посвојување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Aug 2022 09:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png посвојување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Желбата за мајчинство никогаш не ја напушти: Нина Бадриќ проговори за посвојување https://arhiva.vistina.com.mk/zelbata-za-majchinstvo-nikogash-ne-ja-napushti-nina-badrikj-progovori-za-posvojuvanje/ Mon, 22 Aug 2022 09:25:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263596

Кога би требало да именува една работа по која копнее, а која не успеала да ја постигне и со годините и е се’ потешко да ја постигне таа цел, Нина Бадриќ би го именувала мајчинството. Желбата да стане мајка и да воспитува дете во согласност со сопствените вредности никогаш не ја напуштила, дури и кога неодамна наполни 50 години. Свесна дека биолошкиот часовник отчукува и дека шансите природно да добие наследник или наследничка се помали, хрватската поп дива неодамна почна да размислува за посвојување. - Мислам дека секоја жена има силна желба за мајчинство, но кога ќе помине некое време почнуваш поинаку да гледаш на тој исконски нагон. Би сакала да посвојам дете бидејќи мислам дека можам многу да дадам на тоа мало суштество. Сепак, човек мора да биде многу сериозен и одговорен за таквата одлука. Од друга страна, никогаш не знаете што носи животот. Познавам мајки кои беа изненадени од мајчинството во доцните години, кога веќе мислеа дека такво искуство никогаш повеќе не може да им се случи - изјави Нина, а потоа додаде. - Од друга страна, нема смисла многу да кршиш глава и да плачеш за нешто што го немаш. Животот е чудо, можеби се’ се случува одеднаш, немам поим, би сакала да можам сама да си пресметам - изјавила таа. фото:Инстаграм/принтскрин]]>

„Жените немаат простор да зборуваат за ова“: Шерон Стоун ја откри својата болна животна приказна за 9-те спонтани абортуси кои ги доживеала https://arhiva.vistina.com.mk/zenite-nemaat-prostor-da-zboruvaat-za-ova-sheron-stoun-ja-otkri-svojata-bolna-zivotna-prikazna-za-9-te-spontani-abortusi-koi-gi-doziveala/ Mon, 27 Jun 2022 09:42:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256070

Познатата актерка Шерон Стоун откри дека имала девет спонтани абортуси, а нејзината приказна пред јавноста ја поттикнала американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека изгубила бебе. -Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека ова е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех, открила актерката. „Изгубив девет деца со абортус“, призна Шерон.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

-Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцеление кое ни е толку потребно, женското здравје е препуштено на идеологијата на мажите, истакнува таа. Сепак, Шерон успеа да стане мајка посвојувајќи три сина – Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф. фото:Инстаграм]]>

Овие светски познати ѕвезди како деца биле дадени на посвојување! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-svetski-poznati-dzvezdi-kako-deca-bile-dadeni-na-posvojuvanje-foto/ Wed, 18 Sep 2019 11:38:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107640

Мерилин Монро Поради ментално и финансиски нестабилна мајка, Мерилин била во хранителско семејство до својата седма година. Подоцна, кога мајка ѝ доживеала нервен слом девојчето било доделено на Грејс Маки која за неа се грижела до 16-та година. Џон Ленон Имал пет години кога неговиот татко заминал во војска, а мајка му заминала со друг маж. Грижата за музичарот ја презеле неговиот вујко и вујна од Ливерпул. Џејми Фокс На само седум годишна возраст тој бил даден на посвојување. За познатиот оскаровец се грижела неговата баба. Стив Џобс Основачот на „Apple“ веднаш по раѓањето бил даден на посвојување на Пол и Клара Џобс, брачниот пар од Сан Франциско кој не можел да има деца. Својата сестра Мона Симпсон ја запознал дури тогаш кога и двајцата биле повозрасни. Жената која го родина и нејзиниот партнер никогаш не ги сметал за негови родители.]]>

Млад пар кој згрижува деца и посвои 2 момчиња порачува: Не е лесно, но е највредното нешто што ќе го направите https://arhiva.vistina.com.mk/mlad-par-koj-zgrizuva-deca-i-posvoi-2-momchinja-porachuva-ne-e-lesno-no-e-najvrednoto-neshto-shto-kje-go-napravite/ Fri, 21 Sep 2018 13:30:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48846

Млад пар, кој досега има згрижено 14 и посвоено 2 деца, го споделува своето искуство за да пренесе порака дека згрижувањето деца вреди.
Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство Сара имала само 23 години кога со сопругот Стјуард започнале да згрижуваат деца. Нивна мисија е да им помогнат на семејствата од нивната заедница кои минуваат низ тешки периоди и на децата кои поради негрижа од родители завршуваат во социјалните служби. Сара и Стјуарт го посвоиле својот прв син Мајкл кога тој имал 3 години. Бидејќи Сара била многу млада, тие биле категорични дека нема да згрижуваат поголеми деца и тинејџери. Но, судбината имала различен план. Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство
Имав 19 години кога го запознав мојот сопруг Стјуард. Поминаа само 15 минути од нашиот прв состанок кога ме праша што сакам да правам во животот: Која е професијата од моите соништа? Дали сакам деца? Каде сакам да патувам? Му кажав дека не знам што точно сакам да правам, но со сигурност знаев дека ако некогаш во животот имам деца, тоа ќе биде затоа што сум ги згрижила. Имав само 23 години и идејата да згрижувам постари деца и тинејџери ми изгледаше незамислива. Веднаш штом се запишавме на листата, ни се јавија да нè прашаат дали ќе згрижиме бебе на една недела. Помина одлично и ни се допадна. Веднаш потоа ни се јавија да нè прашаат дали ќе згрижиме слатко 3-годишно момче на еден викенд. Се согласивме. Тој викенд се претвори во една недела. Една недела во месеци. Тие месеци во години. Тоа мало момче е нашиот син Мајкл.
На првата средба на Мајкл со неговиот брат-тинејџер, Сара и Стјуарт сфатиле дека двата браќа мора да растат заедно, бидејќи поврзаноста меѓу нив била огромна.
Неколку месеци по доаѓањето на Мајкл кај нас, се согласивме на посета од неговиот брат. Тогаш за првпат го запознавме Дејшон. Во моментот кога Мајкл го здогледа својот брат, тој дотрча со сета своја сила и му скокна в раце. Тогаш се погледнавме со Стјуарт и навистина разбравме колку е важно Мајкл и Дејшон да бидат заедно. Сè уште се колебавме дали да земеме поголемо дете. Меѓу мене и Дејшон имаше само 13 години разлика во возраст. Но, во секундата кога започнав да разговарам со него, сите мои стравови исчезнаа. Дејшон ги руши сите стереотипи за тинејџерите кои се згрижувани. Тој е најсочувствителната и најемпатичната личност што сум ја сретнала. Тој е многу дружељубив и си има поставено мисија да прави децата што доаѓаат кај нас да се чувствуваат добредојдено. Многу се труди на училиште и е полн со хумор. Природно ми е да му бидам мајка. Тој не ни забележува дека сум толку млада (или не му е гајле). За него сум само мама. Беше многу возбуден на денот на посвојувањето.
Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство Згрижувачко семејство Во свој текст, Сар објасни дека згрижувањето е најубавото нешто што некогаш го направила. Иако ѝ е тешко кога некое од децата ќе си замине од нивниот дом, таа е пресреќна што тоа се обединува повторно со неговата мајка.
Станавме згрижувачки родители бидејќи сакавме да им помогнеме на семејствата во нашата заедница. Посвојувањето не беше наша примарна цел, но бевме подготвени да го прифатиме кога би имале прилика. Се залагаме за повторно обединување на семејствата. Најдобриот дел од згрижувањето е кога гледам како родителите се трудат ужасно напорно за да си ги вратат децата. Привилегија е да се биде покрај овие родители низ нивното патување и да им се дава поддршка на секој можен начин. Досега сме згрижиле 14 деца, некои подолго, некои пократко. Луѓето ми велат: „Никогаш не би можел да згрижувам деца. Премногу ќе се приврзам и ќе ме боли кога ќе си одат дома.“ Да, тешко е. Плачам секојпат кога ќе си оди некое дете. Но, обединувањето на детето со семејството може да биде прекрасно. Згрижувањето никако не е лесно, но ви гарантирам дека ќе биде највредното нешто што некогаш ќе го направите. Постои изрека „Подобро е да љубиш и да изгубиш одошто никогаш да не си љубел“, која ми е многу драга. Имав привилегија да се заљубувам повторно и повторно и повторно (14 пати да бидам поточна). Кај згрижувањето подемите се превисоки, а падовите прениски. Никогаш не е здодевно. Го обожавам овој живот. Обожавам да сум мајка. Обожавам да се грижам за децата во нашата заедница, без разлика дали е само за една ноќ или за цел живот. Обожавам што можам да им пружам поддршка на семејствата и плачам од среќа секојпат кога некоја мајка ќе си го врати своето дете. Не можам да си замислам да не го живеам овој живот.
Најемотивната фотографија за Сара досега е од денот на посвојувањето на вториот син. На неа е прикажан моментот кога тој ја прекинал судијката за да раскаже зошто сака да биде посвоен токму од нив.
Ако некој ми кажеше пред 5 години дека на 26 години ќе посвојам тинејџер, ќе си помислев дека е луд. Сега не можам да си замислам ништо поразлично од тоа. Го споделувам ова за оние кои сакаат да згрижуваат, да не ги отфрлаат постарите деца и тинејџерите. Не е лесно, но, многу вреди.
 
ВИДЕО ОД ПОСВОЈУВАЊЕТО НА ДЕЈШОН:

]]>