пост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 09:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миа Костова со саркастична порака, како своевидна роденденска честитка на самата себе си: „Полнам 38, а вака убаво не сме живееле, па не памтам од кога?“ https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-so-sarkastichna-poraka-kako-svoevidna-rodendenska-chestitka-na-samata-sebe-si-polnam-38-a-vaka-ubavo-ne-sme-ziveele-pa-ne-pamtam-od-koga/ Wed, 05 Oct 2022 09:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270118

Миа Костова на јавноста и позната оддамна... На скопјани пред се' како урбан градски лик,  на Македонија како позната ТВ водителка, а во последно време како успешна инфлуенсерка. Тоа е она што се знае и гледа, а она што може од неа да се слушне и доживее многумина знае да воодушеви,  многумина да шокира, а понекого и „жив да закопа“... За навека! Зашто русокосата е позната по тоа што „не тркала жива сила“, па што повеќе има неправди што ја допираат, толку е поостра и по „пис“ на јазик... Истиот оној јазик кој и е „без влакна“, па што и лежи на срце, притиска на душа и падне на ум, „без пардон“ знае јавно да го „истури“ или да му го „плесне в лице“... Секому, кој и да е! Зашто Миа решила никој да не и диктира правила по кои треба животот да го живее. Сама, со своето синче Андрија или со партнерката Тијана. Затоа Миа Костова може да ја сакате, може да не ја сакате, ама не може да ја промашите, да не ја забележите, да не ја прокоментирате  нејзината појава, постапките, искажаните зборови и ставови. „Жилет на јазик“,  само своја, горда и храбра, кршач на табуа, духовита, интелигентна, уникатна... Со еден збор  - оригинална... Во се', па и кога Миа Костова слави роденден. Или барем кога 38-та и е на прагот, иако на дамите не им се бројат годините, освен ако не ги потенцираат самите, како што таа тоа го направила во последниот свој споделен предроденденски пост на Фејсбук.  И тоа во нејзин стил... Со саркастична порака, како своевидна роденденска честитка на самата себе си: „Бубе го болел меот за у војска, а води држава. Градоначалничката се претвори во Ума Турман во Кил Бил, а градот се распаѓа. Семејно насилство на секој чекор, среќа уште немаме интервју со сериски силувач. Случајно немаме струја по цел ден, ама имаме екстерни пуњачи да пратиме што се дешава по социјални мрежи. Интолеранција на глутен е соу лест сизн, сеа сме сите алергични на кашкавал. Ќе полнам 38 за некој ден, вака убаво не сме живееле па не памтам од кога?“ - напиша Миа Костова во предроденденскиот пост како роденденска честитка за себе и осврт на „надреалната реалност“ во кој го дочекува денот што го чекаме цела година, по 38 пат во животот. Нејзе, среќен 38-ми, а нам... „Среќна Нова 49-та“! Фото: Фејсбук принтскрин/Миа Костова    ]]>

Снежана Лупевска скршена од болка: „За жал, утрово мојот Супермен го напушти овој свет“ https://arhiva.vistina.com.mk/snezana-lupevska-skrshena-od-bolka-za-zal-utrovo-mojot-supermen-go-napushti-ovoj-svet/ Wed, 13 Jul 2022 05:56:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258446

Новинарката и главен уредник на ТВ телма, Снежана Лупевска-Созен сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Авторката и водителката на емисијата „Код“ на „Телма“ со трогателна посвета се прости од татка си. „Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер херои, водич во животот.. Мојот татко беше сето ова, но и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен.. Со сето ова не сфаќав дека старее.. Дека еден ден може да не биде со нас оти никогаш не се жалеше и се’ можеше сам. За жал, утрово го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко“, напиша Лупевска на својот „Фејсбук“ профил простувајќи се од својот починат родител.  ]]>

Од прошталниот пост за Џеј на новинарката и писателка Мирјана Бобиќ – Мојсиловиќ нема кого не му потекоа солзи: „Ги спои јадрото на градот и периферијата, шампањското и ракијата, да се има и да се нема…“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-proshtalniot-post-za-dzej-na-novinarkata-i-pisatelka-mirjana-bobikj-mojsilovikj-nema-kogo-ne-mu-potekoa-solzi-gi-spoi-jadroto-na-gradot-i-periferijata-rakijata-i-shampanjskoto-da-se-ima-i-da-se-nem/ Mon, 07 Dec 2020 10:18:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179838

Познатата српска новинарка, ТВ водителка, писателка и сликарка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ по страшно тажната вест за смртта на големиот Џеј Рамадановски, на Фејсбук сподели проштален пост од кој нема кого не му потекоа солзи. „Излегов од семејниот ручек во неделата, на улица, веќе се стемнуваше, дуваше страшна Кошава, што ми ја турна качулката од глава и ги исуши солзите што одеднаш неконтролирано почнаа да течат по моето лице,  како некој да го притискаше натопениот сунѓер на моето срце, па тој пушти се.  Улиците беа празни, само лисјата и јас и тој ветер, на кој тивко си ја пеев песната на Џеј „Недеља“ и размислував за тој мал голем живот. За него кој лебдеше над Белград попладнево, можев да го слушнам неговиот глас и неговата смеа и помислив на нашиот милионер од калта, на просторијата во Дорќол од која учителката го однесе на училиште, тој мал кибритчија, неколку години помлад од нас, кој беше дел од нашиот живот, растејќи во Првата белградска гимназија, и размислував за таа судбина... И како ја надрасна и како подоцна беше поголем од животот, и како замина во недела, како во песната, оставајќи ни некое неискажливо чудо и меланхолија. И тогаш сфатив дека не плачам само заради заминувањето на последниот шмекер од Дорќол, туку дека моите тивки солзи на таа Кошава беа ненадејна длабока тага за нашата младост, за смеата и хуморот во дорќолските кафулиња, или покрај базенот крај реката,  на  децата кои се кикотеа во трамваите, на момчињата што ги гланцаа своите италијански чевли со ист жар со кој подоцна ги полираа своите први голфови... Тоа беше длабок писок за сите оние моменти за кои не дозволуваше да заборавиме и да зборуваме, за сите оние „соби со поглед кон тебе“, за сите оние „љубовни сонца“. Ја пуштив неговата последна песна. ... „Ќе платам, само заплачи, вечерва да поверувам дека барем една што шета по оваа земја, плаче за мене“. И помислив, како Џеј промени толку многу неша. Тој го спо јадрото на градот и предградието, ракијата и шампањското, малите и големите, смешното и тажното, да се има и да се нема... и беше родоначелник на новиот сензибилитет - ако не беше тој, на ниту еден од овие новокомпонирани јапи фраери никогаш не би им паднало на памет дека е добро, па дури и само во кафеана, да сакаш, да страдаш и да прашаш:  „Каде да одам сега, моја розо?“ И  Џеј не направи и нас девојките некако посебни. Ние бевме тие рози, девојки, сакани, тие мали сонца. Пееше за нас, за тоа како порано беше и за тоа како, можеби, зад некој кариран чаршав, може повторно да биде исто, романтично, блескаво и неутешно. Размислував како тој нè направи подобри луѓе без да има поим за тоа... И тогаш се насмевнав“.]]>

Јелена Карлеуша „ја закопа“ Дуа Липа: „Душо следниот пат стави ја вистинската карта, не е навистина тешко“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-karleusha-ja-zakopa-dua-lipa-dusho-sledniot-pat-stavi-ja-vistinskata-karta-ne-e-navistina-teshko-foto/ Wed, 22 Jul 2020 12:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160035

По бројните реакции и  коментари на „вадењето“ на Дуа Липа дека „само сакала нејзинта родна земја да биде прикажана на карта“, а сподели виртуелна карта од Голема Албанија српската пејачка Јелена Карлеуша и возврати на однесувањето на британската музичка ѕвезда, која има косовско потекло и нејзиното промовирање на карти на т.н „Голема Албанија“ на која има територии од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. „Само сакав мојата земја да биде прикажана на картата! Види вака душо, следниот пат стави ја вистинска карта што не вклучува територии на 4 различни држави, не е тешко, навистина“, напиша српската пејачка со што со една реченица „ја закопа“  нејзината славна колешка удирајќи и „културна шлаканица“. ]]>

По Прочка почнува Велигденскиот пост: Што треба да се прави на Чист понеделник и следните денови? https://arhiva.vistina.com.mk/po-prochka-pochnuva-veligdenskiot-post-shto-treba-da-se-pravi-na-chist-ponedelnik-i-slednite-denovi/ Sun, 01 Mar 2020 06:57:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136892

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост. Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали. Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април. За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук. Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.]]>

Станија со секси видео и пост на благодарност се прости од „Задруга 2“: Набрекнати брадавици и длабоко врежана танга! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-so-seksi-video-i-post-na-blagodarnost-se-prosti-od-zadruga-2-nabreknati-bradavici-i-dlaboko-vrezana-tanga-video/ Mon, 08 Jul 2019 09:36:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96630

Станија Добројевиќ иако важеше за еден од фаворитите за победа, а многумина веќе и ја прогласија за победник на „Задруга 2“ , го освои само третото место во реалното шоу. Малку пред тоа, таа постираше видео со секси фотосесија, каде старлетата во мини бикини, со набрекнатаи брадавици и длабоковрежана танга менуваше пози крај и во базенот, пред фотообјективот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STANIJA DOBROJEVIĆ (@stanijadobrojevic) on

По завршувањето на шоуто во кое не успеа да се закити со „дупла круна“, таа со овие зборови се прости за оваа се зона со своите обожаватели:
„Драги мои, еве јас да се огласам и да се обратам на сите, конечно сум на слобода, уживам во љубовта на своите најмили. Не спев, бидејќи сето време ги сумирам впечатоците од своето учество, слушам критики и совети и можам да ви кажам дека сум задоволна од впечатокот  што сум го оставила на вас. Се соживеавте  со мојот лик, мојата душа и моите емоции. Гледам дека се согласувае со моите ставови кои, кои како што и самите велите, секогаш биле правилни и реални. Мојата фамилија е горда на мене и тоа е мојата победа. Ви благодарам на сите на поддршката и ве сакам“ - напишала Станија.  ]]>

Тијана ја испрати Тамара на Евровизија па објави фотографија со која сите ги стави во недоумица: Дали можеби Хана (не) е нејзина ќерка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-ja-isprati-tamara-na-evrovizija-pa-objavi-fotografija-so-koja-site-gi-stavi-vo-nedoumica-dali-mozebi-hana-ne-e-nejzina-kjerka/ Mon, 06 May 2019 07:54:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86006

Сестрите Тодевски секако важат за едни од најпознатите во Македонија и соседството. Покрај вокалните квалитети и способности, нивната „семејна хармонија“ е повеќе од очигледна. Сестринска љубов, почитување, помагање, дружење...  големи како во ретко кое познато семејство, откако момите ќе се омажат!
Тијана ја испрати Тамара за Тел Авив. Овој пат не ја придружуваше како вокал. Остана само на моралната поддршка и стискањето палци за помалата сестричката. Со арно, со убаво, со среќа и желба за успех... И тоа јавно изразена написмено, за сите да видат. До душа, „мало на српском, мало на енглеском“  напишано, ама затоа гордо, искрено и од срце: „Среќно препелице моја. Утре заминуваш на Евросонг 2019 и јас знам дека тамо че растуриш. Биди своја, биди реќна, биди најдобра како и што си. Јас сум најсреќна и горда што токму ти си моја сестра и што на 16-ти и 18-ти мај цела Европа и светот ќе те запознаат и засакаат. Те сакам!“ - напишала во писмото за поддршка Тијана алијас Јагодинка Симоновиќ, како што самата на себе си го дала уметничкото име, а под него фотографија од раното детство на двете сестри.
Тета Тијана до душа не објаснила дали ќе ја превземе должноста на одговорна мајка од сестра и додека Тамара е на Евровсонг, па ќе ги чува Хана и малиот Дарен? А, кога сме веќе кај децата, уште една  фотографија од детството на Тијана споделена на социјалните мрежи предизвика вистинска недоумица и ги стави сите во дилема!
Имено, Тијана објави фотографија кога била малечка, отприлика на истата возраст на која е сега ќерката на Тамара. И сите ги остави со подзината уста, зашто сличноста помеѓу Тијана и Хана е фрапантна!
Да не знаете дека на фотографијата е Тијана , ќе помислите дека е во прашање Хана! Едноставно Тијана како малечка и Хана на оваа возраст се „копи - пејст“! Како клонирани!
Оттаму и шеговитата дилема: „Да не е Хана можеби случајно дете на Тијана?“ Не е, ама... личи како да е!            ]]>

Не знаеш што е поопасно: Кога ќе пукне пиштолот или кога на Сани ќе и „пукне филмот“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-znaesh-shto-e-poopasno-koga-kje-pukne-pishtolot-ili-koga-na-sani-kje-i-pukne-filmot-foto/ Thu, 14 Mar 2019 08:37:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77504

Македонската фолкерка Сања Сани Грозданозвска покрај тоа што има полни раце работа, речиси секој ден со се' викенди, наоѓа по малку време да се зкачи и на социјалните мрежи. Фејсбук, Инстаграм... на кои покрај постирањето на по некоја нова фотографија или статус,  не и недостига и провокација.
Понекогаш пејачката занае да ги покаже во прв план подразголените долги нозе, длабокото деколте и се што следи во него или некој друг телесен атрибут да исфрли на мегдан...
Фотографии доволно атрактивни колку и провокативни, чисто онака, колку да ја заскокоткаат јавноста или подобро кажано, машките мечти...
Друг пат пак Сани, она што не може во м оментот да го (по)каже со слика, го кажува со текст. По некој интересен, духовит пстатус или пост, на кој не му недостасува малку поинаков тип на провокација. Понекогаш јасно и прецизно упатена на одредена личност, а понекогаш општо кажана, во стилот на онаа,  народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“, па самиот тој или таа, нека си се препознаат!
Така и овој пат... Фолкерката постираше на своите Инстаграм приказни „мудри мисли“, кои очигледно се упатени некому, кој овој пат сам ќе треба да си се препознае!
Ама затоа Сани точно го препознала цитатот кој треба да го сподели, за да допре таму каде што е наменет! Па кој сфатил, сфатил, кој не... Нека почека, „забавата“ да почне!  Само потоа, да не му биде жал што не застана кај пиштолот? Зашто, знаејќи ја Сани кога е весела каква забава прави, веројатно кога е бесна и лута, „забавата“ мора да е... „лудница“!
]]>

Кого таа толку го нервира, па проба да ја изнервира актерката: Како да се ограби среќата на Катерина Шехтанска? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kogo-taa-tolku-go-nervira-pa-proba-da-ja-iznervira-akterkata-kako-da-se-ograbi-srekjata-na-katerina-shehtanska-foto/ Sat, 10 Nov 2018 08:45:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57270

Несудена балерина, некогашна членка на „златната генерација“ на балетското студио „Ребис“, денес актерка Катерина Шехтанска, има успешен приватен и професионален живот.
Во улога на сопруга, мајка на две малолетни деца приватно, а последната улога во која професионално можевме да ја видиме е онаа од комичната претстава во „Драмскиот театар“ - Скопје, насловена „Како да се ограби банка?“ , во која  Шехтанска и игра и танцува, а ја подготви и кореографијата за истата.
И навидум изгледа дека Катерина е „среќна жена“? Веројатно и е така, само што попоследниот нејзин фејсбук статус кажува и нешто друго... Дека некој се обидел да направи со нејзината среќа нешто слично на насловот на претставата во која таа игра: Како да се ограби среќата на Катерина? Во доменот на професијата или приватноста - остана неразјаснето.
Ама она што може јасно да се заклучи од нејзиниот „лут пост“ на Фејсбук, некој или некои навистина се обидел(е) баеги да ја изнервира(ат) актерката, што таа така „жестоко“ им возвратила со зборовите: „Како е можно? не ме ни знаете, а веќе имате креирано мислење за мене. Наметнато или не... Сепак, следниот пат кога ќе превртите со очињата кога ќе се спомене моето име, верувајте дека мене ми се превртува утробата кога ве гледам во вашиот мизерен и неуспешен обид да бидете како мене. Во прилог еве една слика што мислам јас за тоа. П.С. се извинувам што сликата нема тон, но слободно може да си замислите“ - ги „распука“ на најраспространетата социјална мрежа Шехтанска своите лицемерни душмани.
Следуваше лавина од коментари на поддршка од нејзините пријатели, а „(не)пријателите“...? Можеби и тие беа меѓу нив, само... овој пат не се огласија! Сеедно, Кате знае најдобро кого тоа со својата појава нервира, па (тој, таа, тие) проба(а) нејзе да ја изнервира(ат)!?  Сакаа само да и ја украдат насмевката со која таа им возврати... Или можеби и нешто повеќе од тоа!?]]>