поучна приказна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Apr 2019 11:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поучна приказна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поучна приказна: Никогаш не знаете што ќе се случи утре! https://arhiva.vistina.com.mk/pouchna-prikazna-nikogash-ne-znaete-shto-kje-se-sluchi-utre/ Mon, 01 Apr 2019 12:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80470

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден кога ја завршила својата смена, отишла во ладилникот да провери нешто и во момент на невнимание, вратата од ладилникот се затворила и таа останала заробена. Иако викала и довикувала помош, никој не ја слушнал бидејќи сите си заминале, а ладилникот бил изолиран така што никој не можел да ја чуе. Останала во ладната просторија и знаела дека е осудена на с*рт ако таму го дочека утрото. После неколку часа, оваа девојка била речиси смрзната и се простила од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладната просторија. Кога подоцна го прашала чуварот зошшто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа не е негова вообичаена рутина, тој објаснил: „Работам тука веќе 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влегуваат, но ти си една од ретките кои секое утро и секоја вечер ме поздравува. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече ’Добро утро, како сте’ и се насмеа. Но после работното време сфатив дека не го слушнав твоето ’Довидување, се гледаме утре’. Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостасува и затоа тргнав во потрага по фабриката. Така те пронајдов“. Лекција: Третирајте ги луѓето со почит. И чуварот и чистачката се луѓе како и вие. Ценете ги луѓето кои умеат да зборуваат и со доктор на науки, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент е на ниска позиција. Никогаш не знаете што ќе биде утре. извор:скопје24]]>

Приказна која вреди да се прочита: Кога ќе наполни 40 години, орелот мора да донесе тешка одлука https://arhiva.vistina.com.mk/prikazna-koja-vredi-da-se-prochita-koga-kje-napolni-40-godini-orelot-mora-da-donese-teshka-odluka/ Thu, 21 Mar 2019 13:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78698

Според приказната, орелот живее идентично колку човекот, но доколку посака да ја доживее староста до 80 години, тој мора да донесе тешка одлука, дали ќе го помине патот на болно умирање и повторно раѓање? Кога орелот ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи како храна. Долгиот и остар клун станува свиткан. Старите и тешки крила се прилепуваат за градите, поради што не може да лета. Тогаш, на орелот му остануваат две опции – да умре, или да помине низ болниот процес на промени кои траат 150 дена. Тој процес бара од орелот да стигне до врвот на планината и да седне во гнездо. Таму, орелот клука со клунот од каменот сѐ додека тој целосно не падне. Потоа, чека да му порасне нов клун. Со новиот клун ги клука старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги кубе старите пердуви. Само така по 5 месеци, орелот повторно може да се вивне во лет и да живее уште 40 години. ПОУКА: Многупати, за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Би требало да се ослободиме од некои сеќавања, лоши навики, лоша околина. Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж, можеме да ја живееме во сегашноста! извор:скопје24.мк]]>

Поучна приказна: Луѓето секогаш ќе зборуваат https://arhiva.vistina.com.mk/pouchna-prikazna-lugjeto-sekogash-kje-zboruvaat/ Fri, 04 Jan 2019 14:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66044

Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот и така тргнале на пат. Кога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“ Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него. Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите. Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат. Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“ Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.]]>

„Се состанувам со девојка иако сум оженет“: Приказна која го освои светот https://arhiva.vistina.com.mk/se-sostanuvam-so-devojka-iako-sum-ozenet-prikazna-go-osvoi-svetot/ Wed, 12 Sep 2018 12:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47416

Џерид Вилсон е сопруг, татко, автор и блогер. На својот блог тој јавно го пишува текстот со наслов „Се состанувам со девојка иако сум оженет“. Многумина би рекле дека тоа звучи ужасно и веднаш би го осудиле. Но, треба да ја прочитате неговата приказна. Иако не верувате, бидете сигурни дека ќе ве освои. „Таа е неверојатна девојка. Убава е, паметна, силна и има неверојатна верба во Бог. Сакам да ја носам на вечера, во кино, да излегуваме на кафе и секогаш ѝ кажувам колку е убава. Не можам да се сетам кога последен пат сум ѝ бил лут подолго од 5 минути. Нејзината насмевка знае да ми го разубави денот, без разлика на околностите. Понекогаш доаѓа да ме посети на работа, ненајавено. Ми подготвува неверојатен ручек, а понекогаш ме изненадува и со колачиња кои сама ги направила. Не можам да поверувам колку сум среќен што се состанувам со некоја толку прекрасна, и покрај тоа што сум женет. Топло ви препорачувам и вие да го пробате тоа и да видите што може да направи во вашиот живот. Ох, а дали ви спомнав дека девојката со која се состанувам е мојата сопруга? Па, што друго очекувавте? Само затоа што сте венчани, не значи дека вашиот живот со состаноци завршува. Морав да продолжам да се состанувам со мојата сопруга иако се оженив со неа. Заведувањето и освојувањето меѓу нас не смее да престане само затоа што сме рекле „Да“. Често забележувам дека многу љубовни врски умираат затоа што престануваат да се заведуваат и освојуваат. Состанувањето е време кога можеш многу да научиш и да откриеш за другата личност, и тоа на посебен начин. Зошто воопшто би сакале да престане тоа? Не треба. Оние пеперутки кои ги имавте на првиот состанок не треба да одлетаат само затоа што поминале години. Будете се секој ден и заведувајте се меѓусебно како да сте на првите неколку состаноци. Ќе забележите драстична промена на подобро во врската, односот и бракот. Комуникацијата и освојувањето се клучот за успешна врска. Никој не сака да биде во врска со некој што не сака постојано да го заведува и освојува. Ве охрабрувам да почнете да се состанувате со вашите венчани партнери, да се заведувате, грижите и освојувате. Покажувајте ја љубовта секојдневно.]]>

Важна и поучна приказна за пријателството https://arhiva.vistina.com.mk/vazna-i-pouchna-prikazna-za-prijatelstvoto/ Thu, 23 Aug 2018 16:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44382

Оваа куса приказна за птиците е голема поука и за луѓето. На препелицата ѝ се случила страшна несреќа – ѝ се запалило гнездото. Долетал гавранот и видел што се случило. „Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка. Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот. Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал. Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.]]>