познати двојки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 May 2020 07:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png познати двојки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Игор Џамбазов и Илина Арсова, Елена Велевска и Перо Антиќ: Каде што има чад, има (ли) и оган? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-igor-dzambazov-i-ilina-arsova-elena-velevska-i-pero-antikj-kade-shto-ima-chad-ima-li-i-ogan-foto/ Fri, 29 May 2020 06:57:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151728

Долгата изолација, карантинот ли или корона пандемијата не научи да цениме многу повеќе некои животни вредности или пак животното искуство не учи после долги години и се' што низ животот ќе поминеме, да се однесуваме и да бидеме поинакви кон другите? Или можеби станува нова мода кај нас, познатите личности да влегуваат во љубовни романси  едни со други, „на стари години“? Ова прашање деновиве си го поставуваат многумина, откако на социјалните мрежи и личните профили почнаа да осамнуваат фотографии на познати двојки кои и пред да се запознаат биле популарни, биле некој и нешто во државата и надвор од неа, во различни области. Но, пред тоа или само едвај се познавале или знаеле еден за друг, но никогаш не се сретнале, а сега одненадеж еве ги „во блиска средба од трет вид“ на заеднички фотографии? Актер, шоумен, водител, пејач... и планинарка, а веднаш по нив, слична слика и прилика: бивша кошаркарска ѕвезда и фолк пејачка  на заедничка слика?! Пред некој ден Игор Џамбазов и Илина Арсова, а сега од нигде никаде и Перо Антиќ и Елена Велевска!? Необично, чудно и повеќе од „сомнително“, велат едни... Ништо не е случајно, сомничаво вртат со главата други. До душа, на чаршијата отсекогаш и била полна устата со секакви муабети, та биле  или не биле вистина или биле само обичен трач, но сепак... Прашањето што го наметнуваат ваквите ненадејни „средби“ овековечени на зедничка слика е дали фотографиите се само за спомен и долго сеќавање или зад фотографијата „искрат искри“ кои (ќе) резултираат и со малку поинаква „радост и задоволство“ од чинот на запознавање и кратка дружба со славниот колега или колешка од светот на познатите?! Иако официјално не ја потврдиле својата романса, Џамбазов и Илина, можеби се' уште не се љубовници во вистинска смисла на зборот, но очебијно е дека се „многу повеќе од пријатели“! Или што би се рекло во фаза на „испитување на силите“! Нешто како нови чевли... Точни ти се, ама сепак - кнап! Додека не легне ногата во калапот! Ако легне!? Кај бившата НБА ѕвезда и фолкерката „фото шокот“ е тазе... Барем за јавноста! Перо Антиќ и Елена Велевска според информациите само се запознале, а според нејзините зборови на нејзините деца перо им бил омилен лик... Ама и на НЕА! Инаку официјално, обајцата се соло, по нивните разводи, а Велевска и јавно изјавува дека е слободна и сама! Барем до скоро...! Како и да е, едно останува несомнено да лебди во воздухот: Дали аморовите стрели одново ги погодија познатите? Или што би рекле: „Каде што има чад, има (ли) и оган?“ Фото: Инстаграм]]>

Еве на кои познати љубовни двојки во изолација им „цветаат рози“, а на кои карантинот „им ја упрска“ нивната врска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-na-koi-poznati-ljubovni-dvojki-vo-izolacija-im-cvetaat-rozi-a-na-koi-karantinot-im-ja-uprska-nivnata-vrska-foto/ Wed, 08 Apr 2020 09:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143856

Пропишаните мерки за време на корона пандемијата ги погодија и познатите личности и нивните партнери. Некои станаа уште поблиски, некои понекогаш се караа, а имаше и такви што раскинаа. Еве на кои познати љубовни двојки во изолација им „цветаат рози“, а на кои карантинот „им ја упрска“ нивната врска. Милица Тодоровиќ и Петар Стругар Првиот љубовен распад што ја потресе јавната сцена беше распадот на врската на Милица Тодоровиќ и Петар Стругар. Причината за нивното прекинување е наводно оддалеченоста, затоа што Петар остана да престојува во карантин во Белград, додека Милица инсистираше да замине во изолација кај родителите во родниот Крушевац. Ана Михајловски и Вук Костиќ Неколку дена откако Петар Стругар и неговата понежна половина ја прекинаа врската и Вук Костиќ и Ана Михајловски објавија дека повеќе не се заедно. А причината е ... што? Одново растојанието! Имено, двајцата се разделени откако е прогласена вонредна состојба, па Вук е самотник во изолација, додека Ана е во нејзиниот стан со своите деца и тоа е токму причината поради која тие ја ставаат својата врска „на пауза“. Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ Дарко Лазиќ имаше намера и официјално да се ожении за својата свршеничка Маринка Гагиќ во мај, кога ја планираа свадбата, но и се  договораа за крштевање и првиот роденден на синот Алексеј. Сепак, тие мораа да ги откажат своите планови. Не е познато како тоа ќе влијае на нивната врска, но дека Дарко не се сменил во изолација и продолжува да ги крши регулативите, тој покажа неодамна кога беше приведен затоа што беше фатен на улица за време на полицискиот час. Сепак, во изолација и карантин има и поубави работи. Надежда Билиќ и Тома Паниќ Поранешните ријалити  учесници  станаа родители на момче кому му дадоа име Лонго! Надежта се породи предвреме, така што бебето беше задржано во болница, но парот не ја криеше среќата што го зголеми своето семејство за уште еден член, па не можеа да го дочекаат денот кога ќе го доведат својот син дома. Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ Среде приказните и медиумските написи за тоа како ја нарушил изолацијата, фудбалерот Лука Јовиќ и неговата девојка, манекенката Софија Милошевиќ ја објавија добрата вест - дека чекаат бебе. Откако ја споделија веста со сите, парот се затвори во своите четири sида, повремено објавувајќи клипчиња за да покажат како се и колку  им е убаво, дури и во изолација.]]>