поврзаност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 12:40:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поврзаност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како влијае бракот на здравјето? Нова студија открива дека има поврзаност меѓу нашиот љубовен живот и долговечноста https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vlijae-brakot-na-zdravjeto-nova-studija-otkriva-deka-ima-povrzanost-megu-nashiot-luboven-zhivot-i-dolgovechnosta/ Fri, 12 Jan 2024 13:55:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334847

Луѓето кои стапуваат во брак и остануваат во брак имаат подобро здравје од самците, но губењето на брачниот другар може да има сериозни здравствени последици, покажува новото истражување. Бројни истражувања досега докажаа дека оженетите обично имаат подобро здравје од слободните, но неодамнешните истражувања покажаа дека здравствените придобивки од бракот сепак не се толку големи, пишува The Guardian. Во една нова студија, истражувачите откриле дека средовечните и постарите оженети Американци имаат тенденција да го оценуваат своето здравје како подобро од нивните невенчани врсници. Тие исто така пријавиле помалку депресивни симптоми и ограничувања на подвижноста. Од друга страна, разведените или вдовците се во значително полоша состојба од нивните врсници кои никогаш не биле во брак. Ова е особено видливо во бројот на пријавени хронични здравствени проблеми. „Луѓето кои биле во брак пријавиле, во просек, околу 20 отсто повеќе здравствени проблеми и околу 23 отсто повеќе ограничувања во подвижноста“, пишува Журналот за здравје и социјално однесување. Се покажа дека повторниот брак ублажува некои од здравствените проблеми што се јавуваат по разводот или смртта на брачниот другар. Сепак, без разлика дали се нововенчани, овие мажи и жени се уште се во полоша здравствена состојба од оние во долгорочни бракови. „Разводот или смртта се исклучително стресни, а ова високо ниво на стрес остава трајни здравствени последици“, истакнува Линда Џеј Вејт, професор по социологија на Универзитетот во Чикаго. Студијата опфатила 9.100 Американци на возраст над 50 години. Од испитаниците, 55 отсто биле континуирано во брак, 4 отсто никогаш не биле во брак, а останатите биле барем еднаш разведени или вдовици. Извор: Попара]]>

Мартија со неколку фотографии јавно и го честиташе роденденот на мама, а мајка и Снежана ги реобјави, па и возврати со најубави зборови: „За тебе живеам“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martija-so-nekolku-fotografii-javno-i-go-chestitashe-rodendenot-na-mama-a-majka-i-snezhana-gi-reobjavi-pa-i-vozvrati-so-najubavi-zborovi-za-tebe-zhiveam-foto/ Wed, 13 Dec 2023 08:13:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330901

Поврзаноста помеѓу децата и родителите е нешто што трае цел живот. Особено со личноста што те родила, зашто една е мајка, нели? Кај некои таа е повеќе, кај некои помалку изразена, но помеѓу младата пејачка Мартија Станојковиќ и нејзината мајка Снежана, таа е повеќе од евидентна. Госпоѓа мама е верен следбеник на својата ќерка уште од времето кога оваа беше малечка, малолетна, а не е многу поинаку и сега, кога Мартија е веќе голема девојка. Снежана е  нејзина верна сенка која ја следи насекаде. До душа сега од малку поголема дистанца, зашто слатката мала кумановка сега многу нешта може сама, но сепак... Нивната поврзаност како мајка и ќерка сега е уште поголема, па иако малку поразлична, сега таа наликува како онаа на две другарки или на постара сестра со помалата. Затоа Мартија не само што роденденот на госпѓа мама не го заборави, туку  и  јавно го обзнани, па денот што го чекаме цела година и јавно и го честиташе на својата мајка Снежана. Неколку фотографии на социјалните мрежи од различни периоди беа доволни Мартија мајка си да ја остави без зборови. Или поточно, од неа како возвратна љубов и благодарност за четитките, да ги слушне оние - најубавите, како: „За тебе живеам“! Имено, Снежана секоја фотографија објавена на Инстаграм приказните на Мартија на која таа и го честита роденденот, ја реобјави на своите со топли мајчински зборови на љубов и благодарност... Особено ја погоди една фотографија од младоста која нејзината ќеркичка ја споделила, на која Снежана е во  фармерки, па истата вака ја искоментира: „Ајјјј... сликава... Фала душо мајкина“ - споделила госпожа мама, на чиј лик од младоста денес нејзината ќерка неодоливо потсетува и личи. Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic]]>

Моќта на мајката: Таа навистина чувствува кога нејзиното дете е болно https://arhiva.vistina.com.mk/mokta-na-majkata-taa-navistina-chuvstvuva-koga-nejzinoto-dete-e-bolno/ Mon, 16 Oct 2023 11:47:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322495

Кога мајката се сомнева дека нејзиното дете е болно, таа обично е во право, покажува студија на Универзитетот во Тексас – затоа лекарите им кажуваат на мајките да им веруваат на своите инстинкти. -Причината за ова е големата поврзаност помеѓу родителите и децата. Родителите лесно можат да препознаат промена во однесувањето на нивните деца, објасни Метју Томпсон, раководител на студијата. Воспалението на дишните патишта е една од најчестите болести за кои родителите бараат лекарска помош, а дури и првите знаци Доколку детето е бледо или кожата има сивкав тон, најдобро е да посетите лекар, а помага и мерење на пулсот на рачниот зглоб. Просечниот број на отчукувања во минута во предучилишна возраст е од 80 до 100 отчукувања. Забрзувањето на овој ритам може да укаже на променета здравствена состојба. Не треба да ја отстранувате малку покачената температура, бидејќи тоа е само знак дека телото се бори со инфекција. Најчести причини за треска се вирусни или бактериски инфекции и никнување на забите. Малите деца често ставаат играчки во устата и на тој начин внесуваат бактерии. Меѓутоа, ако дете под три месеци има температура над 38 степени, треба да се однесе на лекар. Постојано плачење, силно будење, болки во стомакот се исто така алармантни знаци. извор:курир.мк]]>

Гавазова и Карлеуша имаат неколку значајни работи кои ги поврзуваат, но за едно нешто дека го прават и двете никогаш нема да ви падне на памет (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gavazova-i-karleusha-imaat-nekolku-znachajni-raboti-koi-gi-povrzuvaat-no-za-edno-neshto-deka-go-pravat-i-dvete-nikogash-nema-da-vi-padne-na-pamet-foto/ Sat, 14 Oct 2023 07:16:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320047

Веројатно првата помисла ви беше дека она што првично ги поврзува Сузана Газавова и Јелена Карлеуша е тоа што и двете се пејачки... Tака e, но двете колешки ги поврзуваат уште неколку  заеднички нешта, па дури и такви за кои не би ни помислиле дека воопшто можат да ви паднат на памет. Заедничко на двете им е што долги години опстојуваат на сцената, негуваат иста љубов кон музиката, кон животните, од рана возраст почнале со кариера, двете имаат по две женски чеда, сакаат провокативна облека, имаа речиси иста висина, бујни атрибурти... а сигурно има уште некои нешта со кои двете би се нашле на иста фреквенција. Социјалните мрежи се прозорец кон животот на сите, па и на познатите, па токму оттаму, односно од нивните густо набиени „стории“ на Инстаграм дознаваме дека и двете сакаат градинарство и свежи домашни и органски производи и тоа изникнати на балконот од својот дом. Карлеуша во вилата на Дедиње, а Гавазова во вилата во Дојран. Па така и двете атрактивни пејачки одгледуваат домати на терасата, додуша Гавазова струмички домат од покрупните, а Карлеуша шери. Сеедно, пејачките и двете сакаат безбедна и здрава храна за себе и своите најблиски. Одгледување и насладување за сопствен мерак кое нема цена и тука нема ништо спорно. Што е сигурно, сигурно! фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Карлеуша, Сузана Гавазова]]>

Ова е единствената вештина која е навистина потребна за добар секс https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-edinstvenata-veshtina-koja-e-navistina-potrebna-za-dobar-seks/ Tue, 28 Feb 2023 13:22:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291045

Лудата хемија, феноменалните вештини, физичка издржливост и оргазам – многумина мислат дека нема добар секс без овие четири „состојки“. Меѓутоа, изгледа дека многу работи кои ги мислиме за сексот се – погрешни! Експертите велат дека само една работа гарантира вистинско сексуално задоволство – целосна предаденост. Главните елементи на целосна предаденост на партнерите се фокусираност во текот на сексуалниот однос, чувство на длабока еротска интимност, добра комуникација, искреност и желба за задоволување. Неодамнешна анкета покажала дека многу луѓе не посветуваат многу внимание на самиот оргазам затоа што сексот може да биде и лош иако дошло до оргазам. Поголем дел од испитаните парови навеле дека целосната предаденост е еден од најважните елементи за сексуално искуство затоа што тоа го потенцира меѓусебното почитување, прифаќање и нежност. Изгледот на телото и техниката се на самото дно од листата на приоритети во сексот затоа што добрите партнери доаѓаат во сите облици и големини, а вештините се стекнуваат со искуство. Се согласувате ли вие со ова? извор:tocka.kom.mk]]>

Водителката Сања Савеска ја откри својата посебна поврзаност со легендарниот актер Димче Мешковски (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-sanja-saveska-ja-otkri-svojata-posebna-povrzanost-so-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-foto/ Sat, 29 Oct 2022 07:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252454

Дненес повозрсната и помладата публика најмногу ја знае ТВ водителката Сања Савеска по кулинарскиот прокет „Брза кујна“, но Сања има подолго и подебело медиумско искуство со кое може да се пофали. Пред да го направи трансферот во телевизија Сител, таа работеше во ТВ 24 каде водеше сосема поразничен проект од овој сега. Нејзините почетоци пак, се во радио и тоа кога имала само 15 години, пројавила желба и за актерство по што се запишала во школа за актерска игра. Токму ова искуство тогаш и дава можност да синхронизира ликови во цртани филмови.
Како што вели Сања за она што таа е денес и за професионалното и животно искуство му е благодарна на легендарниот актер Димче Мешковски. За нивната поврзаност таа му посвети голем статус на својот профил на Инстаграм во кој вели:
-После 4 години повторно кафе со најдрагиот мој чичко Димче. Срцата полни. Имав само 15 години кога го запознав во радио, тогаш бевме колеги.Се воодушевував и радував што имам од кого да учам...и дека работам во исто радио со познатиот Мешко. Наскоро токму тој ја отвори првата школа за актерска игра, и без размислување се запишав. Тоа школо што го добив таму не се плаќа со ништо. Отидов да научам нешто повеќе за театарот и актерството, но научив многу повеќе. Животни лекции што ги нема ниту во книгите. Учев од вистински професионалец, и научив што е професионалност во работата. Таа школа ми ги отвори вратите во медиумите. Со него игравме претстави. Гледавме претстави. Бевме млада екипа која ги синхронизираше цртаните филмови во тогашната А1 телевизија. Ни даде вистински можности да ги истражиме и запознаеме медиумите. Ми стана учител, ментор и вистински пријател. Повеќе од 20 години сум благодарна што чичко Димче го имам за вистински пријател, мој и на моето семејство. Човек што ретко се раѓа и наоѓа. Мој чичко Димче, ти благодарам за сè! Дека кафето им било слатко, нема сомнеж, а им посакуваме уште многу вакви средби и спомени кои ќе ги паметат и прераскажуваат.]]>

Еве неколку начини на кои можете да се зближите со вашиот емотивен партнер https://arhiva.vistina.com.mk/eve-nekolku-nachini-na-koi-mozete-da-se-zblizite-so-vashiot-emotiven-partner/ Mon, 25 Jul 2022 13:13:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260140

Постојат многу работи кои можете да ги правите по сексот, а не едноставно да заспиете. Следните 7 предлози ќе ви помогнат уште повеќе да се зближите со партнерот. Галете се Ова е вообичаена работа. Галењето по сексот е најубав начин да му кажете на партнерот дека го сакате. Разговарајте Не мора да разговарате за сексот. Дури и наједноставнот разговор може повторно да ви ја разбуди страста и да ви ја подобри комуникацијата. Поврзете се Поврзувањето може да се случи на различни начини. Преку разговор, допири, галење… И така лежите еден покрај друг, па зошто да не си прошепотите некоја тајна на уво? Допирајте се Се разбира дека во текот на сексуланиот акт ќе се допирате, но и после сексот можете да применувате мали, суптилни допири. Нежно допрете ја раката или косата на партнерот. Тоа може повторно да ја разбуди страста и кој знае до каде може да ве однесе. Разговарајте за иднината Разговорот за иднината е многу важен. Можете да разговарате за вашите надежи и соништа, како и за тоа што очекувате иднината да ви донесе. Смејте се Сексот не мора да биде озбилен. После, па дури и додека имате секс, може да се смеете. Можете да си кажете по некоја шега или да ги спомнете работите што сте ги правеле. Тоа може уште повеќе да ве зближи и да направи да се чувствувате подобро затоа што не е сè така озбилно. Јадете во кревет Сексот е вежба која согорува многу калории. Најубав начин да ја вратите енергијата е да јадете. Затоа, после сексот можете да направите оброк кој ќе го јадете со партнерот во кревет. извор:курир.мк]]>

Која е поврзаноста помеѓу сексот и парите? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-povrzanosta-pomegju-seksot-i-parite/ Fri, 02 Apr 2021 12:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197333

Редовниот секс може да ни причини онолку среќа, колку и годишен бонус покрај платата, се вели во анкета објавена во весникот „Метро”. „…Така што, не е нужно работниците да чекаат покачување на работа, за да се почувствуваат задоволни. Подобро е да се посветат на сексот дома”, се истакнува во написот. Истражувањето опфатило 335 двојки, и се состоело од неколку фази. Најнапред тие биле запрашани – колку често водат љубов, колку се задоволни од животот, колку често се гушкаат, бакнуваат и држат за раце. Во втората фаза, која траела неколку месеци, по „друштвен експеримент“ со 106 двојки, констатирано е дека – колку што половите активности се почести, толку и луѓето биле посреќни во животот. Заклучокот е она што всушност сите го знаеме – дека редовниот секс ги поттикнува и сите други пријатни и хармонични односи помеѓу партнерите. извор: Нетпрес.ком.мк]]>