поточиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 13:02:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поточиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Поточиња“ на 13 и 14 април во Македонска Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/potochina-na-13-i-14-april-vo-makedonska-filharmonija/ Tue, 05 Mar 2024 11:16:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341150

На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на популарниот водител Поки. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на следниот линк – https://mktickets.mk/event/potocinja2024/ по промотивна цена од 350 денари до 31.03.2024. Цената на билетите од 01.04.2024 ќе изнесува 450 денари. Фестивалските претстави се со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. Минатата година Поточиња со прекрасно издание го прославија својот 20-ти јубилеен роденден, а годинава се очекува забавата да продолжи на радост на сите деца.]]>

Аудиција за нови членови на „Поточиња“ од 11 до 14 септември https://arhiva.vistina.com.mk/auditsija-za-novi-chlenovi-na-potochina-od-11-do-14-septemvri/ Mon, 11 Sep 2023 12:08:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317414

Со голема радост и задоволство ве известуваме дека од 11 до 14 септември 2023 година во ООУ Блаже Конески кое се наоѓа во населба Аеродром ќе се одржи aудиција за прием на нови членови - учесници на новото издание "Поточиња 2024". Нашите нови Поточиња треба да се подготват и да отпеат една омилена песна по избор и притоа да донесат широка насмевка. Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири денови во период од 18:00 до 19:00 часот во ООУ Блаже Конески (нас. Аеродром) додека пак самото пријавување се извршува на лице место. Аудицијата е за деца од 5 до 10 години. Додека нашите нови Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната Аудиција погледнете го нашиот мал потсетник за тоа како изгледаше нашето последно јубилејно 20.издание низ слики и видео запис. Дојдете и Вие и бидете дел од најубавата детска музичка приказна. ]]>

„Поточиња“ спектакуларно го прославија својот 20-ти роденден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/potochina-spektakularno-go-proslavija-svojot-20-ti-rodenden-foto/ Mon, 15 May 2023 09:10:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301943

Викендов Македонската филхармонија беше исполнета со детски џагор, песни и многу насмевки. Причината беше големиот роденденски јубилеј – 20 години „Поточиња“. Ниту шест претстави не беа доволни да се задоволи интересот на децата, не само од Скопје, туку и од цела Македонија кои сакаа да го посетат роденденското издание. Билетите во слободна продажба пламнаа и капацитетот на големата сала на Македонска филхармонија беше исполнет до максимум. Над 5.500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) дополнително ја загреа атмосферата со најавата на носечката роденденска песна „Викни Хеј!” која публиката веднаш ја прифати и запеа, а потоа се редеа новите детски песни кои веќе на прво слушање ги освоија срцата на децата. Атмосферата достигна највисоко ниво кога хорот „Поточиња“ специјално за оваа пригода го отпеа роденденскиот микс од најголемите хитови на фестивалот изминативе 20 години. Специјален гостин на фестивалот беше Елена Ристеска која заедно со хорот „Поточиња“ ја изведе заедничката песна „Мамо Благодарам” која никого не остави рамнодушен и разбуди многу емоции како кај децата, така и кај нивните родители. Фестивалот беше спектакуларно затворен со роденденски марш и дожд од конфети кои ја дополнија целата славеничка атмосфера. Од организаторот, Пап продукција истакнуваат дека жалат што просторната концертна понуда во градот е ограничена и покрај шесте претстави во Македонска филхармонија, голем дел од заинтересираните посетители не успеаа да дојдат до билет и да бидат дел од јубилејното 20-то роденденско издание „ПОТОЧИЊА 2023“.]]>

Оливер Пап: „Дечињата ќе празнуваат, доаѓаат „Поточиња“ – искрената детска емоција е најголемата сатисфакција“ https://arhiva.vistina.com.mk/oliver-pap-dechinata-ke-praznuvaat-doagaat-potochina-iskrenata-detska-emotsija-e-najgolemata-satisfaktsija/ Tue, 09 May 2023 07:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301155

Претстојниот викенд на 13-ти и 14-ти Мај во Македонската филхармонија ќе се одржи 20-тото јубилејно издание на фестивалот на детска песна „Поточиња“. Доаѓаат денови кога дечињата ќе празнуваат, ќе пеат, играат, а нивниот детски џагор ќе биде гласен , полн со радост и смеа. Редакцијата на Вистина.ком.мк, во очи на овие денови од кои ќе се празнува детската песна, разговараше со извршниот продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“, Оливер Пап кој ја открива и возбудата и радоста нако организатор и автор за она штои претстои. 20-то јубулејно издание на „Поточиња“. Кој ќе биде најубавиот подарок за Вас како организатори и творци на фестивалот? -Најубавиот подарок за нас сите овие години е детската насмевка и детската игра на тактовите на песните од Поточиња. Искрената детска емоција при следењето на фестивалот и слушањето на песните од публиката и задоволството на децата учесници е најголема сатисфакција за нас како организатор на фестивалот и како автори на песни за деца. Две децении , многу дечиња и многу песнички. Колку најмалите сакаат да застанат на сцена и да пеат на „Поточиња“? -Интересот на децата за учество на Поточиња е голем. Периодот на подготовки на фестивалот кој трае околу седум до осум месеци е вистински тест за оние најупорните кои на крајот гордо застануваат за првпат на голема сцена и пред многубројна публика. Дали низ годините препознавате потенцијални таленти од мали нозе? -Секако дека низ годините се препознаваат потенцијални таленти меѓу децата, но понатамошниот развој во музичкиот свет зависи од многу фактори низ годините кога истите тие деца се формираат како личности со свои полиња на интерес. Музичката сцена кај нас има неколку фестивали на детската песничка, која е симболиката на „Поточиња“ и по што се издвојува од останатите? -Симболиката на Поточиња е да ја прославува пролетта, со сета своја убавина која ја носи ова годишно време. Во пролет разеленуваат шумите, никнуваат цветовите, се е повесело, поубаво и шарено. Не би можел да кажам по што се издвојува Поточиња од останатите детски музички фестивали, но едно е сигурно, а тоа е дека без квалитетни песни за деца ниту еден фестивал не може да стекне популарност и внимание кај публиката. Химната на фестивалот е песничка што нема кое дете не ја знае, ја сметате ли за најголем хит досега? -Фестивалската химна Поточиња веќе е прерасната во безвременски македонски детски хит. Самата песна е лична карта на фестивалот, но и дефинитивно една од најслушаните детски песни во Македонија изминативе 20 години. На сцената на Македонската филхармонија во два дена ќе се случат шест претстави во неколку термини, ќе се задоволи ли публиката со толку со оглед на тоа што одзивот на публиката секогаш е голем? - За жал концертната просторна понуда во Скопје по затворањето на Универзална сала е значително мала. Големата сала на Филхармонија со шест претстави е нешто најприближно до задоволување на интересот за посета на фестивалот. Се надеваме ќе биде доволно за да ги собере сите заинтересирани посетители.]]>

На 13-ти и 14-ти мај: Детскиот фестивал „Поточиња“ по јубилеен 20-ти пат во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/na-13-ti-i-14-ti-maj-detskiot-festival-potochina-po-jubileen-20-ti-pat-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 10 Apr 2023 11:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297540

На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ). Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. ]]>

Елена Ристеска и детскиот хор „Поточиња“ со заедничка песна најавуваат роденденски јубилеј – „Мамо благодарам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-i-detskiot-hor-potochina-so-aednichka-pesna-najavuvaat-rodendenski-jubilej-mamo-blagodaram-video/ Thu, 23 Mar 2023 07:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294708

Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал „Поточиња“,  македонската поп пејачка Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката и подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка. Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со „Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот кој годинава ќе се одржи во мај. Музиката и текстот се на Оливер Пап, аранжманот на неговиот татко Мирослав, а заеднички го изработиле миксот и мастерингот за песната која е симена во нивното семејно „Студио Пап“. Видеото го потпишува „2By4Digital“, а вие во продолжение погледнете го истото и слушнете ја „Мамо Благодарам” (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 3-ти јули на Школка во Градски парк – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/detskiot-festival-potochinja-na-3-ti-juli-na-shkolka-vo-gradski-park-skopje/ Thu, 01 Jul 2021 13:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209320

Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одржи новото 18. издание на Детскиот фестивал „Поточиња 2021“. Влезот е слободен, а фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за првпат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта. Детскиот фестивал „Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните. Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца – учесници на возраст од 5 до 12 години. Единаесет години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање изминатите 5 години Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската опера и балет. Детскиот фестивал „Поточиња” своето 16. издание го одржа на 30-ти и 31-ви март 2019 година во Македонска опера и балет кадешто беа реализирани шест претстави за публиката. ,,Поточиња 2019” беше посетено од 5 000 деца. Поради ситуацијата со коронавирусот , 17. фестивалско издание „Поточиња 2020” беше реализирано во онлајн формат, додека промоцијата на 18. фестивалско издание „Поточиња 2021” година ќе се одржи на 3-ти јули 2021 година на популарната „Школка” во Градскиот парк Скопје.]]>

„Поточиња“ со аудиција за нови членови https://arhiva.vistina.com.mk/potochinja-so-audicija-za-novi-chlenovi/ Fri, 14 Sep 2018 12:25:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48122

Оваа пролет детскиот фестивал „Поточиња“ го прослави својот 15. роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16. издание „Поточиња 2019“, кое ќе се одржи следната пролет.
За таа цел, организаторот „Пап продукција“ објавува аудиција за прием на нови членови – учесници на „Поточиња 2019“. Аудицијата ќе се одржи во градинката „Срничка“ (објект Бамби) во нас. Аеродром од 17 до 20 септември во периодот 18.00 – 19.00 часот. Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка. За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или 072 210 660.   https://www.youtube.com/watch?time_continue=14&v=v9lMblKqEPk]]>

Сара Мејс и хорот на „Поточиња“ ви го испраќаат – „Гласот на децата“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-i-horot-na-potochinja-vi-go-isprakjaat-glasot-na-decata-video/ Tue, 13 Mar 2018 12:33:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15925

Сара Мејс заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, во пресрет на јубилејното 15-то издание на „Поточиња 2018“, на најмладата публика и подаруваат нова песна и видео.
„Гласот на децата“ e темата преку која Сара Мејс и „Поточињата“ им порачуваат на возрасните дека чиста планета нам ни треба најмногу.
Зад музиката и аранжманот се потпишува реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова. Песната е снимена и мастерирана во студиото на Александар Митевски и Пикадо продукција. Митевски и Мирослав Пап се музички продуценти, а видеото, пак, го изработиле „3Д проект студио“, додека режијата ја потпишува Оливер Пап. 
Инаку, јубилејното 15-то издание на фестивалот  „Поточиња“ ќе се одржи на 24 и 25 март во МОБ. Како изгледа и звучи овој роденденски подарок за детскиот фестивал проследете во подолу. https://www.youtube.com/watch?time_continue=220&v=AkDHK-Q1FPw        ]]>

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј https://arhiva.vistina.com.mk/detskiot-festival-potochinja-na-24-i-25-mart-proslavuva-15-godini-jubilej/ Mon, 05 Mar 2018 13:36:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14948

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња“. Новото издание „Поточиња 2018“ ќе се одржи на 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал. Организаторот „Пап продукција“ најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота „Поки“, која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.
На репертоарот се 6 претстави со почетоJк од 11.00, 13.00 и 19.00 часот. Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, „Југотон“ и онлајн на www.jugoton.mk.]]>