повторно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 09:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png повторно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив… по втор пат! https://arhiva.vistina.com.mk/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/ Wed, 26 Jul 2023 08:56:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311554

Роден сум на денот кога Скопје се разбуди во ужас... Всушност, роден сум малку порано, но  тој ден се родив по втор пат... Како речиси тримесечно бебе на кое  26 јули 1963 за малку можеше да му биде датум кој се испишува после онаа цртичка пред датумот на раѓање... За среќа, фала му на Бога,  се’ се завршило поинаку. Скопје, населба Пролет, зграда број 9, влез трети, втори кат... Тоа утро мајка ми Добрила станала рано, за да ми подготви храна. Мене, на нејзиното првороденче. Во тесното станче од 50-ина квадрати, четири генерации... Прадедо ми Теодосија, неговиот син – дедо ми Драган со баба ми Илина,  вујко ми Филип – се’ уште ерген, мајка ми и татко ми Трајче, тогаш се’ уште студент и секако јас, мало бебенце, прва радост во семејството. Најстариот, речиси 90 годишен, склеротичен, некогашен белградски печалбар „у време краља“ прашува: „Зашто ова дете плаче, чије е?“ – а мајка ми онака смирено: „Па мое е дедо, наше е... внуче ти е“. „Па зошто плаче, што га не смириш? – прашува стариот, а мајка ми: „Па, гладно е, затоа, еве му подготвувам јадење“. „Не, није тачно... Ти не умеш да го чуваш... Ако не умеш  да га чуваш, поклони га држави... Она ќе да се стара о њему“ – со полусрпски, полумакедонски враќа стариот и тогаш одненадеш чуден татнеж и старотен потрес . Плафонот почнува да пука, подот да се тресе, ѕидовите се лулаат како клацкалка, малтерот се рони, неподнослива бучава... Чиниш светот се превртува наопаку.  Тресењето трае, тапа заглушлива бучава и прашаина насекаде. Метежот во паника да се спаси главата инстинктивно се претвора во хистерија... „Симнувајте се, бегајте, сите надвор, земјотрес“...! Паѓа потпорниот ѕид  што го дели станот од соседите, се урива дел од скалите во влезот... Семејството за миг е надвор... Но, не сите. Минува нецела минута од шокот, кога мајка ми спискува: „Бебето, каде ми е бебето“? Го нема и најстариот, (пра)дедото... Шокот се претвора во паника, додека надвор тлото се’ уште повремено се потресува, а наоколу се слушаат пискотници, викотници, плач, лелек, довикувања, општа хистерија... Вујко ми Филип, тогаш студент, младо и силно момче, фудбалер на Вардар и подоцна негов долгогодише претседател, без двоумење онака, бос се стрчува назад кон влезот на зградата. „Немој Филипе...“ – вика по него баба ми и останатите, но тој не слуша никого. Се враќа по мене, по тримесечното бебенце кое онака целото во плач, прашина и малтер  на раце го изнесува надвор, а потоа одново оди горе по дедото. Вториот обид - за малку фатален. Се уриваат скалите, но во последен момент некако успеваат тој и стариот да се извлечат. Постземјотресните  минути и часови течат во општа агонија... Јулското сонце  го пече осакатеното Скопје  додека се чека медицинска и хуманитарна помош. Мене ме преземаат и заедно со мајка ми не носат во болница во Ниш. Лекарите констатираат тешка инфекција на респираторниот систем и цревата. Прават се што можат, но не е се до медицината... Има нешто и до Господа. Не јадам ништо. Инфузијата како тече во мене, така во истиот миг и истекува од мене... како вода. Организмот не може да ја задржи ниту неа, камо ли храната. Мајка ми од шок го губу млекото. Не може да ме дои. Лекарите велат: „Што е до нас, тоа е... толку можеме. Шансите се мали да преживее, но ги има. Мајчиното млеко многу би помогнало, ама... Во нишката болница лежат и Ромки, тукушто породени, доилки.  Вреди да се проба, како последна шанса... За пари, секако. И види чудо... Бебето го прифаќа „мајчиното“ млеко. Шукар! Во меѓувреме прадеодми онака сенилен и склеротичен со деменција, се губи... По ден талкање по урнатините вујко ми Филип го наоѓа на кејот на Вардар. По пижами како оди и мрмори: „Жено, где ми је пушка? Бугари, опет су нас напали Бугари“... На сенилниот воин од Првата светска војна, некои спомени од минатото му останале во главата. За жал истата таа ионака веќе доволно болна и истрауматизирана глава изложена 24 часа на сонце – не издржала. Тодосије Ѓурчиновски ќе ги преживее и војните и земјотресот, но ќе почине од мозочен удар само неколку дена по скопската катастрофа. А катстрофа за малку и во нишката болница... Мајка ми ме гледа како се борам за секоја капка мајчино млеко што значи живот, но и покрај тоа, по она на лекарите дека изгледите да преживеам  не ми се баш најизгледни, му праќа итна телеграма на татко ми со отприлика ваква содржина: „Ја се држам некако, ама бебето... Толку беше, готово е“!  Такво било времето, околностите, а такви биле и комуникациите... Немало ни обични, а камо ли мобилни телефони. Во целиот тој метеж во Скопје, татко ми пораката ја сфаќа тотално погрешно. Другиот ден се појавува млад човек  во нишката клиника забраден, променет во црнина. Дојден да си го подигне телото на своето „покојно дете“. Можете да замислите само каков бил „контрашокот“ кога видел дека сум жив. И за Божје чудо полека сум почнал да закрепнувам. Оттаму во Белград со мајка ми кај нејзината другарка Зорка и сопругот Мирко, па  по некое време назад во Скопје, кај братучедот на дедо ми, чичко Вељо и неговото благородно семејство. И од тој судбински 26 јули 1963-тата еве ме и денес, на истиот датум, фала му на Бога, се’ уште  жив и здрав... За да си припомнам на скопската катастрофа и кажувањата на оние кои подоцна ми ја раскажувале оваа моја животна приказна. За жал повеќе ги неме ниту баба и дедо, ниту вујко ми, ниту татко ми и мајка ми... Ги нема на овој свет од кој некои од нив прерано заминаа, но ги има вечно во моето срце и спомените, кои додека сум жив нема да избледат. Како сеќавање и на семејтвото и на тој  26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив... по втор пат! Авторот е долгогодишен новинар, сега главен и одговорен уредник на порталот Вистина.ком.мк]]>

Кристина Димитри и се врати на старата љубов: „Со него сме како две тела, а една душа…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-i-se-vrati-na-starata-lubov-so-nego-sme-kako-dve-tela-a-edna-dusha-foto/ Mon, 08 May 2023 12:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301005

Откако минатата година блесна на „Макфест“ и со својата појава и со песната, недолго потоа Кристина Димитри(евска)  престана да биде активна на естрадната сцена, кога се настапите во прашање. Секојдневно продолжи да ги полни социјалните мрежи со вбозбудливи фотографи, фотосесии и едиторијали, но оние штоќе посакаа да ја видат во нивниот град, на сцената на некој од локалните кафулиња, ноќни клубови или дискотеки, таквата можност им беше ускратена. Не дека атрактивната тетовка беше презафатена, туку едноставно реши да направи пауза од јавните настапи на кои „само за вашите очи“ со пејачко,  танчерско-еротски пеформанс од кој  „срцето може да ви искочи“ сексапилната убавица ги забавуваше присутните. Особено паузата стана „нагласена“ по информацијата дека „љубовта“, онаа професионалната  помеѓу Кристина и нејзиниот постојан придружник ДЈ Боно - завршила. Толку беше од соработката која убавицата ја озваничи со најава за нова со достојна замена, која практично никогаш и не се случи!  Замената едвај ја видовме на слика, ама во пракса се' остана само на празна најава. Во меѓувреме Кристина му се посвети на инфлуенсерството и реклмаирањето производи и услоги на својот Инстаграм, додека во позадина нешто се крчкало и на музички план. Тоа и самата сега го потврди во својта ексклузивна изјава за Вистина.ком.мк... „После секој викенд настапи низ цела Македонија минатата година, настапот со кој ја затворивме годината беше во Хрватска и горда сум на тој успех постигнат за една година постоење во музичкиот свет. Направив пауза од 3-4 месеци во која напорно работев и работам на мои песни заедно со најголемите имиња и уметници: Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Игор Џамбазов, Роберт Билбилов. Очекувајте музички изненадувања“ - порача Кристина. Сепак, во меѓувреме многу поинтересен за јавноста беа нејзиниот приватен живот и секојдневие, од случките, настаните и постапките на бившиот сопруг до преписките на социјалните мрежи со некои од  останати дами од јавниот живот... Патем, скокотливите фотографии не заостануваа како зачин на љубопитноста, кои без да испее ниту еден стих , на тетовска убавица и ја одржуваа популарноста во живот... Разголени секси фотки кои го одземаат здивот... Со или без рекламна намена, ама секако со посебна  намера - да се остане во фокусот на јавноста! И таман помисливме дека Кристина Димитри ова лето само ќе се сонча, некогашната мисица одново шокираше. Имено, таа откри дека и се вратила на „старата љубов“. И толку... Без детали, поединости, кому, како, што тоа се случило... Целата приказна ја подгреа и споделената мисла на нејзините Инстаграм приказни од прва рака: „Кога жената ќе засака“... Она што прво на многумина им падна на ум е незамисливо, зашто „по Х-фактор“, „Х на квадрат“ е невозможна мисија, други пак тврдеа дека тоа се тие „тајни врски“  на релација: Белград-Скопје-Тетово, од типот: „Како после нас?“, трети се убедени дека е сепак нешто сосема ново во прашање,  за кое... „Никому ни збор“! За да не ја држиме „заблудата во неизвесност“, се обративме директно на изворот... А Кристина Димитри, поучена од старите добри поговорки, меѓу кои и онаа: „Нов бунар копај, во стариот не плукај“, очигледно ги задржала во доволно добра релација односите и комуникацијата со стариот добар соработник, со кој прв пат го почувствува вкусот на славата - ДЈ Боно, па решила „добитната комбинација“ сепак да не ја менува... Очигледно на обострано задоволство. „Мојот тим за букинг 'Лолипоп' постојано ме известуваше дека луѓето го чекаат да се вратам на сцената и веќе сум желна и нестрплива да се вратам назад, на сцената. Паралелно да ви  подарам и мои песни за љубовта што ми ја давате.Првиот настап ќе биде во Клуб ХАРД РОК во Гостивар на 13.05.2023 година со почеток во 00:00 часот. А како изненадување го чував и мојот Боно, со него на бината функционираме како две тела, а една душа. Епа, победничкиот тим не се менува. Едвај чекам“ - сподели Кристина за Вистина, откривајќи ја “старата љубов“. Онаа, професионалната... За приватната, рано е? Или можеби не е? Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry]]>

Дара Бубамара повторно со шупелка в уста: Пред настап ја доби на подарок па, свиреше како што таа знае и умее (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-povtorno-so-shupelka-v-usta-pred-nastap-ja-dobi-na-podarok-pa-svireshe-kako-shto-taa-znae-i-umee-video/ Tue, 28 Mar 2023 10:37:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295429

Дара Бубамара настапила во еден клуб во главниот град на Србија, каде направила луда и одлична забава. Додека таа зборуваше дали планира да започне моден бизнис, газдата на овој клуб во главниот град и подари флејта на што таа многу се израдувала. - Морам да кажам дека сопственикот на овој клуб е мој многу добар пријател, кој нон стоп ми праќаше како свирам на флејта во „Амиџи шоу“ и ми рече дека јас сум крал и Бог и вечерва ми го даде ова како подарок, па не ми се верува - се насмеа Дара и повторно како во емисијата свиреше на флејта. Да потсетиме, видеото на кое Дара свири на флејта за време на емисијата „Амиџи шоу“ стана вирално на социјалните мрежи. Овој пат , таа за емисијата „Ексклузивно “ проговори за пријателството со Светлана Цеца Ражнатовиќ и за тоа што не се фотографираат толку често, но и за подарок што го добила од обожавателот. Фото: Принтскрин/Јутјуб/]]>

Лазаров одново „јава“ во интернет етерот: Јутјуберот не е забранет, одговараше дури и на прашања на следбениците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazarovo-odnovo-java-vo-internet-eterot-jutjuberot-ne-e-zabranet-odgovarashe-duri-i-na-prashana-na-sledbenitsite-foto/ Thu, 02 Mar 2023 11:44:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291363

Откако големата прашина која се крена по интервјуто на најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас, малку слегна, по што стана јасно дека некој го искористи случајорт „од мува да направи слон“ за лична употреба и дефокус на јавноста од неспосoбната власт и нејзините секојдневни домашни и надворешни катастрофи, Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб приказна. Имено, јутјуберот откако објасни дека не е забранет, како што некои препораките на обвинителството ги протолкуваа декa се наредби, истото тоа го покажа и потврди со нова епизода од неговото подкаст шоу. Следен за муеабет беше македонската музичка легенда, саксофонистот Ферус Мустафов, по што самиот Лазаров реши да ги отвори и своите Инстаграм приказни за прашања. Секако, неговите следбеници беа најљубопитни да дознаат што, зашто, кој, кого, кога и дали... И уште сто и едно прашање на кое Лазаров трпеиво им возврати со своите одговори. Некои од најинтересните одвоивме за вас, па еве што им одговори јутјуберот на она што неговите следбеници, но и сите други  ги интересираше:
  • Дали си добар - најпрвин го прашаа следбениците?
  • Дали си свесен колку бориме за тебе?
  • Дали во петок ќе има поткаст и кој ќе биде гостин?
  • Што те мотивираше да почнеш со Јутјуб?
  • Какво е чувството кога себеси се гледаш на сте медиуми?
  • Никој од познатите не те поддржа, а некои  те нападнаа, што ќе кажеш?
  • Мандар те поддржа јавно. Коментар?
  • Кога нова песна?
  Фото: Инстаграм + принтскрин/_lazarovv]]>

Цеца одново запеа: Вака изгледаше првиот настап на фолк дивата на една приватна забава, по една година „корона пауза“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-odnovo-zapea-vaka-izgledashe-prviot-nastap-na-folk-divata-na-edna-privatna-zabava-po-edna-godina-korona-pauza-video/ Mon, 17 May 2021 08:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202629

Светлана Цеца Ражнатовиќ официјално ја отвори сезоната на концерти откако беше објавено дека мерките  пропишани заради пандемијата на коронавирусот се олабавуваат. Имено, пејачката пееше пред два дена на прославата на едно дете на неговиот прв роденден на Гружанското езеро крај Крагуевац, а родителите на детето се нејзини пријатели. Нивна желба беше Цеца да ја заврши интимната прослава, а фолк дивата со ентузијазам ја прифати поканата.
Таа сепак имала одредени барања, кои организаторот во целост и ги исполнил. „Цеца побара да има сцена каде што ќе биде нејзиниот бенд, но и самата таа. Како прво, затоа што таа е ѕвезда и нејзиното место не е меѓу гостите и трпезите, но и поради дистанцата, зашто коронавирусот сè уште е присутен кај населението“ - изјави извор близок до пејачката и додаде дека домаќините со задоволство го исполнија ова нејзино барања. Со себе ја зеде и ќерката Анастасија, но и личната фризерка која се погрижи за изгледот на мајката и ќерката за време на прославата. Непосредно пред настапот им се доверила на своите пријатели дека е малку нервозна.
„Таа се пошегува дека се плаши дека ги заборавила текстовите на нејзините песни затоа што не настапувала долго време. Секако, до тоа не дојде, затоа што кога пеете три децении, тоа не може да се случи“ - изјави извор близок до Ражнатовиќ. Иако немаше план Анастасија да пее на прославата на пријателката на фолк дивата, понесена од добрата атмосфера, таа самата го зеде микрофонот. „Анастасија отпеа само една од нејзините песни, но гостите беа воодушевени и уште од првите тактови на песната „Рани“, тие пееја заедно со неа“ - додаде изворот. Иако Цеца пееше само еден блок песни на прославата на нејзините пријатели, тоа беше доволно за да сфати дека веќе не може без микрофон.
„Не сум настапувала толку долго, и нестрплива сум да пеам, па се изненадив колку ме понесе атмосферата и колку уживав со моите пријатели“ - рече Цеца и додаде: „Сакам да ги прашам сите луѓе и да апелирам до нив, ако можам: Ве молам, вакцинирајте се за да можеме да се вратиме во нормалниот живот што е можно побрзо! Навистина ми недостасува сето ова“ - порача Цеца на својот прв настап  по едногодишната „корона пауза“. Фото: Инстаграм прнтскрин/fanpagececaraznatovic
]]>

Јована Јоксимовиќ повторно води програма: Еве што одговори на прашањето после се’, како се чувствува? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-joksimovikj-povtorno-vodi-programa-eve-shto-odgovori-na-prashanjeto-kako-se-chuvstvuva-foto/ Thu, 08 Oct 2020 10:54:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170678

Водителката Јована Јоксимовиќ вчеравечер, 7-ми октомври 2020 год. беше специјална гостинка на промоцијата на новата колекцијаза  убавина на пејачката Емина Јаховиќ. Покрај тоа што дојде да ја поддржи нејзината пријателка Емина, Јована беше и водителка на програмата. Ова е првпат Јована Јоксимовиќ да застане пред камера по отказот и заминувањето од ТВ Прва, а водителката  за целата ситуација која сега е зад неа, изјави: „Кога ќе дојде време, ќе ви раскажам сè, иако немам нешто многу повеќе да кажам, освен дека во сето тоа има многу невистини“ - рече таа, а на прашањето како се чувствува во моментот, таа со широка насмевка од уво до уво, одговори: „Токму вака, како што изгледам“ - ​​рече видно веселата водителка, а потоа побрза да влезе во салата.]]>

По пауза од седум месеци, со „Говорна мана“ во МНТ повторно почнуваат претстави https://arhiva.vistina.com.mk/po-pauza-od-sedum-meseci-so-govorna-mana-vo-mnt-povtorno-pochnuvaat-pretstavi/ Mon, 05 Oct 2020 07:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170068

По пауза од седум месеци поради коронакризата се отвораат вратите на Македонскиот народен театар (МНТ). Првата претстава што е закажана е „Говорна мана“, на 14 октомври, на Големата сцена од 20 часот. Автор на текстот е Горан Марковиќ, режисер е Драгана Милошевски – Попова, а улогите ги толкуваат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска/Драгана Левенска. Според репертоарот на МНТ на 16 октомври (петок) повторно е „Говорна мана“, а на 19 октомври е закажан Меѓународниот театарски фестивал Бутринти, проекција на документарниот филм „Идината започнува денес“ (19 часот). До крајот на месецот има уште четири изведби, две на претставата „Кец на десетка“ (20 и 22 октомври, од 20 часот, Голема сцена) и „Брачна игра“, на 27 и 29 октомври исто така во 20 часот. Сите овие претстави претходно се играа на Малата сцена на МНТ. МНТ на својата интернет страница го објави протоколот за работа според препораките на Владата, Министерството за култура и Центарот за јавно здравје Скопје. Поради протоколите и придржување кон сите мерки и поради сериозната ситуација со Ковид 19, во Националниот театар не се прифакаат приватните настани. Што пишува во протоколите? • Според општите правила за реализација на настани треба да се искористат само 30% од капацитетот на салата • Да се оддржува претстава без пауза • Се забранува задржување при влез и излез во фоајето • Зголемување на времетраењето на влез и излез на публиката • Се забранува оддржување на коктели во фоајето на театарот • Претставите треба да траат час до час и половина • Претставите да бидат со мал број на актери и да се оддржува дистанца на сцена • Вентилацијата во објектот е со централен систем за вентилација и поставени се нови филтри,кои ке се менуваат на секои 6 месеци Протокол за публика • Задолжително носење маска на влез и во објектот • Поставување на дезинфекциона бариера за обувки • Поставени и означени места за влез пред билетарата • На самиот влез е поставено дезинфекционо средство • Има јасно и видно истакнато известување за придржување на мерките • Мерење температура на секој посетител • Доколку се покаже температура над 37 с не се пушта да влезе • Влезот е еден по еден во фоајето со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра • На влезните врати за публика во сала има по 1 распоредител и се пушта по 1 посетител (се отвара само една врата за влез во салата ) • Гардеробата е затворена (секој посетител ке мора да си ја земе со себе и да ја стави на местото слободно до него ) • Излезот од сала е на принцип 1 по 1 со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра]]>

Ја прашаа Мелита дали повторно би се омажила – eве што одговори (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-prashaa-melita-dali-povtorno-bi-se-omazila-eve-shto-odgovori-foto/ Wed, 05 Aug 2020 07:18:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161810

Некогашната македонската ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ доста е активна  на социјалните мрежи. Иако  повеќе не е дел од ТВ екраните, нејзината популарност не паѓа, па фановите често се интересираат за неа, нејзиниот приватен живот, актулени случувања.... Таа често знае да сподели разни провокативни фотографии  на кои ги истакнува своите облини и атрибути, а следбениците на социјалните мрежи ја опсипуваат со коментари, а доколку објавите се во облик на „Инстаграм стори“, тогаш Мелита добива многу директни пораки. Деновиве, Мелита го искористи слободното време за да одговара на разни прашања на оние кои ја следат на „Инстаграм“ истакнувајќи дека секојдневно ја бомбардираат со пораки, па сега може да ја прашат што сакаат. Тие ја прашаа за нејзиниот приватен, професионален живот, за нејзината ќерка Барбара, но и упатија многу позитивни коментари на нејзина адреса. Фановите и ја прашаа дали Мелита повторно би се вратила на малите екрани. „Фалиш на ТВ. Никогаш нема да сфатам како телевизиите се толку глупи. Ало, Мелита дига рејтинг“, беше еден коментар, на што екс водителката одговори: „Јас се повлеков бидејќи бев презаситена. Но, би сакала нов проект.  Се мислам на каков медиум. Мојата популарност не паѓа“. На прашањето дали повторно би ја водела емисијата „Pet show“, Мелита одговори: „Зошто да не. Тоа е моја специјалност. Еве пред 9 години некоја емисија кој сака да ја гледа. А јас ќе се размислам“. Следбениците ја прашаа и прашања од приватниот живот. Па така некој ја праша кое изненадување го памети од некој маж, на што Мелита одговори: „Еден маж во мојот живот буквално секој ден ми праќаше цвеќе. А има и убави други изненадувања која секоја жена ги сака“. Мелита и доби прашање дали ако го најде вистинскиот би се омажила повторно, на што кратко и јасно одговори „ДА“. Инаку, Мелита беше во брак со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ, а од нивната љубов произлезе ќерката Барбара која тргна по стапките на мама, па публиката може да ја гледа во естрадниот магазин „Бекстејџ“. Фановите и упатија на Мелита неколку прашања и за нејзината ќерка. „Што кај твојата Барби најмногу те прави горда?“. „Се’. Посебна и многу воспитана и со многу таленти. Но, кога таа пее, јас плачам од љубов. Мојата втора половина е“. „Дали често се карате со ќерка ти?“, гласеше друго прашање, а Ракиќевиќ одговори: „Па не. Обично јас сум таа што угодува, но се држам и строго кога треба. Но, ја размазувам и секоја желба и ја исполнувам“ одговори гордата мајка.   Дали Мелита серизоно ќе размисли да се врати на ТВ екраните, па можеби со нејзината ќерка заедно да се најдат во улога на водителки, останува да видиме. фото: Принтскрин/инстаграм/мелитаракиќевиќ]]>

Меган Маркл е повторно бремена: Актерката и принцот Хари чекаат второ дете? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/megan-markl-e-povtorno-bremena-akterkata-i-princot-hari-chekaat-vtoro-dete-foto/ Tue, 14 Jul 2020 11:50:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158777

Поранешната актерка Меган Маркл не се појавуваше во јавноста откако беше снимена во средината на април во друштво на нејзиниот тригодини помлад сопруг, принцот Хари, како доставува храна во Лос Анџелес за време на пандемија на коронавирусот. Токму заради ова, многумина напишаа дека војвотката меѓу четири sида ја крие својата втора бременост, а тие гласини сега по речиси три месеци ги засилија нејзините први фотографии во јавност. Имено, Меган Маркл и Хари биле снимени за време на нејзината посета на Беверли Хилс, каде што посетиле една приватна клиника. Сепак, вниманието од сопружниците беше пренасочено кон изборот на Меган на комбинација облека, односно широкиот фустан под кој не е можно да се види дали таа го крие бремениот стомак или не.  Затоа овие фотографии дополнително ги разгореа гласините дека нивниот едногодишен син Арчи наскоро ќе стане постарото братче.]]>

Зоо Скопје од утре повторно отворена за посетители https://arhiva.vistina.com.mk/zoo-skopje-od-utre-povtorno-otvorena-za-posetiteli/ Mon, 25 May 2020 09:54:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151221

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре, 26 мај 2020 год. од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките. Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината. Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.