повторно блиски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 10:41:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png повторно блиски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука повторно „се блиски“: Љубовта е минлива, само интересите се вечни или нешто трето ги спои, за актерката и креаторката одново заедно „да бидат среќни“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-pred-pet-godini-ja-rasipaa-kalimerata-vesna-bejbi-i-elena-luka-povtorno-se-bliski-lubovta-e-minliva-samo-interesite-se-vechni-ili-neshto-treto-gi-spoi-za-akterkata-i-kreatorkata-odnovo-zaedno-d/ Fri, 05 Jan 2024 10:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333828

Една предновогодишна видео најава на Весна Бејби Петрушевска и неколку заеднички новогодишни селфи фотографии со Елена Лука ја изненадија македонската јавност.
Особено зачудени, па и шокирани беа оние кои се добро упатена во модата и модните кругови во Македонија. До душа, некои позитивно, некои негативно, ама сепак сите останаа вчудовидени кога повторно ги видоа заедно, дека одново се „во арните“, популарната македонска актерка и исто толку познатата македонска модна креаторка. Зашто само оние кои се длабоко навлезени во модните кругови  знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ“ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука. Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено,  Бејби кај Елена Лука беше „дама за многу нешта“… Веројатно за добар хонорар за македонски услови, како што велеа добро упатените од внатрешните кругови! Оние кои своевремено биле сведоци на нивните блиски релации, велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“, но  и моќ, авторитет и стравопочит кај тогаш вработените.  Дама чиј збор, после оној на газдарицата секако, ќе биде главен и последен! Арно ама, по некое време газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Уште на тогашната традиционална осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби никаде ја немаше.  Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи…? Вистината за причината остана во малиот затворен круг?! Тоа значеше дека  дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши, тогаш навидум засекогаш? Остана само дилемата дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Елена или од Елена „доби метла“ заради причини, само на  ним двете познати? Или можеби во прашање беше нешто трето, па двете дами пријателски се разделија, што познавајќи ги карактерите на обете, би било тешко остварливо, но не и невозможно? Нешто, што и тогаш Вистина.ком.мк пишуваше. Зашто иако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука сега повторно „се во блиски релации“... Љубовта е минлива, но интересите се вечни?  Или можеби нешто трето  повторно ги спои, за актерката и креаторката сега одново „да бидат среќни“ и заедно да ја дочекаат Новата 2024 година. Како и да е, познатата креаторка и популарната глумица  на полноќ за Нова Година заедно одбројуваа до десет близу Струмица, во еден познат бањско-рехабилитационен, хотелски комплекс со лековита, термална вода, во нивната прва, јавна, заедничка, славеничка пригода по петгодишната „пауза“! Фото: Вистина.ком.мк-архива/Инстаграм/elenaluka_private/vesnapetrushevska  ]]>