корнелије на 12.10.1973 во Универзална сала“ - сподели Костиќ на својот Фејсбук.
Кирил Колемишевски, некогашнот член од првата постава на групата „Нокаут“, враќајќи ја меморијата назад во времето, се потсети на соработката со Корнелије Ковач на една од песните на бендот на нивниот прв албум:
„Корнелије Ковач ги отсвири клавијатурите на “Телефонскиот број не постои”, го разубави аранжманот на песната која беше во продукција на неговите ќерки, Александра и Кристина, кои ги пеат придружните вокали. Нека почива во мир“ - напиша во својот проштален статус на својот ФБ, Кире.
Македонскиот актер и самиот некогашен музичар, Владимир Јачев, сподели еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ  за која музиката ја напиша Корнелије Ковач, на стихови на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај и со неа се прости од големиот композитор, чии песни очигледно оставиле траен белег и во неговиот живот:
„RIP Корнелије Ковач
Поголем дел од музиката и аранжманите за овој албум на Здравко Чолиќ ги има направено тој...
Иначе албумов го имав во трето одделение... Сите песни ги знам.
Сите се хитови... Пусти, пусти моду, Писаќу јој писма дуга, Једна за другом, Смијем се без смисла... и секако оваа што ја постирам...“ - споделил Јачев.
Малкумина знаат дека сепак единствениот македонски пејач на кого големиот Корнелие Ковач му напиша цел абум е некогаш младиот пејач Никола Конзулов, сега член на групата „Акустико“.
Дискографско првенче на Никола, насловено:  „Можеби сепак има нешто“ е подготвувано во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач. Содржи 10 песни, од кои 8 со негов авторски потпис, поточно музиката е негова за 8 нумери, а сите аражмани се дело на Корнелие, кој се потпишува и како музички продуцент на албумот, а ги отсвирел и клавијатурите на сите песни.
„Маестро, ти благодарам за сета музика, дела, дружба... Маестрален музичар, композитор, голем човек, народен човек. Светол ти пат!“ -напишал во прошталната порака Конзулов, потенцирајќи го следново во интервјуто за „Нова Македонија:
„Кога ќе одев за Белград задолжително се гледавме и ќе се напиевме по едно пријателско кафе“ – вели тој, додавајќи дека размислува да го реиздаде албумот што го сними со Корнелие Ковач, бидејќи како што вели и самиот негов наслов... „Можеби сепак има нешто“?!
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи и приватна архива
]]>

Мичо, Марија, Моника, Дијана, Кристина… Кои учесници од Македонија ќе бидат дел од претстојната, шеста сезона на најгледаното регионално ријалити „Задруга“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/micho-marija-monika-dijana-kristina-koi-uchesnici-od-makedonija-kje-bidat-del-od-pretstojnata-shesta-sezona-na-najgledanoto-regionalno-rijaliti-zadruga-foto/ Tue, 23 Aug 2022 08:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263689

Оддамна е јасно и познато дека  шеста сезона на најгледаното регионално реалното шоу „Задруга“ ќе има. Сега е познат и датумот на нејзиниот почеток, како дел од имињата кои ќе се појават на ТВ екраните во ова ријалити. Преносот ќе започне за две недели, односно на 9-ти септември во 21 часот, потврдија организаторите од телевизијата „Пинк“. Иако се' уште не се познати сите натпреварувачи и списокот на учесници не е конечен, многу се зборува за некои веќе познати и стари учесници, некои сосема нови, нои и нови, јавни фаци од Македонија. Српските медиуми веќе започнаа да ги објавуваат имињата на учесниците  во „Задруга 6“, а меѓу нив најпрвин почна да се шпекулира за познат македонски спортист. Станува збор за кошаркарот од Скопје, Милорад Миновски - Мичо кој е висок 195 сантиметри, а телото му е прекриено со тетоважи. Две години играше за екипата на Вардар, а во „Задруга 6“ влегува како би искусил нешто ново, пренесуваат српските медиуми. „Потпишав договор, а од поранешните задругари ги познавам Спејко и Моника Јовановска од минатата сезона“, изјави неодамна тој. Токму името на Моника Јовановска и нејзината најдобра другарка, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска, се споменуваа во естрадно, кулоарските кругови, па и во некои медиумски написи како можни учеснички во новата сезона на „Задруга“. Со оглед на тоа што Моника веќе има искуство, па ќе ја подучува, брани од неволји и ќе и помага на  Марија што полесно да ги совладува ријалити предизвиците. Кога сме веќе кај македонските пејачки и Дијана Оу-Џи, се' попопуларната скопска (т)раперка се спомнуваше во комбинација за учество во новата сезона на „Задруга“. Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување? Позната како некоја која е „пис на јазик“ и без многу предрасуди, впрочем како и Марија Луиса, можете само да замислите што би се случувало кога некој(а) ним ќе им „стапне на жуљ“? Веројатно би се завршило со вербален, ако не и физички „масакар“! Патем ниту на една од нив двете разголувањето, еротиката, сексуланите конотации и јавното споделување експлицитни моменти не им се страни - напротив! Марија Луиса со домашно видео и куп еротски фотографии и фотосесии зад себе, Дијана Оу-Џи со сличен арсенал видеа и фотографии на својата „Онли Фанс“ страница за возрасни! И конечно, последната позната Македонка која се споменуваше како можна учесничка во „Задруга“ е Кристина Димитриевска. За нејзе се зборуваше и минатат сезона, но до такво нешто не дојде, иако се чини дека македонската мисица, модел и пејачка е некако „на два ума“ дали годинава да влезе во „Задруга“? Впрочем и нејзините следбеници на социјалните мрежи и поставија такво прашање, на кое атрактивната тетовка немаше конкретен одговор, ама затоа јавно рече дека ќе се консултира со некој кој е јавна личност и веќе има ријалити искуство, а нејзе и е многу близок... Како Гастоз на пример? Ако се реши да каже - ДА, многу ќе и помогне тоа што е бивша сопруга на позната јавна личност во регионот, нејзиниот екс маж Даниел Кајмакоски. Единствен проблем за неа  можеби ќе биде оддлеченоста од синчето кое по разводот со Даниел остана да живее со неа и за кое е Кристина многу приврзана. Така што, што и да реши - нема да згреши! Како и да е, засега учеството на споменатите познати Македонци и Македонки е потенцијално можно, но не е потврдено и останува неизвесно... Освен можеби за бившиот кошаркар и единствениот маж меѓу сите дами, Милорад. Но, изненадувањата во „Задруга“ се и тоа како  можни, што впрочем се потвди сиве овие години. Па затоа нека не ве изненади, ако утре во најгледаното регионално ријалити „апансас“ влета и некоја од споменатите македонски дами!        ]]>