потекло-Битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Aug 2022 12:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png потекло-Битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Соња и Оливер дојдоа од Канада да снимат македонски песни -„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sonja-i-oliver-dojdoa-od-kanada-da-snimat-makedonski-pesni-boze-pravda-nema-i-mojot-zivot-video/ Thu, 18 Aug 2022 12:44:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263327

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар  Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика. Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници. ,,Боже правда нема“ и ,, Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски. Песната ,, Боже правда нема“  доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце. Втората нова песна ,, Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски, Момироски. И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари. Во песната „Боже Правда Нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски. Во песната гостуваат: На кларинет, Благојче Трајковски и на труба Филип Нуневски. Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла. Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев. Слушнете ги двете песни: ]]>