повеќе не го интеренсираш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Feb 2022 12:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png повеќе не го интеренсираш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Женски водич: Јасни знаци дека веќе не го интересираш https://arhiva.vistina.com.mk/zenski-vodich-jasni-znaci-deka-vekje-ne-go-interesirash/ Mon, 28 Feb 2022 13:30:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241000

Ако сте забележале чудно однесување, време е да ги преиспитате причините зошто сте заедно и да се ослободите од врска што не е здрава за вас. Ова се јасни знаци дека веќе не го интересираш и само го губиш времето со него:

Избегнува состаноци

Кои се причините зошто не можете да се најдете? Не одговара на повици и не одговара на пораки? Дали прави сѐ за да те држи на добра дистанца? Ако одговорот е „да“ на барем едно од овие прашања, има големи шанси дека не си му посебна.

Ги бира другите пред тебе

Не толку одамна сакаше да го помине целото слободно време со тебе, а сега изгледа го избира само она што ќе го оддалечи од тебе. Ако чувствуваш дека така се однесува, тоа е знак дека има „проблеми во рајот“.

Необјаснети промени во однесувањето

Ако неговата љубов одеднаш изгледа повеќе како сожалување и ако чувствуваш како да си со странец кога си со него, итно треба сериозно да разговарате.

Го нервира сѐ што правиш

Сосема е можно да нема повеќе љубов од негова страна. Тој се обидува да ја скрие својата вина и ти наоѓа маани и грешки. Така, тој ќе најде причини да се откаже кога конечно ќе одлучи за тоа.

Избегнува секаков вид на интимност

Те оттурнува секогаш кога ќе се обидеш да се зближите, повеќе не споделува интимни тајни со тебе, избегнува да се држите за рака во јавност... листата на слични работи е долга, а тие се знак дека повеќе не се чувствува удобно кога е со тебе.

Те изневерува

Го губи интересот за тебе и се обидува да најде утеха во туѓа прегратка. Ако се чувствуваш изневерено или имаш потврда за тоа, време е секој да тргне по својот пат.

Не зборува за иднината

Кога еден маж одеднаш престане да зборува за заедничка иднина, тоа е знак дека размислува за раскинување. Тој смета дека е бесмислено да се разговара за нешто што нема да се случи.

Зборува за пријателство по љубовта

Ако планира раскинување, може да почне да зборува за позитивните страни на таквиот исход. Можеби со тоа те подготвува за она што ќе дојде наскоро.

Не сака да те претстави како негова двојка

Пред новите луѓе што ќе ги запознаете, избегнува да те претстави како негова девојка. Можеби те претставува како пријателка.

Договара планови во кои не си вклучена

Ако тоа се случува во нормална мера, тогаш е во ред (не треба да ги занемаруваме пријателите кога сме во врска), но ако тоа почнува да се случува често, тоа покажува дека повеќе сака да ужива со другите отколку со тебе. Затоа, дури и да забележиш дека неколку работи од списокот се случуваат во вашата врска, имај на ум дека секоја врска поминува низ криза и дека отворената врска и разумните разговори решаваат многу. Не се откажувај веднаш од сѐ ако има љубов и надеж за иднината. извор: Кајгана]]>