површини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Jul 2022 12:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png површини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Истражување: Ова се петте највалкани места во кујната https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-ova-se-pette-najvalkani-mesta-vo-kujnata/ Thu, 14 Jul 2022 12:15:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258668

Според новото истражување спроведено во 100 кујни во Филаделфија, најголем дел од домовите ги прекршуваат здравствените правила. Земени биле и примероци од разни површини во кујната, а резултатите се објавени во списанијата „Food Protection Trends“ и „Journal of Food Protection“. Податоците се застрашувачки, во најголем дел од домаќинставата имало глодари, а намирниците не биле чувани соодветно. Бактеријата Ешерихија коли била пронајдена во 15 проценти од домовите. Фрижидер Речиси во сите домови сопствениците неправилно го складирале свежото месо, вели истражувањето. Течностите од свежото месо дошле во контакт со друга храна во фрижидерот, а шест проценти од домовите ваквото месо го чувале на собна температура. -Ладењето го забавува или запира растот на бактерии, така што свежото црвено место, или рибата ако се чуваат на температура над 5 степени се овозможува брз развој на бактерии. Кујнски крпи и сунѓерчиња 64 проценти од сунѓерчињата за садови содржеле некоја бактерија. Обидете се често да ги менувате, а кујнските крпи да ги перете на повисока температура. Во и околу мијалникот Бактеријата Ешерихија коли обично е присутна околу мијалникот. Истражувачите откриле дека 82 проценти од мијалниците кои ги прегледале не го минале тестот на чистота. Даска за сечење Речиси 80 проценти од даските за сечење имале пукнатини, каде што бактериите потенцијално може да се размножуваат, откриле истражувачите. Уште полошо, околу 50 проценти од домовите немаа ниту даска за сечење - што може да значи дека луѓето подготвуваат храна на шанкот во кујната. Место каде седат милениците 65 проценти од домовите имале инсекти и измат од глодари. За тоа би можеле да бидат виновни домашните миленици, велат истражувачите.]]>

Кои површини не треба да ги чистите со алкохолен оцет? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-povrshini-ne-treba-da-gi-chistite-so-alkoholen-ocet/ Tue, 25 May 2021 12:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203948

Во многу домаќинства, алкохолниот оцет се користи како средство за чистење и отстранување разни видови дамки, избелување светли алишта, отстранување мрснотии и чистење разни површини. Сепак, треба да имате предвид дека оцетот е кисел и може да оштети некои материјали и површини. Еве за што не треба да го користите: 1. Дамки од јајца Можеби звучи чудно, но оцетот е последното нешто со кое треба да ги третирате дамките од јајца, бидејќи киселината може да започне процес на коагулација на јајцата: премин од течна во цврста состојба, што сериозно ќе ја комплицира вашата работа. Наместо да ставате оцет, извадете ги цврстите остатоци од површината со нож или лажица. Истурете две лажици детергент за миење садови во две чаши топла вода и избришете ја лигавата трага од јајцата со крпа или со меката страна на сунѓер; нежно тапкајте додека дамката не исчезне. 2. Подови од цврсто дрво Иако некои мислат дека оцетот не треба да остава трага на дрвото, многумина велат дека разредениот оцет не треба да се користи за чистење дрвени подови, бидејќи киселината може да ја нагризе површината. Затоа, избришете го подот со влажна (не многу водена) крпа и со средство за чистење дрво. 3. Пегла Можеби сте во искушение да ги исчистите со оцет дното на пеглата и малите дупки, но следете ги упатствата на производителот за да ја исчистите пеглата правилно. 4. Камени и керамички плочки Оцетот и лимонот може да ги оштетат сите видови камени и керамички површини, затоа треба да се избегнуваат, а наместо овие кисели средства, користете детергент наменет за чистење на вакви материјали. 5. Тврдокорни дамки Оцетот веројатно нема да ги исчисти дамки што се отстрануваат тешко, како што се дамки од мастило, трева или вино. Можеби ќе ви треба нешто повеќе од раствор за чистење со оцет. 6. Мермер и гранит Оцетот може да ги уништи и да ги нагризе мермерот и гранитот, па дури и да ја отстрани бојата од нивната мазна површина. За чистење на површините од мермер и гранит користете детергент за миење садови разреден во топла вода. извор:кафепауза.мк]]>