посвета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Jan 2024 08:13:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png посвета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-mu-dojde-na-rodenden-na-toshe-doma-vo-negovata-rodna-kuka-vo-krushevo-od-sekade-greesh-od-sekoe-koshe-shepkash-neshto-kako-shto-znaeshe-samo-ti-video/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336345

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево... го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата... За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона... За сите - незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање. И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други. Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа. Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени! А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака: „Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ - пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43... Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси. А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама... тоа е реалноста! Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање... на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина... Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома. „Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се' мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се' уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : '17та тераме'! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање. 43... Те сакам до небото и назад“ - споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.
Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>

Ким Кардашијан ја покажа скриената тетоважа посветена на поранешното момче: Сите се прашуваат дали е реално тоа што го направила (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kim-kardashijan-ja-pokazha-skrienata-tetovazha-posvetena-na-poraneshniot-dechko-site-se-prashuvaat-dali-e-realno-toa-shto-go-napravila-foto/ Fri, 10 Nov 2023 13:24:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326444

Ким Кардашијан ги изненади сите кога на малите екрани ја покажа тетоважата која му ја посветила на своето поранешно момче. Иако еднаш тетоважата ја поистоветуваше со „ставањето налепница на браникот на Бентли“, Ким Кардашијан направи една на многу скриено место. Во најновата епизода од семејното реално шоу, таа откри како се истетовирала одвнатре на нејзината долна усна. Таа го направила знакот на бесконечност во октомври 2021 година, кога го водеше   „Saturday Night Live“. - Момци, ова не го знаетвте за мене. Моите пријателки  и јас ја направивме истата тетоважа, но тие ја носат на раката. Бев како „О, нема шанси“... – објаснила таа пред фризерот Крис Еплтон.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Потоа, таа се присети на нејзината претходна изјава кога откри „цртеж“ направен додека беше опкружена со неколку пријатели и сестрата Клои Кардашијан.
- Конечно ја ставив налепница на Бентли - се пошегува таа, а потоа следеше објаснување како го променила мислењето за тетоважите.
– Така се слави „СНЛ“ Со мала тетоважа во 4 часот и 30 минути наутро – прокоментира таа во старото видео од студиото за тетовирање.
Бидејќи добро го криела, често и самата го заборава.
Меѓутоа, кога ги мие забите со конец, помислува: „Што е ова црно во мојата уста?
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пофимедиа

Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски во прегратки на неговиот идол: Столе си го исполни својот сон, се сретна со Џиџи Буфон! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-reprezentativen-golman-dimitrievski-vo-pregratki-na-negoviot-idol-stole-si-go-ispolni-svojot-son-se-sretna-so-dhidhi-bufon-video/ Mon, 11 Sep 2023 06:38:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317265

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е „ноќна мора“ за Италија. По катастрофата од Англија, конечно еден добар натпревар, солидно поставена тактика, цврста игра на средината, брзи на контри во нападот, сигурни во одбраната сво која македонскиот голман Столе Димитриевски уште еднаш потврди дека е светска класа. Чуварот на нашата мрежа не крие дека има свој идол од  младоста  на кој му се восхитува и денес, а тоа е италијанската голманска легенда, однеодамна тазе фудбалски пензионираниот Џанлуиџи Џиџи Буфон. Токму Столе се појави со  неговиот дрес на себе на првата средба при собирот  со фудбалерите и селекторот Благоја Милевски на подготовките пред двата квалификациски средби за Европско против Италија и Малта. Италијаните одново никако да излезат на крај со нас, а македонскиот голман имаше можност да си ја исполни најголемата желба во животот, за која мечтаел уште од дете... Да се сретне со својот идол Џиџи Буфон, кој беше дел од италијанската фудбалска делегација на натпреварот меѓу двете репрезентации. Средбата во соблекувалните на стадионот „Тодор Проески“ непосредна, емотивна и срдечна. Со тоа што Столе не пропушти од џебот на тренерката да го извади споменатиот дрес на легендарната „единица“ и побара од својот идол да му се потпише на него. Галантниот Џиџи иако можеби помалку и изненаден, со насмевка, прегратки и бакнежи  тоа го прифати, оставјќи  автограм со посвета на восхитениот Столе. Срцето и душата полни, како поттик повеќе македонскиот голман  да продолжи со добри одбрани и резултати, како во репрезентативниот дрес, така и во оној на клубот за кого настапува, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Фото: Инстаграм/ffmacedonia

Ги израдува фановите: Анастасија Ражнатовиќ за прв пат проговори по загубата на бебето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gi-izraduva-fanovite-anastasija-razhnatovik-za-prv-pat-progovori-po-zagubata-na-bebeto-foto/ Tue, 27 Jun 2023 11:15:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307890

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот дечко фудбалер Немања Гудељ изминатиов месец минуваа низ тешка фаза. Анастасија неодамна го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, што беше голема трагедија за целото семејство. Тажната вест на јавноста ѝ ја соопшти нејзиниот партнер Немања Гудељ, кој ги замоли медиумите за мир и почит. Анастасија се повлече од социјалните мрежи и ги деактивира сите профили. А сега, по 27 дена, повторно се врати на Инстаграм. Првата објава му ја посвети на својот партнер и му честита на професионалниот успех. „Честито, љубов моја! Денес се случи еден од многуте убави мигови на нашиот заеднички живот. И за уште многуте што следуваат. Ако го заслужува некој ова, тоа сме ние. Те сакам, бубо“, напиша Анастасија.
Инаку, повод за славење беше тоа што Гудељ го продолжи договорот во Севиља на три години. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Србија денес]]>

Црни ленти: Српскиот претставник на Евровизија, Лук Блек настапот им го посвети на убиените деца (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tsrni-lenti-srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-luk-blek-nastapot-im-go-posveti-na-ubienite-detsa-video/ Wed, 10 May 2023 07:05:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301356

Вчеравечер, 9-ти мај 2023   во Ливерпул се одржа првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песна на Евровизија. На неа, трет по ред настапи претставникот на Србија, Лук Блек. Тој се претстави со песна насловена  „Само ми се спава“ (Само ми се спие). Блек го започна настапот лежејќи, а потоа се вклучи во танцовите движења придружувајќи им се на неколкуте танчери во скафандери и со маски на нивните лица. Тој вчерашниот настап го посвети на трагедиите што ја снајдоа Србија. На сцената стави црна лента, а на самиот крај од феноменалниот настап кој имаше емотивна порака, следеше громогласен аплауз. Видеото од настапот погледенете го тука: ]]>

Марија, ќерката на покојниот Џеј тетовирала зборови од неговите песни на нејзиниот грб (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-kjerkata-na-pokojniot-dzej-tetovirala-zborovi-od-negovite-pesni-na-nejziniot-grbot-foto/ Wed, 07 Dec 2022 08:22:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278965

Поминаа две години откако познатиот пејач Џеј Рамадановски замина, а неговата ќерка Марија Рамадановски откри дека никогаш нема да може да ја оплаче смртта на својот сакан татко.Таа признава дека не поминува ден да не се сеќава на својот татко, а Марија сепак применува дел од неговите совети кога е со другарките. Откако тој почина, таа го сака уште повеќе, токму затоа што многу и недостига.Таа е горда и среќна што и другите го паметат по неговата добрина, смеа, радост и музика, а каде и да се појави денес наидува само на пријатни средби.Како што открила во пресрет на годишнината од неговата смрт, омилени песни на Џеј биле „Честитка манје“ и „Живот је жена без морала “, а за песната „Неделја“ изјавила дека тоа е филм, а не песна . - Го истетовирав текстот на песната „Сунце љубови“, тоа е единствената тетоважа што ја имам и таа му е посветена на него. Посебно ја сакам таа песна - емотивно откри Марија Рамадановски.Таа истакна и дека „Неделја“ не сакал да ја пее, но дека и Џеј не ја сакала многу .-Како да почувствува нешто.Секој ден се сеќавам на него - изјавила Марија. Фото: Принтскрин/Драгана Удовичиќ/Ата Имаџес]]>

Преслатко: Тамара Тодевска доби несекојдвен подарок од Билбилов кој ја воодушеви (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/preslatko-tamara-todevska-dobi-nesekojdven-podarok-od-bilbilov-koj-ja-voodushevi-foto/ Mon, 08 Aug 2022 07:37:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261599

Тамара Тодевска и Роберт Билбилов не само што се долгогодишни соработници, тие се и многу добри пријатели кои функционираат на иста феквенција. Вистинското пријалество вреди богатство, а оние што имаат такви луѓе до себе на кои може да им верувааат и да се потпрат, се вистински среќници.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

Тамара пред три ипол години во месец декември се породи по вторпат и на свет го донесе синчето Дарен. Тој сега е потпораснато момченце кое ги радува мама и тато и е тука за безгрижна детска игра со дада Хана.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Дарен во месец декември ќе наполни 4 години, а иако помина толку време откако тој дојде на свет, бато Билбилов ја израдува и изненади мама Тамара со подарок каков не очекуваше. Имено, тој и поради рамка во која е бебешко боди на кое пишува податоци за раѓањето на Дарен, година, датум, час, килограми, должина... Овој необичен подарок сигурно и е повеќе од драг на Тамара, а веруваме уште повеќе ќе биде така и за Дарен кога ќе порасне. фото:Инстаграм принтскрин/тамара тодевска, роберт билбилов]]>

„Невера моја био си ти“: Весна Змијанац оваа љубовна песна ја посветила на познатиот пејач во кој била лудо заљубена https://arhiva.vistina.com.mk/nevera-moja-bio-si-ti-vesna-zmijanac-ovaa-ljubovna-pesna-ja-posvetila-na-poznatiot-pejach-vo-koj-bila-ludo-zaljubena/ Tue, 09 Nov 2021 11:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226534

Весна Змијанац која во текот на 80тите беше на врвот на популарност, но имаше и една голема љубов. Имено, станува збор за пејачот Халид Муслимовиќ на која таа му посветила песна. -Кога Халид го издаде албумот „Учини бар један погрешан корак“, сфатив дека таа песна е наменета за мене, по што донесов одлука да побарам друг маж и да се омажам. Потоа на Халид му ја посветив песната – „Невера моја био си ти“, изјави Весна Змијанац. Инаку, Муслимовиќ беше во заљубен и во Злата Петровиќ, но таа не беше заљубена во него. -Еден период живеев кај него бидејќи патувавме, имавме три концерти на ден. И тогаш Халид ми велеше дека сум негова неостварена желба, а јас му кажав: „Чекај, редот е предолг“ се пошегува Злата. Инаку, Халид се ожени со босанската пејачка Аделиса Хоџиќ. фото: драган кадриќ/дамир дервишагиќ/инстаграм/весна змијанац]]>

Аца Лукас ја откри мрачната вистина за големиот хит и кому му го посветил: „Кријам солзи секогаш кога ја пеам“ https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-ja-otkri-mrachnata-vistina-za-golemiot-hit-i-komu-mu-go-posvetil-krijam-solzi-sekogash-koga-ja-peam/ Fri, 23 Jul 2021 12:31:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212381

Една од најемотивните балади кои Аца Лукас ги испеал во досегашната кариера е песната „Лешче“. Во својата автобиографска книга, тој објасни како настанала оваа тажна песна и каква трагедија го инспирирала текстописецот да ја напише. – Песната „Лешче“ е посветена на мојот пријател кој почина како резултат на дрога и е повик до сите да кажат НЕ на дрогата. Песната е напишана во 1985 година и сите од мојата генерација ја знаеја во Карабурма уште пред да ја снимам. Таа песна морав да ја снимам и пеам, бидејќи таа е неисцрпен дел од мојот живот – рече Аца и продолжи: -Иако понекогаш во моето око, додека ја пеам, другите не забележуваат солза, душата ми плаче. Песната е инспирирана од приказната за една девојка од Карабурба која секој ден оди на гробиштата „Лешче“ и носи цвеќе на гробот на своето мртво момче. Починал како резултат на дрога. Секој пат пред да пеам, сакам да и објаснам на публиката на кој и ја посветив песната – на мојот покоен пријател, кој исто така почина како последица на дрогата. Никогаш не сакав да снимам спот за таа песна, бидејќи знаев дека тоа ќе биде мојата последна снимка. ]]>

Елена Стојановска со специјална емотивна посвета до татка си, а во прилог и една мнгоу драга стара фотографија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stojanovska-so-specijalna-emotivna-posveta-do-tatka-si-a-vo-prilog-i-edna-mngou-draga-stara-fotografija-foto/ Tue, 02 Feb 2021 09:05:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187734

Добро познато е дека љубовта и поврзановста на татковците и ќерките е посебна, а ТВ водителката Елена Стојановска преку својата најнова објава го потенцираше тоа. Таа објави емотивна посвета по повод роденденот на нејзиниот татко и напиша: -Мене како мала кога ќе ме прашале кого најмногу го сакам, секогаш сум одговарала, татко ми! До ден денес, ништо не е сменето! Среќен роденден на вистинскиот Супрмен, напиша Елена. Во прилог на оваа едноставна, но толку длабока и емотвна роденденска честитка, Елена објави и стара драгоцена фотографија каде е малечко детенце во рацете на татка си. Бесценето!]]>