потсетник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Jan 2019 10:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png потсетник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Порака до општинскиот кмет на Ѓорче Петров: Градоначалник излези од кафеана! https://arhiva.vistina.com.mk/poraka-do-opshtinskiot-kmet-na-gjorche-petrov-gradonachalnik-izlezi-od-kafeana/ Tue, 29 Jan 2019 10:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69843

Не беше така оддамна кога градоначалникот на општина Ѓорче Петров во еден ресторан лоциран во општината, заедносо високи функционери на владејачката СДСМ  уживаа во добро расположение, при тоа срамно славејќи ја промената на името на Република Македонија, тогаш тазе изгласана во Македонскиот парламент.
Очевидци сведочеа дека на прославата за промената на името, присутните најмногу ги забавувал токму градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој заедно со музичарите им пеел на гостите. На социјалните мрежи осамна и видео од  прославата на „патриотот“ Наумоски, на кое  тој ја пее познатата изворна македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“. Освен „срамот“ од кафеана не излезе ниту Ѓурѓа, ама по се' изгледа не излегува ниту градоначалникот Наумовски. Од ветените проекти за подобар живот во општината, нема ништо... Граѓаните на Ѓорче останаа само на предизборните ветувања, во стариот добар СДС стил: „Ќе биде...“! А кога?  Кога градоначалникот ќе излезе од кафеана!
Во меѓувреме  излегоа некои други на улица... Сега за сега, само за да го потсетат... Со знак! Поточно со табла, на која пишува: „Градоначалник, излези од кафана - твој СДСМ“.
Па истата ја поставија на местото на кое и да сака не може да ја промаши и да не ја види кога секојдневно ќе оди во кафеана... Пардон, на работа. На кружниот тек на влезот во општината кај црквата Свети Петар и Павле.
Можеби по ова на Социјал Демократот од Северна Македонија (СДСМ) ќе му текне... нешто и да подработи!        ]]>