постер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Dec 2019 12:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png постер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна – „Ѓогани“ раскажа што направил Ѓоле со сликата на бившата сопруга Слаѓа на плакатите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-gjogani-raskaza-shto-napravil-gjole-so-slikata-na-bivshata-sopruga-slagja-na-plakatite-foto/ Mon, 30 Dec 2019 12:17:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126554

Сегашната сопруга на Ѓоле Ѓогани  - Весна раскажа нешто што поранешната - Слаѓа Делибашиќ, не би сакала да го слушне. „Кога отидовме на првиот настап, немавме наш постер, па Ѓоле зеде еден од старите, на кој беа тој и Слаѓа, па  и нацрта црни ленонки над очите со фломастер“ - рече Весна, а Ѓоле додаде:
  „И ги зацрнив очилата за да не можат да и се видат очите, но и ја оставив истата фризура“. „На таа слика Слаѓа имаше црна, пуштена коса, а јас се појавив со долга, руса, шатирана коса на сцената. Тогаш немавме пари за нови постери и професионална фотографија“ -  признала со насмевка  Весна на АЈ-ДИ-ЈЕЈ ТВ. „Немавме многу пари кога го снимавме првиот албум. Слаѓа си замина и ги собраа сите (се смее). Додека го снимавме ЦД-то, отидовме во една пицерија и нарачавме пица така што ја поделиме на два дела за да ручаме“ -  заклучи Ѓоле.]]>

Сите однапред, само Цветанка Глигорова сака отпозади… да ја има на плакат!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-odnapred-samo-cvetanka-gligorova-saka-otpozadi-da-ja-ima-na-plakat-foto/ Tue, 13 Feb 2018 09:29:02 +0000 http://vistina.mk/?p=12507

Македонската пејачка Цветанка Глигорова во последно време е многу активна. И по настатапи по кафулињата и клубовите, како во родното Кавадарци и цела Македонија, така и на социјалните мрежи, на кои постојано осамнуваат нејзини фотографии. Некогаш нови, некогаш стари... Некои од приватната архива, некои професионални, од настапи, фотосесии, плакати, постери...!
А кога веќе сме кај плакатите и постерите, сите знаат дека тие се неизоставен дел во работата на еден естраден уметник. И покрај технологијата, електронските медиуми и социјалните мрежи, печатениот материјал се уште е во игра! Палакат си е плакат... Може да се залепи на видно место и секој да го види... без оглед на неговата големина. Затоа и Цветанака, како и другите пејачи постојано ги користи при рекламирање на своите настапи. Само, ако ги загледате нејзините плакати, или барем некои од овие последниве, веднаш в очи ќе ви падне една разлика.
За разлика од останатите пејач(к)и, кои сакаат однапред, само Цветанка Глигорова сака отпозади... да ја има на плакат!? Обично лицето продава, велат, ама кај сексапилната кавадарчанка ќе да продава нешто друго!
До душа, не дека и приватно пејачката не е мераклика на вакви пози, кои можат да се најдат на некои од фотографиите на нејзините профили по социјалните мрежи, ама сепак за на постер и плакат...!?
Ама ако! Зошто да не, кога веќе добро и оди со настапите? Кој да знае, можеби тоа е еден од рецептите за успех? Можеби вака е најдобро да се привлече „заглеаната“ публика на настапите?
До душа не дека сите плакати и се со „привлечна позадина“, напротив! Цеце има и од оние на кои е лице в лице со своите потенцијални посетители, на кои е исто така привлечна и во секси поза...
Впрочем, ваквиот сексапил го најави уште со фотосесијата од пред две години за новогодишниот календар изработена од нејзините сограѓани од Фуџи-Фото, на која можете да се потсетите на приложените фотографии подолу.
Фото: Ц.Г./Инстаграм &  Фуџи Фото    ]]>

Креативна домаќинка: Нина се воодушеви од постерот на Борко, па за возврат реши да му покажа колку ја бива! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kreativna-domakjinka-nina-se-voodushevi-od-posterot-na-borko-pa-za-vozvrat-reshi-da-mu-pokaza-kolku-ja-biva-foto/ Thu, 21 Dec 2017 09:44:23 +0000 http://vistina.mk/?p=7340

Борко Ристовски и неговата избраничка Николина - Нина се во Барселона. Него клубските обврски се’ уште не му се завршени, а таа полека навлегува во последните месеци од бременоста. Додека нашиот ракометен интернационалец голем дел од времето го минува на тренинзи и натпревари, Нина има повеќе слободно време за себе, кое се обидува да го потроши на ралични начини. Од прошетки и шопинг низ каталонската престолнина, до завршување на разни обврски во домот.
Последното нешто беше посетата на големиот стадион на Барселона, легендарниот „Камп Ноу“. А таму како што е редот и традицијата  во големите клубови, на ѕидот закачен големиот билборд на ракометната екипа на каталонската гордост - огромниот постер со ликовите на ракометарите на актуелната постава. Меѓу нив, секако и нашиот, или поточно, нејзиниот Борко... И убавата Нина не  му одолеа, па застана одблизу да го види неговиот лик. За да биде сликата појасна, а впечатокот посилен, дури ги стави и очилата за гледање одблизу! Случајно да не најде некој недостаток на фотографот или фотошоп мајсторот... Ама очигледно не најде, па покрај совршената фотографија, Нина постираше совршен статус со еден куп хаштази: „Љубов моја... Барселона... Камп Ноу...Најдобрата личност...Најдобриот голман... Родителска забава... Бремена...“
Очигледно Нина ем среќна, ем воодушевена си замина од спортската арена, па побрза дома, за да возврати со една од своите вештини - домаќинлукот. Резултатот на среќната домаќинка - овошен колач, декориран со свежо овошје среде зима!
Коментарот на „министерот за одбрана“ зврши со  преписка на идната брачна двојка:  “Јако е... украсена со овошје“, на што вредната идна сопруга и мајка возврати: „Креативноста е монент... тоа доаѓа само од себе, така...“! Завршниот збор требаше да го има голманот, па шеговито допиша: „Намали со креативноста те молам“... Арно ама, очигледно „точка на и“ стави вредната домаќинка: „Сега ми доаѓа да напишам нешто, ама  после ќе ти кажам“!
Што тоа домаќинката му кажа на „министерот за одбрана“ и каков беше епилогот кога тој се врати дома... одговорот остана во кругот на семејството Ристовски! Ама од овошниот колач по се изгледа не остана ништо! Креативноста на домаќинката ја кркнаа во „еден залак“!]]>