потење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 May 2023 11:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png потење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Заради овие грешки дезодорансот нема ефект https://arhiva.vistina.com.mk/zaradi-ovie-greshki-dezodoransot-nema-efekt/ Fri, 12 May 2023 11:59:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301810

Дерматологот открива кога е најдобро да нанесете дезодоранс за да има ефект! Имено, многу луѓе наутро ставаат дезодоранси на кожата, за да ја заштитат од потење во текот на денот, но дерматологот вели дека тоа е грешка. „Треба да нанесете антиперспирант на вашата кожа навечер, пред да си легнете. Ова му дава на антиперспирантот потребно време да се „активира“ “, вели дерматологот Луси Фадул. „Кога спиете, потните жлезди се помалку активни, а телото одмара. Ова се идеални услови за дезодорансот да си ја заврши работата“, додава таа. Пред да нанесете дезодоранс, важно е кожата под пазувите да биде чиста и сува. Дополнително, д-р Фадул предупредува дека користењето на дезодоранси и антиперспиранти во исто време ги спречува овие производи ефикасно да го намалат потењето и мирисот. „На антиперспирантот му треба време да се активира на кожата без влијание на влага, пот, сапун или остатоци од дезодоранси“, вели таа, додавајќи дека најдобро е да нанесете антиперспирант навечер, после туширање. „Оставете го антиперспирантот да се активира и да се исуши околу два до три часа пред да нанесете дезодоранси и мириси.“ извор:попара.мк фото:Shutterstock]]>

7 можни причини зошто повеќе се потите навечер https://arhiva.vistina.com.mk/7-mozhni-prichini-zoshto-poveke-se-potite-navecher/ Fri, 07 Apr 2023 11:50:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297249

Ако често се будите навечер поради потењето и топлината, губите многу од потребниот сон и му штетите на вашето здравје. Секој со сериозен случај на ноќно потење знае колку е непријатно да се разбудите во текот на ноќта. Иако оваа состојба не е опасна по живот, прекумерното потење може да биде знак за некое посериозно нарушување. Зошто постојано се потите навечер? За многу луѓе причината за страдањето не е поврзана со околината во која спијат. Ноќното потењето е обично симптом на некоја друга медицинска состојба, па важно е да ги побарате и другите симптоми пред да донесете заклучок. Хиперхидроза Хиперхидрозата е состојба дефинирана како абнормално потење. Околу 2,8% од населението страда од ова нарушување. Ако се соочувате со овој проблем, голема е веројатноста да имате проблеми со габични инфекции, проблеми со кожата и силен телесен мирис. Инфекција Некои инфекции можат да предизвикаат прекумерно ноќно потење. Често потењето е поврзано со ХИВ, инфекција на коските и воспалени артерии. Ноќното потење најчесто е поврзано со туберкулоза. Некои други симптоми кои доаѓаат со туберкулозата се слабеење, замор, намален апетит, болки во зглобовите, треска, суво грло, кашлица и осип. Хормонална нерамнотежа Ноќното потење кај жените често е поврзано со нивната возраст. Хормоналната нерамнотежа којашто се појавува за време на менопаузата, бременоста и пубертетот може да биде причина за потењето. Други симптоми на хормонална нерамнотежа се промени во менструалниот циклус, акни, паѓање на косата, болки, ненадејно дебелеење, сувост на вагината, уринарни проблеми, проблеми со спиењето и променливо расположение. Анксиозност Причината за ноќното потење не е секогаш физички проблеми. Едно истражување покажало дека ноќното потење може да биде поврзано со анксиозноста. Ова создава еден циклус во кој сте загрижени за потењето, а со тоа само го влошувате проблемот. Апнеа Апнеа при спиење претставува плитко дишење или паузи во дишењето во текот на спиењето. Едно истражување покажало дека ноќното потење е 3 пати почесто кај луѓето кои страдаат од нетретирана апнеа за разлика од останатото население. Некои видови рак Ноќното потење може да биде и ран знак за рак, најчесто за лимфома или леукемија. Сепак, во овој случај ќе се појават и други симптоми како треска, замор, намален апетит и необјасниво слабеење. Несакани ефекти од лекови За жал ноќното потење е несакан ефект на многу лекови. Антидепресивите, терапиите со хормони и терапиите за дијабетес можат да предизвикаат ноќно потење. Па, ако земате некакви лекови прочитајте го упатството за несаканите ефекти. Кога да посетите лекар? Забележете ги загрижувачките симптоми како локализирана болка, слабеење, треска, дијареја или кашлица. Посетете лекар ако ноќното потење се случува често и ако го попречува спиењето. Како да го спречите ноќното потење? Покрај препораките на лекарот, постојат уште неколку работи што можете да ги направите. Промени во спиењето За поквалитетен сон, направете распоред за спиење, релаксирајте се и избегнувајте алкохол и кофеин пред спиење. Промени во опкружувањето Осигурете се дека спалната соба е доволно студена и удобна. Вклучете го вентилаторот, користете потенки прекривачи и отворете ги прозорците. Промени во животниот стил Некои видови храна можат да направат да ви биде топло навечер. Медитеранската, храната со масти и храната со многу шеќер може да предизвика потење. извор;попара.мк]]>

Третирајте ја причината, а не последицата: Важни совети за луѓето кои имаат проблем со потењето https://arhiva.vistina.com.mk/tretirajte-ja-prichinata-a-ne-posledicata-vazni-soveti-za-lugjeto-koi-imaat-problem-so-potenjeto/ Fri, 12 Aug 2022 12:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262507

Постои начин засекогаш да се ослободите од непријатните мириси кои ги предизвикува потењето, така што ќе ја третирате причината, а не последицата. Претераното потење е нешто што навистина може да ве доведе до непријатна ситуација. Без оглед на тоа што имате одлични навики кога е хигиената во прашање, барем еднаш сигурно сте се запрашале како е можно потта да се чувствува само неколку часа по капењето. Одговорот на ова прашање го дадоа научниците, кои тврдат дека најголемиот виновник е вашата исхрана и почестото туширање нема да помогне да ги спречите непријатните мириси на вашето тело. „Запрашајте се дали пиете повеќе кафе, отколку вода, а доколку вашиот одговор е потврден, време е веднаш да ги промените лошите навики“ – предупредува д-р Јамуна Паи. Таа потсетува на нешто што веќе сигурно го знаете, дека потта сама по себе не мириса, туку за непријатниот мирис се „виновни“ бактериите, кои се наоѓаат на кожата и кои се одлична основа за развојот на комбинацијата од пот и мртви клетки. Под пот се подразбира солена, проѕирна течност, која ја проиведуваат и лачат потни жлезди, со што се исполнува важната телесна функција за ладење на нашето тело. За да бидете успешни во лекувањето на потните жлезди, Паи советува да се храните здраво и балансирано. Избегнувајте кунзумирање на кромид и лук, а својата исхрана збогатете ја со овошје и зеленчук, а притоа внимавајте на адекватното внесување на протеини, интегрални житарки и додатоци како што се комплексот витамини Б и цинк со конзумирање на многу вода во текот на денот. Надворешно, антиперспирантите можат да дадат најголема помош благодарение на нивната главна состојка, која се базира на алуминиумски соли. извор:курир.мк]]>

Како да го намалите прекумерното потење на природен начин? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-namalite-prekumernoto-potenje-na-priroden-nachin/ Thu, 15 Aug 2019 12:45:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102389

Дебелина. Акни. Првут. Настинка. Сите овие вообичаени проблеми имаат нешто заедничко – тие се видливи и срамни. Но, што е уште посрамно од ова? Неочекуваниот одговор е дамки од пот на облеката. Иако сите не се согласуваат дека прекумерното потење е најлошото нешто од горенаведените работи, многу луѓе кои го искусиле ова, знаат колку може да биде вознемирувачко чувството. Нутриционистот Рик Хеј открива дека прекумерното потење настанато од високите температури или стрес, можете да го намалите со употреба на природни лекови. Тој советува да се консумира витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот кој предизвикува зголемено потење, но исто така препорачува и да се намали консумирањето алкохол и кофеин. Покрај овие работи, Хеј препорачува да се консумира лесна храна и овошје, како грозје и лубеница, кои организмот може побрзо да ги свари. „Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често, кога се потиме, стануваме нервозни поради дамките од пот кои се создаваат на облеката. Тогаш уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и сме изложени на стрес. Сето ова води до прекумерно потење“, вели Хеј. Витаминот Б има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат важна улога во реакциите на стрес. Кога сме под стрес, овој хормон работи интензивно. Неколку студии покажале дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат во регулирање на стрес. Магнезиумот исто така е „борец“ против прекумерното потење, бидејќи доколку немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола врз отворањето и затворањето на порите од кои произлегува потта. Магнезиумот помага да се навикне организмот на секојдневниот стрес. „Кога се потиме, губиме многу магнезиум од телото. Тоа води до зголемено потење, па затоа потребно е да се надополни. Јадете зелен зеленчук, ореви и семки за да ја обновите залихата со магнезиум, а јајцата на око и пивскиот квасец за витаминот Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат да се регулира потењето“, додава тој. Хеј жените во менопауза ги советува да го користат растението шисандра, кое го регулира ноќното потење. „Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеницата, грозјето, дињата, но и во краставицата, целерот и ротквиците“, препорачува Хеј. Исто така, не ја потценувајте моќта на жалфијата, која го решава овој проблем со години наназад. Таа е природен извор на флавоноиди и полифеноли, што ја прават големо антиоксидантно и антибактериско средство. извор:кафепауза.мк]]>

Што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-vsushnost-mozat-da-znachat-vashite-problemi-so-potenjeto/ Fri, 01 Feb 2019 14:35:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70638

Потењето е нормална реакција на организмот на топлина – го лади телото и ги исфрла токсините. Но, претераното потење може да направи да се чувствувате неудобно, како и да биде знак за некој поголем проблем. Погледнете ги 8-те здравствени проблеми кои можат да предизвикаат претерано потење.

1. Стрес

Претераното потење може да биде предизвикано од стрес. Стресот и анксиозноста не само што имаат негативно влијание на телото, туку се манифестираат преку потењето. Овој вид потење има изразен и непријатен мирис бидејќи содржи масти и протеини измешани со бактерии од кожата.
 
2. Проблем со тироидната жлезда
Хипертироидизмот е нарушување каде што тироидната жлезда станува „хиперактивна“ и почнува да произведува премногу хормони. Кога се случува ова, сите процеси во телото се забрзуваат, а можно е да се чувствувате и нервозно и анксиозно, да ослабите и да се потите повеќе од вообичаено. Во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

3. Ниско ниво на шеќер во крвта

Понекогаш прекумерното потење е предизвикано од хипогликемија, односно ниско ниво на шеќер во крвта. Во овој случај ќе се потите без разлика на температурата во просторијата или надвор. Исто така луѓето со ниско ниво на шеќер може да чувствуваат глад, анксиозност, вртоглавица и да имаат проблеми со видот.
4. Хиперхидроза
Прекумерното потење на само еден дел од телото, како на пример вратот, пазувите или дланките, е познато како хиперхидроза. Најчесто се потат овие делови од телото поради големиот број потни жлезди. Ова нарушување не е опасно, но може да биде непријатно. Понекогаш со хиперхидрозата се појавува и иритација и болка на кожата, како и анксиозност. Доколку забележите прекумерно потење на само еден дел од телото, најдобро посетете го вашиот лекар.

5. Несакани ефекти од лекови

Претераното потење може да биде предизвикано и од некои лекови, како антибиотици, лекови за крвен притисок и психијатриски лекови. Најдобро е да ги прочитате упатствата на сите лекарства што ги пиете.

6. Менопауза

Во овој случај можно е да почувствувате интензивна топлина во градите која се проширува до главата и е придружена со прекумерно потење. Потењето, нарушувањето на менструалниот циклус, главоболките и слично се резултат на менување на нивото на естроген во телото.

7. Треска со непознато потекло

Во овој случај ќе кренете температура од најмалку 38,3 степени Целзиусови, најчесто без некоја одредена причина, а треската ќе трае навистина долго – околу 3 недели. Постојат 4 вида треска со непознато потекло:
  • Класична: Се јавува кај здрави луѓе
  • Нозокомијална: Се јавува како резултат на хоспитализација
  • Имунолошки-дефицитарна: Се јавува кај луѓе со ослабен имунитет
  • Треска од ХИВ
Најчестите симптоми се висока температура, потење, студ и главоболки. Доколку почувствувате што било од ова, упатете се кај вашиот лекар.

8. Дебелина

Дебелината е нарушување карактеризирано со големо количество масти во телото. Генетиката, неактивноста, нездравата исхрана, одредени лекови и недостатокот од сон можат да предизвикаат дебелина, но и многу посериозни здравствени проблеми. извор:kafepauza]]>

Како да го спречите прекумерното потење? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-sprechite-prekumernoto-potenje-2/ Fri, 20 Jul 2018 12:56:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39254

Луѓето најчесто дезодорансите ги употребуваат наутро пред да излезат од домот и да започнат со обврските. Сепак една докторка тврди дека не би требало дезодорансот да се употребува во ова време. Докторката Давн Харпер тврди дека поголем дел од луѓето го користат дезодорансот на лош начин, односно дека никогаш истиот не треба да се аплицира во утринските часови, туку во вечерните. Таа вели дека аплицирањето на дезодорансот во вечерните часови му дава време да се исуши под пазувите, што е клучно за неговата ефикасност.
-Со аплицирање навечер, пред да си легнете му давате можност целосно да се исуши. Оставете го во текот на ноќта и наутро измијте го остатокот со сапун и вода, вели Харпер за британски „Сан“. Докторката вели дека е важно дезодорансот да се употребува на сува кожа, советува дека може да употребите дури и фен. Според нејзиното мислење, најважно е да се уверите дека вашиот дезодоранс е атиперспирант. -Многу спејови се дизајнирани да мирисаат убаво, но не и да го спречат потењето, заклучува доктор Харпер. извор:курир]]>