потези – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 08 Mar 2022 12:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png потези – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со најдобри намери: Потези што ги прават мажите, а ги нервираат жените https://arhiva.vistina.com.mk/so-najdobri-nameri-potezi-shto-gi-pravat-mazite-a-gi-nerviraat-zenite/ Tue, 08 Mar 2022 14:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242233

Брачниот терапевт Џон Греј одамна има речено дека мажите се од Марс, а жените од Венера и поради тоа понекогаш тешко се разбираат. Мажите честопати прават сѐ за да им удоволат на своите партнерки, но колку и да се добри нивните намери, понекогаш тоа го прават на погрешен начин и само ги нервираат жените. Психологот Алиша Кларк вели дека проблемот најчесто се јавува кога мажот не размислува каков впечаток ќе остави со неговиот гест и како партнерката ќе се чувствува потоа. Таа ги советува мажите да размислат добро пред да ги направат овие потези.

Опсипување со подароци

Подароците – мали или големи, со или без повод - се убава работа, но постојаното затрупување со подароци, како цвеќе, накит, парфеми, мечиња, облека, патувања и слично, не е паметно. Жената може да го сфати ова како обид да ја контролирате или да се искупите за нешто што сте го направиле, но не го признавате. Исто така, недостигот на внимание кон вашата партнерка не може да се надомести со подароци кои во овој случај може да имаат контраефект. Имајте на ум дека жената може да се почувствува дека треба да ви возврати со иста мера, а можеби не е таков тип или едноставно нема услови и таа постојано да ве опсипува со подароци.

Секси долна облека

Оваа точка се надоврзува на претходната, но има многу поспецифична природа. Ако сакате да ја изненадите вашата партнерка и ѝ подарите секси долна облека како „гром од ведро небо“ (не го посакала тоа, не го правите тоа често), таа може да го сфати тоа како ваш обид да ѝ кажете дека не е доволно секси, дека не се труди доволно, дека вашиот сексуален живот станал здодевен. Ако сакате да ѝ подарите секси долна облека, најпрво разговарајте за тоа, прашајте ја дали сака да носи нешто такво, што конкретно ѝ се допаѓа, бидете искрен дека сакате (почесто) да ја гледате во такво издание.

Принц на бел коњ

Не се обидувајте да ги решите сите нејзини проблеми, особено ако таа не го побарала тоа од вас. Колку и да е добра вашата намера, постојаното мешање во нејзиниот живот може да даде спротивни резултати. Тоа што таа разговара за нејзините проблеми не значи дека бара помош за нивно решавање. Понекогаш само ѝ треба некој да ја сослуша. Не треба да бидете нејзиниот принц на бел коњ бидејќи на тој начин (ненамерно) оставате впечаток дека не верувате дека може сама да се справи со проблемите и да ги реши на свој начин. Живееме во 21 век, жените не сакаат да бидат спасени, туку сакаат рамноправен партнер на кој може да се потпрат, кога за тоа има потреба. извор: Кајгана]]>

8 постапки на џентлмените што може да го стопат срцето на секоја жена https://arhiva.vistina.com.mk/8-postapki-na-dzentlmenite-shto-moze-da-go-stopat-srceto-na-sekoja-zena/ Thu, 11 Jun 2020 13:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153320

Жените сакаат да бидат независни, но длабоко во себе, сакаат да бидат третирани како дами. Но, реалноста е поинаква и денес ретко ќе сретнете вистински џентлмен. Во продолжение прочитајте како да го освоите срцето на една жена преку вашето воспитување и вашиот начин на однесување. 1. Ви ја држи вратата отворена Еден од знаците дека тој е кавалер е отворањето на вратата и повлекувањето настрана за вие да поминете први. Истото важи за поместувањето на столот за да седнете и кревањето тешки предмети. 2. Ви се јавува кога ќе рече дека ќе ве побара Жените се навикнати да чекаат повик од својот партнер со часови и постојано да го проверуваат телефонот и нема ништо повеќе вознемирувачко од тоа. Ако тој ви рече дека ќе ви се јави во 17:30 часот и ви се јавува токму во тоа време, потрудете се да го задржите во вашиот живот. 3. Не игра игри Нема ништо попривлечно од тоа јасно да ви даде до знаење дека е заинтересиран за вас и дека му се допаѓате. 4. Изразување интерес за средба со вашето семејство и со вашите пријатели Ако вашиот партнер е заинтересиран да се запознае со вашето семејство и со вашите пријатели, тогаш тоа е знак дека има сериозни намери со вас. 5. Покажување љубов во јавност Жените сакаат кога мажите им изразуваат љубов во јавност, па доволно е да ве фати за рака додека се шетате или да ве бакне на образ. Самиот факт што тој сака да им покаже на другите дека ве сака, прави да се чувствувате фантастично. 6. Ви се јавува за да провери дали безбедно стигнавте дома Ве чека да стигнете дома и потоа ви се јавува за да провери дали сте на безбедно. Исто така, никогаш не ве остава сама на застрашувачки и небезбедни локации. 7. Ви ја нуди својата јакна кога ви е ладно Ако некој е спремен да го издржи ладното време и да ви ја даде неговата јакна само за да ви биде топло и пријатно, бидете сигурни дека покрај вас имате вистински џентлмен. 8. Се грижи за вашето мислење и ве почитува Ако партнерот има сериозни намери со вас, тој ќе сака да научи повеќе работи за вас, за тоа како размислувате и како реагирате. Она што најмногу треба да го цените кај партнерот е тоа што тој ги почитува вашите мислења и ставови. извор:кафепауза.мк]]>

Овие едноставни потези ќе ја зајакнат секоја врска https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-ednostavni-potezi-kje-ja-zajaknat-sekoja-vrska/ Thu, 31 Oct 2019 14:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115765

На секој љубовен пар му е потребно мало поттикнување за подобро и поквалитетно да ја одржува врската. Трудот околу вашата врска не би требало да ви претставува напор, особено кога станува збор за потези во кои и вие самите ќе уживате. Како што пишува „Your Tango“, овие едноставни потези ќе ја зајакнат секоја љубовна врска.

Бидете си еден на друг најдобри пријатели

Едно американско истражување покажало дека дури 92 отсто од паровите кои се сметале за среќни, како најголема предност во врската го навеле тоа што еден на друг си биле најдобри пријатели. Дополнителното отворање и доверување на партнерот ќе ве зближи уште повеќе.

Одредете го совршениот баланс на врската

Иако веројатно партнерот ви е омилена личност, своето време секако треба да го поминете и со други луѓе. Затоа, идеално би било кога би создале баланс и во своето слободно време би вклучиле и посебно дружење со пријателите и семејството.

Не заборавајте ја моќта на хуморот

И кога имате тешки моменти и не ви е до смеење, но нешто духовито (нормално, прикладно и примерно) ви падне на памет - кажете го тоа. Голема е веројатноста дека малку ќе се опуштите, а ќе го опуштите и вашиот партнер и ќе му докажете дека постои светлина и во најтемните ситуации. извор: точка.мк]]>

Мажите ги обожуваат: По овие потези стануваат вистински “ѕверки“ во кревет https://arhiva.vistina.com.mk/mazite-gi-obozuvaat-po-ovie-potezi-stanuvaat-vistinski-dzverki-vo-krevet/ Tue, 27 Aug 2019 12:45:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104054

Техниките на масажа на пенисот се различни, а целата креативност останува на вас, но важно е да ги следите и неговите реакции и да сфатите колку му годи тоа што го правите. Доколку сте се заситиле од стандардниот секс со партнерот и желни сте за иноваации во креветот можеби е време мажот да го изненадите со еротска масажа на пенисот. Ова може да биде прекрасна предигра, но не е исклучено да прерасне во главен чин. Може дополнително да се заиграте и да барате од партнерот по масажата да ви приреди нешто што ќе го паметите долго. Самата масажа ќе ги загрее страстите и целосно ќе го излуди, но и ќе го освежи вашиот сексуален живот доколку паднал во криза. Не заборавајте во текот на масажата да користите лубрикант или масло за тело затоа што во спротивно ова искуство може да биде непријатно за мажот. Еве некои од популарните техники кои сексолозие ги препорачуваат. Рачка техника Кај оваа техника жената треба да ја фати главата на пенисот со прстите па да го поместува со лесни потези лево-десно како кога врти кружна рачка. Клешти со два прсти Оваа техника се изведува така што пенисот се фаќа меѓу показалецот и палецот на прелазот пред главицата, а потоа со прстите се поминува на тоа место - како кога се отвора чеп на некое шише. Дополнителна масажа Нека не ве мами само името “масажа на пенисот“ затоа што не е задолжително само машкиот алат да биде единствената ѕвезда. Вниманието треба да се посвети и на тестисите, но со тоа треба да бидете многу нежни. За било која техника да се одлучите вашиот партнер во секој случај ќе ужива, за мажите ова е посебна стимулација и доживување. извор:точка.ком.мк/кармин]]>

Излегувате на прв состанок: Ова се трите потези кои ќе го фасцинираат! https://arhiva.vistina.com.mk/izleguvate-na-prv-sostanok-ova-se-trite-potezi-koi-kje-go-fasciniraat/ Thu, 19 Jul 2018 12:36:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39053

Веќе знаете дека под идеален состанок момците не подразбираат заминување во кино, но никогаш не би погодиле на кои три потези паѓаат „како крушки“. Тоа го открива Метју Хаси, автор на прирачникот, „Get the Guy“. 1. Мобилниот телефон оставете го в ташна. И не го вадете цела вечер. О, да, апстиненцијата од пораките и постојаното проверување дали некој ве повикал, ќе ви донесе многу бодови кај потенцијалното момче. Така ќе му покажете дека го слушате што ви зборува, и дека единствено интересно ви е тој. 2. Вие ја одбирате следната дестинација. Момците од време на време сакаат да се одморат од функцијата оргазнизатор на излегувања. Тоа што вие го предлагате за следната дестинација малку ќе го намали притисокот кој тој сигурно го чувствува, па ќе биде поопуштен во текот на средбата. Тоа што сте го навеле покрај вас да се опушти, нему му е многу секси. 3. Му зборувате за тип кој вчера ви се додворувал во теретана и се додека станува збор за некој на кој случајно сте налетале и не се работи за ваш претходен партнер, вашиот соговорник сака да слуша за тоа. Се прашувате зошто? Со тоа, имено, му порачувате дека им се допаѓате и на другите момци, и тоа прилично суптилно. извор: таратур]]>