потпретседател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Aug 2021 10:28:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png потпретседател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Приватниот живот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски: Охриѓанец во Скопје, а најмногу Македонец (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/privatniot-zivot-na-potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-i-pratenik-aleksandar-nikoloski-ohrigjanec-vo-skopje-a-najmnogu-makedonec-video/ Thu, 26 Aug 2021 10:09:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216891

Тој во политиката е речиси целиот свој живот. Во не влегува уште како многу млад, за на свои 22 години да стане најмладиот пратеник во Македонскиот парламент. Родум охриѓанец, од својата 17-та година скопјанец, а најмногу Македонец. Така барем вели дека најмногу се чувствува. Охрид се' уште му е во срцето, за посета на родителите, роднините, средба со пријателите, за одмор, за прошетки покрај езерото, по Галичица... Но, ги сака сите убавини на Македонија. Како мал тренирал теквондо, а е и бивш баскетџија, па откако ја скинал ахиловата тетива постојано води борба со килограмите, најмногу со пешачење и внимавање на исхраната, за која вели дека е клучна. Го обожува спортот, НБА, тенисот, многу го почитува Ѓоковиќ, но повеќе е за Федерер, го сака боксот, особено пред неговата комерцајилазација и ракометот кој е спорт број еден во Македонија. Мајка му посакувала да стане лекар, зашто бил првенец на генерацијата во средното училиште, но нему политиката му била прва и се' уште актуелна љубов, ја работи со исклучителна посветеност и не зажалил што  се определил да се занимава со неа професионално и со стручна наобразба како дипломиран на Факултетот за политички науки. Каков е како домаќин, како функционира во бракот со сопругата, дали пере, пегла, готви, му пречи ли постојано да е во костум и вратоврска, каква музика сака да слуша, рок ен рол или електронска музика, техно и ДЈ -и, има ли анегдоти кои му се случиле, а јавноста не ги знае и уште многу нешта од приватниот живот, денес на ТИ, во утринскиот Магазин на ТВ Сител со гледачите и јавноста ги сподели  потпретседателот на најбројната македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Овој пат политиката и политичките збиднувања ги остави зад себе, па ја отвори душта за она што за него го знаат само најблиските... Слушнете од него, од прва рака, како изгледа неговата „друга страна“ од животот, надвор од политиката, во видеото во продолжение: ]]>

Александар Николоски: „Сакам хумор на своја сметка, зашто сметам дека интелигентни се оние, што можат да издржат ваков тип на критики“ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-nikoloski-sakam-humor-na-svoja-smetka-zashto-smetam-deka-inteligentni-se-onie-shto-mozat-da-izdrzat-vakov-tip-na-kritiki/ Wed, 29 Jan 2020 15:51:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131713

Александар Николоски, потпретседател на политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Со политиката започнува уште како многу млад тинејџер, каде од својата 17-та година ќе биде претседател на Средношколската унија на Македонија. Ќе биде избран за претседател на Унијата на млади сили или младинската организација на партијата во која што членуваат сите кои имаат до 28 години. Во тој период успеаваат да станат најсилна младинска организација која за само една една година ќе собере 20.000 членови. Во 2006 година  на негови 22 години станува најмладиот пратеник во Македонското собрание во историјата на Македонија и од тогаш започнува формално да дејствува во политиката. „Причината поради која што решив да се занимавам со политиката, иако е многу неблагодарна професија, е можноста да оставите нешто за луѓето позади вас. Јас сакам да оставам нешто кое што ќе го паметат идните генерации. Да ја подобриме државата и да оставиме една трага во историјата“ - ја започнува својата приказна Николовски за мотивите што политиката ја одбрал за своја професија. „Тогаш имав само 22 години и се' уште немало помлад пратеник во Македонија. Ова беше навистина интересно и комплетно ново искуство. Младите го препознаа тоа, затоа што тогаш прв пат во политиката се даде шанса на млади луѓе. Претходно тоа биле сериозни господа, со сериозни фризури и костуми и немале многу чувство за младите. Лично ми беше тоа голем предизвик, ми се промени животот многу, како на професионален така и на приватен план. И покрај што бев млад во политиката, јас продолжив со мојот вообичаен живот“ - продолжува актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Обврските во политиката бараат целосна и максимална посветеност, така што распоредувањето на времето за работата наспроти семејството, другарите, пријателите, па и времето одвоено за себе е вистинска уметност на балансирањето, за која Николоски вели: „Многу сум благодарен на мојата фамилија, на пријателите и на сопругата што издржуваат и ме поднесуваат, зошто ако сакате да успеете во овој живот кој јас го водам, тогаш потребно е 24 часовна посветеност. Денот ми започнува околу 09:00 часот наутро и завршувам секој ден помеѓу 23:00 и 01:00 часот по полноќ. Тоа е темпо кое што не ви остава многу простор за фамилија или за пријатели. Од седум работни дена во неделата, јас работам сигурно шест, а некогаш и повеќе, но се обидувам неделното попладне да го поминам во одмор. Морам да кажам дека сопругата ми дава огромна поддршка и добро е што и таа има интензивно темпо на живот и се вклопуваме двајцата“. Приватно, Александар вели дека денот го започнува со смути, потоа морам да се напие добро кафе, а зависно од интензитетот на дневните обврски, ручекот или вечерата со сопругата и предизвикот што ќе прави утре му ги полнат батериите и му даваат дополнителен адреналин. Иако многумина имаат поинаква перцепција за него, Александар во суштина, приватно знае да биде многу забавен тип. „Сакам хумор и забава, тоа ми е од дете и се трудам да го правам тоа на симпатичен начин за пријателите. Сакам хумор на моја сметка бидејќи сметам дека интелигентни луѓе се оние кои што можат да издржат ваков тип на критики“ - вели Николоски, кој во неформално потенцира делка го сака родниот Охрид и без него не може: Се обидувам да одам во Охрид секогаш кога можам бидејќи таму живеат моите родители и родителите на мојата сопруга. Охрид го обожавам и навистина многу го сакам во секој период од годината. Таму пораснав и тоа ми е една убава духовна енергија“ - раскажува македонскиот политичар кој сега живее во Скопје, од кое пак пешачењето на Водно, ноќните излегувања, уживањето во добар пијалок и добра забава се' уште ги практикува онолку колку што му дозволуваат обврските и времето. За крај, Александар Николоски иако се' уште млад, но доволно зрел и искусен политичар има своја порака за младите генерации кои доаѓаат: „Би им порачал на младите да си ги следат соништата и да не зависат од никого и да не слушаат никого. Добро е да примаат совети, но на крај сами да си ги носат одлуките. Она што исто така им го препорачувам е што повеќе да се насочат кон науката и технологијата, бидејќи ако не ги следите, нема да можете да опстанете во ова општество денеска. Треба да бидат бунтовни особено кон нас кои се занимаваме со јавен живот и политика. Мора да не критикуваат и не смеат да ни кажуваат дека за се сме во право, бидејќи тоа е нешто што секого го уништува“. Извор:  Friday.mk  ]]>

Миро Кацаров не е баш „муто у жуто“: Дење политичар, навечер ТВ водител, а утре… можеби министер? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-kacarov-ne-e-bash-muto-u-zuto-denje-politichar-navecher-tv-voditel-a-utre-mozebi-minister-foto/ Thu, 13 Dec 2018 08:48:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62801

Далеку најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се врати во телевизискиот етер, а со него и оние кои се лицето на емисијата - неговите водители. И додека Миа Костова е далеку поекспонирана во јавноста, особено на социјалните мрежи и порталите заради своите трансформации, потезите што ги влече во животот, провокативните фотосесии, интересните фотографии и постови на нејзините профили..., посилната половина од водителската двојка некако како да е во нејзина сенка. Но, само навидум!
Миро Кацаров, наречен „Миро Де Ниро“, беше некогашен новинар-репортер на „магазинот од зад сцената“, а сега штипјанецот со скопски престој е дел од водителскиот тандем на неговото возобновено издание. Во меѓувреме, додека, „Бекстејџ“ мируваше, Миро не мируваше! Кацаров микрофонот го стави на „стенд бај“, па своите физички предиспозиции ги искористи да се промовира себе си како машки топ модел! Патот ќе го одведе дури до Дубаи, каде некое време ќе престојува и работи, за потоа да се врати назад, во родниот Штип.
А таму модата решава да ја замени со политиката, а модната писта со политичката говорница.
Имено Миро Кацаров како член на „Либерал-демократската партија на Македонија“, станува и еден од нејзините потпретседатели. На штипскиот општински огранок до душа, ама функција си е функција. Особено политичката кај нас - пари вреди... Како што се покажа сиве овие години од осамостојувањето!
Но, со идејата за возобновување на „Бекстејџ“ и негово враќање во македонскиот ТВ етер, Миро „Де Ниро“ Кацаров, не му одолеа на предизвикот - повторно да биде ТВ водител... Ама не се откажа и од политката... Што си е сигурно - си е сигурно!
Па така, денес Миро е како Бетмен. Дење едно - ноќе друго! Кацаров е две, а можеби наскоро и три во едно: дење локален политичар, ноќе национален ТВ водител, а наскоро... Наскоро можеби и владин министер!?
А тоа што жолтата му е омилена боја...? Нееее... не е само заради партиските бои.
„Сваки муто носи жуто, овој пат јас“ - напишал на една од фотографиите во жолто, водителот. Ама како тргнал да гради кариера, Миро „Де Ниро“ Кацаров, по се ' изгледа, воопшто не е „муто у жуто“!
 ]]>

(ФОТО) Елегантнo и роматично: Се ожени Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а ова е неговата сакана https://arhiva.vistina.com.mk/foto-elegantna-i-luksuzna-venchavka-se-ozeni-aleksandar-nikoloski-potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-a-ova-e-negovata-sakana/ Tue, 19 Jun 2018 10:25:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33191

Еден од тројцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изминатиот викенд се заколна на вечна љубов на својата сакана избраничка и со тоа и официјално заплови во брачните води. Елегантната и романтична  венчавка се одржа во кругот на најблиските, роднините, пријателите, колегите... на која младите ја прославија својата љубов.
Свадбата се случи во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, додека брачните завети, Александар и Александра си ги дадоа во стариот дел на Охрид во црквата Св. Богородица Перивлепта.
Инаку, невестата Александра Димитриеска по потекло е од Охрид, додека нејзина професионална определба е економијата. Дипломирала и магистрирала економски науки во Љубљана.
Александар пак пред сегашната позиција во партијата каде е долгогодишен член, исто така е пратеник во повеќе мандати, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008 и повторно избран во 2017 година, а беше именуван и за меѓународен секретар на партијата. Николоски стана член и на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а потоа беше избран и за прв потпретседател на мониторинг комитетот при Советот на Европа. Честитки за младите! фото:фејсбук]]>