поуки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Nov 2020 08:55:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поуки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков има рецепт за патот до успехот: „Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш“!!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ima-recept-za-patot-do-uspehot-ako-sakash-da-pobedish-ne-smeesh-da-izgubish-foto/ Mon, 23 Nov 2020 08:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177288

Сите убави, (а Бога ми и неубави) нешта прво се случуваат во мислите. Вашите или туѓи, во зависност што замислувате, што посакувате, кон што се стремите, што целите... Или кому што му мислите и тој вам! Пото стапува не сцена реализацијата, акцијата, валоризацијата, материјализацијата... Како и да е, старата опортуна теорија на спротивности за тоа на што почива светот и животот, на идејата или материјата, се' уште е во постојана борба помеѓу идеалистите и материјалистите. И додека едните мечтаат, сонуваат, мислат, си замислуваат, измислуваат... другите, нивните идеи ги материјализираат. И тоа легално... или илегално, сеедно, важно е дека ретко кој има и „умна глава и полни џебови“ во исто време, а при тоа да не позајмил, украл, ископирал, измамил... туку се' сам да смислил и комплетно реализирал! Но нејсе, како да дојдете до иделаната формула за успех многумина размислувале и книгуи пишувале, а за една од нив се фати и нашата позната ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„Мисли и збогати се“ се вика четивото што и го привлекло вниманието и ја залепило за неговите страници... Случајно или со предумисла, згодната Снежа ја грабнала книгата в раце и не се двои од неа додека не ја простудира. „Сите убави нешта прво се случуваат во мислите. Напишана е од Наполеон Хил во 1937 година и уште важи како пучно четиво за луѓе кои имаат намера да успеат и да не звршат во масата на просечни вработени. Мисли и збогати се" е впрочем управување со своите мисли преку методи, преку приципи преку себеспознавање со единствена цел да ги надминете пречките кои викаат дека тоа што сте го замислиле е невозможно и да стигнете до посакуваната цел...“ - е поентата на четивото „на среќата“, кое живо ја заинтересира Снеже Велков. „Низа инспиративни приказни за луѓе кои успеале а припаѓале на просечните луѓе, инспративни мисли и насоки дека шансата не доаѓа секогаш завиткана во убава хартија, туку некогаш е сосема спротивното, некогаш шансата доаѓа како проблем.... И фактот дека сите генијални идеи на почетокот изгледаат како комплетна лудост“ - пишува Снеже раскажувајќи ја целта и поентата на книгата. Арно ама, едно е на хартија, друго е во пракса... Едно е напишано во книга, друго не учи животот... Особено што секаде не важат подеднакво истите правила, колку и да се универзални. Зашто на толку проблеми, ако истите биле скриени шанси, да беше така како што пишува, до сега ќе бевме Швајцарија на Балканот! Патем, генијалци и генијални идеи овде отсекогаш имало... Впрочем и Тесла и Пупин имаат македонска жица, македонски корени во потеклото... Ама за жал нам до ден денес ни останала само лудоста. Затоа  поентите и принципите од книгата кои Снеже Велков ја фасцинирле, овде или многу малку важат или воопшто не важат. Како на пример, оние од типот:
  1. Ако сакаш да успееш, мора точно да знаеш што сакаш!
  2.  Формалното образовиени не учи на се', освен на тоа како да го примениме и да направиме пари...
  3. Погрешно е дека знаењето е моќ... Знаењето без конкретна примена кон конкретна цел, не значи ништо.
  Овде многу повеќе важат принципите и поентите или поточно уренебесните мудрости од култниот стрип Алан Форд и неговите легендарни ликови:
  1. Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!
  2. Кој ќе ја изгуби добивката, тој ќе ја добие загубата!
  3. Еден за сите - СЕ' за еден!
  4.  Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку еден месец во беда. 
  5. Ние ништо не ветуваме... А тоа и го исполнуваме (Партија на вистината).
  6. Подобро жива кукавица, отколку мртов херој...      
И уште цела низа други „мудрости“... Но, тоа не значи дека не треба да читате книги... Па макар и онаа што убавата водителка Снеже Велков ја воодушевила и од се' срце ви ја препорачува. Впрочем, добро е да прочиташ, а уште подобро е да издадеш книга, отколку да издадеш пријател, сопствениот народ или татковината, што, како што ви е веќе познато, овде не е редок случај! Најважната поента во книгата што ви ја препорачува  Велков вели: „Мислата е таа која ќе те насочи каде сакаш да одиш, а акцијата ќе те однесе до целта“. Колку умеат да мислат они е што не водат, видовме од нивната „акција“... До душа тие си ја постигнаа целта, а нас не (не) одведоа... до никаде! А, кој ни е виновен, кога не „ги прочитавме“ на време!       Затоа, читајте... Книги или стрипови, сеедно, важно е да се чита и од прочитаното четиво да се извлечат најважните поенти и поуки. Тоа сакаше убавата водителка Снеже Велков да ви го каже. Ние за крај, ќе ви кажеме уште една поента од легендарниот стрип: „Купете и цвеќе на саканата жена... патем, не заборавајте ја и сопствената“! Не знаеме само дали и министерот Венко Филипче читал Алан Форд?            ]]>

Адријана Алачки со поуки од животните искуства: „Простувам, но не заборавам“ https://arhiva.vistina.com.mk/adrijana-alachki-so-pouki-od-zivotnite-iskustva-prostuvam-no-ne-zaboravam/ Tue, 15 Sep 2020 07:31:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166941

Годините ги носат искуствата, но некогаш за некои не е доволен ниту целиот живот за да се изберат вистинските луѓе и одлуки. Пејачката и ТВ водителка Адријана Алачки, на својот Инстаграм се осврна токму на оваа тема и лекциите од животот преку извадок од писателот Меша Селимовиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Adrijana Alacki (@adrijanaalacki) on

Таа сподели статус на социјалните мрежи кој го привлече вниманието на нејзините следбеници, а во истиот се вели: „Ќе сфатиш, девојко моја… Не се старее со оној кој најмногу си го сакала и кој најмногу те сакал… Еден ден ќе ти биде јасно дека се старее со оној чие почитување кон тебе, како жена, било исто силно како и љубовта која ја чувствувал кон тебе. Оној кој те почитува не лаже, не изневерува и не те остава сама никогаш. Тој е твоја поддршка, твое рамо за плачење кога ќе дојдат тешките денови. Сите убави, згодни и млади паѓаат во сенка кога ќе го запознаеш него, просечниот со посебен карактер и големо почитување кон тебе. Почитување кое оди рака под рака со „Те сакам“. Не важат ниту убавината ниту привлечности, ниту сите останати неважни работи… единствена вистинска љубов е онаа во која почитувањето е присутно од првиот до последниот ден.“ „Не. Не простувам бидејќи сум наивен, глупав или бидејќи немам гордост. Сѐ знам и сѐ гледам. Но, и понатаму верувам во доброто на луѓето. Така избрав и знам дека поради тоа животот ќе ми биде поубав и подобар. Простувам, но не заборавам. Давам по некоја шанса и себеси, но и на другите“. Меша Селимовиќ Инаку, Адријана до 2011 година беше во брак со македонскиот хармоникаш и композитор Горан Алачки, а од бракот имаат две деца, Грациела и Благоја.]]>