постоење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Nov 2023 08:13:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png постоење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Вистина“ ја истурка првата деценија: Десет години оригинални, уникатни, препознатливи… вистински! https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ja-isturka-prvata-detsenija-deset-godini-originalni-unikatni-prepoznatlivi-vistinski/ Mon, 20 Nov 2023 08:07:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327574

20 ноември, ден денешен, 2013 година… Денот кога пред една цела деценија тогаш само на нашиот, набргу па се' до денес многу повеќе Ваш  портал Вистина.ком.мк, (Vistina.com.mk) осамна првиот текст. … Тогаш  уште еден нов онлајн медиум, денес познат, признат, етаблиран и што е најважно многу посетуван и читан портал. Бевме и останавме Ваш медиум. Не дека ги нема доволно. Напротив. Или дека меѓу другите нема и доволно добри. Ни случајно, иако таквите на прсти можат да се избројат. Но, нам уште од првиот ден не ни е целта да бидеме подобри од некого. Целта ни беше да бидеме поразлични. Уникатни, препознатливи, оригинални, единствени…  Бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името.  Затоа за сите овие години се потрудивме да не бидеме еднолични, исплакнати и само едни од многуте. Од првиот објавен текст не само ги пренесувавме  информациите туку ги создаваме,  им одиме на настаните и збиднувањата во пресрет, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме. Постојано гребеме под површината за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти, препишани написи… Едноставно ние создаваме приказни! Ветивме дека ќе бидеме интригантни и забавни,  провокативни и шокантни,  гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни…  Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. И останавме доследни на ветеното. И покрај сите „сцили и харидби“ , бури и премрежја низ кои годиниве минувавме и се’ уште минуваме во овие турболентни времиња и опасни години на живеење. Се’ уште сме тука со Вас и за Вас и планираме уште долго да бидеме, за да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е онаа – „вистинската“.  Или како што ние велиме: Само една има вистина – Вистина.ком.мк… Се’ друго е…  Знаете веќе што. Затоа, од срце Ви благодариме што од првиот напишан збор и првата објавена фотографија до ден  денес останавте со нас. Верна читателска публика, која постојано се зголемува, расте… Ние и понатаму ќе бидеме првите што ќе се потрудат да ви овозможат да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или она што вообичаено досега сте можеле да го дознаете. Зашто сме естрадно-забавна лектира,  единствена по својата содржина и по начинот како истата е презентирана. И за читателите и за препишувачите во овој виртуелен хаос, во ова онлајн „село без кучиња“, во кое мнозинството „лингури“  секојдневно безидејно талкаат од портал до портал, бесрамно крадејќи од малкуте вистински, за потоа нивното „копи-пејст“ препишување на туѓите идеи, истражувања, приказни, написи… да го преставуваат како свое дело. Затоа, само една има Вистина… Единствена оригинална, уникатна, препознатлива… Вистина.ком.мк! Ова се нашите први 10 години… Наши и Ваши, за што од се’ срце Ви благодариме на времето, вниманието, лојалноста, довербата, која никогаш нема да ја изиграме и нема да ве изневериме! А, годините...? Само нека ни се множат... И нам и Вам!]]>

Девет години Вистина https://arhiva.vistina.com.mk/devet-godini-vistina/ Sun, 20 Nov 2022 11:32:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276640

20 ноември,  2013 година… На овој датум пред 9 години се “роди“ нашиот портал, осамна првиот текст на Вистина.ком.мк… Тогаш  уште еден нов медиум, денес познат, признат, почитуван, етаблиран и што е најважно многу посетуван и читан портал. Бевме и останавме Ваш медиум. Не дека ги нема доволно. Напротив. Или дека меѓу другите нема и доволно добри. Ни случајно, иако не нема многу.  Целта ни беше да бидеме поразлични. Уникатни, препознатливи, оригинални, единствени…  Бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името. Своевидна „лектира“ за сите останати што се занимаваат со нашата проблематика! Ние од првиот објавен текст ги создаваме информациите наместо да чекаме сами да ни дојдат,  им одиме на настаните и збиднувањата во пресрет, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме, постојано гребеме под површината за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти, препишани написи… Срамен „копи-пејст“ од туѓи, украдени текстови, од нечие авторство како што тоа го прават повеќето во „морето останати“! Затоа ние и сме поразлични,  интригантни и забавни,  провокативни и шокантни,  гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни…  Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. така започнавме и  останавме доследни на ветеното. И покрај сите  бури и премрежја низ кои годиниве минувавме и се’ уште минуваме во овие турболентни времиња и опасни години на живеење. Се’ уште сме тука со Вас и за Вас и планираме уште долго да бидеме, за да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е онаа – „вистинската“.  Или како што ние велиме: Само една има вистина – Вистина.ком.мк… Се’ друго е…  Знаете веќе што. Затоа, од срце Ви благодариме што од првиот напишан збор и првата објавена фотографија до ден  денес останавте со нас. Верна читателска публика, која постојано се зголемува, расте… Ние и понатаму ќе бидеме оние што ќе се потрудат да ви овозможат да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или она што вообичаено досега сте можеле да го дознаете ка останатите. Естрадно – забавна „лектира“  за читателите. Но и за препишувачите во овој виртуелен хаос, во ова онлајн „село без кучиња“, во кое мнозинството „неписмени џукели и лингури“  секојдневно безидејно талкаат од портал до портал, бесрамно крадејќи од малкуте вистински, за потоа нивното „копи-пејст“ препишување на туѓите идеи, истражувања, коментари, написи… неказнети за кражбата безобразно  да го преставуваат како свое дело.  Затоа, само една има Вистина… Единствена, оригинална, уникатна, препознатлива… Вистина.ком.мк! Ова се нашите први 9 години… Наши и Ваши, за што од се’ срце Ви благодариме на времето, вниманието, лојалноста, довербата… која никогаш нема да ја изиграме, нема да ве изневериме!]]>

77 години постоење: На денешен ден во 1945 година е основан МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/77-godini-postoenje-na-deneshen-den-vo-1945-godina-e-osnovan-mnt/ Mon, 31 Jan 2022 13:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236934

На денешен ден во 1945 година со решение бр. 581/45 на Президиумот на АСНОМ бил основан Македонскиот народен театар. Со ова официјално започнува со работа оваа сценско – уметничка куќа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар – драматург. Првата претстава премиерно е прикажана на 3 април 1945 година: драмата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески. Македонски народен театар, по формирањето и натамошното постоење/создавање, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот. Создава свое место на мапата на Македонија, на мапата на некогашна Југославија и надвор од неа.]]>

„Канал 103“ слави три децении постоење во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/kanal-103-slavi-tri-decenii-postoenje-vo-mkc/ Tue, 28 Sep 2021 12:18:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220935

Музичкото радио Канал 103 ја најави својата целовечерна роденденска прослава за в петок на платото кај МКЦ со почеток во 18 часот. Во духот на програмската ориентација на радиото кое ја поддржува и промовира храбрата и независна музичка сцена, богатото фестивалското мени содржи жанровски разновидна понуда со строго контролирано органско потекло. Настапуваат: LELEE (Словенија), Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев, Lufthansa и Blaž (Словенија). Фестивалот ќе започне со промоција на „Момент документ“, фото-монографија на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследено со придружна изложба на негови фотографии. Билетите во строго ограничен број се достапни на билетарницата на МКЦ и на следниот линк. По интимниот концерт на Крсте Роџевски во Куршумли Ан и редовните „103 средби низ музика“ во клубот Ла Кања, со овој фестивал се заокружува одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години Канал 103.]]>

Новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishen-koncert-na-ansamblot-tanec/ Fri, 20 Dec 2019 11:39:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125076

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе има новогодишен концерт со кој ќе ја затвори јубилејната, 70-та година од своето постоење. На концертот ќе гостува и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло“ од Србија. – По серијата коцертни чествувања низ градовите низ земјава и меѓународните претставувања во Франција, Шведска и Австралија, „Танец“ вечерва со гостите од „Коло“ ќе ја исполни сцената на МНТ со бесценетите антологиски кореографии на „Тешкото“, Невестинското“, „Драчевка“, уникатното „Старобосанско немо коло“, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро“, популарните „Не стој Доне, Донке“, „Ој, Мораво“ и многу други. На сцената ќе бидат над 120 учесници, а капацитетот на Македонскиот народен театар беше мал за да ги покрие со билети сите љубители на врвниот музичко-сценски фолклор. Картите за овој настан беа распродандени за само неколку дена, соопшти „Танец“. На вечерашниот концерт премиерно ќе биде изведена новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“. Блажевски подолг период го истражуваше регионот на Радовиш и од материјалите собрани на терен избра новата кореографска творба да ја темели врз изворните радовишки соборски ора „Кукурику петле“, „Ситната“, „Трченица“, „Тоска“ и „Маца вода лие“, како и ороводната песна „Покрај, накрај Кате“. Музичката обработка е на познатиот македонски хармоникаш, композитор и аранжер Дарко Илиевски, долгогодишен член на оркестарот на „Танец“. „Танец“ објави и најново ДВД-издание од јубилејниот концерт што го одржа во јуни годинава во Националната опера и балет, а за 70-годишнината е објавена и двојазична монографија која ќе биде претставена пред вечерашниот концерт, од 19 часот во фоајето на МНТ. Книгата е насловена „Остани во чекор“ и е посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“. Автор е етномузикологот Кирил Тодевски, а преводот на англиски е на Марија Џонс. Публикацијата е на „Арс Ламина“ и содржи комплетни нотографии за сите десет корепграфски постановки направени од Марко Коловски, а изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на ансамблот]]>